еве мојов историјат да си го пишам
прв, најпрв ми беше motorola talkabout T2288, го купив од една мобиларница до сегашна матица, таму сега има продавница за скутери. после од еден бугарски шверцер земав nokia 5110 татко ми го користеше до пред две години, одвај го натеравме да го смени. во прва средно земав alcatel OT501 од мобимак. па после некој месец ми рипна стандард и земав nokia 7650, беше релативно скоро искочена и кошташе некои ненормални 40тина илјади, ама пусти мерак. после нокиата следуваше panasonic x70, добар телефон, само многу брзо му се излупи бојата и изгледаше како грепките што ги шиткаат на плоштад. пред две години земав sony ericsson d750i, тој сега го користи мајка ми. сега имам sony ericsson p1i. that's all folks