Ваша поезија!

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Freedom.
Got rid of nearly all the signs,
No lies,
No pain.
No more solemn smiles,
no more bitter shivers.
I take back my glint in the eyes,
I unfasten my scarf,
I throw away all the penitential chunks
that were burdening my soul.
Feels like it's pure now,
the aura is calm,
the peace and quiet heals me,
I get back on my feet.
The more I seek, the more I see,
It's still chilly,
but I'm pleased.​
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Копнеж​
Те замислив,​
на сите четири страни на светот.​
Отворив очи,​
и пак…​
На ниту една не те видов.​

Те барав, веруваj ми.​
Те барав во сонот.​
Те барав, во името на ветровите,​
во очите на заjдисонцето.​
Те барав, под погледот​
на цело едно небо,​
како што некогаш, еден ден,​
деца уште, заедно jа баравме​
среќната детелинка.​

И... не те наjдов.​
Како што никогаш,​
не го наjдовме четирилисникот.​
Бидеjќи тогаш,
престанавме деца да бидеме.​
И тргнавме...​
еден кон друг,​
бараjќи се.​
 
S

Sith_Lord

Гостин
Трае овој ден,
Трае како пулсот на утрото кое се раѓа
Умира
И повторно воскреснува,
Кое ми ги полни градиве со ветар
И сите магливи призраци кои полетуваат
Од самракот меѓу солитерите
Сите оросени илузии на младоста
Сите носат сончеви венци
Во нив гледам мои залутани соништа.

Sith


 
Член од
1 април 2008
Мислења
20
Поени од реакции
1
Eve neso i od mene.
NAJMIL BOSKO.

Se bese ubavo,
se bese kako podmackano,
se dodeka ne te fativ so drugarka mi.:drk:
ne e bitno toa sega.
Pomina dosta vreme.
Okolu nekolku godini.
Nemoj da mislis deka ova go pisuvam
zatoa sto nemozam bez tebe,
ama nemoj da pomislis i deka
mozam bez tebe.:pos2:
Tuku sto mi bese zborot?
AAAAAAAAAAA
Da mi kazes kaj e daljinskoto????????
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
370
Поени од реакции
13
По патеки туѓи во прегратки луди
твоја сум а не сум
безначајно е се.
Длабочината на сонот ја мерам со тебе
за на крај да легнам и заспијам,
а да те сонувам!
Го слушам гласот на возбудата
тивко раскажува за нашите тела
толку далечни, ни како заедно да се,
како две гранки разделени,
но среќни од исто дрво се.
Песокот повикува, бара чекори наши
бара меки стопала влажни од солена вода,
зајдисонце и песна.........
Остави, не ме слушај!
Јас сум само една точка на земјата
без која се може како
неприметна нота во мјузикл.
Кога си тука се бунам поради реалноста
како диво животно за живот кога се бори,
а кога ќе завртиш грб и отидеш
те сонувам будно, те следам
како делуваш на мене.
Така прекрасно ме труеш со своите глупости
вистински искрени зборови
со кој успеваш да ме задржиш само за себе.
Ја гледаш ли иднината?
Не. Не таа иднина.
Не таа која за тебе е реална.
Кажи ми ја другата па макар
и не била вистина.
Лажи ме за нас!
Кажи ќе успееме
дека нема никој меѓу нас
а утре сонцето ќе ни милува тела
во ист кревет будејќи се....
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Мозаик~

Чудовишно стари розови цветови под стакло,
дамнешна, миризлива просторија во неговата лева предкомора,
шумови, деца на ноќта,
полна Месечина кога го чувам него во мене
како светло розов мозаик на дрвена маса.

Молчаливо се смешкам кога го дишам,
иако тој не знае колку длабоко неговиот мирис го примам,
па го гледам и мислам,
рубикова коцка?

Тепих послан врз пролетни треви,
маса, чај и една вреќа тутун,
во црна тоалета,
чекам,
сладострасно го набљудувам новиот мозаик.

В.Бојковска
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Еве сме, како бушави деца у градинка
се сеќавам на последната снимка
како вриштам да ми го вратиш хулахопот
а ти бегаш безглаво накај паркот
имавме вошки, колегијално
јас тебе, ти на мене
си ги пренесовма тајно
сега те гледам
дебел си и гаден
велиш
сам сум
ама мама готви, не сум гладен.
јас сум кучка, малку курва
мал поет
ти си сам
и тоа е се.
детски игри, стоп
нема веќе враќање
само мали мемориски чипови
што ми служат за обраќање:
кај си, шо има ново
и толку е се
а јас мислев дека
ќе ми бидеш рамо за плачење.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
затвори


[FONT=Verdana, Arial, Helvetica]повторно во канли-куле,
пајас-куле,
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica]еди-куле,
повторно во бодрум
и фезан

повторно насамарени,
во состојба на шок,
пак роб
со очуви господарски
[/FONT]
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Како сонови распослани на пијано,
осамнато утро на лакираното дрво
каде свилата се топи со звукот,
а тонот се провлекува низ моите сетила.
Забранети ми се твоите сонови,
не знам кога се будам, а кога заспивам
на мермерот во мојот град.
Спокоен одмор и мир во душата,
зошто слушам што гледаш,
а гледам што можеш да помирисаш,
на твоите дланки под мојата кошула.
Моќ.
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Затоа што се од злоба направени
Креирани да создаваат
Се пред себе уништуваат...
Затоа што се лицемерни
И те нудат со насмевки и смеа
Болот во гради тие го нанесуваат...
Затоа што те сакаат
Но не сакаат да си среќен
Затоа што се луѓе како и ние
Затоа што се себични како и ти
Затоа што се несреќни како јас
Затоа што....
Но сепак над мене облаче
И во него како во стрипoвите пишува
ЗОШТО???
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Покажи ми како
Да ја симнам тагата од моите очи
Темнината која го покрива моето срце
Насмевката што солзите ја кочат.

Неможам
Твојата кожа над мојата
Мирисот на страста
Прегратки од кои се растреперувам.
Копнежот по повеќе
И моето те сакам
Стискајќи го со забите
Зашто не смеам да го проговорам.

Соништата во кои потонувам
А твојот лик не го гледам
Усните на кои се предавам
Како воздух, не ги ни чувствувам.

Постоиш, за мене нема крај
Далечен си како оваа месечина
Ладен како овој тврдоглав камен
А јас копнеам, и умирам полека

Hold me now, as I fall again
I want you, love you
That’s all I can say

Чекам
Твојот прст над моите усни да исчезне
Додека молчам потонувам
Оваа љубов е надреална.

Покажи ми како да те избришам од себе
Секој дел од тебе навлезен во секоја пора
Секој дел од мене кој те посакува бескрајно.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.901
Поени од реакции
11.239
Aj da stavam i nesto od mene...


Melanholija 48%

Togahs koga mi kaza deka si nashla drug,
vecerta se nacukav, se napraviv stub.
Sednav so sisheto rakija do mene
i sakav samo da te zaboravam tebe.
Glavata mi chadeshe od nervoza i gnev,
trebashe da znam, no bev slep.

Trebashe da znam deka se e laga,
se beshe gluma, vo mene ostana samo taga.
Vecerta koga piev si vetiv na sebe
deka ova e prvo i posledno pijancenje za tebe.
Rakijata brzo mi udri vo glava
eden period legnav i ne mozev od krevet da stanam.

Narednoto utro stomakot me maceshe,
za da povratam teloto mi placeshe,
shibnav dva prsta vo usta za polesno da ide,
ispovrativ sve i denot podobar mi se vide.
Od zeludnikov izleze celo sranje i losha volja,
a so toa i moite cuvstva kon tebe zavrshija vo solja.

Eden den i tebe istoto te ceka,
nabrzo ke zavrshi i tvojata srekja,
mozebi ke svatish kako mi beshe na mene
no togash ke bide zaludno,
odamna pomina nasheto vreme...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Се вратив назад, во малиот свет
кај што чувам сликички од Сара Кеј
мирисам на Косили
и баратам со лажни насмевки.
Во мене има само куп лајна
денов ме обои со спреј за на небо
џабе џез, отворен подиум и тајна
кога немам што да кажам.
Го сакам тој свет
кај што сум лажен победник
мало глуварче што се пика во туѓи уши
и забранува магии да направи.
Се изненадувам, еј, ...
Кога нема никој во мојот ум
реткост е тоа
зошто мислам на секој и секаде.
А, најмалку на себе.
Се вратив пак
но светот не постои.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
-------------
Кажете ми тајна
И ќе молчам.
Ќе молчам како што молчи излитен покрив
за својата болка.

Зборувајте ми тајни, ве молам
Без страв дека ќе ви проговорам назад
Зборовите се звуци во такт и јасност,
Зборовите не се чеда мои
Не знам со нив да играм.
Ќе молчам за вашиот чин.
Ќе молчам како што молчи сандакот од ефтино дрво
за деновите на станарот свој.

Истурете ги во мене
Половина, две или утрешни неколку
И верувајте дека ќе молчам.
Бидејќи немам друго
Јас сум молкот на пластичниот невен.
---------------
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Сонував~

Сонував дека ми требаш за да се разбудам,
доза сладок нектар само за мирис
и неколку гранки јоргован во мојата соба,
за да не биде креветот толку грешен.
Јас ќе бидам таму,
ќе сонувам дека сум тука,
те гледам како ги отвараш очите во утрото,
заврзан за креветот во целата негова мекост.
Сите бакнежи на мене од тебе,
ги посакував вечерва додека тонев во сон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom