Фала, ќе ми биде од корист. Знам дека треба количински да се јаде повеќе затоа што повеќето продукти се ниско-калорични.
Не знам какви се, ама покрај другото сакам полека да исфрлам и било какви млечни производи од исхраната така да тоа е тоа
Дури и да јадеш повеќе, ако не јадеш соодветно пак ќе слабееш. Јаткастите плодови/семињата се клуч во било која
правилна веган диета.
Второ што мора да знаеш, е дека голем дел од работите кои кружат низ луѓето интернетот генерално се митови, таков мит е примерот дека јаткастите плодви се јадат само по неколку, истиот е настанат заради тоа што дури и со минимална конзумација - некои 15 - 20 грама пак има големи бенефити, но тоа не значи дека неможеш да јадеш 100 грама на ден, тотално безбедно и уствари уште по здраво него 15-на грама.
Друга фора е да се распредалат правилно, од аспект на најмногу добиено од аспект на здравје а и економски овие 3 би ги издвоил,
1. Ленено семе (тазе мемелно)
2. Сусам (интегрален тазе мелен)
3. Семки од тиква (тазе мелени)
Со овие 3 имаш опфатено голем спектар на здравствени придобивки, омега 3 и лингани во својата најдобра форма (слаба абсорција на омега 3 но сепак доволна) јас на пример јадам и риба, јадам и животински продукти но ретко - не сум целосен веган, ако се одлучиш за риба препорачувам сардина и ослич како најисплатливи и најбезбедни риби за конзумација.
Исто така како и во лененото, во сусамот има лингани, кои ја подобруваат абсорцијата на витамин е - како и ретенцијата во телото за некои 30%, како додатен бенефит е тоа што во сусамот доминира гама тоцефорол класа на исомер/витамин е, кој е далеку по ефективен во споредба со алфа тоцефоролот кој доминира кај бадемите и сончогледот на пример.
Истиот тип на витамин е го има и кај орсаите - кои се познати како најздравите јатки, но од аспект на bang for your buck, јас мислам дека сусамот е идеална замена.
Семките од тиква од друга страна ти се неверојатен извор на протеини - амино киселини, како и цинк и магнезиум.
Друго што мора да го јадеш често ако се одлучиш да не јадеш риба, се граф, леќа и грашак како храна која е релативно калорична, заситува, и има одличен профил на микс од јагле хидрати и протеини. Можеш да додадеш и кокосво масло, како и црвен палмово масло, второто е најздравото масло кое некогаш постоело и ќе постои, но многу малце луѓе знаат за токотриенолите т.е. најпотентните исомери на витаминот е, далеку посилни дури и од гама тоцефоролот, незнам кај нас дали го има јас го порачувам од iherb.
Јади почесто, и повеќе - и не верувај на митот дека калорија си е калорија, тоа е најголемата глупост некогаш напишана, јади да бидеш сит цело време и ако претхдоно си внесувал на пример 2.500 калории, сега слободно иди на 3.000 горе доле, тоа е балансот за да не изгубиш мускулна маса/килажа.
Б12 обавезно, и омега 3 - за друго немаш гајле, за железо - многу цвекло, како и сусам и немаш гајле.
Ако ти сметаат на стомак, гравот, леќата и грашакот, 1h пред да јадеш не пиј вода, и 1h после. Друго, оваа храна иако не изгледа така, бара подолго џавакање, инаќе ќе добиваш гасови, дури и ако после се ова имаш - периодот на обнова на цревната флора т.е. привикнување на оваа храна трае 2-3 неделли, после тоа нема да имаш проблем.
Ќе заборавев, кога ќе осеќаш глад - ако, ќе пробаш прво со урми, или 1 лажиче мед - ако ти помине тоа значи дека подобро функционираш на гликоза, фокусирај се на тој тип на шеќер наместо на фруктоза на пример. Ако не ти помине и така гладот, ќе пробаш со јатки, ако пак не успее дури и така - имаш дефицит на протеин - повеќе риба/грав/леќа.