На никој не би му посакал да биде на веганска/вегетаријанска исхрана. Поголемо перење на мозок, не постои на човештвото. Бев четири години веган, баталив храна од животинско потекло, ги гледав мејнстрим веганите што рецепти прават, истото го правев за мене и јадев. Лонг стори шорт, завршив во болница со инфузии и срцеви заболувања. Добив екзема и себореичен дерматитис попатно и бев скачка во изгледот иако одев во теретана две години.
Нула мускулна маса, халуцинации, вообичаени онесвестувања дома и во теретана, вбризгував витамин Б12 со игла и шприц од толку што имав недостаток од тој витамин. Крвна слика никаква, ама битно бев спиритуален дека ги спасувам животните и дека придонесувам нешто подобро за светот.
Да не зборувам само како овие веганиве од јутјуб кажуваа дека растенијата, зеленчукот, овошјето, зрната, јаткастите плодови ги имале сите потребни хранливи материи како супститут за месото. My ass. Типична религија е веганството и луѓето кои практикуваат таква исхрана (во која вклучително бев и јас) можам да кажам дека се ментално болни. Во растенијата нема витамин: А, Б6, Б12, Д, Ф, К2; Амино киселини: креатин, карнитин, карносин, таурин, хем-железо, коензим10, холестерол, ЦЛА. Загреота се веганиве сите јадења што ги прават се мимики на месо и млечни производи од толку што копнеат и ги пожелуваат истите. Уклучете малку мозок, не бидете тврдоглави за да не дојдете до ситуацијата во која бев јас и не верувајте на овој начин на живот. Човекот е наменет да јаде месо, живо месо е пооптимално од готвено, животински органи (џигер, мозок, срце, тестиси), милиони години сме еволуирале и сме живееле долго со тој начин на исхрана, путер исто така, свинска маст. Најприродна исхрана која датира од настанување на човекот, месото секогаш било присутно во природата, растенијата не биле и се човечки направени. Да не зборам колку пестициди и триста гомнарии има само во нив.
Откако ме пуштија од болница почнав да јадам живо месо, живи јајца, да пијам свежо млеко од крава и да пијам крв од животни кои ми ги носат пријатели од село. Никогаш не сум се чувствувал подобро од тоа, веќе две години сум на таа исхрана и можам да кажам дека закпренав уште првата година. Крвната слика никад подобра не ми била, накачив мускулна маса и имав енергија нон стоп, баталив да пијам кафе, чај и престанав да готвам со масло за готвење, главава од тогаш ме нема здоболено, гасови немам воопшто, лицето ми се исчисти скроз, екземата и себореата ги снема и се немаат појавено до сега да чукнам во дрво. Се чувствувам многу здраво, мозокот функционира одлично и имам супер бодибилдерски изглед.
Овесни снегулки, мусли, банана, брокули, јаболка, кромид, лук, леб, печурки, смути од овошје и зеленчук, ориз, шпагети и ред други тестенини и човечко направена храна е најтоксичната храна што може да му ја дадете на вашиот организам. Јаглени хидрати полни со влакна која организмот не може да ја свари и не е ни чудо зошто толку многу луѓе имаат проблеми со желудникот, варењето на храната. Престанав со целосна конзумација на зеленчукот, овошјето и јаткастите плодови, типично антинутритивна храна. Не е ни коинциденција што веганите се инфертилни и бебињата им се дефектни (кај мнозинството вегани кои што одлучуваат да го хранат и бебето со веганска исхрана, истото умира). Запрашајте се зошто е потребно и бебето да цица млеко од мајката кога ќе се роди, е идиотиве не сакаат ни да го дојат до толку што се испрани у паметот па се чудат зошто нивното бебе е нездраво.
Нема ништо гадно и лошо да се јаде живо месо, мит е и нема доказ дека се фаќа салмонела или дека има бактерии и паразити. Тоа е нашата природна исхрана. Кога се вари, пече или пржи месото ги губи сите хранливи материи и нема споредба кога се јаде живо. Не бидете шупелки во тоа мозоците, разбудете се. Не спасувате животни со тоа што сте вегани, тие пак ќе си умрат, а и што е најтрагично заради такви како вас што јадете трева се убиваат многу повеќе животни за да не ја јадат истата. Што е со суплементите? Тоа се токсични отрови произведени од големата фарма да направат профит од вас овцичките и никогаш нема да ги надополнат вистинските витамини и хранливи вредности кои се внесуваат токму од живото месо, крвта на животните кога се пие и млекото директно излезено од крава. Стварно е греота да имаш месо пред тебе кое ти гарантира +20 повеќе хранливи материи од растението и ти да одлучиш да јадеш растение и да зимаш разни прашкови и суплементи за да ги надополниш хранливите материи кои секако се претоксични за организмот и нема никогаш да ги надополниш.
Бидете паметни, хранете се природно и здраво. Не бидете идиот како што бев јас да верувам во веганската и вегетаријанската исхрана која за влакно ќе ме усмртеше