Ваша поезија!

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Бескомпромисна љубов

Со нежен бакнеж би ја лечел
Секоја твоја рана
Би ти подарил чадор кога врне
А надвор ти стоиш, незаштитена и сама
Би ти ја понудил мојава рака
Секогаш кога ти треба
Со мили зборови би ја гасел
Твојата емоционална жега
Со секој мој допир
Би ти пружил бескрајна нега
И не би дозволил никогаш
Тоа чувство од тебе да бега
Во секој твој поглед
Јас веднаш би се губел
Како никој друг досега
Што тебе те љубел
Сe' ова за љубовта
За да те имам тебе
Зашто кога не сме заедно
Јас губам дел од себе...
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Живот...

Знаеш, животот мој
беше како сонце што заоѓа
како ноќ што доаѓа
како облак што се покрива...

Поминав се...
тага, болка, радост, среќа
понекогаш паѓав...
а некогаш бев горд...

Се будев со надеж
да ја видам светлата зора
да го видам моето лице...
да се видам повторно среќен...

Те уверувам ако постои нешто
што е без сомневање...
тоа се границите кои
љубовта моја ги нема кон тебе
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Сатисфакција



Дај ми ширина во твоето срце,
да обојам сеќавања,
да разбудам миризливи чуства,
да се вдомам во него,
да обојам поинаку,
да го избркам стравот, студот.

Подај ми ја раката, цврсто да чекорам,
да ја маркирам таа патека низ твоето срце,
дај ми можност да го чуеш гласот на моето немо срце.
Дозволи ми да те повредам,
и да ја излечам раната.
Дозволи ми да ти врескам во фаца кога сакам,
да сум сурова, да те туркам,
а ти пак да се навратиш.

Дозволи мојот одраз да ти навлезе длабоко низ зениците
па да ме гледаш и кога ме нема.
Дај ми ја таа сатисфакција,
јас сум жена, не ми требаат твојата нежност и индиферентност,
ми треба празен простор во кој
јас ќе рушам и градам,
јас ќе владеам и страдам,
јас ќе сакам и мразам...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Посветено на една драга другарка (форумџика, инспирирано од одредени актуелни случувања)...

Како што секоја бура доаѓа, и се' пред себе коси
И реката со своето течение, илјада тајни носи
Доволен е еден момент, за веќе следниот нов злочин
А потоа ти сонуваш, мечтаеш, со отворени очи.

Илјадници прашања, преиспитувања те мачат
Ги чекаш оние одговори кои бескрајно ти значат
А знаеш дека тишината нив мудро ги скрила
Па затоа ти тонеш во некоја своја, лажна идила.

Сите оние моменти кои си сакала да се случат
Во мисли ти се зацементирани, во главата ти бучат
Што, зошто, како, дали... Твоја главна тема
А времето полека минува, секој момент ти го зема.

Затоа не дозволувај, не уништувај се самата себе
Исфрли ја сета онаа енергија, која подло те гребе
Крени глава високо, биди достоинствена и јака
Ти си пример за личност која искрено, пријателски сака...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Додека спиеш,
додека си во сон,
те гледам и уживам,
бакнувајќи го секој дел
каде е мирисот твој.

А сепак се плашам
дали кога ќе се разбудиш
истата ќе бидеш,
дали очи кога ќе отвориш
прво мене ќе ме видеш,
или ќе погледнеш
некаде низ прозорецот право
онаку каде да досегнам не можам.

Сакав светот да ти го подарам,
а само бледи копии ти нудам
и парче од срце мое ронливо.
Се надевам, силно се надевам
дека и денес ќе ме сакаш. :smir:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Привидна среќа,
изгубена душа,
очајно барајќи ја вербата.

Тишина,неа ја нема.
Тука застанува,
заборава на неа,
заборава на се што било,
не помислува што ќе биде.

Надежта пропадна,
велат не чувстувала,
но таа почувстува,
никој не ја приметуваше.

Касно е.
Заборави на се,
како што тие забораваа.
Зад себе ги остави спомените,
"нека ги земе некој друг", рече тивко
и продолжи да чекори со наведната глава.
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Не сакам да ме лажеш
да го пронајдам своето срце празно
кога веќе свати(срцето) дека неможе да биде со тебе
мисли дека е љубов...
да си неозбилна/ен и не е доволно
Не сакам празно да остане
да побегне...
и да ти каже има подобар живот
Не ги сакам тие зборови(те сакам)
љубовта не значи ништо
и така се изгубив...
точно ги знам сите точки во мракот
И давам смисла на љубовта...
и ти ништо не кажуваш...
Тоа е така со ладно срце
не постои ништо за игра
и таму каде што љубовта
губи начин...
го достигнува своето ниво
затоа јас нејќам ништо
и тоа е причината
зошто нејќам ништо да се случи
веќе не те сноувам
ги повлекувам сите зборови
со кои ме хипнотизираше
не постои ништо за игра
не се вклопува ништо
ниту пак светлината е утро
и таму каде што
љубовта губи начин
се враќа се назад...

Инспирирано од туѓи чувства, не од своите...
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Лошо утро

Жешкото кафе, со арома на макотрпен живот,
оваа утро го разбуди бесот во мене.
Се почна....
Гледав во талогот,
густ и далечен, ко мала точка на прагот.
По долго зјапање,
мојот јазик без влакна
се сопна од кошница стари спомени.
Почнаа да се истурат зборови, букви, извици, фрази
сосема непомислено, спонтано,
се измешаа, се растурија, распрснаа.
Среќа што разумот
не ме напушта на подолго.
Јас ја прибрав својата несмасност
која поради самотијата
удараше на моја кожа
и се вратив в кревет!
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Ти си...

Твоето присуство го создава мирот мој
Во него сум дел од светот твој
Таму го живеам вечно мојот рај
И на мојата среќа и нема крај
А пак твојата прегратка е како мој храм
Во кој се чувствувам безбедно, без страв ни грам
Место во кое знам дека сигурен би бил
И каде нонстоп ме гали твојот поглед мил
Твојот нежен допир прави
Да треперам од сласт
А со секој твој бакнеж
Ја чувствувам твојата страст
Ти благодарам зашто ти си
Небесен дар за мене
Заклучен во моево срце
Каде никој не може да те земе...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Прекрасен...

Нежен, свој, тивок...
А така гласно во мене шепотат твоите усни.
Најмилно се смееш додека тргнувам кон тебе,
силно ми ја стискаш раката,
додека се впиваме во сопствените стравови.

И кога си заминуваме,
песната на чекорите е збунета, нејасна,
но нешто во мене се приврзува за тебе
а им се противи на нив.:back:
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Нова ѕвезда...

Лажни ветувања, кои како лузни сечат
Постапки што непознати последици влечат
Иако ти стоиш горда, со насмевка што зрачи
Знаеме и двајцата, нешто длабоко те мачи.

Повредена си била, стари рани те толчат
Ги бараш оние одговори кои во тишината молчат
Забегуваш од реалноста, во светот твој се криеш
И додека деновите минуваат, ти потсвесно спиеш.

Ќе речеш немаш сила, не зависело од тебе
Бараш од времето да го понесе лошото со себе
Креваш рамења беспомошно, стоиш така во место
И одеднаш се залажуваш, се' ти делува лесно.

Епа разбуди се, отвори ги еднаш твоите очи
Спротивстави се на она што упорно те кочи
Докажи му на светот, покажи дека вредиш
И бргу ќе забележиш, нова ѕвезда ќе те следи.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Приказна

Кога се будам
низ капките од вчерашната олуја
има само мирис на патување
од небо кон Нас
што задржува енергија
совест на едно магично поле
што ќе не збере и прими на своите гради
да му го слушнеме срцето
Оти тоа е краткиот спој
на уметноста во тебе, на радоста во мене
што ќе плете приказни и слики
во боја на изгрејсонце и сон.
Учам да бидам со тебе
(првпат или не, нешто се менува)
Верувам.
Убаво е да се биде во оваа приказна.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
ГОТОВО!

Готово е!
денес заврши се
заврши моето вдување со тебе

нема повеќе гледање
нема повеќе среќавање
а со тоа нема повеќе сакање

ете дојде и тој ден
кога од твјот поглед ќе се тргнам
кога од мене ке се спасиш
колку се поинаку можело да биде
се надевам еден ден ќе сватиш

но ете дојде и тој миг
на тебе да ти речам збогум...
како си сакал така и се случи
се надевам си задоволен и
многу среќен...

збогум!
:cry:
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Во мисливе...

Во мисливе јас го гледам твојот лик
И те имам тебе, па и само за миг
Се топам во топлата прегратка твоја
А тебе те чувствувам како вечно своја.

Во мисливе тајна насмевка ти крадам
А таа целосно ме маѓепсува, прави да бладам
Во погледот твој јас целосно се губам
Како да сум дел од сон, и не сакам да се будам.

Во мисливе ги бришеш сите стравови мои
А наместо сивило ми вдахнуваш од твоите љубовни бои
Ме правиш да бидам и повеќе од човек
И веќе ништо друго не ми треба за довек...
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Вечерва во соништата твои...

Вечерва легни на твојата постела мека
Знаеш и самата, во сонот те чекам
Таму кај што фантазијата реалност би била
Знаеш дека зборувам за мене и тебе, мила.

А таму, твоите прсти со секој допир ме ежат
Како низ телово мое да плетат љубовна мрежа
А твоите усни, со тивок шепот ме галат
Најдлабоки, скриени мечти во мене палат.

Твојата глава потпрена на градите мои
Како секое биење на моево срце да го брои
А пак срцево, со твоето бијат како едно
И ја попречуваат тишината со секое следно.

А во тишината нашите погледи се љубат
Играат како пијани, од контрола се губат
Како љубовен нектар, екстаза што контролира
А доколку ја немаме, не би не оставила на мира...

Романтика и страсти во една љубовна идила
Се надополнуваат, летаат на волшебни крила
А јас и ти во прегратка, како заеднички плен
Се препуштаме, уживаме во тој љубовен крем.

Но разбуди се мила, и нов ден полека се раѓа
И секоја вечерна фантазија во вода како да паѓа
Сите моменти кај што бевме заедно ќе ги снема
Но следната вечер пак ќе дојдат, по истата шема. =)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom