Вашата дефиниција за дама

Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Па јас за мене можам да ти кажам и ти кажувам: анахрон концепт и некомпатибилен со современото општество.

Ко прво земи да го разгледуваш феноменот од историски аспект.
Дами немало во 6-ти век, немало во 12-ти век... Освен ако не ги рачуваш аристократките за дами. Ја не ги рачунам.
Имало во 18-ти век до.... еве да речеме, максимум почетокот на прва светска војна.

Што е тоа дама?
Tom Jones знае :) Тој ќе ни каже.

Текстот песната на песната е една долга дефиниција за тоа што е дама.
Во суштина кажува дека дама е жена со стил и грациозност, која е верна, која има самодоверба и достоинство, што знае да се однесува правилно, го знае своето место во машко-женските односи (пред се секако оние од времето кога постоеле родовите улоги - значи зборам за нејзината потчинетост под мажот),

И горе долу тоа е идејата во колективната свест за тоа што е дама.


Е сеа, концептот за дамата оди рака под рака со концептот за џентлменот и, и двата се нераздвојно врзани со родовите улоги во патријархалното општество. Би било НЕЗАМИСЛИВО една дама да се однеува како еманципирана жена од 21-ви век. Значи, да му противречи на сопругот, да сака одлучува за својот живот... нема шанси.
Денеска немаме патријархално општество, нити пак родови улоги или барем се трудиме да немаме.
Тогаш каде се вклопуваат дамите и господата?

Во тоа време луѓето морале да се однесуваат правилно за да бидат прифатени во општеството, да напредуваат и да успеат и да можат да се мажат/женат. И ова секако кај побогатите. Е денеска, нема аристократија како што имало некогаш. Денеска 99% е плебс. Стандардот е паднат. Не мора да се има манири за да се успее. Оттука нема потреба луѓето да се однеуваат културно и како дами и господа. А не ни знаат како, пошто од дома не ни ги научиле. Денеска пали пристапот на прикриен селјак ко што не учи гуру Суси.


Светот напреднал значително од тоа време.Ако мал милион други размислувања,предрасуди,стереотипи се надминати,зошто сликата за дама не се менува?Ако тогаш била потчинета на мажот и не смеела да каже ниту збор,во време кога жената е успешна фигура во многу бранши и те како е променета перцепцијата за тоа што значи една дама.Ако јас имам успешна кариера,дали сите ќе мислат дека не му ја препуштам на мажот фигурата на глава на семејството,заштитник,мој маж и татко на моите деца?
 

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
иначе дама под дефиниција постои само во буржоазијата и тоа е керка на некој буржоаз, сега и да сакаме да има дама неможе да има пошто тоа ти е исто како да кажеш не е тоа време може да има некој што се умишљаваат и други што мислат дека е некоја е дама ама за жал во заблуда се
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Не мора да се има манири за да се успее. Оттука нема потреба луѓето да се однеуваат културно и како дами и господа. А не ни знаат како, пошто од дома не ни ги научиле. Денеска пали пристапот на прикриен селјак ко што не учи гуру Суси.
Манирите не се неопходни за успех, но се неопходни да бидеш ЧОВЕК. Човекот со вистински манири е сегде препознатлив, во било која средина (не зборувам за фаците кои глумат лудило и изиграваат џентл.....што и да е а во душа се тешки сељаци). Човек манирите ги учи за СЕБЕ, а не за другите и за да успее. Се додека човек (жена) се труди да биде нешто за другите е само глумец во лош театар, затоа што кога тогаш маските паѓаат. Семејството може да ти ја даде основата, но семејството неможе да те направи ДАМА или ГОСПОДИН во правата смисла на зборот, човек со наметнати или одглумени манири не е ништо повеќе од дресирано куче.

Како што кажа некој погоре дама и во пижами е дама, а јас би додал дама и гола е дама. Облеката и накитот неможат да ги заменат држењето и достоинството.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
дама според мене е едноставна жена, која има свои цврсто зацртани планови, способна да преживее сама, независна, да не биде нон стоп обесена на нејзиниот партнер и да биде пример за индивидуалност во округот :)
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Како што кажа некој погоре дама и во пижами е дама, а јас би додал дама и гола е дама. Облеката и накитот неможат да ги заменат држењето и достоинството.

Точно така,дамата има став и држење,доволно препознатлив.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Според мене тоа е скво која ненаметливо успева да наметне почит. Една дама мора да има „нешто“ во физичкиот склоп, да умее да го носи тоа што го носи, да биде приметно дека има префинет вкус и сето тоа зачинето со вродено складна гестикулација. Да не се лашеме за сето ова треба и извесна количина на сиви ќелии....
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Дама ...
Девојка родена и порасната во град, со градски манири, потекло од интелектуална фамилија, она исто така интелектуалка(во прав смисол на збор), ситуирана(не зборам за мулти-милионерство туку нормална ситуираност), со либерте сфаќања(под либерте сфаќања зборам за комуникативност и отвореност а не за ороспиство и кичерајство), мрзи народњачки кичераи од типот на турбо-фолкерај и сл., употребува културна реторика со секого, мрзи традиционални бљувотини од типот на свадби и сл. старински закоравени традиции, не се занимава со рекла-казала маалски муабети(читај оговарања и сплетки) и.т.н.
Е сега намерно не спомнав за нејзиниот изглед и нејзиното облекување од проста причина што секоја девојка може да се облече убаво а и повеќето девојки се убави но сепак само минорен дел од нив се дами !
Дама и принцеза се тотално различни работи, принцезите се шмизли, а шмизлите немаат никакво однесување ниту пак грам мозок, дамата мора да ги поседува тие квалитети да има однесување и колку-толку мозок(интелект) !
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Дама е стратешка игра на табла за двајца, во која целта е со правилно поставување на пуловите да се направи низа од три пула, со што му се одзема еден пул на противникот се додека не му останат само два и не може да ја продолжи играта.



Е сега за другото значење.

Ако се гледа по потеклото на зборот, тогаш дама не значи ништо друго освен домаќинка. Современото дама доаѓа од француското dame, што доаѓа од латински domina, изведено од domus - дом.

Историски, називот дама во средновековна западна и средишна Европа се однесувал исклучиво на возрасните благороднички. Дури по француската револуција и еманципацијата која таа ја донела, терминот почнува да се употребува кон сите, или барем повеќето, припаднички на понежниот пол.

Но тоа е како било порано. Што е дамата сега?

За мене дама е пред се` идеал кон кој треба да се стреми секоја жена. Нема конкретен модел на кој треба да се огледува и кој треба да се следи, туку тоа е повеќе група на особини кои треба помалку или повеќе да ги поседува.

Дамата е навистина реликвија од друго време, но тоа не значи дека треба биде музејски експонат. Убавите особини можат да се задржат и да се дополнат.

Достоинствена, чесна, интелигентна, паметна. Повеќето квалитети веќе ги наведовте. Жена која го сака својот маж, мајка којашто се грижи за своите деца, но којашто се грижи и за себе, за својот успех, па и за појава и изглед.

Секоја жена која се држи до овие идеали може да се нарече дама.

Патем, не е злато се што сјае, па не е ни дама секоја што ќе се нарече така.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Само пример ќе наведам за ДАМА(на светско ниво):
1.Адел
2.Бијонсе
3.Сара Брајтман

На Балкан пенинсула (симптоми на дама имаат):
1.Северина
2.Ражнатовичева (ако настрана ги стаиме криминалот и корупцијата)

Ин Маседониа :
...Loading.....Loading......Loading....Sorry,no ladies !
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Само пример ќе наведам за ДАМА(на светско ниво):
1.Адел
2.Бијонсе
3.Сара Брајтман

На Балкан пенинсула (симптоми на дама имаат):
1.Северина
2.Ражнатовичева (ако настрана ги стаиме криминалот и корупцијата)

Ин Маседониа :
...Loading.....Loading......Loading....Sorry,no ladies !
А лејди гага, карлеуша и боки 13?
 

Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.272
Само пример ќе наведам за ДАМА(на светско ниво):
1.Адел
2.Бијонсе
3.Сара Брајтман

На Балкан пенинсула (симптоми на дама имаат):
1.Северина
2.Ражнатовичева (ако настрана ги стаиме криминалот и корупцијата)

Ин Маседониа :
...Loading.....Loading......Loading....Sorry,no ladies !
Незнаев дека дамите се снимаат како се ебат во јахта и потоа ја пуштаат снимката на интернет. Потоа на сцена се облкаат како ефтини проститутки или денс како една главна вест на нашите телевизии беше дека Севе настапила во долна облека.
Вторава Цеца, ако ми текнува беше пишал на некоја си тема ти е роднина/или имаш роднина кој е роднина со неа/или ебем ли га како беше. Жената си има свое држење ама за мене после криминалот и корпуцијата плус факторот дека беше мажена за воен криминалец, убиец, мафијаш и што уште не се гледа колку е дама.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
А лејди гага, карлеуша и боки 13?
And Jaqen H'ghar Сум забораил да спомнам долу дека,I don`t give a shit for anyone`s opinion!
Мислите,погорните не се ебат ? Мислите вие не се ебете? ех драги,се ебете та се ебете,само нема кој да ве снема и да ве пушти во јавност.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Како прво да е убава, како второ да има манири да биде културна и љубезна секогаш и да не пцуе. Да има добар стил на облекување и држење на телото. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom