Вашиот живот до сега - на кратко!

H

HITCH

Гостин
Пуфффф едвај 25 и нешто до 91 ухухухухухух има уште доста :pos2::pos2:
Инаку многу убав живот ФАЛА му на Господ сите на број се иде по ред за друго како треба да биде така
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас би рекла дека сум на самиот почеток на својот живот.
Тукушто почнувам да подидувам.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Student na pauza, mi ostana uste edna godina, se nadevam ke ja pocnam od Oktomvri, momentalno "grebam" nekoj denar od rabotata iiii toooooo....
 

sl@tk@

е па слатка...
Член од
12 февруари 2009
Мислења
20
Поени од реакции
0
zivotot si tece a ja vo mesto stojam...
zavrsuvam 4 god sredno i neznam so ponatamu.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Изгледа сеа почнува лошото а :)

До матура сум т.е до полнолетство. До возрасен чоек стигнав, што значи дека го чекам животот да ме плесни по нос во секој момент. :)
 
N

nUt

Гостин
живеев во магично минато..
живеам во волшебна сегашност..
ќе живеам во прекрасна иднина...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Животни настани, подредете ги

Кратко и јасно, хронолошки подредете некои интересни настани што Ви се случиле до сега.

На пр.
-како мал ми влезе шипка од радијатор во нога
-се запишав на баскет во основно
-дома ја запалив терасата за нова година
-добив 4700 ден. од кладилница во средно
-професорката по англиски ја мавнав со снег
-легнав англичанка на одмор на крај од средно школо
-да ме фатеа русите 2005 год. немаше сега да го пишувам ова
-завршив факултет....продолжува....
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Интересна тема=):

-На 7 години од љубопитност пробав од цигарата на мајка ми... За среќа, оттогаш немам пробано;=)
-11 години, првпат бацив девојче;
-14 години, одлучив да се посветам на учењето и одбив понуда за тренирање во наш фудбалски клуб;
-16 години, првпат стапив во посериозна врска, траеше долго...;
-16 години, одам на одмор со моите во Италија, Франција и Шпанија;
-17 години, диплома за професионален степен на знаење на англискиот;
-18 години, утрото после матура фаќам 400 евра на спортска;
-18 години, се заљубувам повеќе од никогаш; запошнувам врска која опстанува 2 години;
-18 години, се запишувам на електро, кратка, но слатка авантура;
-19 години, се запишувам на филолошки, паметен потег;
-20 години, успешно завршена година, највисок просек во генерација, 9.8.
-21 година моментално, and counting... Милион пресврти на секое поле од животот.
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
29.08.1986-ден за кој сеуште жалат моите.
12.05.1992-за малку постов ќе го пишуав со една рака.Среќа поминав со неколку конци.
94та одприлка-моите пиромански почетоци.потенцијална жртва беше на дедо ми куќата,среќа ме виде на време па само 2 снопа сено му изгорев.
негде 96та-први ручни рад
2001-(средно)школкиии...:helou::vozbud::drk:
2005-(средно)школки...:(:(
2005-Да тибам еконосмкиот факултет
2006-Фала богу има и приватни
17.08.06-Ај на кафе
После почнав да пијам и неможам да се сетам баш на некој настан.Ај ако ми текне ќе допишам.
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
на 7 години почнав да тренирам карате
на 10 започна прекрасен период во животот и пронаогањето на првите пријателства
на 14 години помината прекрасна луда екскурзија
на 14 години добивање стипендија за средно и одбивање на понудата (најголемата животна грешка)
на 14 години упис во средно ( за кој секогаш се кајам)
на 15 години првиот дечко и првата посериозна врска
на 15 години пронаогање на една голема љубов и врска која траеше долго
на 16 години првата пијанка (воедно и последна)
на 16 години победа на голем број натпревари и второ место Географија државен
на 16 години губење на личноста која засекогаш ме остави :(
17 години несрека (срека што сум жива после тоа)
на 17 години прекин на долгата врска
на 17 години победа на мегународен конкурс и патување во Хрватска
милиони ситни настани голем број на предизвици и порази срекни но и тажни мигови кои оставаат длабоки траги во секавањето.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
2
На 5 години трчајќи по улица паднав и си ја пукнав аркадата па следеше шиење итн итн

На 7 год тргнав во училиште и бегав од дневен престој
На 7 години трчајќи овојпат во двор паднав и ја пукнав брата па пак шиење имаше.
На 10 години го добив првиот мобилен телефон ( се правев важна бидејќи бев меѓу првите што имаат мобилен).
На 11 год бев петто и ја добив првата 3јка по биологија ( тоа беше трагедија плачење и сл)
На 13 год пак трчајќи нешто во маало навечер се удрив во стуб и го пукнав носот и шиење нормално следеше пак...
На 15 прва година средно ...
На 15 во Париз на екскрузија со моите
На 15 првиот дечко (малку касно у споредба со денешната младина ама тоа е):baeh:
На 15 првиот одмор со друштво и нормално беше прекрасно
На 16 втора година гимн и едвај чекам да заврши....
Annd that's it...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
-На 2 години напикав во нос стиропор
-На 3 години за да се одвикнам од цуцла, татко ми ми` ја намачка со луто пиперче
-На 4 години првпат отидов во градинка пресреќна
-На 5 години научив да возам на беспомошни колца точак и притоа се удрив во една шипка, а потоа и бандера
-На 6 години бев преплашена дека Господ ќе слезел на Земјава
-На 8 години прв пат сфатив шо значи Земјотрес. Бев толку исплашена шо несакав да спијам.
-На 9 години, за последен пат бевме собрани цела фамилија(само деца) во Крушево и последниот пат кога си поминавме најубаво.
-На 11 години во Крушево паднав од скии во обид да се спуштам од под жичара. Од тогаш јас веќе не се качив на скии.
-На 12 години научив да нуркам без затворен нос.
-На 14 години сфатив дека не постојат добри луѓе.
-На 15 години имав потрес на мозок
-На 15 години бев на незаборавна екскурзија,а истовремено ја имав и најнезаборавната полуматура
-На 16 години сфатив дека секој си живее од корист..

толку:pipi:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
111
Поени од реакции
5
На 4 години тргнав во градинка која многу ја мразев
На 5 години почнав да тренирам фудбал
На 7 години тргнав во училиште
НА 8 години прво место во фудбал
На 11 години првиот и најодвратинот бакнеж:kesa:
На 12 години прогласен за најдобар стрелец за таа година
На 14 години првата врска која не траеше долго
На 14 години успис во средно и приклучување во распашана банда :nesvest:
На 14 години почунување со пушење цигари:tapp:
НА 15 години најголемата пијанка од која на ништо не се секам
На 15 години една кратка авантура
На 16 години запознавање со најфиното и најдоброто девојче што некогаш и почеток на една прекрасна врска која треше долго
На 17 години голем број на успеси како фудбалер
На 18 години голем број патување низ светот Италија, Шпанија, Португалија и запознавање на светски тимови
На 18 години раскинување на прекрасната врска
На 18 години донесување одлука во врска со факлутет
На 18 години почеток на нова врска со мислата "Клин со клин се избива ":kesa:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
6 години, прв настап во забавиште со Ленка Манекенка. Возбудата и немањето трема дефинитивно ми направиле одредница за тоа што ќе се случува со мене понатаму.
16 години. Среќавање со Маргина, Темплум, Слем Поезија, трето место, отворена врата за книжевниот вирус што ме наведе на ОКК.
18 год, пеење во парк од пијана досада. Другар ме препорача во бенд, испробавме како оди... И еве, трча веќе 3 години.
Продолжува...
 
М

Мрак

Гостин
.настава во природа(на која се случија работи кои ми останаа како белег засекогаш)
.запишување на кошарка(во тој период животот ми се вртеше околу кошарата)
.рап период(почнав да слушам рап,прифатив раперски стил..денес ја задржав само музиката)
.фудбал период(се се врти околу фудбалот)
.првиот одмор со друштво
.здравствените проблеми(..ме натераа да се откажам од тренирање кошарка)
.уплаќање спортска(пуста да е...)
.победата на Манчестер во лш(оваа ми е најмила)
.излегувањето на Relapse


тоа е се најважно,има уште мноогу настани..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom