- Член од
- 28 февруари 2008
- Мислења
- 19
- Поени од реакции
- 3
циклус
ЈАЗЛИ
ЈАЗЛИ
КОСИ
Бевме сврзани, таа и јас заедно,
Таа и јас како едно, отсекогаш.
Таа и јас како едно, отсекогаш.
Не сакаше да се оддели од мене,
Бевме премногу исти, премногу едно.
Бевме премногу исти, премногу едно.
Нејзините коси за моите заврзани,
Сплетени во илјада јазли.
Сплетени во илјада јазли.
Едно под друго бевме, едно врз друго,
Едно, само едно, под и над себе.
Едно, само едно, под и над себе.
Ја оттурнував секогаш од себе,
Ја бркав од нашето едно тело.
Ја бркав од нашето едно тело.
Сакав да излезе и да ме остави,
Да бидам сам, да бидам јас.
Да бидам сам, да бидам јас.
Ако се одлепеше, во било кој миг
Јас немаше да постојам понатаму.
Јас немаше да постојам понатаму.
И ја буткав да бидам сам, се напрегав,
Врескав во своите слаби раце.
Врескав во своите слаби раце.
Не можев со векови да ја одбуткам,
Не можев да останам сам и чист.
Не можев да останам сам и чист.
Нејзините коси беа оние кои беа јас,
А јас како ум бев во нив, еден и сам.
А јас како ум бев во нив, еден и сам.
Можеби и ќе можев, да знаев за нештото,
Како да ја откачам од себе, да вдишам.
Како да ја откачам од себе, да вдишам.
Нејзината тежина ме држеше на земјава,
Без неа ќе летав слободно, на небото нагоре.
Без неа ќе летав слободно, на небото нагоре.
Но за да ги пресечам тие јазли во косите,
Тие чворови замрсени кои не држеа заедно...
Тие чворови замрсени кои не држеа заедно...
Морав да го знам тоа едноставно нешто,
Морав да сечам не над главата, туку под вените.
Морав да сечам не над главата, туку под вените.
И пресеков! Пресеков и ја откинав,
Се ослободив себеси тогаш.
Се ослободив себеси тогаш.
Но ме излажа! И мојот ум ме излажа,
Зашто не се ослободив себеси, туку неа.
Зашто не се ослободив себеси, туку неа.
И наместо мене, таа одлета нагоре лесно,
Слободно и мирно меѓу облаците.
Слободно и мирно меѓу облаците.
А јас останав на земјата да рикам од бес,
Зашто без неа сега не можев да мрдам.
Зашто без неа сега не можев да мрдам.
ЛУЗНИ
Бев искасапен, како месо на отпад,
Имав илјадници лузни насекаде.
Имав илјадници лузни насекаде.
Ни самиот не знаев колку ги има,
Но знаев дека се тука и дека ужасно болат.
Но знаев дека се тука и дека ужасно болат.
Таа ми помагаше, или барем мислеше така,
Ми ги гледаше лузните и ги врзуваше.
Ми ги гледаше лузните и ги врзуваше.
Ги врзуваше во јазли, во илјада чворови,
И секоја ја спојуваше со сина коскичка.
И секоја ја спојуваше со сина коскичка.
Секоја коскичка за секоја лузна,
Ја корнеше од самата неа, од телото внатре.
Ја корнеше од самата неа, од телото внатре.
И болеше, ужасно болеше на допир,
Но ги сврзуваше и ги затвараше.
Но ги сврзуваше и ги затвараше.
Сепак, како ќе извадеше нова коскичка,
Ја разрануваше лузната и таму остануваа уште три.
Ја разрануваше лузната и таму остануваа уште три.
Од секоја лузна уште по три лузни под неа,
Па, работеше побрзо и побесно, шиејќи и врзувајќи.
Па, работеше побрзо и побесно, шиејќи и врзувајќи.
Кога заврши со секоја прва лузна,
Кога сите мои коскички ги употреби, стивна.
Кога сите мои коскички ги употреби, стивна.
Личев на бизарен, блед кактус со сини боцки,
Но кога некој ќе ги допреше, мене ме болеа, не него.
Но кога некој ќе ги допреше, мене ме болеа, не него.
Како се отвараа лузните од секоја коска,
На крајот останаа трипати повеќе лузни.
На крајот останаа трипати повеќе лузни.
Три илјади повеќе отколку на почетокот,
Па во уплав зема брзо да ја поправа грешката.
Па во уплав зема брзо да ја поправа грешката.
Сега од подзацелените лузни ги вадеше коските,
И со нив ги сврзуваше другите лузни.
И со нив ги сврзуваше другите лузни.
Но повторно секоја лузна отвараше три нови,
И таа се побрзо и побрзо корнеше и врзуваше.
И таа се побрзо и побрзо корнеше и врзуваше.
Кога со истите коскички заврти сто круга,
Кога ме изнамачи и ме раскрваре во бол, стивна.
Кога ме изнамачи и ме раскрваре во бол, стивна.
Од мене не беше останало ништо повеќе,
Од грозна, мала, црвена дамка на подот.
Од грозна, мала, црвена дамка на подот.
Таа се вџаши и завреска, не беше успеала,
Својата задача ја потфрли, згреши и падна.
Својата задача ја потфрли, згреши и падна.
Но на таквите како неа Тој секогаш им простува,
Па таа се смири, ги избриша солзите и си одлета.
Па таа се смири, ги избриша солзите и си одлета.
ПРСТИ
Уште откога се родив како малечок,
Сакав да врзувам - насекаде да правам јазли.
Сакав да врзувам - насекаде да правам јазли.
Сакав сончевите зраци да ги ловам наутро,
Од нив да правам јазли и да ги бесам на крововите.
Од нив да правам јазли и да ги бесам на крововите.
Сакав дождовните капки да ги врзувам во јамки,
И да ги закачувам на прозорците да светкаат.
И да ги закачувам на прозорците да светкаат.
Сакав од листовите на папратите да правам чворови,
И да ги оставам да висат над гранките.
И да ги оставам да висат над гранките.
И луѓето ги сакав, сакав да им ги врзувам рацете,
И да им ги бесам над главите, да се нишаат.
И да им ги бесам над главите, да се нишаат.
Па потоа и нозете да им ги заврзам за струкот,
И да ги свијам во кругови околу него.
И да ги свијам во кругови околу него.
Сакав и од главите да им правам чворови,
Па да ги бесам за ништо сосе нозете и рацете.
Па да ги бесам за ништо сосе нозете и рацете.
И така тие убаво висеа на ништото, како чавки,
Зарем не беше интереен тој мој јазлест живот?
Зарем не беше интереен тој мој јазлест живот?
Си ги движев рацете и нозете свои во тие ритмови,
Јазлести и ковчести, суви ритми на бизарна уметност.
Јазлести и ковчести, суви ритми на бизарна уметност.
Прекрасни ми беа, така мирни со безизразни очи,
Сите тие, како кукли од крв и месо што висеа мртво.
Сите тие, како кукли од крв и месо што висеа мртво.
Но Таа велеше дека тоа ја валка неа, дека тоа ја гнаси,
Па не ми дозволи да продолжам.
Па не ми дозволи да продолжам.
Ми рече дека доколку сакам да врзувам јазли,
Ќе морам без неа - но без неа јас не можам да мрдам.
Ќе морам без неа - но без неа јас не можам да мрдам.
Па ја замолчив напикувајќи и во устата,
Ленена трака со седум чворови на неа.
Ленена трака со седум чворови на неа.
Но таа побеснета се откоти од мене доволно,
За и свои раце да израсне и да ги употреби.
За и свои раце да израсне и да ги употреби.
Па ме дофати и бесно ме стегна,
Ми ги врза прстите на рацете и нозете.
Ми ги врза прстите на рацете и нозете.
Ми ја врза устата да не зборувам и очите да не гледам,
Ми ги врза ушите да не слушам и забите да не касам.
Ми ги врза ушите да не слушам и забите да не касам.
Цревата ми ги сврза за градите, а срцето за стомакот,
Па ме остави така да беснеам во неспособност.
Па ме остави така да беснеам во неспособност.
Проклета нека е кучката во мене, ме заврза.
Колку иронично - јазли ме спречуваат да правам јазли!
Колку иронично - јазли ме спречуваат да правам јазли!
The Raven