D
Deleted member 95595
Гостин
Со МРП уште не ја вакцинираме зошто се плашиме. Аутизам и слични работи. Јас лично донесов одлука дека ќе ја вакцинираме од МРП кога ќе осетиме дека е спремна ќерка ми, односно чекавме да се развие, да прозбори, да прооди убаво и слично, па кога ќе видиме дека е се во ред со неа во ранава фаза на нејзиниот развој, ќе ја однесам на МРП. Засега е се во ред, 2 и пол години има, фала му на Господ се развива супер, без никаков проблем.A oti ne so MRP? Vazna e taa. Inace ne se slagam so tezata deka nesto ne e predvideno od prirodata pa ne mora da se dava. Prirodata ne e sovrsena. Na start imas pogresen pristap ako mislis, deka nesto taka trebalo da bide od prirodata i sve drugo e neprirodno. Mozeme skroz da ne koristime medicina i lugjeto vo prosek da ziveat 30-40 godini. Ili so coveckoto znaenje i sredstvata sto gi imame na rasplaganje ke im pomogneme lugjeto da imaat podobro zdravje i podolgo da ziveat, kako sto se pravi. Isto taka muabetite deka gi bockame bebinjata so aluminium i drugi metali se bezveze muabeti. Uste pred da se rodat se soocuvaat so raboti od okolinata koi gi dobivaat od majkata. Plus tie kolicini koi gi primaat od vakcinata se tolku mali sto veruvam ne mozes ni vo krvta da gi dokazes deka se vneseni.
Како млад родител читаш и слушаш се, и на крај мора да носиш одлука за детето. Од се шо сум прочитал, најубав коментар прочитав еднаш некаде, не памтам каде, пишеше баш тоа, да се почека малку да се развие детето, да се увиди дека детето нема некои вродени пречки во развој кои знаеле да се манифестираат и на 2, 2 и нешто години, па кога ќе се установи дека објективно детето е сосема во ред, да му се даде МРП.
Не сум теоретичар на заговор, ама па и сметам за себе дека не сум наивен и во никој случај нема слепо да верувам на доктори и фармацевстки компании зошто е сулудо да мислиме дека нашето здравје и добробит им е нивна примарна цел. Пред многу години, наидов на една слика која ја чувам во телефон многу долго време и од време на време си ја отворам за да си ги "зацврстам" идеалите. Многу јака слика, многу кажува и мора да сме свесни дека ова е така и денес во огромна мера. Вистински исечоци од весници...