Шеташ пусто во саваната сама
така гордо но дрско
да останеш рамнодушен неможеш
ти си права дама
Би те зграпчил вечерва со острите канџи
и би те убил нежно
тешко ли е да разбереш
дека ти си за мене нешто уникатно
и кога ќе побегнеш
во други раце
јас ќе си се смешкам
за мене тоа е многу интересно
кога нема да има ниеден победник
ќе те заборавам многу лесно
Би те зграпчил вечерва
зашто си моја слабост моја рана
која ти само ја лечиш
но оваа вечер светот го гледам од друга страна
Животот е краток секој момент полн ми е со возбуда
би те скротил во моите прегратки
и кога би помислила дека јас сум твој
тогаш би те оставил
Но не засекогаш
затоа што не сакам да те изгубам
да го дишеш малку воздухот на слободата
и кога се ќе излеззе надвор од контрола
кога ќе нема баланс во тебе
тогаш ти пак ќе бидеш моја
Би те грицкал дел по дел
почнувајќи од усните
па се до влажниот воздух што возбуда ти крева
страста победува
а љубовта е единствено нешто што нема мера
вриосци од твојата возбуда насекаде се слуша во оваа соба
не престанувај твоето тело нека биде мое
не те повредувам кажи само:Те молам
И кога тотално ќе се предадеш
би те однел на друго ниво
и задоволство како никогаш досега
добар љубовник е тоа што тебе ти треба
и секогаш би се вратила назад
од такво убиство никогаш не се бега
Посакувај ме ти како што те посакувам јас
и ќе видиш дека ти грешиш
затоа што јас ќе те убијам со мојата страст
и пасија кон тебе
но реалноста е друга
сега останувам самиот со себе