Ваучери за компјутери (повторно)

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Студентите не знаат како да стигнат до ваучер

Ниту референтите на студентски прашања ниту деканите на скопскиот универзитет не знаат како и кога треба да почне распределбата на ваучерите за компјутери, кои ќе ги добијат сите апсолвенти. Службите на факултетите не се искоординирале, иако деновиве во медиумите беа објавени владини огласи во кои информираа дека реализацијата на програмата за доделување на овие вредносни бонови почнува на 15-ти овој месец.
Вчера на Економскиот, Филолошкиот, Правниот и на Филозофскиот факултет затекнавме десетици студенти што не успеаја да дознаат што сè им е потребно за да дојдат до владиниот подарок.
- Ќе ве известиме кога ќе има ваучери. И ние не знаеме ништо, чекаме да ни кажат. Не грижете се, сигурно ќе ги добиете - им кажа една референтка на Студентски прашања на Филозофскиот факултет.
И на Филолошкиот факултет вчера не знаеја ништо за распределбата на вредносните бонови.
- Од Министерството за информатичко општество треба да добиеме летоци, упатство за начинот на распределба. Истото им го кажуваме и на студентите - ни рече референт на овој факултет.
Од ова министерството, пак, одговорноста за доцнењето ја префрлаат токму на деканските управи.
- Сите знаеја дека од 15-ти почнува да се реализира програмата. Управите треба да знаат дека сега треба да им дадат обрасци на студентите, кои тие треба да ги пополнат, за да потоа се знае колку вкупно ваучери треба да се поделат - рекоа од Министерството.
Министрите за образование и наука и за информатичко општество, заедно со ректорот Велимир Стојковски, вчера на состанок се договориле ректоратот да ги подигне ваучерите за десетина дена, а потоа тие да им се делат на апсолвентите.
Вредносни бонови за компјутери ќе добијат сите студенти на приватните и на државните универзитети што годинава првпат се запишале во завршна година. Еден ваучер вреди 15.500 денари, што е за 3.200 денари повеќе од ланскиот ваучер.

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=0&top=1&EditionID=233&ArticleID=11325
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Македонска работа бе.
И лани каснеа и годинава не се поправија и пак исто.

Али затоа кога ќе се пуштат кога ќе се направи една редица цел ден ќе чекате да ги земете. Земете си сендвич и сокче додека чекате :icon_lol:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
А кој таков ги заебаваат и малтретираат апсолвентите, работата е проста да попроста не може да биде.
Доволно е само да службите за студентски прашања достават списоци со новите (првпат запишани) апсолвенти до надлежното министерство и оттаму по пошта на апсолвентите да им бидат доставени ваучерите на домашна адреса или местото на престој (и така таму имаат премногу вработени кој се досадуваат по цел ден, мислам на министеството) , така ќе нема ни гужви ни малтретирање ни непотребни нервози...ама зошто да е просто кога може комплицирано.
 
Па тоа е уште поглупо. Плус преку пошта трошоци дупли има за министерствата.

Вака на факултет мора да се пополнат едни обрасци. Потоа се внесуваат податоци на секој студент во комјутер значи специјална програма и ваучерот си има сериски број и се потпишуваш.
И кога ќе купуваш пример лап топ мораш лично ти да одиш. Па ти го проверуваат ваучерот дали е навистина твој според серискиот број. Па да се потпишеш, па индекс бараат ...
Значи нема теоретска шанса твојот предлог да биде реализиран:)
 
Абе ако треба и сами платете си ја поштарината по приемот на ваучерот!
Ако факултетот ги нема вашите податоци до сега и не може автоматски да ги уфрли во програмата за издавање ваучери понатаму не коментирам...едноставно не гледам потреба од некакви си обрасци, имате индекс, во него ви е заверено дека сте станале апсолвенти по прв пат и крај завршена приказна, на кого му се потребни дополнителните мрцварења?
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Ти сакаш да лежиш дома да ти донесат ваучер и по можност да не сакаш и компјутерот дома да го донесат.

Е не иде се тоа така. Мислам дека и во развиените земји постапката би била иста.
Факултетот е тој што ги дава ваучерите и лично нивно примање. Постапката е компјутерска и треба лично да се внесат податоци што е многу добро и треба да си се потпише студентот.
Кој сака си оди и си зима ваучер и тоа е тоа.
За 300 евра нема потреба да го мрзи некој да почека пола саат, саат па и два за ваучер.
Македонска работа, да лежи дома и се да му стигне на готово! Е нема!
 
Член од
6 јуни 2006
Мислења
280
Поени од реакции
5
Продавам ваучер!!!
Контактирајте ме преку пп.
Поздрав.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ти сакаш да лежиш дома да ти донесат ваучер и по можност да не сакаш и компјутерот дома да го донесат.
Грешка си....јас кога студирав на факултетот имаше едвај десетина 286-ки, и ги чуваа како злато, беше голема привилегија само и да влезеш во просторијата каде што беа....
...да продолжам по темата....
.........па нели сме земја на информатичари и земја со најголем број на компјутери во образовните институции и апсолутно и релативно, па зошто тогаш толкава ,,папирологија,,..............
Не ми е само јасно зошто се поставуваш заштитнички кон бирократијата!

п.с. И тие неколку компјутери што досега сам сум си ги купил ми биле испорачани дома.....денес се може да се плати:toe:
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Koи ви се понудите од продавниците?Видов дека почнаа со флаери, реклами, па напишете си ги тука, да си имате прегледност, и да одберете она што најмногу ви одговара.Иначе, да ви кажам дека јас видов една понуда дека со ваучер даваат компјутер(поима немам каква кнофигурација), 19 инчен монитор, и подарок принтер-скенер- копир, што мислам дека е одлично.
Е сега морам да ви кажам и дека се обложив дека го видов во еден од понудите во дневните весници, и дека навистина постои, и ако ми помогнете да ми дадете доказ(линк или слично) јас си добивам едно фустанче од облогот.Затоа плс хелп.
 
goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Да сите апсолвенти добиваат!
Зашто да нема на тие студенти? И тие се апсолвенти? И ти имаш компјутер дома и тие имаат, и ти сакаш подобар да земеш со ваучерот и тие сакаат!
Не се ни во голем број, не ти зимаат ништо твое туку напротив добивате еднакво од државата.
Абе разликата меѓу мене и оние од приватните универзитети е тоа што он кога веќе се запишал (платил дебело) за да учи на приватен универзитет, може и да купи некој усран компјутер дури и за три пати поголема цена од вредноста на ваучерите....
Ова е начисто фрлање на пари од државата (од мојата фамилија) безвезе....
 
goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Ова е начисто фрлање на пари од државата (од мојата фамилија) безвезе....
Мислев за сите други фамилии кои плаќаат данок на државата. Заборавив да кажам дека парите би било поубаво да се дадат во државните универзитети со цел за подобрување на квалитетот на образованието, а не на вакви работи....
 
Член од
22 август 2007
Мислења
550
Поени од реакции
16
Абе народе дали знаете со ова ваучериве дали ќе може да се купат и делови за PC или ќе мора комплетно цела конфигурација од матична плоча па до маус:):)
Ако имате некаква инфо пишете одма и нормално.....Thanks in advanced:smir:
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Абе разликата меѓу мене и оние од приватните универзитети е тоа што он кога веќе се запишал (платил дебело) за да учи на приватен универзитет, може и да купи некој усран компјутер дури и за три пати поголема цена од вредноста на ваучерите....
Ова е начисто фрлање на пари од државата (од мојата фамилија) безвезе....
Тие од приватните факултети плаќаат од 1200 до 2000 евра година отприлика.
А на државните има и околу 1000 евра некои струки што се.
Ако збориме за пари.

Така што има неколку приватни универзитети што се признаени од државата.
Државата со закон донела дека дозволува приватни универзитети.
Таа ги признава нив ако ги исполнуваат критериумите и ги почитуваат правилата.
Плус од секој студент на приватен факултет не знам точно колку проценти мислам дека околу 20% ама не сум точно сигурна одат тие пари за државата.

Така да државата запишува во евиденции дека се нејзини студенти и тие од приватните. Така да заслужуваат тие бенефиции како што се ваучерите за сите апсолвенти во државата и стипендиите кои се за талентираните студенти.
Не се одзема нешто од оние студенти што се на државен, него едноставно добиваат сите кои исполнуваат услови.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ајде, ајде сега не се сепарирајте на приватни и државни...сите сте апсолвенти и со исти права како граѓани на оваа земја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom