S
smexy
Гостин
Многумина од оние кои битисуваат во оваа дистописка денешница,
егзистираат во константен страв од сили перцепливи само ним.
Очигледна е паранојата во нивните очи,
хоророт кој ја мрзне коскената срж
главата светка од парчињата алуминиумска фолија.
Жално е нивното секојдневие.
Освен во петок, можеби.
Ни тони шминка, фотошоп и празни зборови
не можат да го прикријат трагикомичниот израз на нивните лица,
непријателската настроеност маскирана во цврст став на стаклени нозе.
Пудра која полека се растекува.
Не сакаш да претпоставуваш, кога и зошто
јадосаните ментални евнуси,
во грб ќе ви го забијат ноктето од малиот прст.
Никогаш надвор, засекогаш затворени внатре,
пештера која го симболизира стакленото ѕвоно,
кукавичлук сомелен во фин прав,
претстава на Јуда Искариот и неколку капки Квислинг.
Кретенизмот е во подем во новиот еон,
а Хорус лично ќе им ги клука очите на мекушите,
и оние кои не ми се на видик.
Противници на замислени непријатели,
создадени во горната глава
бидејќи долната ја чуваат во нафталин.