Студентите не знаат како да стигнат до ваучер
Ниту референтите на студентски прашања ниту деканите на скопскиот универзитет не знаат како и кога треба да почне распределбата на ваучерите за компјутери, кои ќе ги добијат сите апсолвенти. Службите на факултетите не се искоординирале, иако деновиве во медиумите беа објавени владини огласи во кои информираа дека реализацијата на програмата за доделување на овие вредносни бонови почнува на 15-ти овој месец.
Вчера на Економскиот, Филолошкиот, Правниот и на Филозофскиот факултет затекнавме десетици студенти што не успеаја да дознаат што сè им е потребно за да дојдат до владиниот подарок.
- Ќе ве известиме кога ќе има ваучери. И ние не знаеме ништо, чекаме да ни кажат. Не грижете се, сигурно ќе ги добиете - им кажа една референтка на Студентски прашања на Филозофскиот факултет.
И на Филолошкиот факултет вчера не знаеја ништо за распределбата на вредносните бонови.
- Од Министерството за информатичко општество треба да добиеме летоци, упатство за начинот на распределба. Истото им го кажуваме и на студентите - ни рече референт на овој факултет.
Од ова министерството, пак, одговорноста за доцнењето ја префрлаат токму на деканските управи.
- Сите знаеја дека од 15-ти почнува да се реализира програмата. Управите треба да знаат дека сега треба да им дадат обрасци на студентите, кои тие треба да ги пополнат, за да потоа се знае колку вкупно ваучери треба да се поделат - рекоа од Министерството.
Министрите за образование и наука и за информатичко општество, заедно со ректорот Велимир Стојковски, вчера на состанок се договориле ректоратот да ги подигне ваучерите за десетина дена, а потоа тие да им се делат на апсолвентите.
Вредносни бонови за компјутери ќе добијат сите студенти на приватните и на државните универзитети што годинава првпат се запишале во завршна година. Еден ваучер вреди 15.500 денари, што е за 3.200 денари повеќе од ланскиот ваучер.
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=2&fCat=0&top=1&EditionID=233&ArticleID=11325