од кога во дефиниција на дама влегува образованието како фактор? да не ги испрашуваат "дамите" какво образование имаат? дај не зезајте и не мешајте домашни работи со дама. ако веќе одиме до крајност: дама е жена која:
- секогаш спремна да помогне
- секогаш вкусно облечена
- секогаш одмерено се однесува
- кога и е најтешко ја вади најубавата насмевка и продолжува понатаму
Инаку и јас да му бев дечко на Президент оф ди Јунајтед стејтс оф д Ворлд и јас ќе бев успешен нели?
Не знам колку си запознаен со нејзината биографија,но јас ја читав пред неколку месеци и можам да ти кажам дека на Мишел Обама никој ништо во животот не и подарил,а најмалку статусот.Израсната е со брат и во двособен стан,во едната соба седеле нивните родители а во другата,која била поделена спиела она и брат и.Максимална пожртвуваност,крајно искористување на својот потенцијал за да се запише на Принстон па право на Харвард.Родителите го препознале нејзиниот и талентот на брат и,така да Мишел раснела играјќи монопол,табла и само 30 мин дневно гледала телевизија.Мишел е личност за респект.Во милион наврати,и кабинетот и самиот претседател изјавил дека таа е таа која го качила на врвот.Мишел не е само прва дама.И да,се запознале така што таа го обучувала на академија
Една анегдота од истата книга:
Кога седеле во ресторан,дошол газдата кој всушност бил партнерот за матура на Мишел или соученик но бил страшно заљубен во неа,не се сеќавам баш и се поздравил.На тоа Барак изреагирал:Видиш душо,да си останала би била сопруга на еден трговец.На што таа одговорила:Да сум останала,ти не би бил претседател.