Ваша поезија!

С

Сатори

Гостин
~*~

Страшно ненаспана!
Се будам пред демонот
кој остана да преноќи вчера,
му го заборавив името.
Овојпат дебелиот сон ми го уништија нежни гласови
Утрото ненамерно им ги изгребало залепените очи
Па првпат го гледаат светот
грд
пред бездомниците да го испијат првото утринско кафе
и улиците се без човечка маска
туку сеуште си го тријат безбојниот, сиров подочњак

“О! Се прашуваме, се прашуваме...
Дали секоја бескорисна мугра
што досега не ни ја соопштил ниеден телевизор
и не ја собира во ниеден билборд
е вака....сурово прекрасна? ”

Ова,
само оние
кои никогаш не се вљубиле во лист
го прашуваат.

Крај на страдањето
Жолто опивање
Добро утро сонценце!
На твојот златен прозорец седам
и појадувам тривијални срцепарателни сцени
од соседниот балкон

....Ерина, врати се!

Фотограф.
Со срце растегнато на ѕидот, секое утро
одгледува крвави дамки
како хоби.
Ме учеа дека не треба да зборуваш додека очите ти се полни
но морам да кажам,
Немаш среќа, младичу.
Денес Јупитер е во седмата куќа
Клуб на робови на слободата
И мразачи на слабости
Мрморат, бесно плукаат облаци
Месечевиот сончоглед на небото
‘Ржи ветар во мојата кутија!



.....Ерина, врати се!


Задоволна.
Вкуснота зготвено огледало
Го запленив од фотографот
Нема веќе да си ја велича болката во него
благодарение на моите желудочни ензими.
Гејзер од топол немир и ментол.
Среде крици носи спокоен медитирачки зен
Но тоа нему никогаш нема да му текне.

....Ерина, врати се!

....губам трпение и жал.
Душо, која си ја изгубила својата Ерина,
веднаш да употребиш некаков завој
бидејќи мојата кутра мачка
почна да ја лиже наточената крв
Таа не знае за добро и зло!
Само е жедна...
За флуидно сонце...
Сини панделки...
Љубов, љубов на црноок мачор...



Колку светлосни години
се одалечивме од себеси?
Ме остави без зборови љубов ... јас сум просто воодушевена!
Браво!:gus:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
пијандура
од главата ти чуре
си испил пола буре
црно тиквешко вино
и си го пропуштил филмот в кино
по тунелчиња скиташ
под сијалици весник читаш
многу кучиња лајат
а тебе бабите нека ти бајат
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Гибел

Дал сонувам труби траурни и фанфари,
ил' буден се поревам и слушам,
мајки и деца, плачат и пискаат,
виулици и ветришта фучат,
а молњи земја косат, грубеат.
Место светлина, бледо и морничаво, в црнила,
како танц на темни снегулки, одгоре паѓаат,
од небото галеби, со крилја скршени
и мртви души на ангели и демони,
струполени на почва корава, татковци умираат.
Прав и пепел се престораат,
како никогаш да не биле,
ни рај, ни пекол, ни Бог ни ѓавол,
саде гибел, мракој и ѕемнила.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Прошка~

Рапав пат, камења и кал,
крв од нозете,
под нив делови од стакло,
сронети мали блуткави парчиња школки,
остри, немарни,
делови од минатото на воинот.

Срцепарачка музика во главата на конфузијата,
хектичност продадена на првиот штанд,
повеќе распадната продавница,
бутка,
под влезот на сивата, голема зграда,
преполна со антени,
испреплетени жици,
топли тв-приемници
и патетика во соби за плач,
за секс,
за магловити разговори без некоја посебна нејасност,
пригушена монотонија,
изразена патетичност
за туѓата сила на воинот.

Дождови,
бури, скоро тајфуни,
бродолмци на брегот на мислата,
се гребат,
викаат за помош,
се надеваат,
додека крвта им ја пијат со памукче,
така нежно ги убиваат,
згаснати примероци на супериорната раса,
изобличени грдотии
испакнатини на убаво лице,
лузни и корузи на воинот.

Прошка,
за бездомниците, за кралевите и за принцезите,
прошка,
за кукавиците.
Ги уби сите нив,
воинот.

Треба да му се прости.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јунакот

В праскозорје, в бура и војна роден,
и од колнати коски стокмен
во железен оклоп и на бел коњ,
со визир спуштен, јури, се бори
и на смртта в очи и се смее
и јуначки песни пее.

Со силен рев и рик
Јунакот, во сончева светлина овенчан стои
и в крв на смртен непријател се мие,
и неговото тело со копјето в земји го рие,
гази, не се обѕира, војува за душата своја и народ клет.

А квечерум, од черепи на поразени непријатели
божествен нектар пие,
додека за нивната смрт јуначки солзи лие
простуми, чека уморен, да склопи очи и спие
а ветерот кој шумоли, приспивна песна да му свие.

П.С.

Одат двајца по улица.Се среќаваат.
Едниот му се обраќа на другиот: дека?
Вториот одговара: те, ти?
Првиот: ја ме, ја, те, ти?
Вториот: е ја, те ме.

Елем, и јас: Те ме, те!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Се чувствува...
Без предвесници.
Ти ебам кокичињата,
бели стапови на раскрсница.

Можам да го почувствувам
во воздухот вечерва.
Доаѓа.

Можам да го почувствувам
во смогот мокар.
Проаѓа.

Пак ќе чекам сонце.
Сам.
 
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
КОГАТО СИ НА Д'НОТО

Когато си на д'ното на п'к'ла
Когато си нај т'жен и злочест
От парештите в'глени на м'ката
Си направи сам ст'лба и излез
Свет'т когато мр'кне пред очите ти
И прит'мнјава в тези две очи
Сам сл'нце си с'здај и от л'чите
С'здај си ст'лба и по неја се качи
Когато от безп'тица премазан си
И си зазидан в четири стени
От всички свои п'тишта премазани
Нов п'т си направи и сам тр'гни
Тр'нлив и з'л е на живота ребуса
На кр'ст разп'ва нашите души
Загубил всичко, не загубвај себе си
Единствено така ште го решиш

 
S

Stef Bachatero

Гостин
Седиш сама

Седиш сама во постелнина мека
се будиш
и тагата на бурната улицата те чека
ти требаат прегратки бакнежи
и поглед што ќе те остави без воздишки
и секоја одлука твоја да ти ја подржи
што сакаш
погледни во ѕвездите
кажи им ја твојата тајна
ослободи се
и ќе блескаш како ѕвезда сјајна

Не седи сама никогаш
зарем не гледаш една ѕвезда што трепери сама?
во далечното небо сите треперат
како оркестар никогаш не запираат
како твоите очи длабоки
тивко жуборат и треперат
блескаајќи сакаат и ти
да си среќна
во една прегратка мека
што еден Ромео нестрпливо ја чека
да ти подари една ружа
која од љубовта полека ќе цвета


Запамти ги неговите дела
ружите што ти ги подарува
зборовите нежни за тебе што ги крои
и тогаш за вас
љубовното гумно може да плови
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
YOU DON'T FRIGHTEN ME AT ALL



Shadows on the wall
Noises down the hall
Life doesn’t frighten me at all


Bad dogs barking loud
Big ghosts in a cloud
Life doesn’t frighten me at all.


Mean old bitches and

Lions on the loose
They don’t frighten me at all


Dragons breathing flame
On my counterpane
That doesn’t frighten me at all.
I make fun
the way they run
I won’t cry
So they fly
I just smile
They go wild

Life doesn’t frighten me at all.


Tough guys fight
All alone at night
Life doesn’t frighten me at all.


Panthers in the park
Strangers in the dark
No, they don’t frighten me at all.
(Kissy little girls
With their hair in curls)
They don’t frighten me at all.


Don’t show me tricks and winks

And listen for my voice,
If I’m afraid at all
It’s only in my dreams.
I’ve got a magic charm
That I keep up my sleeve.
I can walk the ocean floor
And never have to breathe.
Life doesn’t frighten me at all


Not at all
Not t all.
Life doesn’t frighten me at all...:)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Lake of sorrow

The shore smell of darkly roses
entombes me in desire
in vain i fight to reach the water
trapped in this lightened gloom that transpires
the tears are sucked by the infinite realm
of this lake that thirsts for solitude's horror
my dreams are starstruck by impaled moaning
of this wonderous LAKE OF SORROW

I play around with the blackened sand
as i wave Fortuna goodbye
as my soul is spirited slowly away
by the glory of my demise
i desire a fragment of a pleasure still
eyes are bleeding in search of that bliss
and after the loss of the beauty of THE KISS
i find eruption adoring life's dismiss

Tear me away
suck dry my lust
build me a shrine to dwell in ghast
make me a monster of disguist
The lake brings you to me
in eary hartbreaking rove
remberance strikes and reasons bleak
unheart me...my desire,my grave,MY LOVE

I danced in Witchcarft's Castle
i disbodied all gods for your grace
and since you barrened my soul with this lake
wolves weep blood and Agony takes your place
To kiss the smell of feet that step away
to keep a spermsticken memory with lust oh so true
to forgive and to love and to pray
to be never WORTHY OF YOU

Praised be,my enchantress
you be worthy of a God's phalus
a vulva of crimson consumption of life
a beauty always hungry and zealous
Silenced i sit and sated with the sea
craving for a tear oblivious and in vain
You be Devianty and i be your slave
Forever yours in my SILENT PAIN

Itches of Eclipse invade my body
sweet lick of the humain mud
pictures of hornes and Nuit's rod
monsoons of crippled moaning and witchers blood
I hug this Iron Maiden Stigmata
i seek acceptance in the lost souls Dome
Ruinia,my sweet,does my heart please you?
For it is barren,and empty and ALL ALONE

The lake kissed me as a soft pillow would
i dare not swim and disturb the tears
i get older as i see all this pain
transparent and open,heavy with the years
The sun,the sweet last hope,evades me slowly
air becomes a metaphore as it eludes me in a spark
The sins of my beloved ingested me
for a lasting forever....or UNTILL THE DARK
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Гребете по вратата додека сум мртва
Заковајте ја длабочината која ја оставив зад себе
Која виори моја победа низ дебел пласт молк и збрчкана беда
Која прегазува рамки на соматски клетки
Која пресекува движења на жедни есенски лисја

Не рони го образот, русокоса
Не станав мисла поради тебе
Ти секогаш ќе си моето мало девојченце
Бисер по бисер замаглуваш
Врба со издолжени коски стануваш
Не прекршувај ги во болен лик
Не влечи ги по скаменетата земја
Сопрена е лавата на мојата љубов
Бледнее топлината на мојата сенка
Сите, сите тие го изгубија обликот што има рабови
И се сплетоа во етеричен ветар

Вие, мои испиени кукли
Виновен е вашиот чад за потемнетото стакло
Стакло чија боја со допир ја везев
Допир за чија свежина ми потече сета крв
Но за ова не сте виновни
Пресекот на ноќта наша земска
И млечно небо кое ја заборава раната толку лесно
Во кој сама го забив ножот
Сама се послав во морето
Сама со последната свесна жила
Ја излупив кошулата од кожа
Го одврзав корсетот од гради
Ја соблеков водената коса
Слепена на река од побелени усни

Мртво тело, раздвоено на камчиња
Мртво тело, налепено со остра пајажина
Жив воздух, го нагризува и прободува
Низ дупките на восочната плот
Сржта со насмев испарува

Моја и недопрена
Низ времето, просторот
И нивните чеда вечно насолзени.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
Lake of sorrow

The shore smell of darkly roses
entombes me in desire
in vain i fight to reach the water
trapped in this lightened gloom that transpires
the tears are sucked by the infinite realm
of this lake that thirsts for solitude's horror
my dreams are starstruck by impaled moaning
of this wonderous LAKE OF SORROW

I play around with the blackened sand
as i wave Fortuna goodbye
as my soul is spirited slowly away
by the glory of my demise
i desire a fragment of a pleasure still
eyes are bleeding in search of that bliss
and after the loss of the beauty of THE KISS
i find eruption adoring life's dismiss

Tear me away
suck dry my lust
build me a shrine to dwell in ghast
make me a monster of disguist
The lake brings you to me
in eary hartbreaking rove
remberance strikes and reasons bleak
unheart me...my desire,my grave,MY LOVE

I danced in Witchcarft's Castle
i disbodied all gods for your grace
and since you barrened my soul with this lake
wolves weep blood and Agony takes your place
To kiss the smell of feet that step away
to keep a spermsticken memory with lust oh so true
to forgive and to love and to pray
to be never WORTHY OF YOU

Praised be,my enchantress
you be worthy of a God's phalus
a vulva of crimson consumption of life
a beauty always hungry and zealous
Silenced i sit and sated with the sea
craving for a tear oblivious and in vain
You be Devianty and i be your slave
Forever yours in my SILENT PAIN

Itches of Eclipse invade my body
sweet lick of the humain mud
pictures of hornes and Nuit's rod
monsoons of crippled moaning and witchers blood
I hug this Iron Maiden Stigmata
i seek acceptance in the lost souls Dome
Ruinia,my sweet,does my heart please you?
For it is barren,and empty and ALL ALONE

The lake kissed me as a soft pillow would
i dare not swim and disturb the tears
i get older as i see all this pain
transparent and open,heavy with the years
The sun,the sweet last hope,evades me slowly
air becomes a metaphore as it eludes me in a spark
The sins of my beloved ingested me
for a lasting forever....or UNTILL THE DARK


...pa pa pa pa...:)...impesive Raziel...i bashka jako i mnoooooogu originalno...bravo...bravo...iznenaduvanje za mene...po originalno neshto dosea i nemam prochitano...interesen stil...bravo...:)
 
Член од
15 ноември 2007
Мислења
8
Поени од реакции
2
Кога ке падне нок,
кога денот ке згасне,
кога секој нормален човек
потонува во сон...
кога времето своите крилја ке ги свие..
јас признавам дека лесно не ми е..
дека се уште те сакам и сонувам..
дека се уште пред бога за тебе се молам..

Кога првиот снег ке ги прекрие улиците,
кога месечината ке заблеска со својот одсјај.
јас се секавам на нашите срекни моменти..
се секавам како бевме заедно ја и ти..
посакувам да ги бакнам усните твои..
посакувам на снегот да напишам
НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ ЉУБОВ МОЈА

Кога зората ке зазори..
а јас сеуште лутам во минатот..
цигара една за друга палам..
низ алхохол и цигари за нас жалам..
и низ чадот го гледам твојот лик..

Кога ке потониш в сон..
дали се секаваш дека некогаш бев твоја..
дали се прашуваш каде сум јас..
дали знаеш дека солза во окото ми сјае?..

Кога таа те држи за рака
и кога ти шепоти слатки лаги..
дали можеби тогаш се секаваш на мене..
дали тогаш здивот во градите ти застанува..
дали таа со бакнежи те заспива..

Кога солза ке потечи од твоето око..
дали тогаш се секаваш на мене..
дали ги читаш стиховите мои,
кои ги пишев додека бевме заедно,
па и после сите нив,што ги напишав
за тебе ти ја заведуваш неа..

Кога ке ги слушнеш оние песни наши,
се прашуваш ли како ми е..
се прашуваш ли зошто плачам..

Сите оние кои љубов ти нудат,
еден ден сами себе ке си судат.

Тие не знаат дека е грев тебе да те сакаат,
дека со таа љубов сами се казнуваат,
не знаат дека тебе ничија љубов не ти треба,
не знаат дека мојата љубов ја прегази,
не знаат дека некогаш и мене нежно ме бакнуваше,
дека со мене градеше слатки соништа,
за се во еден момент да уништиш...
не знаат дека за тебе како дете плачев..
не знаат дека за тебе и ѕвездите и дното го дофатив..

Не знаат Љубави...
дека се сакавме..
не знаат дека заедно сонувавме..
не знаат дека ти замина љубави
и после тебе само пепел остана..
Замина со друга..
И неа како мене ке ја љубиш..
Не знаат дека твојата љубов убива..

А тогаш кога секавањата ке почнат да болат..
Кога сите ке ти свртат грб..
Кога ке ти се случи она што те боли и врега..
кога еднаш ке се разбудиш..
Кога ке сватиш дека немаш каде и со кого..
Кога цел свет ке ти исчезни како дим..
Кога ке посакаш некој искрено да сакаш..
Кога ке мора за љубов да молиш..
Кога се наопаку ке ти тргне во животот..
Кога ке ја изгубиш својата срекна ѕвезда..
Јас и тогаш ке те сонувам и сакам..
Кога за прв пат искрено ке заплачиш..
тогаш ке сватиш како ми е мене..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom