Ваша поезија!

Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Темно небо.
Тивко ветре.
И десетици ѕвезди.
Едни од нив сме и ние,залутани.
Бегајќи од самите нас.
Бегајќи од спомените.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
А


Не прави од моите несовршености храм
таму освен молитва
лежат најголемите болки
што ги чувам за да се најдат
да раскажат во идно време
како срцето силно затреперува на ветер
и замавнува со крилјата
да одлета кон некои нови неба

а со себе носи товар на вистината.

Имаш солзи, можеби
не гледам од нив. Тоа е бистрината.

Затрупана од себе
книги, љубов што се мери безмерно
испиени кафиња за будност
што никогаш не е доволна
за да се сонува.

И за тага
редно е да се напише
дека не’ освојува
како војска
ги креваме знамињата
без збор.


Распаднато срце
Каква уметност!
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Eте така

Животот носи едноставни нешта
врвци од чевли
послужавници со мали колачиња
отворени врати од тераса
и по некоја чудесна вистина

Ги ловам во џеб, во поглед
сите насмевки што тежат еден грам
како црпнато топче сладолед
на својот замислен корнет
ги загризувам.

А еве, и денес, можевме да најдеме нови хоризонти
се' додека пеам во лифт
и тој што се вози со мене
најчесто му е непријатно
ама му се смешкам со образот или стискам копче
(погрешен кат)
и продолжуваме

Па во секоја клупа
вдлабнуваш буква, очекувајќи дека
некој ќе седне уморен,
замислен, ете му го автобусот на своето време
не му се ни чека

Одиме, чудни и луди
бираме штипки за закачување мисли
којзнае чија книга ја подвлекував вчера
на буквите многу лесно им студи
(ги покривам со розев фломастер)

Животот носи едноставни нешта
носи луѓе
на кои им даваме се'
најмногу
Погледите
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Без тебе

Без тебе дишам немир и склети,

Еден склет за умот многу за срцето.

Пола живот без тебе , од пола усветија...

Без тебе животецов е ко погреб на млада невеста.

Без тебе би немал за кого да пишувам

А и ти миличко, би немала кого да го мразиш.

Заљуби се и ти еднаш во животот да му ебам спечало!

Ти си ко глуварче шо шета по ветрот од мене до тебе,

Од твоето его до мојата милост,

Од твоите клетви до моите прошки,

Од богатите љубовници до мојата сиромаштија,

Од златните ланци на нивните вратови,

До челикот во моите зеници.

Жими сите бејк ролс шо ти го прават струкот совршен

Те сакам!

Кога би можел, би купил океан, остров, море и месечина

Нас двајца заљубени и би позирале за разгледница.

Ти си ко зрно песок шо ми шета од вратот

надолу по стомачните и ми тропа долу на пенџере.

Ти си, ти си ко брод пуна суперлативи!

Тебе, тебе со стап не ти се доплаќа шо не ме сакаш.

Пет совршени букви во кои се сокриле боговите

Ете тоа си ти.

П.С Ти ја сакам снагата топла и пресна.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Ко те запознав тебе

Ко те запознав тебе ми се фати јазико ко да сум лизнал молња расчеречена на четири

Ко те запознав тебе ми застана грев во грлото

Ко те запознав тебе сфатив дека медот може да биде уште посладок ако е собиран од твоите усни

Ко те запознав тебе на минатото му плукнав всурат а иднината си ја облече розевата танга

Ко те запознав тебе посакав да шмркнам едно турско и да ти дупнам желба во интимата

Ко те запознав тебе сакав да ти направам венче од булките расцветани во твоите очи

Ко те запознав тебе чекорев лесно ко поветарац,

леткав, за да ти се џитнам во прегратка

Ко тезапознав тебе сфатив зошто постојат сите земски гревови и посакав да те гледам гола наредните 5-6 милениуми

Ко те запознав тебе се запознав и себеси, си ја запознав насмевката

и во истиот миг, ти ми стана мојата омилена слабост

Ко те запознав тебе го добив синдромот "љубави" од Жељко Јоксимович

Ко те запознав тебе ми умреа хероите на шовинизмот!

Ко те запознав тебе аламинут сакав да ти кажам милоооооооооо

Фала тииииииииииии што постоиш

Ко те запознав тебе го пронајдов центарот за рамнотежа

Помеѓу срцето и душата

Ко те запознав тебе вулкан од порно филмови си снимив во главата

Ко те запознав тебе посакав да сум фалтата од фустанчето шо ти ги залапваше колената

Ко те запознав тебе ме боцна нешто од левата страна а јас му реков молчи, и јас знам дека е вистинскатa

Ко те запознав тебе од зениците сакав да ти ја исцедам амброзијата

За да ми го продолжи векотза да ти се изнагледам

Ко те запознав тебе добив артритис во колената,

Ко те запознав тебе се претворив во бебче

Кое сака да ти ги исцица градите до последната капка

Ко те запознав тебе ги запознав и сите модни брендови

И научив зошто манекенките се толку посакувани

Ко те запознав тебе на Афродита и реков да оди да се види уше еднаш во огледало

Ко те запознав тебе добив љубовно лудило на простатата,

добив и нови гласни жици кое во Д мол го потпевнуваа твоето име

Ко те запознав тебе сакав да му ги изгорам на Реноар сите слики

Ко те запознав тебе Елени, знаев дека ќе те сакам цел живот
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Ако е тука пролетта


Ако е тука пролетта, нека ми те донеси
На крилја ластојчини,
Понуди ми ги усните
Продај ми ги мирисите.
Чувај ме ко првно кокиче
Од под снего, глата шо ја подава.
Прфни скрилјата гулабице,
Елај ми блиску при срце.
Слушни ја камбаната, сватој кај повикува,
Бели патје, сал со с'сбисери постила.
Ил да тргнам јас јунакот,
Да раскинам болката вградите,
Да го извадам бодежот од срцево,
Шо ми го забоде љубовта.
Да си дојдам при тебе,
Да си бидеш при мене,
На Пелистеро да му се популваме
На очите да им веруваме.
Јаглика ќе ти вденам во косата,
Нека се радува со твојта убавина.
Пролетта ќе ја расплачам,
Во дождот ќе те сокријам.
Ќе те земам да ми бидеш невеста
Пријателка, животна до гроба.
И ако смртта порано некого запрета,
Ако се чума задај не дај боже,
Нека има пород, булук дечиња,
Да има на што да се радуваме.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Мислев дека ќе свршам кога те видов
Како и ја кинеш глупавата хаљина на Афродита
И како мафташ со нејзе ко со знаме на барикада
На сред два купа од ерекции.
Сите машки ги носеа копнежите на Менелај и Парис
Јас те украдов уште пред да бидеш зачната.
Сакав да те исплескам по газето на сред плоштад
И да те влечам за коса додека го копаш асфалтот со ноктите
Цела струја од РЕК Битола ме акна
кога ги видов кобрите во твоите зеници
Како ми ги цицаат дечињата
И сфатив дека сите костури ти се роднини
Додека си играв нишалка со твојот струк
Ти ми беше постерот на кого мастурбирав уште од мал
Уште од впелена кога си го тегнев курето
За да можи да стигни да ти ги растури цревата
Се шибавме ко бесни кучиња а ти
Ми викаше пази, да не ми го туриш кај шо не треба
Е па тогаш ти викам ќе голташ
Не сакам децата да ми завршат на улица
Проклет да си! Шо ти турија во виното
Ми се стресоа чашките во колената!


Убаво ти велев таа вечер да не одиме на таа глупава Trans журка
Зошто ќе Има премногу наркомани
ои ќе си ги воскреснуваат вените од мртвите
за да можат уште еднаш да се боцнат.
Глупа кучко, ми го голтна и последниот дим од пикавецот!
Пак ебаното косиште не си го средила,
зошто уживаш кога метилот ме плеска по лицето
а знаеш дека тој ми мириса
На сите дрвени куќарќи во планините кај шо има камини.

Пак силна шминка вампиркеееееееееееее
Вампиркееееееееее е еее е е е ее еееееееееее

Посилна ти е шминката и од деколтето и од сите кратки фустанчиња
На кои свршуваа богаташите додека ти ги галеа белите колена...

Да ти ебам слепецот
шо не знаеше да ги прочита
трагите на твојата кожа
На сите твои љубовници

За малку ќе ти бев првиот таа ноќ, ако не те ебев по втор пат тој ден
Мешаше ко чигра на ламбада а знаеше дека ја мразам Јужна АМерика
И сите ореоли ти висеа над глата распнати во болка
Да ти бев втор немаше да ми биди мака!

Замини во Wc да си ја поправиш шминката!
Јас ќе се трезнам со сокот од твоите бедра

Нездрав еден, пак сакаш да ми се ушуњаш у танга као јака манга
Барабо една, нема да свршиш до утре!
Ти си понаивен и од брат ти, само шо негираш
Нели Фројд ти шеташе низ сонот??
Не те предупреди за мене!!?



Како успеа бе курво да ја заебиш и Елена од Троја??
Сакаш да се фрламе по крсто за водици?
Ќе те шутнам вребра а јас ќе си гледам сеир...
Се плашам за настанокот на светот, најверојатно
Ќе го крстиш Анархија и ќе го разубедиш Галилео дека
Се се врти околу тебе и околу твојата пичка
Сакаш да бидам твојот Хајлендер??
Ќе те ебавам во сите векови по 365 дена во годината
А кого ќе ми се смачи ќе мастурбирам
на крвта од месечината шо ти виси меѓу нозе

Беснаааааааааааааааааааа
Беснаааааааааааааааааааааааааааааааааа

Шо кур те намери во дванаесет по полноќ да влегваш
Педагошка по џипови!!!!
Шо бараше ?? Бицепсот на еден од Кентаурите!??
Ја пронајде ли Атлантида во неговите гаќи?
Или паметот ти беше во неговите Monroe амортизери??
Ни муабет ни ништо му се соблече гола ко модел на Реноар
И му ја шмукна белата боја ко со усисивач.


Ти си злобна ко медењаците за манакенките
Од тебе се засркнуваат и рибите од сопствените коски
И пливаат грбно од динамитот во твојот чекор


Да не те љубев толку многу досега ќе те имав убиено
За да ми се смири чирот во желудникот

Ќе нацртам рогови на твојата слика шо ја урамив во сеќавањата
Ќе се качам на вратот на небото по скала извезена од ѕвезди
И ќе те преврќам на космичката постела додека
Не ни се распрснат мозоците од омалаксаност
 
Член од
30 ноември 2011
Мислења
39
Поени од реакции
11
Уште две скалила и таму сме

Уште две скалила
и таму сме...
А тие
скршени

Љубовникот
поставува шатор
основа фамилија
ја бакнува својата
среќа минлива

Песимистот
е задоволен
и несреќен
што бил во право
се препушта
на гравитацијата
да го прегрне

Поетот
мастурбира и пишува
во својот нотес
песни кој бел ден
нема да видат

А сонувачот
заспива
и крилести сништа
го носат одовде
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Пише не бил Вилијам Блејк јас сум бил, кој е бе тој Вилијам Блејк ме знај тој мене :icon_lol:?

ДАЈ МИ


Дај ми

дај ми регулатива добра да ми го уреди животот

дај ми

дај ми казна голема што ќе ми го испразни паричникот

дај ми

дај ми избори на секои две години за да изберам

дај ми

дај мудри мисли глупи врз нив да се исерам

дај ми

дај ми гнасни вредности материјалистички

дај ми

дај ми лицемерен ритуал спиритуалистички

дај ми

дај ми ГМО, отрови и хемтраги

дај ми

дај ми лаги и предавства во бестраги

дај ми

дај ми болки, здрвеност и солзи

дај ми

дај ми кредит лихварски сите да сме должни

дај ми

дај ми беда, сиромаштија и бесчуствителност

дај ми

дај ми разврат, бесрамност и ништожност

дај ми

дај ми лаги и предавства

дај ми

дај ми љубомора, завист и незнантства

дај ми

дај ми да ги видам навиките наши ропски

дај ми

дај ми чувства на несигурност и страв во моите коски

дај ми

дај ми апатија, инфантилност и дебилност

дај ми

дај ми опседнати луѓе со својата стерилност

дај ми

дај ми гнасни злосторства и крв

дај ми

дај ми ја со тоа и човечката еволуција на врв



Дај ми

дај ми љубов и нежен допир по моето тело

дај ми

дај ми скокот во моето трето око на чело

дај ми

дај ми да почувствувам прошка и разбирање

дај ми

дај ми боженствен нектар за испивање

дај ми

дај ми мир, трпение и опуштање

дај ми

дај ми топли прегратки и гушкање

дај ми

дај ми ѕвездена прашина и хармонија

дај ми

дај ми идеја за следната рима

дај ми

дај ми храброст и самодоверба

дај ми

дај ми околу мене лојалност и верба

дај ми

дај ми светлина и прав пат

дај ми

дај ми среќата и радоста мои по мене да не каскат

дај ми

дај ми чувства на природност и светост

дај ми

дај ми полет, свесност и крепост

дај ми

дај ми ластовичко седело на ѕидот

дај ми

дај ми јасност и чистост во видот

дај ми

дај ми бистра вода од врв на планина

дај ми

дај ми да не знам каде стравот замина

дај ми

дај ми до знаење да го ставам тука крајот

дај ми

дај ми убавини и се да биде како во рајот.
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Да тибам сонот
Во кој ѓаолите те терат
Да ми титкаш од непознати броеви
Секогаш, кога ќе напишам
Похвала за твоето име.
Тибам азбуката на твојата пичка
Шо ме тера да ја искривувам граматиката
За да може да ти влези некој глагол
За да ти го работи клитот.
Како не се скина јажето
Ко ме колосваше на кусо
Да пасам низ твојте бедра,
Ко ме тераше да изгинам по патиштата
За да можам да ти ја избришам
потта од петиците,
ко ми се вртеја очите ко филџани
околу синџирчето
шо ти мастурбираше на ногата,
ко ќутев и ко дремев ко мисир до тебе,
ко не знаев шо да ти речам, да не кажам нешто погрешно
за да не ти се срони
бисерот од подвезицата,
ко се праев мангуп на батерии
а ти ми ги праеше хербариум
заљубените пеперутки сосе цвеќиња
ко ти велев свести се будало!
Таман ми е, ќе ти стигни
Да ти избуши дупка на здраво.
Од ко се затрескав во тебе се шетам во црнина
Ко некој оџачар од негро бомбона.
Ко ракета пикната влансирна цевка си,
Чекаш за да го осветлиш Холивуд,
Со сабјата во насмевката
Да ја пресечеш лентата за селебрити.
За тебе и златна малинка, и златна капинка
И седум- осум оскари,
Се за тебе пизда ти материна!
И едно цвеќе, само шо расти во рака,
И коверт во кој пишува те сакам најмила моја
А не смееш да го прочиташ
Оти во него можи да има и бомба.
Те слушнав по две години,
Арно шо не ми се испушти дека те сакам
ми прекинваше телефоно
и него му се смачило од твојот глас
и од мене и од тебе
и од нашата љубов и војна
од нашето пратење, снимање филмој,
од нашата последна сцена
кај шо те задавив
а после си ја тргнав кубурата
за да можиме да си се најдиме во пеколот.
Има неколку девојки,
Спремни да си ги избришат солзите
Веднаш штом им се јавам
Да им кажам ај на кафе ќе ојме да те залапам
да те фатам за колено
да се пијанчиме до бесвест.
Решиле да ме чекаат
Ко јас тебе шо те чекам
Да ти дојди умот!
Јас не им ветив нешто...
Ќе напишам на статус дека сум геј!
Белким ќе си продолжат со животите,
Глупаво е да мислат на мене
Кога јас постојано мислам на тебе!
За нивните бедра не можам да пишувам
Нити поезија нити проза,
Нивните колена не би ги ставил ни во грав
Ќе ми ја заебат манџата...
Кај си бе ти пиле праена?
На камен, на столче, на клупа,
Шо не те собира да ми седнеш во скутот?
Вкола те собираше пиздати материна
Ко чифте прекршено!?
Кај глеав бе јас дури ми пукаше во срцето?
Чудовиштееееееееееееееееееееее!!!!!
МИличкооооооооооооооооооооооооо!!!!!
Кој те сјеба толку многу, шо не знајш шо сакаш?
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Напомош да е, за многу години денот
Кога ми рече: Кој те еби, љубов моја!
Кога ми кажа дека ме сакаш,
И дека се разделуваме за доброто на човечанството,
За да можеле ветровите да си го пронајдат мирот,
Сенките за да можеле раат да заспијат.
Од Галичник до Река
Од Солун до Битола па и понатака
И понавака, и отаде Вардарот
И отаде присојот
И на Српска граница па се до Ќафасан
Ќе те сакам...
Замижи и тро подопули се,
Погледни ме ѓаволице
да сибиш кратковидоста !
Извини, барем натерај ги да срочат усните
Низ дим и пепел од зборови.
Сполај ти, ашкол сун,
Шо ми го фати промаја, срцето јабанџија.
Да ти бидам чарето шо те јади меѓу ребра,
Да ти го курдисам срцето
Да ми пее ко кафанска певаљка...
Ќе ти мешам ко пијаница на голо деколте,
Ќе те насликам ко гола курва
А ќе те сакам ко да ми си таксана од памтивека.
Не оти знам нешо друго да прам сем да те сакам,
Ко бесен волк ржам низ заби на полна месечина!
Ехееееее колку ствари требаше да ти бидам
А ти ме остај со прсто вуста
И со ерекцијата вгаќи!
Жими очи, цел живот
ќе те лажев дека си најубава!
Оти најубо ти седат бели чизмици и бела ташница
Цевката џинсот и наочарите за сонце на глата,
Сините леќи и твојата настраност.
Еби ветер си и ти не знајш шо сакаш
Шеташ сама од колиба, вколиба
На пајаците им правиш пардон
Броиш ѕвезди...
еј, момичееее

Ја утна месечината!
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Пиштеше ко гладен воз
и ја кинеше сивата на тешката магла
во уште потешките денови,
кога сите тунели стивнуваа за да го чујат
твоето стенкање и му даваа тревога на лилјаците
за да си ги облечат голите очи.

Го кастрираше последниот мој сон во мугрите
со жилетот во твоите гласни жици
шо го крадеше од мијалничето
кај шо си ги бричев гревовите
и си ги мазнев брчките.
Ти правев доручек, изигравав глупав кловн
само за да можам повторно и повторно да те насмеам.
Ми ги доеше шеќерните единици во срцето
со инфузијата од твоето деколте
а јас, слепец, ќоро пиле, летав
во твоите мечти ко пијан лилјак
ко мишн инпосибл, ко невидлив разбојник
да го украдам клучот од твојата вечност,
зошто твојата убавина се продаваше на најскапата тезга
а јас бев едно обично Титово пионерче
со два излитени џебови полни со камења од сепарацијата
кај шо го товарев моето јаве а ти ги ѕидав мечтите.
Не успеав да те купам,
уште поевтино те продадов!
Нека ти се богатат бедрата од потта на туѓинците
Але!!! за дијаспората!!!
Ко шиници во глајте се шетаа со мозоците во шлицот
ги мавтаа еврата и доларите ко наполнети блудни бургии
и дупеа нови дупки во мозоците на лепотиците.
Умре страста, ја обесија за пример!
Нека ни е жив наталитетот!!
Ќе одгледуваме медиокритети!
Донекаде ја разбирам твојата жртва
која не знаеше да ги прегризе усните до болка
да шопне крв низ нив со страст на ѓавол
и да го пресече Гордиевиот јазол!
Да му биде мајката на сите мои посакувања
да му даде вечна младост на моето бесно срце
распнато помеѓу едно чудо огнови и многу светови.
Оти бе момиче не ме колоса??
Оти јас не те колосав??
Во оџакот на топилницата да се сокриеш ќе те пронајдам!!
Ќе ти ги пуштам сите мои сонца да те испечат,
та да те престорат во печен плитар,
бастион, апсана, за моето глупаво срце...
Ми го украде срцето, ти го украдивме животот!!!!
Parle???
 
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Паметиш кога трчав по тебе како некој Ротфајлер
А ти му мрдаше со опашката на Бернардинецот?
Јас само сакав да ти ги исшмукам коските!
Паметиш кога сакав да те наранам со кајсии и малини од дворот на татко ми
И кога ги заборавив зошто не мислев на ништо друго
Освен на поливањето на твојата саксија
Паметиш ли какви глупости правев само за да можам
Одново и одново да се заљубувам во твоите зеници?
Не ти беше грев шо го киднапира сонцето за раче
И шо го однесе во градинката каде ми растеа колената
Заедно со тревата секоја пролет и со мајските бумбари?
Те држев на дланка ти моја пеперуго шо се претвораше
Во осило бесно шо ме касаше секој ден за срце
А јас малечко пиже си ги чекав родителите да ме земат
За да ме однесат до кај бомбата на количиња
Ти ми беше ѕвездата водилка , мојот GPRS низ зимите
Кога ми пропаѓаја колената во снегот
А јас инаетливо ја влечев санката за уздите.
Сигурно ти си виновна шо ми влегваше вода во чизмите
И шо јадев ќотек од татко ми со машата,
Си верувала дека ќе ме направиш цврсто маже.
Сам шетав секаде ко волк шо заминува
Без покана на игранка кај срните
Верувај ми,
Уживав кога ќе им го искорнев срцето
И кога на грев ќе ми замирисаше утробата

Срно моја, сечија, ничија...
Ти ги пратев сите траги од првото
До последното гасење на светлото во станот
Прометен влез нека си иби мајката!
Попрометен од Wall Street кога акциите растат!
Знаеш дека ја извисив Марија во 6 одд заради тебе??
Ме чекаше девојчето со усни напучени и свилени хулахопки,
Знаеш дека Лилето ме возеше на багашникот од нејзиното
Пони во седмо, а беше висока како бандера?
Знаеш дека Билето беше најдобрата кошаркарка во сколијата
А секогаш ми беше партнерка за бељот?
И светеа очите ко светилници кога ќе извадев 20 до кец.
Те видов како си ги кршиш прстите од љубомора
Ти сскаа една тајфа ѕвечарки околу писмото
Шо сакаше да ми го испратиш во подсвеста

Ѕвездо моја
Те видов еднаш како се обидуваш да ги
Сокриеш сите мои желби во твоите ракави,
Друг пат те видов кај шо ми врзуваш виртуелен шамар
Шо сум се сплеткал со таа што и врвеше
Хелихоптер со се перки низ нозе...
Зошто не ме предупреди дека има дупка на скалата
Кога се качував високо до космосот
За да ти наберам цвеќиња од целата галаксија?
Морам да ти врзам неколку воспитни за сите лаги!
Кога би можел повторно да се родам
би измислил нова галаксија само со една планета
И со твоите две крупни очи како се вртат околу нејзе.
Им тргна рачна на сите мои копнежи на пешачки кај Техничко
А зебрата ме молеше да не и го скинам вратот
За да не го пореметам синџирот на исхраната.
Не сакав да те оставам без твоето плишано мече
На кое му велеше мечко Mwaaaa
На кое му ги корнеше петлиците од главата
Кога беше нервозна и го фрлаше од тераса без падобран...
Јадеше бејк ролс и баланс по цел ден ко глупава манекенка
Шо сака мир во светот а војна во цревата
Ти и на векот му го скрати векот
Зошто и тој не постоеше без тебе,
Ти му ги скрати маките на историјата и на историчарите
Зошто со тебе започнуваше новиот милениум
И не вредеше по ниедна курва од минатото да се завртиш!
Благодарение на твоите клетви имам џигеросано око,
Благодарение на твоите клетви сеуште постојам!
Ќе ми се вратиш кога плочките ќе почнат да ти свират
А сите мајстори ќе бидат зафатени со прославување на Божиќните празници
Ќе ти ја пеам онаа глупавата песна Ти, Ти, само ти...
Зошто не знам друга заменка освен ТИ
Зошто не знам кај терам без тебе ко слепо куче
Се шетам и го следам твојот мирис на јасмин
Паметиш ли кога те држев за газето на една дива плажа?
Паметиш ли кога ми кажа дека на мојата рака
Најприродно место и е твоето колено??
Паметиш ли кога бевме гушнати ко две мали наивни дечиња
А колата сама си го бараше патот низ сонцето?
Ниеден ENTER не можи да ме натера да напишам нов ред
Во кој ќе знам дека сум те загубил
 
S

Sagan

Гостин
Се разбудив целиот полн со живот,
дипломата со глад и маки заслужена
под пазуви ја ставив и тргнав среќата
да си ја барам под македонското сонце.

По шест години талкање, со гробна тишина
во душата, се вратив во куќата наречена дом,
на прагот паднав, лицето го покрив со крик
Македонијо, оган ќе те гори!

Ти, која еднаш те сакав како себе си,
си се претворила во ѕверка крволочна,
децата своја си ги јадеш, крвта ѝм ја цицаш
за да ѝм ја дадеш на партиските паразити.

Ти благодарам што направи да те мразам
од дното на мојата душа, зошто инаку
немаше да соберам храброст и куферите мои
да ги спакувам за подобро утре, далеку.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
9 мај 2014
Мислења
49
Поени од реакции
24
Да не те љубев толку многу
Не ќе го засакав небото во твоите очи
Не ќе стенкав ко пиле заклано
Со ѓердан од молитви околу вратот

Да не те љубев толку многу
Ќе те изгубев намерно по патиштата
Ќе ги наранев сите машки на светот
Со твоите слабини

Да не те љубев толку многу
Ќе бев вена удавена во алкохол
Ќе бев перде од чад на градите
Пустикуќа напладне, пустикуќа навечер

Да не те љубев толку многу
Не ќе ги барав дојките на сонцето
Да го задојат раѓањето на пролетта
Да ми ја намалат казната, до нашето видување

Да не те љубев толку многу
Ќе љубев некоја друга помалку
Ке се пијанев од чоканче пикнато вкреденец
За да не се усрамам пред срцето

Да не те љубев толку многу
Ќе се истребев во манастир на испосништво
Ребрата да ми ги брои посната љубов
Очите вцрнило да ми пропаднат

Да не те љубев толку многу
Никогаш твоето зрно пченица
Немаше да постане брашно
Во мојата заљубена воденица

Да не те љубев толку многу
Златното класје ќе ти го пресечев
Со срп од остри ветрови
Да ти се смејат стрништата

Да не те љубев толку многу
Челото твое ќе ми беше наковална
За ковање аспри
За ѓерданите на анамите

Да не те љубев толку многу
Веѓите ќе ти ги изорав
Во очите смил ќе ти посадев
На усните ќе ти главев арамии, да ти ги крадат бакнежите

Да не те љубев толку многу
Грлото ќе си го распарав
Да не може ниеден конец да го сошие
Ниедна машина да го пораби

Да не те љубев толку многу
Ќе си ги плакнев цревата со расолница
Да ми се скисли меракот
Болести да ми ја раскинат утробата

Да не те љубев толку многу
Градите со рудник ќе ги почастев
Со смрт да ми ги запретаат воздишките
Да нема рудар шо ќе можи да ги откопа

Да не те љубев толку многу
Срцето ќе го распукав посредина
Да нема стент шо ќе го натера да пулсира
Да не излегува ремонт, нити на трета специјала

Да не те љубев толку многу
Кожинката ќе си ја одерев
Раните со крупна сол ќе си ги преврзев
За грозјето ферментирано, да има на шо да се радува

Да не те љубев толку многу
Машкоста ќе ја проколнев на импотенција
Бедрата ќе ги извадев од карлица
До колена ќе се осакатев

Да не те љубев толку многу
Влакната ќе ги таксав во влачарница
Да си исткаат самите веленце
За да ми ги покријат во гробот коските

Да не те љубев толку многу
Мозок од риба нека ми пресадеа
Белќим ќе те заборавав понабрзо
Белќим ќе ме прободеше вмозок некое јадиче

Да не те љубев толку многу
Одамна ќе ме натпишеа, надзборуваа
Ќе те имаа прибрано впазува ергените
Мечта по мечта, ќе ти го трошеја јавето
 

Kajgana Shop

На врв Bottom