Беше топол летен ден. Јас бев надвор и си играв, но наеднаш се почуствував омалксано. Влегов во првиот кафич што го видов... Ама не сфатив во тој момент дека е нет кафе. Но, не беше важно. Таму беше Тој. Пентиум. И тоа втора генерација. Бел како млеко. Врел од летниот ден и климата која не работеше добро. Седнав на него. Ја ставив раката на неговиот маус.... И оргазам. Милата пластика (мејд ин Чајна) ме исполнуваше на неколку забранувачки начини. Јас кликав постојано ,а Тој го прифаќаше тоа. Не се предаде на мојата машкост. Правеше токму тоа што го сакав. Водевме љубов цел саат. Но, времето истече, дечкото што работеше назад не прекина (ти завши времето!) и јас морав да си одам. Кога излегов надвор погледнав низ прозорот и за последен пат го здогледав, Тој "Број 6"... Мојата прва, голема љубов...