Најбитно на секој почеток е да си ги изразиш основните карактеристики, или барем оние кои ти се истакнуваат во позитивна смисла, оние за кои си сигурен дека никогаш не те изневеруваат! Е сега, кој како ги има и ги контролира.
Најбитно е на луѓето околу тебе да им ставиш до знаење со каков човек си имаат работа, да знаат што ги очекува, и да знаат што сакаш да постигнеш/бараш/очекуваш од нив! Кога сето тоа ке успееш да го направиш со самата појава и гестови, со неколку ситни реченици и шали, без директен збор е тогаш ке имаш успешен прв контакт со околината. Значи најбитно е да не створиш тензија, да не оставаш лош впечаток, да не добиваат лугето погрешна слика за тебе, едноставно да знаеш што сакаат и очекуваат од тебе и доколку ги одбиваш ,ако ништо друго, одбиј ги така да: утре ако нешто друго им треба да не размислуваат дали да ти прозборат! Да не продаваш чалам и НАЈБИТНО да не го подценуваш тој со кој разговараш, систем да надреденост не функционира на прва, тој си се доаѓа со тек на време кога работите сами си се средуваат, само тогаш ке ја имаш и правата слика на другиот, само тогаш ке знаеш со каков човек си имаш работа, зашто ако ,пр, јас се осетам понижен сигурно ке пробам да го лажам нешто соговорникот, сигурно ке пробам да бидам тоа што не сум, што е сосема погрешно. А ако има разлика и таа е очигледна тогаш мора да се занемари или стави на страна и да не и се придава значење. Кога сме 'исти' и на исто ниво(барем привидно) тогаш е многу лесно да го направите сето она за што говорев, ова не значи дека ако: разговарате со некој неписмен сељак треба да се спуштите на негово ниво, него дека не треба ни да го навредувате и поставите арогантно према него!
Дали сум јасен и дали има прашања?