Ваша поезија!

D

DeviL_32`

Гостин
Твојте бакнежи на мојтее смрдливи чорапи,
цела ноќ ми будат миризби.
Две недели, искинати и осмрдени,
зар некој може да ги испери



Да не си помислите ако го пишам ова не го сакам Тоше...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Страв

Морно лази по тебе и зад тебе,
се ниша како пајажинка и те свива.
Внимава да те допре со мистерија
и живо да те трепне...

Додека црно железо во мислите ти кова,
ги замрачува твоите мисли.
За за помолиш за грам жолта светлина.
За зрак светлост.

Да се свиеш во себе
како најмала ластовичка,
и да почне надолу да те влече.

Се додека злото не се подрече,
да умре секоја тажна мисла
и во времето да протече...
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Ајде деца касно е сега
гасете кајгана
и трк сите у кревет да се бега

Има луѓе како некој над мене
која цела ноќ со Геро
апчиња по грешка
сорос им дели и им се смешка

Затоа деца бегајте од МИМ
оти за една година школо
можете да станете само ЛИМ*

Ете така деца мои
нема потреба во строфава да правам дигресија
затоа што "новинар е синоним
за човек што ја згрешил својата професија"

п.с Секоја сличност
е случајна и ненамерна
освен оние кои се направени со намера

*
(лижачи на ма**ња)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Таа е... Се... За мене...

Кога таа гледа во мене
Се чувствувам исполнето
Моето срце се дига до небото
Тој поглед на восхитување
Што го гледам во нејзините очи
Секогаш се враќа кон мене
Таа е причината што сум овде
Таа е причината што сеуште живеам.

Кога таа гледа во мене
Признавам, се чувствувам толку слабо
Не се срамам да откријам
Никогаш не помислив
Ниеднаш во мојот живот
Дека ова ќе е вистинито
Посакувам секој да го види
Тоа што јас го гледам
Кога таа гледа во мене.

Кога му се смее
Не можам да престанам да се смеам
За возврат
Сите мои грижи одлетуваат
И за момент заборавам
На мојата болка
Нејзината насмевка е толку прекрасна
Што ме тера да заплакам
За сета радост што таа ми ја праќа
Таа е причината што сеуште живеам.

Ја гледам и кога спијам
Ја чувствувам и кога не сум покрај неа
Таа е најубавото нешто на планетава
На овој свет, во овој живот
Нејзините големи очи, тие блескаат, ме заслепуваат
Секогаш паѓам во нив
И не сакам да се вратам.

Посакувам ова засекогаш да биде
И никој од нас да не замине
Бидејќи кога таа гледа во мене
Ме прави
Да се чувствувам
Исполнето.

Таа е...
Се...
За мене...

By Finity. :back: (за тебе, најмила :pipi:)

poemava me ostavi bez zdiv alal da ti e uste ova da go slusne doticnata ke te saka vecno ima na kolena da ti padne....
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Инспиративни рабови

Купете си страст.
Во вас нема никогаш да функционира.

Купете си ум.
Ќе виси на некоја ѕидна површина.

Бледо гледајте ги туѓите животи.
Додека вашиот фаќа прашина.

Пикајте си го носот кај што не треба.
Додека устата ви е, всушност затворена.

Чии деца, чии марионети сте?
Која револуција ви ја јаде главата?
Лажни деца на 21 век.
Паролите не значат ништо.

Се додека нема промена...

А јас само пишувам.
И што сега?
Ајде сите на спиење!
Мрш, марш, марш, марш!

Во цокулите на конформизмот....
 
V

[vladimir]

Гостин
.....

Побарај ме кај што сонцето личи
на твоите насмевки кога се будиш...

Кај што ветерот шепоти низ лисјето
со твоте чекори...

Кај што небото е големо око
во кое се збани сите твои солзи,
а времето сеуште без прекин тече
как реката во која ги прекрсти
моите стари навики
и им го даде името
на твоите неисполнети желби
да се препозаам самиот себе
во секој што ќе го изгвори името твое....

Но немој, небарај ме во срцето твое
кај што времето е проколнат сликар
што изгубил дар да наслика срна
во светлата шума на спокојот

Но немој, небарај ме во срцето твое
јас сеуште личам на дождлива есен
и мирисам на збор што убива насмевки




 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ситни, минијатурни жалосни...
Паднати, со рацете надолу.
Несреќни, безволни, очајни,
испиени како лонче љубомора.

Суетни, но не повеќе од мене,
единствено мртва ќе паднам пред тебе...
И цинично во мракот ќе тлее тогаш
она што мислиш дека е мој пораз.

Под превезот на кукавиштвото
можеш само да страдаш,
но никогаш признаен, почитуван да бидеш...
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
Знаеш, знам...

Веќе ништо не е како порано,
ни ти ни јас,
сега сме други, друго е небото,
други се ѕвездите.
Го знаеш тоа, го знам и јас.

Тие нема да се соберат повторно
како таа ноќ,
сонцето нема повторно да грее
како тој ден.
Го знаеш тоа, го знам и јас.

Не сме истите, иако исто изгледаме.
Повеќе душите не ни одат во пресрет,
урнати се сите мостови помеѓу нас,
некој така сакаше.
Го знаеш тоа, го знам и јас.

Плачевме како деца еден за друг,
се гушкавме силно кога бевме едно,
но сето тоа помина.
Не сме веќе истите.
Го знаеш тоа, го знам и јас.

И пак звуци од некоја песна
те потсетуваат на мене,
мирис на некоја жена,
те потсетува на мене.
Го знаеш тоа, го знам и јас.

Повеќе не нема,
го знаеш тоа, го знам и јас.
 
М

Мрак

Гостин
Земјата е тркалезна...
тркалезни се и очите твои
Земјата се врти околу својата замислена оска
а по што се вртат очит твои?
По мене не,тоа го знам
но сигурна сум дека во овие години на младоста
не го минуваш животот сам...
Која е таа?
Што е тоа што го има,а го немам јас
пробав драги,пробав да те заборавам
но од љубовта ли да бегам?
Не,од неа нема спас...
Која е таа?
Зошто баш неа љубовта твоја ја топли
мора да постои одговор:
Зошто неа од мене во твоето срце вешто ја сокри...
Која е таа?
Дали е најубавата?
Онаа поради која сите воздивнуваат?
Дали има душа прекрасна и нежна
срце големо полно со добрини
кои на кантар измерени бесконечно тежат..
Или пак не е до неа,обична е
уште една од твоите куклички..
Дали со неа си за да ме заборавиш?
Никогаш на мене да не се потсетиш?
Ако е така,се прашувам:Што направив?
Што беше толку силно
што твоето срце го погоди?
Кажи ми,бидејќи незнам..
Кажи ми бидејќи неможам да разберам
како може во еден миг неа со мене да ја замениш?
Не,тоа не е возможно.
Во еден миг неможеш ни малку
во нејзината дауша да брцнеш,
а не па да замениш љубов во твоето срце...
Не,никогаш не ни беше се совршено
Но јас те сакав и од тебе не се откажував
зошто...ох,зошто неможеш и ти?
Или можеби никогаш не ти било важно?
Бев само твоја играчка која разбива досада?
Не ти значеше ништо мојот трепет кога
ми ја допре раката?
Не,незнам што да мислам
паметот нема повеќе што да ми каже..
душата е уништена,како в земја најубава
глад штом завладее...
Заби стискам,око солза да не пролее...
но залудно е се кога срцето ми плаче...

без наслов,за суштество..
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сељачиште проклето,
мрзливо, дебилно
малограѓанско, небоемско
патријархално и кретенско...

Имам неколку зборови за тебе,
толку се чесни во споредба со твојот иронизам
што може и да не ги разбереш.

Се што правиш ќе ти се врати
и не го велам ова од религиозност
ниту од длабока болка...

Туку единствено од реална согледба
на минатото и иднината
во која ќе страдаш како убиен глушец
сам скапувајќи
кога ќе немаш ќерка
како ни сега
за да ти ја стисне раката
пред да заминеш засекогаш...
ВО ПЕКОЛОТ.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Вечерна треска

Како што во ноќта го здогледа нејзиниот бел лик
Се друго околу него како да застана за миг
Можеше само со топол поглед да и врати
И секое нејзино движење, почна да го прати.

На нејзината насмевка, тој и подари своја
А срцето му чукаше во трицифрени броја
Не знаеше што му е, не сакаше ни да знае
Се што сакаше е тој момент, вечно да трае.

На секој нејзин поглед, почнуваше да се губи
Пред тие очи зелени, не му требаа други
Како непресушен извор, со бескраен сјај
Правеа да се чувствува необично, убаво до крај.

А на крајот прегратка, а со неа и искрена желба
Ах колку само мразеше што дојде време за делба
Но длабоко во него, тој се' уште знае
Дека повторно ќе ја види, кај и да е...
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Вечерва без тебе

Вечерва без тебе е мрачно
вечерва без тебе е тажно
вечерва без тебе е чудно
вечерва без тебе е мучно

Те сакам овде до мене
Но тебе те нема туе
ми требаш мене овде
но ти си далеку негде

Дали ќе преживем незнам
но ти дали ќе преживиш знам
Дали ќе те сакам вечно, тоа знам
но дали ти ќе ме сакаш вечно, тоа незнам

Ова е за личноста што ја сакам
ова е за личноста што ми значи
за неа се ќе правам
за неа срцево го давам.
 
С

Сатори

Гостин
Добронамерни зборови циркулираат во внатрешноста на ковчегот,
црви што тивко те разјадуваат, гледаат хумус,
во коските што се прекршуваат,
смртоносна желба за болна аспирација на величење,
грозотии и ларви,
внатре.

Депонија од луѓе.
 
O

Out Boy

Гостин
РАСПЕТИЕ

За природните науки читајќи јас,
Осознав едно проклетие.
Во крвта човечка железо за клинци има
Колку за едно распетие.

Како Тебе го носам крстот свој на плеќи,
Со толку многу зло од тие што Те слават,
Сила ми дај во часот зол да речам:
"Прости им Боже, не знаат што прават!".

декември, 2008
 

Скопјанка

urbana revolucionerka
Член од
4 март 2009
Мислења
42
Поени од реакции
15
:pipi:Тоа сме ние:pipi:

Трчаме меѓу дрворедите,
се смееме како деца
додека се валкаме по тревата.
Но, тоа сме ние.

Насмеани и среќни,
убави како зумбули,
свои сме и туѓи истовремено.
Но, тоа сме ние.

Ми ја чуваш раката во својата,
со здивот ја топлиш
кога дува студен ветер.
Но, тоа сме ние.

Со поглед занесен
го чекаме утрото да дојде,
гушнати во постелата бела.
Но, тоа сме ние.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom