Ваша поезија!

S

Stef Bachatero

Гостин
Немам испирација во последно време па крадам идеи од другите
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Кога сум заљубен бегам во самиот себе
барам причини и цел
за да дојдеш ти во мојот свет
Кога сум заљубен знам само едно нешто
постоиш ти во мојот свет
понекогаш отров што тече низ моите вени
и тешо да се промен тоа
камоли да се смени
Кога сум заљубен сум мирен
но знам да полудам
по сите твои траги што ги оставаш низ мене
твојот поглед е пролаз кон мојата душа
и тоа што го спречува се емоциите кои тешко се контролираат
но кога поставувам баланс тогаш самиот себе се слушам
Контрола врз себе е како нишка кревка
кога тогаш таа се сече
полудува и неможе повеќе да чека
Кога сум заљубен знам една вистина
една реалност една песна
таа што е толку длабока што ако ја слушнеш би се заљубила во неа
но никогаш не си дала шанса
а кога даваш од неа бегаш
Кога сум заљубен
срцето тропа
моите образи се црвенеат
а јас во твоите погледи се топам
шок поминува низ моето тело
затоа што не си моја
Кога сум заљубен
знам кој сум и што посакувам
романтична,искрена и девојка полна со себе
така мирна и кротка
и кога сме сами да дивува само со мене
Кога сум заљубен
осаменоста некогаш победува
но позитивната енергија секогаш триумфира
танцот на љубовта тебе те повикува
моето срце и твоето експлозија
само страста не смирува
Ти и јас проклета реалност што никогаш нема да се оствари
понекогаш среќа понекогаш тага
една вистина срце не слуша
се сакам да отиде во бестрага
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
Последно писмо

Напишиго твоето последно писмо
Смириго така тој хаос од мислите што ти се раѓа
Адресата ја знаеш
Во долината каде што тишината спие
Таму е мојот последен копнеж.

Се стуткал крај карпата ладна
Силата ја изгуби да скита по светот
На сенка лита личи
Со триста партали на себе е препокриен
Неноси повеќе маслиново гранче во рацете
Изворот на искри во очите замре

Напишиго твоето последно писмо
Кажи збогум
Смириго така хаосот од мислите што ти се раѓа
Папсаниот ветар чека за последен пат фиук да стори
Есента веќе измина,лисјата ги нема во паркот
Клупата којзнае дали сеуште стои
Мислам
Скитници пред седум дена со неа спомените ги воскреснуваа
Со шишето врака весело потпевнуваа
И така од пламенот силата ја земаа.

Навистина
Напишиго твоето последно писмо
Кажи збогум
За да можам да заспијам во тишината.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Осека

Како да ги покријам
ушите од вресокот
на времето
Како да не слушнам
што ми зборува Љубовта
што јава ветрови
и ми ја мрси косата?

Како да го сфатам овој свет
оваа небост, оваа радост
оваа тага
овие небрежности
Зар имаме моќ
било кога
и било како
кога сме сосема ранливи?

Тишинувам, оти полесно е
да заплачам кога те имам
кога ме гушкаш и ме сонуваш
а перницата е стопена зима.
Неважно е
некогаш
се’.
И се чудиме,
а нема зошто

кога заедно
се будиме.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Шеташ пусто во саваната сама
така гордо но дрско
да останеш рамнодушен неможеш
ти си права дама
Би те зграпчил вечерва со острите канџи
и би те убил нежно
тешко ли е да разбереш
дека ти си за мене нешто уникатно
и кога ќе побегнеш
во други раце
јас ќе си се смешкам
за мене тоа е многу интересно
кога нема да има ниеден победник
ќе те заборавам многу лесно
Би те зграпчил вечерва
зашто си моја слабост моја рана
која ти само ја лечиш
но оваа вечер светот го гледам од друга страна
Животот е краток секој момент полн ми е со возбуда
би те скротил во моите прегратки
и кога би помислила дека јас сум твој
тогаш би те оставил
Но не засекогаш
затоа што не сакам да те изгубам
да го дишеш малку воздухот на слободата
и кога се ќе излеззе надвор од контрола
кога ќе нема баланс во тебе
тогаш ти пак ќе бидеш моја
Би те грицкал дел по дел
почнувајќи од усните
па се до влажниот воздух што возбуда ти крева
страста победува
а љубовта е единствено нешто што нема мера
вриосци од твојата возбуда насекаде се слуша во оваа соба
не престанувај твоето тело нека биде мое
не те повредувам кажи само:Те молам
И кога тотално ќе се предадеш
би те однел на друго ниво
и задоволство како никогаш досега
добар љубовник е тоа што тебе ти треба
и секогаш би се вратила назад
од такво убиство никогаш не се бега
Посакувај ме ти како што те посакувам јас
и ќе видиш дека ти грешиш
затоа што јас ќе те убијам со мојата страст
и пасија кон тебе
но реалноста е друга
сега останувам самиот со себе
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
БЕЗ ЗАБОРАВ

Оооо Голем СВЕТУ, не давам
да ме проголташ,
да ме зграбчиш и столчиш
со изговори ДЕКА СУМ ЖЕНСКО.

Не давам
да ме потценуваш
и правиш будала,
да ме гњавиш
и давиш
со изговор ДЕКА СУМ САМА.

НЕ ДАВАМ,
ќе врескам
и гребам
и гризам.
Ме нема, знам,
одамна ме нема,
долго ме нема,
но живеам и дишам
ТИ Голем свету.

ЗАПОМНИ ГО ТОА.

Во мене владее бура,
вијат големи урагани,
беснеат страшни виулици
да сменат свет,
да те сменат тебе,
Оооо Голем свету.
ЗАПОМНИ ГО ТОА.

Никој не е вечен,
делата се битни,
делата од луѓе
како ЈАС,
како ТЕБЕ.

Слушаш ли?? Ооо Голем свету.
ЗАПОМНИ ГО ТОА.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Февруарска

Тонам со денови
Во очите на осамените мачори
што гувеат ко намќори
борејќи се за женка
меѓу тркалата на возилата
Во студот по џебови
Беззабиот возач на автобус
што чека нови патници
со стари станици.
И секогаш го фаќа дремка.

Тонам во погледи
од огледалото што мириса на дуњи
стари писма и заборавени насмевки
во него снег снегува
се мрзне секоја навика
да се гледаме секој ден
студени,
кога сонцето ни се разбегува.

Припазувам
додека кршам вирови смрзнатици
и загазувам на дневните вилици
секач, денот полн зборови
ме држи в раце ко лажица
да сркне од мојава приказна.

Те чекам, секаде.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Усните ти се мали
И пак не ми го пушиш
Како и лани...пис аут
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Кој ги уби ѕвездите?

Ова е оној миг
кога прашувам
кој ги уби ѕвездите
оние што паѓаат од небо
на нашето рамо
светат пред да здивнат.
Оставаат трага
како мрзливи полжави
после дожд
што ги газиме
како случајни минувачи
со неслучајни мисли
брзи како смртта
бавни како виножитото што испарува
во моите чевлички.
Ова е оној миг
кога се прашувам
каде одат гласовите од радиото
и дали таа фрекфенција
е иста со виежот
на маалските џукели
што свират џез
со чекори - децибели
замрзнато време
кога растам
растам
растам
како снег се пластам
не мирувам
и сонувам како си одиш
и се враќаш
како вселенско летало
одвеан од сегашноста
пуштен во иднината
наместен намерно
да ми се појавиш во сон
зашиен за перницата
наместен
како крклива радио станица
што со антена ја подместувам
за да слушнам
зошто не разбирам
и морам да знам
без да изговорам
кога прашувам
се запрашувам
кој,
кој
кој,
Ли ги уби ѕвездите?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Сакам критика мое прво видео и пробно нешто па ќе видиме дали ќе успееме :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сакам критика мое прво видео и пробно нешто па ќе видиме дали ќе успееме :)
Многу брзаш на места каде што треба да подзакочиш, дај му ја на некој друг да ја изрецетира што има повеќе искуство во тоа.

Еве пример како треба

 
S

Stef Bachatero

Гостин
Многу брзаш на места каде што треба да подзакочиш, дај му ја на некој друг да ја изрецетира што има повеќе искуство во тоа.

Еве пример како треба

Фала за критиката но првпат ми е да да рецитирам :)
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Го слушам биењето на твоето срце во ноќта.​
Прекрасна мелодија во ритам на Љубов.​
Се припивам до тебе и го чувствувам твојот мирис.​
Мирисам Среќа.​
Гледам насмевка на твоето лице додека спиеш.​
Со тебе ја делам Радоста.​
Тонам во твојата прегратка и знам: Ти си мојот Свет.​
Единствен. Совршен.​
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Miserable Things
No such thing as miserable feeling
can make you want to try to get over
what you have never ignored,
what you have always feared,
what you have been longing for
all your life,
what you have never understood,
but still have not forgotten.

No such thing as miserable life,
can make you want to throw your soul
in the depths of a hollow,
never discovered by anyone
but yourself and those who got into
the bottom of an ocean full of secrets
but have never discovered the truth within it.

No such thing as miserable pain,
can make you get into the darknes
that you have been falling in ever since
you have decided not to follow
the trace of the only thing that has always tempted you
but didn't make the best of it
in spite of all the glory and power.

For misery can not be counted,
your life can never reach its highest mountain,
can never see beyond the surface,
can never be forgiven when it is wrong
and let to make it's own way
or overcoming what is hard to overcome
easy to destroy, but still hard to close.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Крлеж на душата


Секогаш некој за некого е убава реплика на предходното
или само копија за мене и твоето,божем светот застанал
Секому за некоја убава страна аплауз без очи
...каде животот застанал?

Живеам живот без тело,жнеам жито без сено
на буквата,на буквата...измисли ја
За твојата убава душа однапред напишано дело
расказ,песна или слик за твоето нецело

Треба да кажам оти сакам да заврши
или поклони небесни од допири да покажам,кој си ти?
Поклон завиткан во ефтина хартија
без убавина за тело,секогаш некој друг за моето убаво дело

Замисли,еден нов акорд прави песна
еден нов збор и азбука
И којзнае уште што ново за она што не е за да го биде
седи како крлеж за душата

Сакам да те гушнам,ништо ново
сакам живот со тебе да поминам,сеедно
Слушај го моќниот,да не бидеш роб
слушам... не сум слеп
 

Kajgana Shop

На врв Bottom