ПУТИН ВО ВЕЛЕС !!
Премиерот на Руската федерација Владимир Владимирович Путин, на покана на градоначалникот Петров, во пресрет на велигденските празници го посети Велес.
Пред изненадените граѓани на Велес, рускиот премиер направи куса обиколка на централното градско подрачје, при што ги посети градскиот пазар,
саат кулата во градот* , народниот музеј и ликовната галерија каде што ја проследи вчера отворената изложба на карикатури од познатиот велешки карикатурист Миле Манчевски попознат како Милман.
“Овој град и Руската федерација ги поврзуваат длабоки историски контексти", рече Владимир Путин, додавајки дека токму велешанецот Константин Петкович кој потекнува од околината на Велес, бил долгогодишен амбасадор на Руската Федерација во Виена.
"Запознат сум со целокупната економско – политичка ситуација во Вашата земја", рече Путин притоа истакнувајќи дека-проблемот со топилницата, невработеноста и нискиот животен стандард се главните проблеми со кои се соочуваат велешани.
Во кусата средба со градоначалникот Горан Петров, рускиот премиер ја повтори цврстата определба за признавање на уставното име на нашата земја од страна на руската федерација, при што уште еднаш потсети дека проактивната политика на македонската влада кон проблемот со името е вистинскиот пат кон решавање на проблемот.
Финансиска помош за инфраструктурните зафати, руска инвестиција од 76 милиони евра за сместувачки капацитет на езерото Младост во околината на Велес, како и директна инвестиција во Градскиот Стадион - според Путин, ќе бидат првите чекори во насока на унапредување на односите помеѓу Велес и Москва.
На новинарско прашање, дали велешани во скоро време ќе можат да му се израдуваат на рускиот гас – Путин со нескриен оптимизам и одличен македонски јазик рече :
“Она што можам да го ветам на оваа средба е руски гас за секој велешанец”.
По кусата, но срдечна и пријателска посета на Велес, премиерот Путин околу 16 часот се упати кон аеродромот "Александар Велики" - при што и официјално ја заврши посетата на нашата земја.
*Ах кај сум била ја тогаш да им излезам да им кажам убаво...