Вашата дефиниција за дама

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Не постои жена која те одушевила,барем некогаш,на било кој начин?На телевизија,пријателка на пријател,сестра,братучетка?
Секако дека постои :)
Но не би ги нарекол тие жени дами. Не зошто не се дами, можеби по твоите стандарди и се. Но мене не ме воодушевиле зошто имале секогаш саат на рака и лакирани нокти... итн.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Секако дека постои :)
Но не би ги нарекол тие жени дами. Не зошто не се дами, можеби по твоите стандарди и се. Но мене не ме воодушевиле зошто имале секогаш саат на рака и лакирани нокти... итн.


Не станува збор за мојата перцепција за дамите,сакам да дознаам како другите гледаат на тој епитет :)
 
R

Rigel Kent

Гостин
Дефиниција за дама : елегантност во стилот на облекување , исправен сигурен од , нежен глас и изразита интелигенција.

 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.031
Поени од реакции
24.712
Во 21-ви век нема дами. Нема ни џетлмени. Тие концепти припаѓаат на едно друго време и на една друга култура. Поточно на едно време кога имаше култура и културата се ценеше и манирите го правеа човекот (Manners maketh man).

Сега е друго време... така да остајте носталгијата, џабе е. Тоа време не се враќа назад никогаш.
Има џентлмени. Познати се и под друго име-girls' best male friends. Лесно се препознаваат, имаат 300 другарки, не се педери, а сепак немаат ни една девојка. Сите тие 300 другарки за него ќе кажат дека е најпрекрасниот човек на планетата земја и среќна ќе биде таа што ќе му биде девојка/жена, ама никоја од тие 300 не сака да биде таа среќничка оти-Го гледа само како другар. Џентлмените се првата борбена линија кога се раскинува со дечкото како снабдувач на зглобот кој го врзува екстремитетот рака со торзото на телото познато и како рамо, како и последниот коментатор дали она изгледа убаво ни премногу оросписки ни премногу калуѓерски дури излегува вечерта со менаџерчето од Т-Мобајл. Џентлменот ги знае и ги чува сите нејзини тајни, знае за сите нејзини глупостти и бесови, не се штеди за нејзино добро, и отвора врата и приддржува капут и кажува добри совети пред она да оди на одмор со онаа скришна но толку слатка и дива љубов оној со моторот за кој не смее да знае менаџерчето од Т-мобајл. Џентлменот исто има грижа на совест ако повиши тон или ако ненамерно употреби некоја навреда. Џентлменот не ја гледа во цицки, ја ислушува што таа му збори дури и кога се во прашање новите каталози на Орифлејм, уредно ја враќа дома со кола, не ја одбегнува кога има добиено и е неподнослива. Џентлменот е културен, одмерен, не пцуе, пази на манири, вокабулар, самоконтрола. Џентлеменот верува во концептот на дами, затоа и е џентлмен. Поради тоа џентлемнот единственото нешто што го прави на љубовно поле е дркање. Се извинувам, сакав да кажам мастурбирање.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Има џентлмени. Познати се и под друго име-girls' best male friends. Лесно се препознаваат, имаат 300 другарки, не се педери, а сепак немаат ни една девојка. Сите тие 300 другарки за него ќе кажат дека е најпрекрасниот човек на планетата земја и среќна ќе биде таа што ќе му биде девојка/жена, ама никоја од тие 300 не сака да биде таа среќничка оти-Го гледа само како другар. Џентлмените се првата борбена линија кога се раскинува со дечкото како снабдувач на зглобот кој го врзува екстремитетот рака со торзото на телото познато и како рамо, како и последниот коментатор дали она изгледа убаво ни премногу оросписки ни премногу калуѓерски дури излегува вечерта со менаџерчето од Т-Мобајл. Џентлменот ги знае и ги чува сите нејзини тајни, знае за сите нејзини глупостти и бесови, не се штеди за нејзино добро, и отвора врата и приддржува капут и кажува добри совети пред она да оди на одмор со онаа скришна но толку слатка и дива љубов со оној со моторот за која не смее да знае менаџерчето од Т-мобајл. Џентлменот исто има грижа на своест ако повиши тон или ако ненамерно употреби некоја навреда. Џентлменот не ја гледа во цицки, ја ислушува што таа му збори дури и кога се во прашање новите каталози на Орифлејм, уредно ја враќа дома со кола, не ја одбегнува кога има добиено и е неподнослива. Џентлменот е културен, одмерен, не пцуе, пази на манири, вокабулар, самоконтрола. Џентлеменот верува во концептот на дами, затоа и е џентлмен. Поради тоа џентлемнот единственото нешто што го прави на љубовно поле е дркање. Се извинувам, сакав да кажам мастурбирање.

Лично сум видела мажи кои можам да ги наречам џентлмени,кои можеби и постари луѓе би ги нарекле џентлмени а немаат ниту една пријателка која ја трпат во изливи на бес,љубомора и ''срцепарајуќи" шокови за дечко и и неговата колешка од факс или работа.Туку се културни,воспитани момци можеби така израснати во такво опкружување,незнам.Но го почитуваат спротивниот пол и не викаат,не се дерат константно,учат,се едуцираат.Дали навистина мажот е маж,ако вика,се дере и пцуе на секој чекор?
А исто така,не може ку*ва да привлече господин човек.
 
A

AnFem

Гостин
Има џентлмени. Познати се и под друго име-girls' best male friends. Лесно се препознаваат, имаат 300 другарки, не се педери, а сепак немаат ни една девојка. Сите тие 300 другарки за него ќе кажат дека е најпрекрасниот човек на планетата земја и среќна ќе биде таа што ќе му биде девојка/жена, ама никоја од тие 300 не сака да биде таа среќничка оти-Го гледа само како другар. Џентлмените се првата борбена линија кога се раскинува со дечкото како снабдувач на зглобот кој го врзува екстремитетот рака со торзото на телото познато и како рамо, како и последниот коментатор дали она изгледа убаво ни премногу оросписки ни премногу калуѓерски дури излегува вечерта со менаџерчето од Т-Мобајл. Џентлменот ги знае и ги чува сите нејзини тајни, знае за сите нејзини глупостти и бесови, не се штеди за нејзино добро, и отвора врата и приддржува капут и кажува добри совети пред она да оди на одмор со онаа скришна но толку слатка и дива љубов со оној со моторот за која не смее да знае менаџерчето од Т-мобајл. Џентлменот исто има грижа на своест ако повиши тон или ако ненамерно употреби некоја навреда. Џентлменот не ја гледа во цицки, ја ислушува што таа му збори дури и кога се во прашање новите каталози на Орифлејм, уредно ја враќа дома со кола, не ја одбегнува кога има добиено и е неподнослива. Џентлменот е културен, одмерен, не пцуе, пази на манири, вокабулар, самоконтрола. Џентлеменот верува во концептот на дами, затоа и е џентлмен. Поради тоа џентлемнот единственото нешто што го прави на љубовно поле е дркање. Се извинувам, сакав да кажам мастурбирање.
Гарант и во фацата изгледа како гремлин... или?
 
А

Антоние

Гостин
Изреки 31:10-31 (Новиот Завет)


Кој ќе најде жена добродетелна?
Таа е поскапоцена и од најскапоцените камења.
Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, таа нема да остане без добивка.
Таа ќе му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов.
Набавува волна и лен и весело работи со рацете свои.
Таа е како трговски кораб - оддалеку си донесува храна.
Таа станува уште преку ноќта и дава храна во куќата своја и им определува работа на слугинките свои.
Ќе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје.
Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа. Таа гледа колку е добро што работи и светилката нејзина не гасне ноќе.
Ги протега рацете кон фурката и прстите нејзини се фаќаат за вретеното.
Дланката своја му ја отвора на сиромав и раката своја на оној кој има нужда му ја подава.
Не се плаши од студ за челадта своја зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта.
Таа си ткае покривачи, од висон и пурпур е нејзината облека.
Мажот нејзин е познат кај портите кога седи со старешините на земјата.
Таа работи покривки и ги продава на Финикијците и појаси на Хананејците.
Здравје и убавина е нејзина облека и весело гледа на иднината.
Со мудрост ја отвора устата своја и кротка поука има на јазикот нејзин.
Го надгледува домаќинството свое и не јаде леб во леност.
Стануваат децата и ја ублажуваат - мажот и тој ја фали.
Многу добродетелни жени имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.
Миловидноста е примамлива и убавината суетна, но, жена која се плаши од Господа е достојна за пофалба.
Дајте и од плодовите на нејзините раце и нека се прославува при мажот нејзин при градските порти.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....дама може да биде и девојче од 15 години и старица од 90....дама е жена што знае да го контролира своето тело во сите ситуации...жена со држење...жена со манири...во животот сум сретнал неколку жени кои може да се наречат дами....некои биле млади...некои со бела коса...но заедничко за сите е нивното држење....нивниот начин на говор....нивниот став...нивната елеганција без разлика на килограмите...годините...брчките

едноставно неможеш да наречеш дама жена која ќе облече 15см штикла и оди како штотуку родено теле....или жена која на кажаниот виц се смее ко нездрава...без контрола

дамата не се раѓа...дама се станува...со многу труд и самодисциплина
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Не станува збор за мојата перцепција за дамите,сакам да дознаам како другите гледаат на тој епитет :)
Па јас за мене можам да ти кажам и ти кажувам: анахрон концепт и некомпатибилен со современото општество.

Ко прво земи да го разгледуваш феноменот од историски аспект.
Дами немало во 6-ти век, немало во 12-ти век... Освен ако не ги рачуваш аристократките за дами. Ја не ги рачунам.
Имало во 18-ти век до.... еве да речеме, максимум почетокот на прва светска војна.

Што е тоа дама?
Tom Jones знае :) Тој ќе ни каже.

Текстот песната на песната е една долга дефиниција за тоа што е дама.
Во суштина кажува дека дама е жена со стил и грациозност, која е верна, која има самодоверба и достоинство, што знае да се однесува правилно, го знае своето место во машко-женските односи (пред се секако оние од времето кога постоеле родовите улоги - значи зборам за нејзината потчинетост под мажот),

И горе долу тоа е идејата во колективната свест за тоа што е дама.


Е сеа, концептот за дамата оди рака под рака со концептот за џентлменот и, и двата се нераздвојно врзани со родовите улоги во патријархалното општество. Би било НЕЗАМИСЛИВО една дама да се однеува како еманципирана жена од 21-ви век. Значи, да му противречи на сопругот, да сака одлучува за својот живот... нема шанси.
Денеска немаме патријархално општество, нити пак родови улоги или барем се трудиме да немаме.
Тогаш каде се вклопуваат дамите и господата?

Во тоа време луѓето морале да се однесуваат правилно за да бидат прифатени во општеството, да напредуваат и да успеат и да можат да се мажат/женат. И ова секако кај побогатите. Е денеска, нема аристократија како што имало некогаш. Денеска 99% е плебс. Стандардот е паднат. Не мора да се има манири за да се успее. Оттука нема потреба луѓето да се однеуваат културно и како дами и господа. А не ни знаат како, пошто од дома не ни ги научиле. Денеска пали пристапот на прикриен селјак ко што не учи гуру Суси.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Мажите што се во френдзон се таму зашто се грди или не и е привлечен на таа. Тоа што грдите луѓе се тешат дека се во френдзон зашто „жениве сакаат кретени, а не џентелмени како нас“ е друга работа.
Џентелмените не паѓаат во френдзон. Тие привлекуваат дами.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
За каков стандард зборувате бе луѓе? Стандардот никогаш не бил ни поставен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom