Македонец
мразам патетика во натпис
- Член од
- 12 февруари 2007
- Мислења
- 3.928
- Поени од реакции
- 3.813
Тоа е баце....а јас искрено не памтам ама ни еден user од тој форум...само знам дека имаше еден fiasco(си живеев едно време со него),а сега го глеам на други IT форумчиња(го бива детето).....и ти што спаѓаш у сајбер фосилите...другите исчезнаа од мојава меморија.Форумот на Спринт беше синоним за досадата на младите велешани во 2005/06. Тогаш имавме пакети од по 500 мега и се уклучувавме на нет....повремено. Ја ни торенти не спуштав.
Сите кога ќе снемаа пакет идеа на форум. Кога некој од редовните(Лилка, сестра и, Филипчо) го немаше подолго време, па наеднаш у една вечер идеше и пишуваше 5264 постови, сите пуздер ги праевме дека само у лошо не играат.
Се што беше sprint-related, беше на мрежа, на локално ниво. Тогаш си имавме форум на Спринт, FTP за филмови и музика, Miranda и PSI за муабет. "Чисто велешки" продукти за велешани. Во таа пуританска зона, искрено, ми беше десет пати подобро, баце, отколку сега, кога се "модернизиравме". Наместо сега да се мачам и да читам за конспирациите на Џорџ Сорос Први - Великоалченик, ќе си праќав експериментален метал со дракчо на миранда и ќе си праев муабет за мадам Bathory.
Тогаш го имав форумиштето на спринт и неколку сајтови со кои соработував, мирандата за кршење прсти и праќање музика и FTP за инстант download.
The good days, the simple days.
А баш ќе ми биде ќејф онака да напраиме едно кафе ја и ти,и да расчепкаме дел од тие ретро муабети,да баталиме к**ови врагови муабети,произлезени од утилитаристичкиот смет.