Прво
Темплејт = шаблон, нешто за повеќекратна употреба
Уникатен сајт = дизајн + кодирање
разграничи ги некако,
Второ
Кога ќе го најдеш клиентот што ќе му е гајле за темплејтот и за уникатниот сајт јави ми се!!!
Упорно ти кажвам дека повеќе од 200 евра не можам да наплатам, упорно ми кажвиш дека некој ќе ми побара уникатен сајт некогаш. И по твое колку ќе го плати?
Трето
Во странство што рече Боби ги купуваат дизајнот и кодирањето одделно, на сајтот често работи тим.
Не ми е поентата да се фалам знам колку што знам сигурно не знам се ама потегни повлечи успешно живеам од тоа. Ти живееш од тоа? Или те задоволува изгледот на тоа што си го изработил? Од гледање Стојне фајде нема
Прво:
Темплејт...уникатен сајт.. Ти ако еден ист темплејт употребиш за неколку сајтови ниту ке имаш уникатен темплејт ниту уникатен сајт како сакаш кажи ги. Разграничувај го како сакаш темплејтот од сајтот, сепак теплејтот е составен дел од сајтот. Oчигледно дека многу работи не ти се јасни.
Второ:
Често пати сум имал клиенти кои знаеле точно што сакаат, затоа не верглај дека немало клиенти што сакаат уникатни темплејти и што плаќаат за тоа! Keлентот ќе плати толку колку што ќе се договориш, цената ти ја одредуваш, а не некој друг. Такви приказни на друг продавај му не на мене.
Трето:
Во странство и кај нас со тоа се занимаваат фриленсери кои работат сами или вебдизајнери кои работат во фирми за веб дизајн, тие што работат во фирми работат цели тимови на еден вебсајт, еден графиката, друг мултимедија, трет кодира, четврт четврто итн, итн, итн.
Во странство може да се купи дизајнот посебно, посебно кодирањето, може да се купи цел готов темплејт итн, итн (ако тоа ти е важно), а на вебсајт да работат еден или цели тимови. ( не те разбрав што сакаш да кажеш со тоа)
Чеврто:
Мило ми е што живееш успешно од тоа, но се чудам како успеваш, со такви ставови, размислувања, а и оскудно знаење да живееш од тоа.(тоа го заклучив од сајтовите што ти ги видов).
За мене не се секирај... јас ова го работам тука професионално долги години, а и надвор од државата како фриленсер, гледај си се себе.