Велес

Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Не испаѓам поиќе у Велесов 5 саата чекав у Круг за еден мочан помфрит!
 
T

Torchyrus

Гостин
Не испаѓам поиќе у Велесов 5 саата чекав у Круг за еден мочан помфрит!
Јас и НеоН си чекаме и по 6 саат ама само се радуваме гужва да има многу многу тогаш нај слатки ни се тостовите и хамбургерите , кој пробал да направи ко нас знае ;)
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Абе има некој што ке оди у младински!??? Ајде, јас тргам!
 
M

MrzaRules

Гостин
Се прават последните подготовки за овогодинешната Вардарската регата Гемиџии.

Од Велес до Гевгелија, 70 велешани ќе пловат во водите на реката Вардар со една цел „ да се продолжи старата традиција".

Тоа е и примарната цел на оваа манифестација, да се прикажат корените на Велес и да се потсетиме на славното минато на овој град , кога граѓаните со Гемија оделе од Велес до Солун ,главно за трговија.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
http://kurir.mk/republika/opstini/34763-FOTO-Gemidziite-zaplovija-po-Vardar

Гордост за секој велешанец се Гемиџиите! Мислам дека се насолзив кога видов колку луѓе го почитуваат нивното дело, дека општината дава средства за да и каже на Македонија да не ги заборави Гемиџиите, како што тие му кажаа на светот да не ја заборави Македонија!
Се надевам дека традицијата ќе остане, регатата ќе продолжи, а гемиџиите ќе бидат вечни!
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Колку е убав сплавов!! Вчера поминав, ама касно беше тоа изгледа, веке биле заминати... Ти кога си одеше заминати ли беа!?
 
M

MrzaRules

Гостин
Колку е убав сплавов!! Вчера поминав, ама касно беше тоа изгледа, веке биле заминати... Ти кога си одеше заминати ли беа!?
сликиве се од вчера вечерта...а тргнувањето беше денеска околу 9.30 часот :)
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Здраво, ај ако сака некој нека ми објасни каде се наоѓаат теретаните во Велес, и кои се подобри (ако се мн.) ми треба за еден роднина, кој е на гости моментално во Македонија. Поздрав
 
A

AnFem

Гостин
Се превртуваат сега и Гемиџиите во гроб! Тие луѓе биле анархисти, не национални херои!
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.216
Поени од реакции
30.425
Се превртуваат сега и Гемиџиите во гроб! Тие луѓе биле анархисти, не национални херои!
епа, никој не бил национален херој додека бил жив. барем во нашава држава.
тие луѓе пред се биле патриоти, па решиле светот за дознае за маките на нивната држава преку анархија.
know your history.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom