Ваша поезија!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Македонија

Денес над Македонија се раѓа
ново копиле на транзицијата.
Македонците се колат за слики по ѕидовите,
Македонците се молат: "победа на изборите".

Одново сега знамето се вее
на половина копје во Крушево.
Лоботомија, друг Тито, Ванчо Михајлов, Брус Ли
Лоботомија, грст молци, де-пе-а и д-у-и.

Горите македонски ни се смеат
во нив кактуси зошто садиме.
Македонија сплотено еден ден ќе живее
а до наредниот погреб, очи ќе си вадиме.


-------Сит, не е ни пола добро ко твоето, али морав да се ја испеам химнава, макар и глупаво да изгледа.

Плус, ја посветувам на Љупчо.

Welcome back :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
денес навиките ми ги сотре
една баба
стара ко баобаб,
за јас наместо дома да си одам
после работа
требаше да тегнам килограмска кошница
полна со пипер, домат, шаренила
кило локум за задушница,
наместо да одам дома
да се избањам на раат
да гледам филм и да се издепилирам,
да си ја галам мачката
јас се качував на 44 скали и ја поправав кваката.
кога тргнав да си одам,
бабата ме прекори:
седи, на вечера остани,
а место тоа јас добив
албуми, солзи и воздишки.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Експериментална 1
ЈСП*

Згужвана
слободна карта в рака,
капки дожд на
неизмиена глава
каде е чадорот?
О, зошто неземав чадор?

Минута ил‘две
пола час се стори
чичкото возач
со кого ли кафе пие сега?
О, ЈСП бедно
автобусу древен
зошто, зошто
пак да каснам на први?
А, кога
ќе пристигнеш кроце
и ќе влезам во мевот
преполн с‘ други
утрински бедници,
јас се фаќам
за рачката над
и се‘ е мирно
како во конзерва.

О, ЈСП
колку драг си ми ти.

*Јавно сообраќајно претприатие
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
За мене ништо важно не е

Стојам на раб,
горе небо,
долу пад,
ветрот ме вее,
за мене ништо важно не е.

Нема жива душа,
никој не ме слуша,
небо солзи лее,
за мене ништо важно не е.

Дали некој плаче,
дали некој вришти
или од среќа пее,
за мене ништо важно не е.

Си велам,
ова мрза ќе е,
но сепак,
за мене ништо важно не е.
 
С

Сатори

Гостин
Кога си заминав

Шал,
огледало прелеано со црно мастило,
црвени букви преку превезот
на мојата младост
која ја трошам покрај тебе.
Молчи,
не зборувај за тоа што се решавам да си заминам.

Модрици,
чаршав само за еден
и студ низ коските кои се ронат под твоите прсти,
си го сакам телото,
но ми ја уби енергијата,
каде сега со душа без симфонија?
Треба да плачеш,
затоа што се решив да си заминам.

Солзи,
повторно заборавив како е да се плаче однадвор,
крилца на пеперутки под стаклото,
смачкани,
преполни со кокаин.
Живеј,
сега кога си заминав.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
seushte zaspivam na ona isto mesto
kade shto dzvezdeni kuli
se izdigaat do beskraj
tamu seushte ja goltam svojata krv,
svojata pepel...

se prashuvam samo dali mozes da vidis...

i ne ostana nisto
ne ostana nishto od moevo telo
se pretvoriv vo prav,vo kal
ostanaa samo spomenite
koi kako vo sonceva lulka
svetat blizu dogorena sveka

i odnovo pocnuva se
jas i ti
pogledi,vozdishki,preplet na vozbudeni tela...
... i dodeka okolu nas trevata raste,
vremeto se rushi zasekogas
se prashuvam samo
dali mozes da me vidish?
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
zaoga sonceto
se topi vo krvavite boi
vetrot tiho vozdivnuva
i tancuva so padnatite lisja...
...denot umira
raceve ostanaa prazni
od ovoj mig
vremeto ja izgubi smislata
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
za eden dopir
za edna vozdishka
za edno stisnuvanje na zabi od strast
te molam
za toa telo da go priviesh kon mene
i da go pushtish sonot da te vodi
koj ke te skroti
koj ke te slee vo mojata krv

dozvoli mi
dozvoli mi da te dopram
onamu kade sto najmnogu ke te trognam
kade sto ke ti ja smiram besta
i ke ti ja rasplamtam seta zar
daj da ti go setam zdivot
koj nosi sila i nespokoj vo sebe
daj da disham pokraj tvoite usni
i da go pushtam sonot da me vodi
koj ke me skroti
koj ke me privie kon tebe
koj ke me slee vo tvojata krv
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
69
Поени од реакции
7
togash vremeto zapre
i denot veke ne beshe den
mozev da te zapram
a stanav ubiec na sopstveniot son

solzi-od toa se plashev
tie se taa raka shto me turna vo bezdnata
mozev da cekam
mozev i denot da go zapram
i ke te videv pak
osven ako ne stanev ubiec
na sopstvenite oci

nishto nema da moze da go skrshi toa vreme
ke ostane svieno tivko
vo vojava dlanka
vo mojata dusha zasekogash ke spie kopnezot
osven ako ne stanam ubiec na sopstveniot zivot
 
С

Сатори

Гостин
.

Бисери,
црни бисери на дамата која веќе не припаѓа,
светли прамени на вратот,
контраст на бои во очите
и мекоста
на твојата кожа додека дел од тебе имам во себе.

Бавно повлекување на нејзините прсти низ усните,
издишување,
откажување,
да остарам во нејзините раце
и повторно да бидам млада,
како што само таа знае дека можам да бидам.
Благонаклонето поклонување кон таа што
може да биде повеќе од моја.

Санта лед низ вените,
низ чувствата,
за промените ...

Љуби ме!

Бавно тркалање на јазикот,
рацете силно на градите,
недостаток на здив,
воздух низ рацете.

Свила и чипка на туѓа кошула,
повторно нејзина, не моја,
повторно облечена во туѓи алишта,
но истиот парфем,
не,
сосема нов, сосема чуден,
заборавен таму каде што бев пред да дојдам кај неа.

Љуби ме!

Уби се во мене ...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Identity

A cup of cofee
a drop of milk
bitterness embraces you
still
Oh,slow consumer
the black IS more
obstacles made of eyes
The dance of Deprivia
I want in
It's joy,it's fun and it's bliss
A dance in a coffin
a smell of wormly wood
A laughter of rotten teeth
Orgies of ignorance
Togetherness
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
ТАГАТА НА ЧОВЕКОТ

Ако можевме да го скршиме она,
што сакаме засекогаш да го заборавиме,
тогаш ќе бевме најсреќните луѓе
кои талкаат по лицето на оваа земја.
Ако успееме да заборавиме се
и да продолжиме во живот нов,
тогаш ова нема да ни беше потребно
и ќе останевме засекогаш млади.
Но бегајќи од своите сенки,
кои како тажни дамки се влечат по нас,
не успеваме ништо друго
освен да уживаме во сонот.
Целата тага,сите солзи!
Сиот бол и немир!
Тежината на ова време,
која како најголем товар ја носиме на своите гради,
до она место,
каде што ќе ја одредат нашата казна.
И тоа ќе биде нашиот крај.
Повеќе нема да ја криеме тагата,
под бледата насмевка.
Сите ќе се откажат од моето име,
во името на нивниот спас
и вечниот живот.
Но во истиот час,
пред нив небото ќе почне да гори
и тоа ќе им биде најголем знак.
Дека предале своја крв,
дека правеле лоши дела,
дека тие се грешни,
исто колку и ние.
Дека казната доаѓа пребрзо!
 
С

Сатори

Гостин
Диши на мене

Преполни ги дупките полни со разочарување,
стави малку мирис на јасмин
на кожата
која почнува да те чувствува,
носи ме во ноќта,
на дождот,
диши на мене.

Дувај го здивот по грбот
на тебе осетлив,
спушти ги прстите под стомакот,
врзи ме,
заврзиме со свилени марами,
диши на мене.

Веќе испробано,
сигурно делотворно,
лижалче во усните
шара за на ѕид за тебе,
остави бел дел на телото,
полека, а сигурно,
диши на мене.

Никогаш не сме се допреле,
до вчера,
секогаш сме се изневерувале,
до вчера,
бавно во усните,
движења малку нови за јазикот,
еве ти го клучот од вратата,
само за да
дишеш на мене.




* Само не ми спомнувај љубов!
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
ПЕСНА ЗА НЕГО
Тој е вашата соба,
си игра по ѕидовите со своите немирни сенки,
додека мирно спиете
и не сте свесни за неговото присуство.
Тој е тука до вас,
додека вашата љубов умира,
додека вие се простувате од неа,
тој ве гледа.
Тој е во сите слики
од вашиот живот,
кои како гнили трупови,
испливуваат до самата површина.
Тој е секоја проголтана таблетка,
во секој недоречен збор.
Тој е стравот во секој од нас,
тој е причината за онаа работа,
кога срцето го продаваш засекогаш
на погрешната особа.
Тој е силата која што не крши,
тој е онаа проклета музика,
тој е посилен од сите нас,
тој не продава на гревот ко да сме само замисла.
Тој е секое утро и секој час,
секоја болка и уморен глас.
Тој е она,
од кое се откажавме,
но го носиме во себе
како таен знак.
Тој е сега ова,
што од мене како песна излага.
Тој е многу повеќе од одмазда,
од секоја болка во нас,
тој е како сенка од минатото,
приказна која ја создава.
Јас сум само неговиот глас!
 
С

Сатори

Гостин
Поема за љубовта

Прекриен бакнеж на раката од свила,
мевлем за тагата,
спокој на душата,
отпечатоци од крвави постапалки,
секоја со мирис на темјанушка.
Филантропија.

Некој да љубам,
да му се поклонувам со индиски танци,
безмилосно и луцидно да му се предавам
секоја вечер меѓу наши чаршави,
чисти, кашмирски,
само од нас изгужвани.
Моногамија.

Без тагување за непознатото,
без потреба од новото,
само топло чоколадо на масата на блудноста,
никогаш оскрвена од младоста,
секогаш допирана со сласна потреба,
за љубов кон вниманието,
без страв од криците на стравот,
без канџите на ладнокрвноста.
Опсесија.

Листови надвор од прозорецот,
насликани на платно,
со сино мастило,
воздишки кон небото,
пурпурно на сликата,
романтичарска идила како балада за непознатиот.
Некој да се љуби,
со некој да се танцува.
Љубов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom