Вашата дефиниција за дама

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Има џентлмени. Познати се и под друго име-girls' best male friends. Лесно се препознаваат, имаат 300 другарки, не се педери, а сепак немаат ни една девојка. Сите тие 300 другарки за него ќе кажат дека е најпрекрасниот човек на планетата земја и среќна ќе биде таа што ќе му биде девојка/жена, ама никоја од тие 300 не сака да биде таа среќничка оти-Го гледа само како другар. Џентлмените се првата борбена линија кога се раскинува со дечкото како снабдувач на зглобот кој го врзува екстремитетот рака со торзото на телото познато и како рамо, како и последниот коментатор дали она изгледа убаво ни премногу оросписки ни премногу калуѓерски дури излегува вечерта со менаџерчето од Т-Мобајл. Џентлменот ги знае и ги чува сите нејзини тајни, знае за сите нејзини глупостти и бесови, не се штеди за нејзино добро, и отвора врата и приддржува капут и кажува добри совети пред она да оди на одмор со онаа скришна но толку слатка и дива љубов оној со моторот за кој не смее да знае менаџерчето од Т-мобајл. Џентлменот исто има грижа на совест ако повиши тон или ако ненамерно употреби некоја навреда. Џентлменот не ја гледа во цицки, ја ислушува што таа му збори дури и кога се во прашање новите каталози на Орифлејм, уредно ја враќа дома со кола, не ја одбегнува кога има добиено и е неподнослива. Џентлменот е културен, одмерен, не пцуе, пази на манири, вокабулар, самоконтрола. Џентлеменот верува во концептот на дами, затоа и е џентлмен. Поради тоа џентлемнот единственото нешто што го прави на љубовно поле е дркање. Се извинувам, сакав да кажам мастурбирање.

Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Не се согласувам.Ако не постојат дами тогаш не би постоеле ни femme fatale кои се опозит од дамите. :D Денес само малку се преформулирани работите но тука се,си постојат и едниот и другиот тип на жени кои со векови опстојуваат по некои непишани правила. :)

Времето си носи свое.Ако порано фигурата на една домаќинка била да се грижи само за куќата,денес од таа домаќинка се очекува да биде во чекор со времето а не заостаната да не знае што е Фејсбук.И покрај осумте или повеќе часови на работа,кога ке дојде дома уморна повторно да обрати внимание на децата свои,на сопругот,на нашиот Балкан да отиде на гости,да и дојдат гости.И покрај се тоа,да најде и да си посвети време на себе.Тешка задача.
А како дама во оваа време,покрај сите контроверзии би ја вброила: 2a68a7f9cb9d30c2751015a8aae506c7.JPG yulia-tymoshenko.jpg
И секако,интелигентна,одмерена префинета. 161_Obama-sportsmeni-912_01.jpg
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
^
Малце е потешко во овие услови, особено македонскиве, каде се` ти се нуди/дава помалку од заслуженото, жената да ќути, да се смешка и да биде совршена.
Особено ако општеството и мажот од неа очекува да му биде мајка (безрезервна љубов без кавги, и грижа за домот), плус со беспрекорен изглед, и со кариера.
Ако мажот е силен и посветен на заедницата/иднината, парите не се во стален недостаток, и здравјето е океј, тогаш да, веројатно можно да се успее. А, ако си жена на претседател, успехот веќе не е ни прашање (лоши примери давате).
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Што правиме ако нема потекло од интелектуална фамилија?
Ухх абе види сега и да не се нејзините некои интелектуалци ако се потруди доволно и ако мозок во глава може и да биде дама, но факт е дека во поголемиот дел од случаите секогаш децата горе-доле се слични како родителите им и машките и женските ... како тате така и бате, како мама така и дада ... не за џабе се рекло крушата секогаш си паѓа под круша, аристократија си е аристократија, селанство си е селанство, е сега кај нас има и доста тазе покондирени селани но тоа во никој случај не ги прави нив господа и дами ... психологијата си е едно, а да се накити и накинџури секој/а може !
П.С. Џабе некоја тазе покондирена селанка што е дама на лик, ако внатрешно/умствено е празноглава сојка ... ;)
--- надополнето: 25 август 2013 во 17:06 ---
Времето си носи свое.Ако порано фигурата на една домаќинка била да се грижи само за куќата,денес од таа домаќинка се очекува да биде во чекор со времето а не заостаната да не знае што е Фејсбук.И покрај осумте или повеќе часови на работа,кога ке дојде дома уморна повторно да обрати внимание на децата свои,на сопругот,на нашиот Балкан да отиде на гости,да и дојдат гости.И покрај се тоа,да најде и да си посвети време на себе.Тешка задача.
За жената е позитивно да биде колку-толку образована, не зборам за некакво којзнае колку високо образование туку барем просек(во прав смисол на збор), позитивно е да работи исто како и мажот, подобро две плати во куќа отколку само една, домашните/куќни обврски како и грижата за детето/децата фифти-фифти(50-50) а тие работи ојлевци-дојлевци појди ми-дојди ми ќе си ги ставиш/те под тепих !
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
719
Поени од реакции
537
од кога во дефиниција на дама влегува образованието како фактор? да не ги испрашуваат "дамите" какво образование имаат? дај не зезајте и не мешајте домашни работи со дама. ако веќе одиме до крајност: дама е жена која:
- секогаш спремна да помогне
- секогаш вкусно облечена
- секогаш одмерено се однесува
- кога и е најтешко ја вади најубавата насмевка и продолжува понатаму
Инаку и јас да му бев дечко на Президент оф ди Јунајтед стејтс оф д Ворлд и јас ќе бев успешен нели? ;)
--- надополнето: 25 август 2013 во 18:16 ---
Лично сум видела мажи кои можам да ги наречам џентлмени,кои можеби и постари луѓе би ги нарекле џентлмени а немаат ниту една пријателка која ја трпат во изливи на бес,љубомора и ''срцепарајуќи" шокови за дечко и и неговата колешка од факс или работа.
(y)
А исто така,не може ку*ва да привлече господин човек.
Курва може,ороспија не може. За вторава,првата Е ДАМА!
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
На Балкан пенинсула (симптоми на дама имаат):
1.Северина
2.Ражнатовичева (ако настрана ги стаиме криминалот и корупцијата)

Ин Маседониа :
...Loading.....Loading......Loading....Sorry,no ladies !

не можеше да смислиш поглуп одговор???:vozbud:
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Ухх абе види сега и да не се нејзините некои интелектуалци ако се потруди доволно и ако мозок во глава може и да биде дама, но факт е дека во поголемиот дел од случаите секогаш децата горе-доле се слични како родителите им и машките и женските ... како тате така и бате, како мама така и дада ... не за џабе се рекло крушата секогаш си паѓа под круша, аристократија си е аристократија, селанство си е селанство, е сега кај нас има и доста тазе покондирени селани но тоа во никој случај не ги прави нив господа и дами ... психологијата си е едно, а да се накити и накинџури секој/а може !
П.С. Џабе некоја тазе покондирена селанка што е дама на лик, ако внатрешно/умствено е празноглава сојка ... ;)
--- надополнето: 25 август 2013 во 17:06 ---

За жената е позитивно да биде колку-толку образована, не зборам за некакво којзнае колку високо образование туку барем просек(во прав смисол на збор), позитивно е да работи исто како и мажот, подобро две плати во куќа отколку само една, домашните/куќни обврски како и грижата за детето/децата фифти-фифти(50-50) а тие работи ојлевци-дојлевци појди ми-дојди ми ќе си ги ставиш/те под тепих !

Секогаш има исклучоци.Дама не се раѓа,туку се станува.Може да е родена во најаристократски кругови но повторно да не можеме да и го додадеме епитетот на дама.Има девојчиња кои да кажеме од мали им се гледа,педантни се,убаво зборуваат,сакаат да се дотеруваат се играат само со типично женски ствари.Но секако дека поголеми шанси да биде дама има некој со потекло од такво семејство.

од кога во дефиниција на дама влегува образованието како фактор? да не ги испрашуваат "дамите" какво образование имаат? дај не зезајте и не мешајте домашни работи со дама. ако веќе одиме до крајност: дама е жена која:
- секогаш спремна да помогне
- секогаш вкусно облечена
- секогаш одмерено се однесува
- кога и е најтешко ја вади најубавата насмевка и продолжува понатаму
Инаку и јас да му бев дечко на Президент оф ди Јунајтед стејтс оф д Ворлд и јас ќе бев успешен нели? ;)

Не знам колку си запознаен со нејзината биографија,но јас ја читав пред неколку месеци и можам да ти кажам дека на Мишел Обама никој ништо во животот не и подарил,а најмалку статусот.Израсната е со брат и во двособен стан,во едната соба седеле нивните родители а во другата,која била поделена спиела она и брат и.Максимална пожртвуваност,крајно искористување на својот потенцијал за да се запише на Принстон па право на Харвард.Родителите го препознале нејзиниот и талентот на брат и,така да Мишел раснела играјќи монопол,табла и само 30 мин дневно гледала телевизија.Мишел е личност за респект.Во милион наврати,и кабинетот и самиот претседател изјавил дека таа е таа која го качила на врвот.Мишел не е само прва дама.И да,се запознале така што таа го обучувала на академија (y)

Една анегдота од истата книга:
Кога седеле во ресторан,дошол газдата кој всушност бил партнерот за матура на Мишел или соученик но бил страшно заљубен во неа,не се сеќавам баш и се поздравил.На тоа Барак изреагирал:Видиш душо,да си останала би била сопруга на еден трговец.На што таа одговорила:Да сум останала,ти не би бил претседател.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Секогаш има исклучоци.Дама не се раѓа,туку се станува.Може да е родена во најаристократски кругови но повторно да не можеме да и го додадеме епитетот на дама.Има девојчиња кои да кажеме од мали им се гледа,педантни се,убаво зборуваат,сакаат да се дотеруваат се играат само со типично женски ствари.Но секако дека поголеми шанси да биде дама има некој со потекло од такво семејство.
Се сожувам со теб ,но ја сепак мислам дека дама се раѓа а не се станува , али не во смисол дека треба да се роди во аристократска фамилија за да биде дама ,туку во смисол на вродени манири ,став ,држење ,карактер ...кои ја карактеризираат една дама секако може да се научат тие манири ...али би делувале тие извештачено ...
--- надополнето: 25 август 2013 во 22:59 ---
од кога во дефиниција на дама влегува образованието како фактор? да не ги испрашуваат "дамите" какво образование имаат? дај не зезајте и не мешајте домашни работи со дама. ако веќе одиме до крајност: дама е жена која:
- секогаш спремна да помогне
- секогаш вкусно облечена
- секогаш одмерено се однесува
- кога и е најтешко ја вади најубавата насмевка и продолжува понатаму
Инаку и јас да му бев дечко на Президент оф ди Јунајтед стејтс оф д Ворлд и јас ќе бев успешен нели? ;)
--- надополнето: 25 август 2013 во 18:16 ---

(y)

Курва може,ороспија не може. За вторава,првата Е ДАМА!
И јас мислам дека образованието нема никаква врска ,псебно кога видов додека студирав какви се луѓе се стекнуваат со факултетски дипломи
--- надополнето: 25 август 2013 во 23:29 ---
Спред мене една дама треба да ги поседува следните особини : Да биде пред се добро воспитана ,интелигентна ,љубезна со луѓето со кои е опкружена ,да се воздржува од искажување на љутина т.е да не дозволува да ја извадат од такт,да остане прибрана ,да знае да се заблагодари љубезно ,ниту понижува некого ниту дозволува да биде понижена ,не вреѓа и не дозволува да биде вреѓана ,не пцуе ,не се дере ,не вика гласно додека зборува ,не се пијани,не е нападна ....да биде информирана да има пошироко знаење на повеќе теми т.е свестрана ,да има богат вокабулар ....да има изградено сопствен стил на облекување никако упадлив и провокативен,да се шминка минимално не упадливо,да биде негована ...... Е сега друга работа е за да биде се биде вистинска дама треба да имаш исто за соговорник/чка дама т.е џентлмен ,а тоа е тешко во наши услови и тешко може да се биде и дама и џентлмен ...но сепак ке кажам дека дама се раѓа не се станува како кога ке речат “девојката како да е родена со тоа “,и се двојат таквите девојки пред се според ставот,облеката ,манирите ,карактер ...едноставно имаат “она нешто“..
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Се сожувам со теб ,но ја сепак мислам дека дама се раѓа а не се станува , али не во смисол дека треба да се роди во аристократска фамилија за да биде дама ,туку во смисол на вродени манири ,став ,држење ,карактер ...кои ја карактеризираат една дама секако може да се научат тие манири ...али би делувале тие извештачено ...
--- надополнето: 25 август 2013 во 22:59 ---
И јас мислам дека образованието нема никаква врска ,псебно кога видов додека студирав какви се луѓе се стекнуваат со факултетски дипломи
--- надополнето: 25 август 2013 во 23:29 ---
Спред мене една дама треба да ги поседува следните особини : Да биде пред се добро воспитана ,интелигентна ,љубезна со луѓето со кои е опкружена ,да се воздржува од искажување на љутина т.е да не дозволува да ја извадат од такт,да остане прибрана ,да знае да се заблагодари љубезно ,ниту понижува некого ниту дозволува да биде понижена ,не вреѓа и не дозволува да биде вреѓана ,не пцуе ,не се дере ,не вика гласно додека зборува ,не се пијани,не е нападна ....да биде информирана да има пошироко знаење на повеќе теми т.е свестрана ,да има богат вокабулар ....да има изградено сопствен стил на облекување никако упадлив и провокативен,да се шминка минимално не упадливо,да биде негована ...... Е сега друга работа е за да биде се биде вистинска дама треба да имаш исто за соговорник/чка дама т.е џентлмен ,а тоа е тешко во наши услови и тешко може да се биде и дама и џентлмен ...но сепак ке кажам дека дама се раѓа не се станува како кога ке речат “девојката како да е родена со тоа “,и се двојат таквите девојки пред се според ставот,облеката ,манирите ,карактер ...едноставно имаат “она нешто“..

Талентот отсекогаш бил 1% од успехот.Некој можеби има страшен талент за музика,но никогаш не се нашол во средина која би го поттикнала да работи на тоа поле,па човекот си работи нешто друго во животот.
One is not born,but rather becomes a woman.Никој учен не се раѓа.Можеби има нешто шарм,интелигенција вродена наследна,но едно цвеќе да не го негуваш неколку дена ке се исуши.Додека некој кој без разлика од каде е константно се труди и инвестира во себе,може да биде многу многу повеќе,па и дама.

И да велиш ако се научат тие манири,ќе делуваат извештачено.Па и тие во аристократските кругови мора некој да ги учи на тие манири,сигурно кога се роди бебето автоматски не го знае бонтонот за на маса и правилна употреба на нож и вилушка.
 
Џабе ти инвестираш и се трудиш ако не те бива ,не те бива ...тоа барем кај нас може да го видиш на секој чекор ....една девојка ако не родена со карактер и нема вродени манири и ако таква девојка ти ја научиш на се за да биде дама пак таа нема да биде права дама ,ке биде извештачена ..... види примери од женски членови на познати аристократски фамилии во Европа каде сите тие сигурно се учеле исто ама не сите се стекнале со епитетот дама во вистинска смисла на зборот ,само ке го посочам примерот со еве принцезите од Монако Стефани и Каролина,заКаролина често сум читала дека е родена дама за разлика од Стефани за која не и оди баш епитетот дама ,а сигурно истата обука ја имале и двете ,да не зборам за нивната мајка која имаше држење на вистинска дама за која сите викаа дека дама која има манири на вистинска дама повеке од родени аристократски дами ...
 
B

Borg_Drone

Гостин

Единствена вродена работа ни се само чувствата, како што е на пример: среќата, тагата, агресијата и други.Манирите и другите работи се работи кои се стекнуваат со текот на времето.Тоа дека манирите биле вродена работа ти пропаѓа во вода со самиот овој факт.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
245
Поени од реакции
250
Единствена вродена работа ни се само чувствата, како што е на пример: среќата, тагата, агресијата и други.Манирите и другите работи се работи кои се стекнуваат со текот на времето.Тоа дека манирите биле вродена работа ти пропаѓа во вода со самиот овој факт.
Може исто и да учиш и да сликаш ,ама ако немаш вроден талент за сликање ,џабе ке ти биде и да ја завршиш најпознатата академија ,некој самоук сликар со вроден талент ке биде подобар од тебе
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Може исто и да учиш и да сликаш ,ама ако немаш вроден талент за сликање ,џабе ке ти биде и да ја завршиш најпознатата академија ,некој самоук сликар со вроден талент ке биде подобар од тебе
Нели приметуваш дека мешаш баби и жаби?
Споредуваш и влечеш паралела помеѓу талент за сликање (дадено од Бога), со манири на однесување (да знаеш која виљушка на која салата одговара или дека бела чарапа не иде на секоја кондура, туку само на тегет со црвени бобици:)). Те читам од претходно и она што не ти е јасно е дека секоја која има учители на место, време и можности, може да биде тренирана и научена на дамство. Но, она што ќе ги разликува едни од други (тоа што ти цело време го дефинираш како вродено дамство) е ѕвездата на чело и шармот кој зрачи. Ете тоа не се учи, а со тоа се раѓа човек. Малата честичка наречена енергија, која само го појачува ефектот.

Опасни врски
Мишел Фајфер версус Глен Клоуз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom