За однесувањето на детето не се одговорни само родителите, него и околината.
Многу битно е детето да се воспита да има цврст карактер, така да без разлика што му се нуди од околината да не прифаќа здраво за готово. Треба да знае што сака. Но за да изгради детето цврст карактер само семејството не може да помогне, треба самото да сфати дека некои работи можат да му наштетат, а тоа најчесто го дознаваат преку сопствени експериментирања.
Што ако мене ми кажуваа дека алкохолот е штетен, сфатив кога еден ден се начукав толку што во рок од 5 саати повраќав 7 пати, последните два - крв. И од тогаш си знаам граница.
Сум пробал и марихуана, цигарите ги оставив, а на пожестоко не одам, заради тоа што се "навежбав" на цигарите и алкохолот, а марихуаната ми беше колку да не ми биде мака ако умрам дека сум пропуштил нешто(радозналост).
Заклучокот од мене
Мое е да му кажам на детето дека има работи што се штетни за него, а за помеките работи (како цигари и алкохол) покрај тоа што ќе му кажам да не претерува, ќе му "бувнам" едно пиво и ќе го прашам дали брка женски (ако детето ми е машко).
Исто ќе му кажам дека на времето сум пушел цигари (5 години) и ради здравјето сум ги оставил, и ќе му кажам што сум осетил, а тој ако сака нека пуши.
Вака ќе сфати дека што и да направил против мојот збор, кај мене ќе најде поддршка/разбирање, и полесно ќе ми биде да го следам до кај е со развојот и дали заминува на лош пат.
Подобро да се спречи отколку да се лечи.