С
Сатори
Гостин
Алиби
Мирно море во кристална кугла
и малку снег за помала монотонија,
воздух низ неговите раце,
моли се за мене мајко
додека умираш од кататонија.
Земи ги моите очи брате,
погледни преку синилото,
бакни го со поглед малечкиот таму,
синот што не го родив,
тоне во сивилото.
Па скрши ја куглата татко,
за да ме исечеш додека плачам,
тој ќе ја собере крвта
и моќта,
ќе ми даде да не бидам сржта
на твојот татко.
и малку снег за помала монотонија,
воздух низ неговите раце,
моли се за мене мајко
додека умираш од кататонија.
Земи ги моите очи брате,
погледни преку синилото,
бакни го со поглед малечкиот таму,
синот што не го родив,
тоне во сивилото.
Па скрши ја куглата татко,
за да ме исечеш додека плачам,
тој ќе ја собере крвта
и моќта,
ќе ми даде да не бидам сржта
на твојот татко.