Ваша поезија!

Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Те препознав по мирисот
о, судбино,
тој мирис кој уште од малечка
го чувствував при стравопочит
од големите нешта.

Мислв дека ќе те избегнам
о, несреќо,
но ти не го дозволи тоа
и се наслади со секој
мој неуспех.

Те молам тебе
о, иднино,
врати ми го спокојот од минатото
и избриши ја безизлезноста на
веќе достигнатото дно.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Edno te isto
isti misli so koi se zamaram
ko da digam tegovi
Edno te isto
nemam slobodno vreme
Ist pat kon rabota
Ist pat kon doma
Eden ist pat kon
NIKADE!
 
С

Сатори

Гостин
Опсидијан​

Во прегратките на Везув постои стакло,
исковано во вулкански огнови,
малку мирис на Хефестус и стари приказни,
се прелева во сите нејзини сонови,
понекогаш и доаѓа и на јаве,
совршенството и убавината на брошот и берзлетната,
што го носи на вратот, таа проклетата.

Стои и цвет во нејзината коса,
урамено и е лицето со неа, како на фотографијата,
на која трча низ ливадата, боса,
пред да ја доживее трагедијата,
на љубов или страст,
не знаела никогаш да одговори,
цветот овена во свежа пурпурна.

Во прегратките на Везув постои стакло,
направено само за Неа,
со шари на змејови, гулаби и скорпии,
склупчени во внатрешноста на душата,
предвесници на смртта и сушата,
кои во секој миг ги чека на вратата,
да затропаат,
за да може слободно да избега.

Блазе оној што не го спречува совеста.
 
L

Ligeia

Гостин
Универзумски театар

Кога би се замрачила мисловната,логична проблематика,
твоето срце би станало премногу влажно и лизгаво дури и за твоите дланки.
Остави го да се поклонува на анимализмот-ти не си негов врховен господар.
Веруваш ли во својот суштински,дивјачки нагон?
Во оние проколнати импулси
кои понекогаш цврсто стојат на твоите клепки додека ти со напрегната,
срамежлива разумност се повикуваш на совесната спиритуалност
обидувајќи се да ги држиш очите отворени пред лојалноста а
во тебе чувстуваш како војува нагонот за опсесија и посесивност
со култното обожување на туѓ перцепиран лик.

Посакуваш ли понекогаш да имаш сопствен Давид?
Да создадеш еротско дело,да гребеш по небото повикувајќи ја Венера
не свртувајќи се назад кон годините...
Крвавите векови носат само мизерност,
крвавите раце милуваат само прељуба,
а крвавите мисли прегрнуваат само контрадикција.

Понекогаш замислувам дека сум гласник на значајна идеологија,
чувствувам размена на мисли во нашето постоење но
твојот поглед,продорен дури и во вселената го симна и последниот
слој од стравот оставајќи ме за прв пат да ја почувствувам емотивната голотија.
Го следам твојот скептицизам и патешествие,
но се што добивам од секое патување заедно со тебе е ново,
незаборавно искуство директно поврзано со оквирот на ѕвездите.

Се прашувам,дали човек како мене воопшто сонува
или сведочи на реалноста која раѓа само еднаш во столетието
душа како твојата.
Свеж е мојот копнеж а ти,знам ќе речеш:
Не е доволно за човештвото да тоне во сопствената иронија,потребна
му е мисловна,логична проблематика.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
"Dosadna pesma"

Rechi su jedra
pune ti pluca,mashu arogantnim vihorom vetra
zivot je nesto drugo
zivot je nesto drugo
zivot je nesto drugo

Mashu mi moje savesti
nisu tako lepe,ne znam gde da pocnem
gde da pocnem
gde da pocnem
gde da pocnem

Svilenkasto mi izgleda ovo vino
tako bih ga pio i sebe u njemu ulio
Uzme sebi tvoje telo
nista kao slast
nista kao slast
nista kao slast

I ziviim jer moram,ljubim kako dodje
ponekada samo proverim sebe
jeli mi to vino ili zene od svega lepog prodje
sve je muzika
sve je muzika
sve je muzika

Da pazim,da merkam sve u sebi
da budem najbolji
Aplauz za dusu je pupoljak za srce
zeludac s'tim nista nema
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Без инспирација


Седам и дискретно гледам
тоа ми е работа
никој коа не работи
јас стражарам
кога сите се шетаат
јас чувам
и така е кога се пишува
без инспирација.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
ти спиј, а јас ќе те чувам (наслов ;))

си беше едно време
кога сонувавме
за пуст остров
сигурни дека
сè и сите други
се само испит и искушение
а ние сме вистината
и семе на светлината

дека Горниот мој
со умисла ме пратил
кај Долниот твој
со божествена задача
во специјална мисија

а тоа била само
промашена емисија
софт-кор комедија
за публика од тролови
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
A.

Одамна не сум пишала
два реда
како чоколада
скришум укредена дур сум на диета.
Постам, од зборови.
Да не се подречам
кога знам
дека и кога спијам
мешунки нови реченици
се раѓаат од креветот
од перницата
од сите можни агли
од врвот на лажицата
со која јадам.
Да, зборови и мисли
од нив правам починка.
Оти и кога ми се најголем мир.
Ми создаваат возбуда.
Па затоа полека се сладам.

Грам по грам
едночинка
па драма
на крај
секоја буква
останува сама.
А.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
позитив-негатив

јас сум зебра
ни црна ни бела
по малку од двете
и по малку повеќе
токму колку треба
да те здоболат очите
да ти се збуни мозокот
уште пред да ти текне
да ме погледнеш во очи
и да ме препознаеш
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
High Hopes

"Forever and Ever"
Вакво ветување нема!
Се` е тоа само празна тема,
ветување, само лажно
Вечност нема, тоа е тажно.

Но Бог постои, голем е!
солзите ми ги гледа
уништено лице и душевна беда,
во тоа се претворив, и што сега?

Звук на камбана, слушам, бие
ноќва кога сите спијат.
Тагата не морам сега да ја кријам
за смртта на мојата душа
камбаните бијат.

Солзи за цело море,
врели се, очиве ми горат.
Ех да може срцево да прозбори,
нож да имам, да го отвори!
Во морето да искрвари.

Ноќи, ноќи бессони, сама.
за што сеуште плаќам данок?
Животов ми виси на конец танок

Убив ли? За тоа ли ми судат?
Рацеве се врзани, боли!
Зошто е ова јаже? Ве молам!
Џелату, тргни веќе еднаш!
Ајде! Да заминам дозволи..
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Ништо


За да се стигне до среќата
треба да има пат
Пат по кој ретко се оди
но нема таков пат!
Спорен е и самиот поим среќа
нели смртта е онтолошко зло
и да бидеш среќен
ќе бидеш дупло несреќен
кога ќе замине во неповрат среќата
а нема да те теши минатото
Имаш некое време кое се троши и те троши
и те сведува на ништо!
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Обратна перспектива
(посветена на другар ми nihilista)

За да се стигне до среќата
има патишта
кои мудрите ги врват
да, има такви патишта!
Среќата е убавина
а животот е онтолошка убавина
и ќе бидеш среќен
да, ќе бидеш навистина среќен
кога ќе замине во неповрат стравот
и нема да те плаши иднината.
Ќе сетиш радост што се умножува и те исполнува
и те крева угоре до ѕвездите!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Дома


И ете
денот ќе ти донесе
благост и горчина.
Како истурени
догорчиња.
Испалени зборови, заборавени редови,
од здив до здив - приказни.

Краток е овој живот.
Ова земно постоење.
затоа сакам
Дома.
Со дланките во лице.
Се приближувам по улицата
и знам
Најудобно е да се плаче
на перницата.

Храм,
е Дома,
во него свеќите се нашите спомени.
Плачи.
Дома, оти таму сите емоции се сигурни.


- на изгубените солзи.
 

ZigZag

Заменик министер
Член од
19 јули 2006
Мислења
347
Поени од реакции
248
Ми тежат капациве
Кучето непрестано лае
Сакам да го удрам бокс
Еби се ПЕТА
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Надеж и Судбина

Ни еден феномен не е мое дело
јас сум само обичен сведок
на она што ми се случува
и за она што општата волја
ме користи како инструмент
за Судбината која ме сретна
со самиот себе
а за она што сакам да биде
за што оддавам благодарност
со сеќавање и надевање
за тоа можам да кажам
да тоа беше моја волја
моја осуетена надеж!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom