Ваша поезија!

Г

Грејвдигер

Гостин
ти само продолжи,
ќе те чувам во минатото,
ќе те скријам од реалноста,
ќе останеш во спомените.
само ти, ти што ми го украде срцето,
не никогаш повеќе,
никогаш не ќе можам да те сакам.
твојот поглед се` уште ме прогонува,
знам, сега си во нечија прегратка.
ти си во тишината,
во воздухот, секој чекор
е проследн со твојот лик.
јас сум обична пустина,
ти ми зеде се`,
но, не е важно
ти само продолжи!
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Се прашувам себеси

Се прашувам себеси
зашто сум среќен кога љувов немам?
Дали е тоа што го искусив
и несакам пак да го барам
те заменив со чоколадо
па го топам во уста
го грицкам полека
а ти ме толчиш љубов
Што се случи со тебе?
Станавме најголеми непријатели
Изгубив територија
мојата чета крвови пролеа
од кога ти се изгуби од мојот живот
мојата војска тоне
и неможе да освои
ниедна земја
мојата земја тоне од ројот дожд
што мојата тага ја исплака за тебе
но не е последна
војна што добиваш злато кога го освојуваш
а кога губиш тонеш
и во жив песок потонуваш

Љубов те барам како цвеќето што сонцето му треба за да преживее,секогаш си тука и во мојата крв ќе живееш,знам барам многу и летам ниско,животот продолжува а љубовта тече,кога бевме заедно твојот поглед моите вени ги сечеше,влечев и те прогонував и само затворени врати јас добивав,но едно знам до крајот на животот нема да останам сам
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Тамара

Те запознав тебе
како нов танц што
играше со моето срце
и ми ја покори мојата душа
беше нема а сепак твојот поглед
ме милуваше и полека
гулабче мало дојде и ми шепна:
Што е тоа љубов сакам да знам?
Пронајди се себеси
во твоето срце лежат сите одговори
тоа што твоето срце ќе одлучи
е клучот за сите врати
Помислив дека си играш со мене
па те прогонив
Во агонија отиде твоето срце
И пак во моите прегратки
твоето срце тоа не сака да го повтори
Не сум некое совршенство
но ти ми покажа
колку девојка може да сака
а јас не поверував
и сега сум сам
мислејќи на тебе
со таинствена мака
Ехх Тамара,Тамара отидов јас да го земам мојот лек,заспивам и не мислам више да те пресретнам со тебе на некој пуст колосек.Девојка си слатка и шарматна,но девојка со специфична дарба не е девојка за мене,љубовта ми е најголем противник и не сакам пак да ја почустувам во ова бедно време,отиде времето кога се беше како романса,заврши се тоа твоето како тажен расказ,од кој те оставив со тага.
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
vidi ti makedonska poezija

Се прашувам себеси​


Се прашувам себеси
зашто сум среќен кога љувов немам?
Дали е тоа што го искусив
и несакам пак да го барам
те заменив со чоколадо
па го топам во уста
го грицкам полека
а ти ме толчиш љубов
Што се случи со тебе?
Станавме најголеми непријатели
Изгубив територија
мојата чета крвови пролеа
од кога ти се изгуби од мојот живот
мојата војска тоне
и неможе да освои
ниедна земја
мојата земја тоне од ројот дожд
што мојата тага ја исплака за тебе
но не е последна
војна што добиваш злато кога го освојуваш
а кога губиш тонеш
и во жив песок потонуваш​

Љубов те барам како цвеќето што сонцето му треба за да преживее,секогаш си тука и во мојата крв ќе живееш,знам барам многу и летам ниско,животот продолжува а љубовта тече,кога бевме заедно твојот поглед моите вени ги сечеше,влечев и те прогонував и само затворени врати јас добивав,но едно знам до крајот на животот нема да останам сам​
koga si vo stranstvo.......
ah sto mi e merak vo skopje moe da si idam pa da vidam cair bitpazar i butel da vidam
tamu bi ostanal cel zivot moj... ke ratuvam i ke ziveam VO BOJ
dali MAkedonija ke se oslobodi nekogas so vakvi zelki jas mislam NIKOGAS
so ovaa moja poezija ke zemam prvo mesto na struskite veceri na poezijata
 
С

Сатори

Гостин
Спектакуларно


Спектакуларно.
Грозно и полно со гној,
пет конци на левата рака и неколку заборавени лузни,
свеж погреб за една девојка која ја познавав,
додека беше мртва,
започна да живее
и фрлија земја врз нејзината веќе одамна побелена костенлива коса,
без вина,
грст пепел од туѓо тело
врз таа што ја љубев,
од тој што ја уби.
Солзи затоа што некогаш сме се сакале повеќе од лузните,
и мојата рака била доволно добра,
пијанства секоја вечер,
затоа што сум заборавила што значеше верност,
циклус на краеви кои немаат значење,
преполни со многу малибу и мартини,
таа, тој, таа, тој,
хероин.
Неколку игли и цигари на масата покрај крветот,
за да се заборави на надгробната плоча
која одамна не сум ја посетила,
не можам да бидам жртва овој пат,
не смеам да плачам,
ако доволно ме сакаше ќе беше покрај мене
за јас повторно да се премислам.
Никогаш не ја барав кога бев среќна,
кога сакав повеќе од обичен дим,
повеќе од задоволство кое беше мое, не и нејзино,
најмногу негово,
никогаш не и признав дека откако ги закопав
повторно се заљубив.
Убиец на сопствените љубовници,
никогаш нема да престанам да се лажам,
дека можам да љубам.
Спектакуларно.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
koga si vo stranstvo.......
ah sto mi e merak vo skopje moe da si idam pa da vidam cair bitpazar i butel da vidam
tamu bi ostanal cel zivot moj... ke ratuvam i ke ziveam VO BOJ
dali MAkedonija ke se oslobodi nekogas so vakvi zelki jas mislam NIKOGAS
so ovaa moja poezija ke zemam prvo mesto na struskite veceri na poezijata
Глуп.
 
С

Сатори

Гостин
Кажи ми дека си се сменил


Старата улица на пат до библиотека
и гаражите кај Ликовен салон,
утехата која ми ја даваше додека го испуштав димот низ носот,
сеќавања кои морав да ги закопам
за да заборавам како е да ми фалиш,
те молам,
кажи ми дека си се сменил.
Дека сега зениците не ти се толку широки,
дека пак си почнал да скејташ
и дека јас сум малку позрела,
кажи ми дека порасна
дека заборави
но дека сепак се сеќаваш.
Кажи ми дека си се сменил
за да имам што да научам од тебе, мило мое,
кажи ми дека си научил како е да бидеш маж.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Страв

Погледни ме леопарду
доста тивко напаѓаш во саваната
се криеш во високата трева
се камуфлажираш
и својот плен тивко го чекаш
талкаш тивко
дури и тишината
не ти е рамна
ги гледаш сите газели
а не можеш мене да ме погледнеш
Каде ти отиде тој убиствен инстикт
што го имаше во твојата крв
врие ли уште или се згасна сега?
Убиство ти е во план
но стравот во очите
да ме погледнеш ти е поголем
Бегаш зашто повеќе не ме љубиш
Бегаш или твојот убиствен поглед
више го нема го губиш
Прав насекаде и крв се лее
Кога убиваш тивко
Само една хиена ти се смее
Ја гониш ли уште и таа тебе те мрази
Крвта
што ти во мене ја пролеа
сега мршојадци мојата душа
ја соголеа
Твоите шари на сите ги покажуваш
а мене убиствено ме гледаш
ако си почустувала омраза
не мора ништо да ми докажуваш
Не сум ти јас единствен плен
зароби ги тие канџи во некој друг
и пливај во гумното на љубовта
И нека не ти е страв да се заљубиш
Тој што умее да сака е вистинки визионер
го има светот во дланка
заборавот е тежок а секогаш љубовта е кратка
 
С

Сатори

Гостин
Барем вечерва

Пушам со стил,
размислувам за уште едно име на пописот,
доволно сум пијана за да се правдам,
празнина и тага што не си бил тука,
глава полна со халуцинации
и неколку дима,
поглед полн со желба
за да се дигнеш и да ме залепиш на ѕидот
да не ми биде жал што сум нечија освен своја,
барем вечерва.

Мирис на нова боја,
тежок товар на умор испрскан со мартини бјанко,
туѓ кревет,
малку познат, малку твој,
месечина, сенка и црн креон на црна кошула,
парфем,
боженствено неверна,
барем вечерва.

Пушам со стил,
дим?
Барем вечерва!
 
С

Сатори

Гостин
Земи ја ружата, твоја е


Моите вени, сеуште нежни и полни со крв,
мртвило и контраст на тебе,
на звуците,
на мелодијата која сега веќе има нов композитор,
летови,
замислени во некоја дивина полна со тигри,
танго помеѓу нас и месечината,
замислен поглед некаде таму,
во далечината.

Ајде земи ја ружата што ти ја давам,
не се грижи,
те сакам како син,
бела е,
без трња,
пазам на тебе и на твоите веќе одамна напатени раце,
пазам да не се лизнеш
додека одиш да бираш нови куртизани,
малечок мој,
те сакам.

Нема повеќе насмевки за да се плати нашата нова цена,
дадовме и повеќе од тоа што треба,
се преливме низ сите звуци,
ги размачкавме сите бои,
принцезите ни ги дадоа своите круни,
јас ти ги подарив крилата,
ајде малечок,
легни на моите нозе,
ќе те чувам додека спиеш,
ќе те гледам како помал брат,
и ќе те пуштам да си одиш кога ќе дојде време за новата доза.
 
С

Сатори

Гостин
Музика низ брановите


Фраза со значење
за моите луцидни соништа,
млада девојка во бела ноќница,
црвена чипка под свилата
и бранови,
големи и бурни бранови
во пазувите на кашмирската илузија,
доза на лудост,
музика од нечии стихови
кои делуваат како благ мирис
на кожа која веќе добро мириса
.

Задоволство,
се зголемува тензијата,
се будиш од илузијата
и повторно истите комплексни прашања,
со излитен одговор,
со одамна заборавено значење,
здив или воздишка
спартанско мачење.

Да се вратам во лулката,
игривост на свилата,
ноќ и темнина
само моја е трагедијата,
земи ги клучевите,
заведи ја музиката низ брановите.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Облаците под мене
ѕвездите на моите дланки,
обожуваната темнина околу мене...
Ма што се не
алкохолот може да направи...
Нови луѓе
нова средина,
нови проблеми
да помислам на тебе
ни на љубовта
воопшто време немам.
И во што се претворам?
Во ладно суштество
изгубено во светот
збунето, осамено, исплашено...
само со „празни“ цели пред него.
И да! Сакам да пијам
и бегам од реалноста
нема таму ништо убаво
со неа што ме поврзува.
Празна, уништена,
песимистички настроена
сепак моите соништа ќе ги остварам
впрочем само тие во живот ме одржуваат.
Можеби еден ден
љубовта ќе ме обземе
и на животот ќе му се насмеам
до тогаш сум роботот
кој некогаш живеел за љубовта...
 
С

Сатори

Гостин
Свилено и нежно

Кафено, кадифено здолниште и црна кошула,
старите улици задимени од магла и чад,
луѓе кои заборавиле дека треба да живеат,
насмевка,
додека малото детенце ме гушка сред гужвата,
и ми вели дека ме љуби,
додека заедно растевме еден покрај друг,
но не ми смета,
што ќе се обидам да опишам,
како секој збор љубов за тебе го толкувам.

Подарок од девојката што ме држеше за рака додека плачев,
години постара од мене,
сестра што вели, пази,
млада си и веќе негова,
но не ми смета,
што седам на тараса додека е ладно и гледам преку патот
мислам на твојот глас додека заспиваш.

Се е веќе видено, напишано,
неколку пати повторено,
но сепак е мило да го слушам, да го читам,
но не ми смета,
што те љубам баш како што љуби будала.

Свилено и нежно.
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Птица

Собрани ветришта в рака,
мирис на дуња,
лисје паднато, гнило
остана крикот на една птица.

Каде е јатото нужно?
Потопи го дожду
ова гнездо на студот.
Остана бронзена
статуа само,
а на едната рака,
другата скршена сета,
седи птицата
црна и сама.

Пурпурен облак
над неа демне,
замрзнат копнеж
и избледен здив
на сончеви усти.
Ја ведне тој птицата
и‘ пробушува жили,
а низ нив провев
крвта ја снема.

Остана пердув,
црн и прегазен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom