Ваша поезија!

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Мишн акомплишд

Една по една како пис оф кејк
за тоа што сакам да бидам,а не можам
Дрзок на искрени очи,голем за себе
во удобна фотеља поубаво се ебе...

Џаст тел ми ват ју вант,нема да те прекажам
само скромно ќе се доискажам,да не ме снема
На гладно куче од касапница аплауз не му треба
бучер бучер хау ај лав ју...

Утре некоја нова мачно изработена
утре некоја нова мачно...изработена мисија
Полека без моја желба се спуштаат завесите
останаа само ноѕете,останаа само ноѕете

Аплауз?

Чуму ти е,кога нема публика без глумец
ниту музика биз свирец
Наградата од печен компир на дрва
оди на вилушка,а не на стап

КЛАП,КЛАП,КЛАП
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Коса црта

Време е
да купиш нови чевли
старите не те водат никаде
смени го погледот
а не двогледот.
Размисли
каде одиш
а не кој е твојот превоз.
Мирисај нови предели
промаја или провев
иако е наш збор
често треба да се користи.
Слушни ја музиката
од градската канализација
не, тоа не се алигатори
тоа се нашите гревови.
Понекогаш
здогледај го сонцето
право во очи
додека не почнеш да плачеш.
Реткост е да си радост
во нечија ушна школка
Престани да кукаш
и онака секаде демне болка.

Смени нешто
смени го чаршафот на креветот
направи нови подвизи
направи
било што.
За смеење.

/Се плашиме од промени
оти така
имаме помалку време за живеење./
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Здодевност

- како мува во август
- како турбофолк мелодија во накрцана 19ка
- како соговорник кој те гњави за печуркарство
- како џингл од емисија што нема грам возбуда
Здодевност,
како Ти.
Кога ме скотокаш додека спијам.
И те сонувам
како ме будиш.
 
С

Сатори

Гостин
Во сите потези на раката, чекорите по телото, има некоја чудна мелодија,
малку сетилна, малку мирна, зашиена со еротика,
зад завесите, под чаршавите и позади заклучена врата,
се создаваат, сите приказни за добра ноќ.
Cum dederit!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Елегија СК

Не, јас и ти немаме класична врска
како класична музика
што ја пуштаат
секогаш кога е ден на жалост.
Па се чудам
да не згинале сите птици
и тишинуваш
како сите мали луѓе
што газат по улици
и калдрми минуваш.

Не, јас и ти се инспирираме
од грдите глетки
од она што "мижејќи" го голтаме
од просторот - бестелесен
што ги држи конците
на граѓаните
марионети
стопени во сивилото
на матичните клетки.
Што раѓаат
збор
педантен, да личи
за тебе, мое Скопје
те оставаат
како кутре што квичи.

Да умреш
во нивните очи
како непосакуван предел
што никаде го нема.
Само
во устите
на сеќавањето
дел по дел
што го зема...

(можеби некогаш ќе продолжиме, можеби и не)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
И така во етерот си отиде уште една песна
за машкоста,за печеното пиле на жар
Со сите мирудии,вода и страст...грешен е мојот ракопис
грешен е мојот ракопис

За нозете како од бршлен никнати
на тело свое завиткани,оти свое било се за инает
Како само на последното не се сеќавам
клетва братко,клетва за грешници

Си викам,оваа жена од песна
на етерот да ја ставам...оти,можеби и ако
Еден ден и јас цар ќе бидам
и печено пиле на жар, ќе видам

Крцкаво и румено како за понужда
да се истресе се од мене
од тебе или од себе
леснотија на душа...

Муцкава на измет смрди
силна реа од уши...мои?
Не,нечии туѓи
Не,нечии туѓи
не...мои
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Поглед
и знаев дека си само моја
те поканувам на танц
во една пасија голема
Која не завршува
само мојата моќ и лидерство
тебе како марионетка те покорува
Допир
и почнуваме да се опиваме
во една игра во која ти си
мојата марионетка
и во тој момент
ти си мојот роб
на мојата моќ врз тебе
е гладта твоја за љубов
која те опивува во било кое време
Чекори
и полека разбираш дека еден за друг сме создадени
твоето тело зрачи од возбуда
само страста е груба таа треба полека да се разнежни
Траги
оставаат твоите мали стапала
водени од еден заводник
ти се покоруваш на него
нема кај да бегаш
јас сум тој што ти го топи снегот
и полека твоето срце станува мое
пролетта е чекор кон нас
само јас ти го движам срцето твое
Љубов
и се околу нас е матна слика
создадени еден за друг за срцата да се едни
тишината кажува се
само мирисот твој мене ме плени
а љубовта од коренот полека никнува
и се негува со секоја средба наша
никогаш таа да не стивнува...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Сонлива

Трговец со соништа
сум
не знам ни дали
може со боја
да се напише цената.
Колку е лесно
да се носи на рамо
еден куп видености
од заспиен ум.

Што, потака
залутал
да види кај се буди светот
каде заспива потокот
и оганот
што крши ритам
во ноќ на полна Месечина.
Од здив плете конци
на земја зборој постила.

Тргувам
небаре имам што да продадам
се’ е дофатливо
и нема цена
во нашите споени дланки
перници
што се кошкаат
која прва да падне од креветот.
Тогаш сонот
ти го дарувам
оти,
е бесплатен.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Mr Sandman

Сакај ме и кога имам три кг +.
И отварај ја теглата со мед
место мене
кога се мачам
гушкај ме кога сум ламја
и без да знам зошто,
плачам.

Не ми се смешкај
кога знаеш дека полудувам
без шеќерна доза
без заспивање
во омилена поза.
Промени ми го лудилото
онака, како што јас
заспивам како девојка
со тебе
а се будам
како Жена.

Одморена
кога ми даваш сон
и ми дозволуваш
да ти зготвам ручек и радост
барајќи оган
за да остварам Дом.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дали се чувстуваш осамена вечерва?
Дали ти недостигам
во оваа студена зима
ја прегрнуваш ли перницата
кога во моево топло срце за тебе љубов има
Дали се чувстуваш осамена вечерва
кога се околу тебе столиците и просторот се празни и голи
дали погледнуваш на прагот
и ме замислуваш таму?
Ако твоето срце е полно со болка
Ќе треба ли да дојдам пак
Кажи ми што чувстуваш во овој мрак
Дали се чувстуваш осамена овој пат?
Се прашувам дали се чувстуваш осамена вечерва
Некој вика дека светот е една драма
во кој двајцата треба да учестуваме
затоа не сакам да бидеш сама
Судбината ми даде игра на љубов во која ти си во моето слатко срце
глумејќи едно кога те сретна,за на крај да те посакува сеуште
Ме читаш толку итро и никогаш не пропушташ ниеден знак
дојде друга сцена ти се промени,делуваше чудно
не знам зашто но ме остави да размислувам цело утро
И би ги слушал лагите твои
одколку да би живеел без тебе
сега сцената е пуста
само емпатијата остана во ова време
И ако не доаѓаш назад
тогаш слободно затворете ги завесите....
И дали твоето срце е опиено со болка
кажи ми што чувстуваш драга моја?
Кажи ми дали се чувстуваш осамена вечерва?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Ич ама ич не ми личи на овие години
да жалам и патам за нешто
што и да е ни еден феномен не мој
само мене ми се случува
затоа запамти вината е на оној кој ја предизвикува
а не на оној на кој му се случува!
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ич ама ич не ми личи на овие години
да жалам и патам за нешто
што и да е ни еден феномен не мој
само мене ми се случува
затоа запамти вината е на оној кој ја предизвикува
а не на оној на кој му се случува!
Употребуваш голема буква (еднаш на почеток) и интерпункциски знак (исто еднаш на крај). Другово е све на ура без земање воздух. Имаш некоја идеја, океј...ама дај бе брат, стави некоја запирка, точка, бутур, одвој реченица. Земи воздух. Вака личи ко да пишуваш СМС под клупа, да му се невиди. Стварно не ти личи на овие години (а богами и на образованието кое го декларираш) да шибаш вака без интерпункција.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дали се чувстуваш осамена вечерва?
Дали ти недостигам
во оваа студена зима
ја прегрнуваш ли перницата
кога во моево топло срце за тебе љубов има
Дали се чувстуваш осамена вечерва
кога се околу тебе столиците и просторот се празни и голи
дали погледнуваш на прагот
и ме замислуваш таму?
Ако твоето срце е полно со болка
Ќе треба ли да дојдам пак
Кажи ми што чувстуваш во овој мрак
Дали се чувстуваш осамена овој пат?
Се прашувам дали се чувстуваш осамена вечерва
Некој вика дека светот е една драма
во кој двајцата треба да учестуваме
затоа не сакам да бидеш сама
Судбината ми даде игра на љубов во која ти си во моето слатко срце
глумејќи едно кога те сретна,за на крај да те посакува сеуште
Ме читаш толку итро и никогаш не пропушташ ниеден знак
дојде друга сцена ти се промени,делуваше чудно
не знам зашто но ме остави да размислувам цело утро
И би ги слушал лагите твои
одколку да би живеел без тебе
сега сцената е пуста
само емпатијата остана во ова време
И ако не доаѓаш назад
тогаш слободно затворете ги завесите....
И дали твоето срце е опиено со болка
кажи ми што чувстуваш драга моја?
Кажи ми дали се чувстуваш осамена вечерва?
Are you lonesome tonight-Elvis Presley
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Инспирирана од него
Кога инспирацијата резултира со вискок процент на коинциденција на текст, таквата инспирација технички се именува како плагијат. Немаш гајле -- кај тебе процентот е понизок, си праиме муабет само.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom