"Хедонизам,шлаканици,валканици"
Се раѓам вчера...
Изваден од тишината
како недоносен,без хаос
Види,мојата tabula rasa
станала убава резба налик на море
Ќе се научам да дишам,ветувам
другар со времето,патник без часовник
Повојот е комодитет за мрзливите
брзо ќе го фрлам,ми прави мозолки по телово
За проодба,како што носи редот
ќе ве поканам на гозба
Свечена маса полна со храна и пијалоци
возвишена самотија и еден куп јадачи
Сиктер сега,секој по дома
стражари,каплари и слични вардачи
Шоуто заврши
останаа валканици,лажици и вилушки
депонија од слепости
Спреми ги коњите,мајсторе
јас и ти ќе јаваме по небото,без седла
Патем и понекоја ѕвезда ќе ставам во џебот
за к'смет во ноќите полни со празнини
Живеам денес...
Ново
слатко и примамливо
Мирисот на дождот,кутрињата скитници
жените и вкусот на брадавиците
Тела во силен оган од забранети страсти
разбудени сетила и непоштедни лудости
Хор од соништа и љубови
пее песна за себе,без публика
чинам,не е за мене
Песни за љубовниците
за целиот театар од споредни ликови
Странец за живеачка
театрален силеџија,чистопатник
Своето,грешното
во пламен низ усти за векови ќе изгори
Убаво е да се радуваш на луѓето без да те видат
со ноздри широко отворени
Таму нема очи
само препредени страсти,од вино голтки
Треперам,не се плаши
забрефтано е срцево,полно со сладок отров
сега,сега ке се излее
Умирам утре...
Запре музиката,се разбуди
што ли направи
Немам тело за погреб
ниту гроб за раздавачки,играчки-плачки
Затвори ми ги очите,бакни ме
згреј гу усните уште еднаш
Разбуди ме во песните
милувај го срцето,дождовнице
Штета што не можам
да те штипнам по задникот
Нема жалости
за туѓи сладости,заборав
Допирот на љубовта
создава малигни ткива на душата
колку знаеше да биде чиста...
Свет севиден,досаден
само искри на страст,тогаш и некаде
Будење или обид за сон
завиткан во месарска хартија,кој би знаел...