- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Од досегашното искуство сфатив дека не треба да им верувам многу на луѓето.
Порано бев многу отворена и искрена,дури и со тие што не треба и затоа секогаш јас на крај бев повредена и исмеана и сл.
Сега сум пријатна за муабет,отворена,искрена...но КОЛКУ сум,зависи за што и зависи пред кого.
Има само 2-3 личности на кои им верувам потполно и можам да им се доверам за било што без да се посомневам со нивната дискретност и довербата која ја имам во нив.
Со околината(генерално земено) секогаш размислувам пред да кажам нешто,дали тоа може подоцна да го употребат против мене зашто сфатив дека денес не можеш да им веруваш комплетно на луѓето и дека секој е спремен да те повреди и да ти забие нож во грб откако ќе го добие тоа што го сака,повеќето се такви,тоа е реалноста.
За да споделиш нешто кое те мачи.а во моментот немаш со кој,најдобро да одиш во црква,таму барем можеш да бидеш сигурен дека нема тоа да ти се врати и да те удри по глава...
Секако,на почеток се трудам да оставам добар впечаток.Не сум ладна,молчалива или дрска,туку само пријатно расположена,фина.
Нешто слично. Онака нормален муабет можам да правам со секого, ама да се отворам на некој и да му кажам се, тешко.
Понекогаш, не вреди човек да биде искрен и отворен. И оној од кој најмалку очекуваш на крајот ќе ти го забие ножот в грб. Ама затоа па кругот се стеснува и од 20-30 на крај ќе останат 2-3ца на кои можиш да им веруваш.