Родена на 29.04.1989. во 02:30 часот на Велика Сабота.
Мало ситно и мирно бебенце сум била,барем така викаат.
Почнав да растам,почна и косaта да ми се витка и сите ме закачаа и ме штипеа.
Не одев во забавиште,туку ја фатив последната година во градинка.Се сеќавам дека ич не бев талентирана(не дека сега сум
) за цртање,ама од жал учителките ми закачија цртеж на паното за да се радувам.
Прославата беше многу убава на крај од годината.Си добив и диплома.А да заборавив почнав и со курсеви англиски.Ја добив и првата диплома по англиски.(на која ми е згрешено презимето
)
Септември,1995.Прво одделение.Изгубена во време и простор.
Набрзо ја добив и првата џумка,во наредните месеци и години се здобив со безброј модрици,расцепена уста....
Август 2000.На одмор во Маврово,го изгубив моето најсакано кученце,раса - пинчер,кое се викаше Теа.Набргу земав и друго исто такво,кое што многу го сакам,но не си ја заборавам мојата Теа.
Во меѓувреме растам,се развивам,се смеам,први љубовни маки и болки и солзи.
Јуни 2003.Полуматура..Неколку дена претходно,некои неубави работи,модрица на раката на полуматурата,ама убаво беше.
Септември,2003.Прва година.Повторно изгубена во време и просторот.Тешко ми беше да се снајдам,ама полека полека се опуштив.
На 11.11. таа година го добив и првиот кец.Физика.
Во меѓувреме се и сешто се случуваше...
Јули 2004.Запознавање со татко ми.Многу важен,можеби и најважен момент во мојот живот.
Јули 2005.Првиот официјален одмор со друштво,а јас со потечено колено.Смеење глупости.
Декември 2005/Јануари 2006.Првиот бакнеж и првиот дечко.
Понатаму следеше разочарување од некои особи,повтроно повредена,ама продолжив.
Aприл,2006.Се офарбав плава.Сеуште сум плава(се разбира само бојата на косата,но не и мозокот
) и немам намера да ја менувам бојата на косата.
Октомври 2006.Се зачленив на форумов,но бидејќи бидна нели тоа што беше,па Јануари 2007. повторно се зачленив и се уште сум тука.Преку него запознав многу пријатни и прекрасни луѓе.
Потоа следува многу работи,како прво место на Кенгур во школо,математика(чудо невидено),стекнување нови пријателства,прекинување стари...
Мај 2007.Матура.Супер си поминав.Прекрасно.Заврши и таа етапа од мојот живот.
крајот на јули/почетокот на август. Одмор Будва.Најлудиот и најнезаборавниот одмор.
Јуни 2007 полагав ФС и го положив!
Октомври 2007.Почетокот на академското образование.Правен Факултет отсек политички науки.Сега за сега е супер.
Плус сега ми се случуваат некои многу убави моменти кои се надевам ќе продолжат да траат.
Се осеќам дека некои работи почнаа да си доаѓаат на свое место.
.