Вакцини (општа дискусија)

Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Тунел - Вакцинација: за или против?

 
Член од
22 април 2010
Мислења
93
Поени од реакции
186
:confused: Не можам да поверувам што се почитав. Срамота, образувајте се луѓе.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Дали има начин онаа ММР за сипаници и заушки вакцина кај бебе да се избегне или ептен е задолжителна. Гледам дека само кај нас "мора" да се прими, на други поцивилизирани места кој како сака. Ке потпишам каде треба дека не сакам да ја прими и ке платам било каква казна и се што треба. Некој ако има некое искуство нека пише.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.656
Поени од реакции
4.507
Сакам да прашам нешто, пред некој ден си го повредив прстот, поточно сериозно си го подфатив и ми се солупи месото, раната беше валкана ја измиав со ладна вода и пак си го залепив месото, мислам не беше скрос одлепено туку како буквата U, одкако ме преболи малце го натурив со ракија ама веќе беше затворена раната, е сеа ми е страв да не се инфицирам и сакам да прашам дали е пожелно да примам некаква вакцина.. ?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Оп, трт, вакцина или смрт: манипулацијата со вакцините

  • Вторник, 09 Јули 2013
Сашо Тасевски
Актер и писател
Никој не куртулил од боцкање. Сите се боцкаат и тоа од мали нозе, зашто едни чичковци и тетки нѐ учеле дека боцкањето е здравје, ако не си наркоман. Знаете, она, ако не се боцкаш ќе нафркаш гарант и тоа, од некои таму, не многу симпатични организми налик на гремлини што не се ни гледаат со голо око, ама кои биле страшно заебани ако ни се вотнат во крвта. Ги викаат вируси и бактерии. А ова е, погодувате, приказна за вакцините и мора да се прочита.
Ако латинското значење на зборот вирус е отров, тогаш вакцините би дошле нешто како противотров. Вакцинацијата претставува вбризгување на ослабени вируси од некоја болест во организмот на човекот со цел да го поттикне неговиот имунолошки систем да создаде нивни анти тела и лесно да ги победи кога се веќе ослабнати. Просто како грав. Затоа таа отсекогаш била ритуал од најголемо значење за секој добар родител кога веќе толку многу болести се накотиле на овој свет. Стари, добро познати како хепатит, сипаници, заушки, сезонски грип, магарешка кашлица, дифтерија, полиомиелитис, менингитис и некои понови, излезени на прошетка од одредени лаборатории како што се сидата, птичјиот грип, сарсот, антраксот, а еве, во последниве десет години и хјуман папилома вирусот изгледа го скинал ланецот, скокнал од епруветата и сега ужива да плаши малолетнички по светов. Наводно им се заканува со рак на матката, а родителите исто во паника ги боцкаат ли ги боцкаат. Нормално, кога децата, нели, се први на удар како најкревки во синџирот на исхрана на опаките вируси и бактерии. Затоа лекарите отсекогаш трубеле дека вакцинацијата е основен предуслов за здраво потомство, а повеќето родители ги голтале нивните зборови, цврсто убедени дека вакцинацијата го јакне имунолошкиот систем на децата за тој да може што полесно да се справи со евентуалните натрапници од светот на микроорганизмите. Ете зошто таа е со закон заштитена од државата и задолжителна за секој. И тешко на оној што ќе одбие да го вакцинира своето дете. Тоа одма може да се протолкува како обид за чедоморство. Но дали е тоа навистина така? Изгледа сите ние многу малку знаеме за вакцините и нивниот состав, па затоа без приговор го прифаќаме она што ни го советуваат лекарите и државата. Притоа не сме свесни дека можеби некој свесно ја злоупотребува таа наша доверба која а приори ја имаме кон државата и нејзините највисоки здравствени институции. Па кој луд би советувал да се вакцинираат децата и сите останати, ако вакцините се штетни? Е тука лежи зајакот.
Порано кога бев дете вакцинирањето исто беше задолжително како и денес, со таа разлика што тогаш примавме некои основни вакцини против одредени детски болести и тоа, отприлика до тринаесеттата година од животот и толку. Но денес кога го гледам картонот за вакцинација на копиљациве коса на глава ми се крева. Не се раат до осумнаесетата година. Вакцини и ревакцини, полна капа. Некои од нив задолжителни само за девојки. Како онаа дубиозна ХПВ-вакцина. Освен тоа, кога гледав како на моите деца им ставаат поливалентни вакцини (тоа е она кога одеднаш ги боцкаат за десет болести) и потоа, како во наредните два дена врескаат од болка или тонат од повишена температура, не можев, а да не се запрашам што е тоа што го добиваат преку игла во име на здравјето. И почнав да истражувам. Еве што открив.
Секоја вакцина содржи во просек од 80 до 120 различни супстанци, а кои не се наведени на пакувањето на вакцината. Или ако се наведени, наведени се само неколку. Останатите се тајна. Слатка тајна на производителот. За нив дури не знаат ниту институциите кои треба да ја одобрат вакцината на пазарот. Или знаат, но немаат право да го откријат тоа, дури и ако ги прашате по телефон или на друг начин. Така е. Производителите на вакцини не се обврзани да му ги откријат на органот кој треба да одобри една вакцина, состојките кои таа вакцина ги содржи. Такви договори потпишуваат со нив. Да го држат јазикот зад заби!
Во оние стотина супстанци кои ги вбризгуваат во крвта на нашите деца, покрај рекомбинантни, генетски синтетизирани вируси од некоја болест која е примарна цел на вакцината и кои пливкаат во раствор од кујнска сол, има и други вируси и бактерии, десетици конзерванси, емулгатори, стабилизатори, неутрализатори, пуфри, фосфати, карбонати и разни животински протеини. На пример, во полио-вакцината има култури од мајмунски бубрези, телешки серум, лакталбумин хидролизат кој е исто соединение со протеини и други сегменти од животни кои се туѓи на нашиот организам. Во вакцината против мали сипаници, заушки и рубиола има сместено пилешки ембрион и неомицин кој претставува смеса од антибиотици, а во вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица се наоѓа многу токсичниот конзерванс ТИОМЕРСАЛ составен од два силни хемиски отрови, жива и алуминиум фосфат. Аха, има и жива, нека е жива! Таа во тиомерсалот е застапена со 48,9 проценти во чиста форма! Убиство од заседа! Ако некој сега каже дека тиомерсалот пополека се исфрла од составот на вакцините заради живата, не се секирајте, фармацевтските компании одма му нашле соодветна убиствена замена во конзервансите НАТРИУМТИМЕРФОНАТОТ кој има само 43,7 проценти жива и 2-ФЕНОКСИЕТАНОЛОТ кој заедно со живата уште побрзо ги оштетуваат бубрезите и нервите, со можност вашето дете да заболи од аутизам! Тука, во ова фино покерашко друштво кое игра во вашиот и животот на вашите деца, седи и ХИДРОЛИЗИРАНИОТ ЖЕЛАТИН, познат аѓуванс (помошник), кој предизвикува тврдокорни алергии. И замалку ќе заборавев, пустото! Вакцините содржат и една заебана супстанца наречена СКВАЛЕН, компонента чија задача е да го стимулира имунолошкиот систем, за што побрзо да одговори на антигените вотнати со вакцината. Кога скваленот ќе се вбризга во крвта го тера имунолошкиот систем да го нападне, но замислете, откако тој ќе заврши со него и антигените, одма не се исклучува, туку продолжува да ги напаѓа сите останати, здрави компоненти на телото, клетките, ткивата и органите. Ги растура ко дете ѕвечка!
За да биде појасна сликата за овие благодети, еве што се случува кога горенаведените силни хемиски отрови и метали ќе ги внесеме директно во крвотокот со вакцинација. Основно е што се заобиколува природниот пат на заштита на организмот, но најопустошувачки е тоа дека доаѓа до раздвојување на тие отрови од вирусите кои се во серумот. Точно, отровите побудуваат одговор на организмот или негова имуно-реакција, зашто ги препознава како туѓи супстанции, но во таа борба со нив тој се истоштува непотребно и остава доволно простор на вирусите и бактериите да влезат во клетките и својот генетски материјал да го инкорпорираат во веригата на ДНК и така ги инфицираат.
И сега се прашувате зошто се воведуваат нови и нови вакцини во овој посттранзициски период и зошто толку често се прогласуваат епидемии на свински и птичји грип, како што е тоа случајот и кај нас. Прво се прогласува епидемија, на сите медиуми таа е главна вест, а потоа по три дена започнува широка медиумска кампања за вакцинација на населението против истата. Потоа ќе чуете на тв-вестите дека владата преку министерството за здравство ќе купи стоипедесет илјади вакцини од некоја светски позната фармацевтска корпорација. За тоа време паниката е толку голема, особено меѓу повозрасната популација, што кога ќе стигнат вакцините, ред ми се тие редат за што побрзо да бидат имунизирани. И гледај чудо, набрзо епидемијата престанува, онака одненадеж, нели, штом медиумите решат таа да престане и остануваат уште осумдесет илјади неискористени вакцини за птичји грип. Малку подоцна едни префригани светски факмани објавија и докажаа дека птичјиот грип бил измислена приказна на Светската здравствена организација со цел, да ѝ донесе профит на една наднационална фармацевтска компанија чии сопственици стојат зад основањето и финансиите на Светската здравствена организација. Таа тоа никогаш не го демантираше, ама и не одговараше пред законот. Зашто тогаш ќе се откриеше целата завера, дека таа организација преку своите политички застапници во моќните држави ги уценува и нив, но и малите земји и нивните корумпирани влади да прогласуваат епидемии кога ги нема, а потоа да купуваат одредено количество вакцини од точно одредени произведувачи.
Тој скандал силно одекна во светот пред година или две и предизвика лавина протести, конвенции, семинари и научни трудови во кои се откри големата манипулација на која сме сите изложени, а во која најголем влог е здравјето на нашите деца. Да, одекна во светот, ама не и кај нас! Кај нас нема никаков одек кога се работи за сознанија кои што можат да загрозат поединци од власта и да ги откријат отстапките што тие им ги прават на регионалните и светски политичко-корпорациски мафијашки елити кои за возврат ги даруваат со големи провизии, но и несебично ги помагаат во задржување на власта преку задкулисна контрола на изборните процеси.
Не верувате? Знам дека повеќето од вас не веруваат, зашто секогаш е полесно да се сврти главата на страна и да се гледа работичката, платичката, да се оди на одмор и кога ќе дојде време, на изборите да се гласа за најдобрите. За оние кои никогаш нема да ви кажат дека додека ви зборуваат за социјална правда, вработување, хармонично семејство и здраво потомство, свесно ги трујат вашите деца со разни гомнарии кои им ги внесуваат преку храната и вакцините, а за кои никогаш нема да дознаете, дури и ако сте доволно луди да ги прашате. Ајде, појдете во фондот за здравство и побарајте да ви дадат детална документација за составот на вакцините со кои ги имунизираат децата и оние преплашени жртви на измислениот птичји грип. Тој бирократот пред вас од село Џепчиште или слично на него, ќе зјапа во вас пет минути пред да ви каже дека не ве разбира. После ќе одите кај некој друг, а тој ќе ви се насмее љубезно во фаца, мислејќи дека сте луд и параноичен. Трет ќе ве обвини дека сте пратен од опозицијата да внесете смут во редовите на најголемите патриоти што ги родила оваа земја. Одете слободно и прашајте. Тоа е ваше право како граѓани. Е сега, друга работа е тоа што оттаму ќе излезете поразени од фактот дека и за овие патриотиве што денес владеат, некој прашања исто така не заслужуваат одговор. Топ Сикрет.

http://www.maktel.mk/kolumni-levo/item/1702-op-trt-vakcina-ili-smrt-manipulacijata-so-vakcinite
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Вакцинација: За демонизирањето на кравата, Сашо Тасевски и други научни еретици

Уште од воведувањето на првата вакцина и првото вакцинирање на населението, од Едвард Џенер, како и што секогаш бидува низ човечката историја кога се појавува ново движење, дали научно или социјално, – се појавило и првото анти-вакцинско лоби. Аферим! :)

Големите сипаници. Смртоносно заболување кое носело смрт и пустош неколку пати низ историјата. Џенер, англиски лекар и научник, забележал една интересна работа – молзачките на крави кои добивале кравји сипаници, болест слична на големите но многу помалку вирулентна, не заболувале од големи сипаници. И многу логично, Џенер го направил она што денес ни под разно не би смееле да го направите како научник – на 14. Мај 1796. намерно го инокулирал во двете раце, со вирусот на кравји сипаници Џејмс Фипс, детето на неговиот градинар, користејќи гној од меури од раката на молзачката Сара Нелмс, која се инфицирала со кравји сипаници молзејќи ја саканата ѝ крава Блосом (Цвет). Подоцна му инјектирал големи сипаници преку вариолација и болестта… не се јавила. Џејмс Фипс бил првиот кој се здобил со имунитет против големи сипаници преку метода многу посигурна од вариолацијата – вакцинација. И така од расцетаната рака на Сара настанала првата вакцина; едно од најголемите откритија во историјата на науката.
Џенер продолжил со своите истражувања врз поголем број испитаници и открил дека вакцинацијата е многу посигурен и подобар начин за заштита од големи сипаници – користејќи вирус од кравји сипаници. Резултатите ги рапортирал на Кралското Здружение за Медицина, кое, со истата претпазливост како и денешното, внимателно и темелно ги разгледала и испитала сознанијата за да дури во 1840. британската влада ја забрани вариолацијата и ја воведе вакцинацијата.
Но, како и денес, и тогаш постоело антивакциско лоби. Група на луѓе, кои се нарекле Antivaccine Society, ги убедувале граѓаните дека вакцината е штетна, опасна, дело на ѓаволот а Џенер негов следбеник, дека од вакцината ќе добијат кравји израстоци… :)
Да, се плашиме од она што не го разбираме!
Клик сите овде за да ги разјасниме работите.
А, за мрзите:
1. First things first: ‚‚Што се вакцини и зошто ги даваме?‘‘
Вакцините претставуваат биолошки препарати кои го подобруваат имунитетот (отпорноста) кон некоја болест. Често пати биваат умртвени или ослабени микроорганизми (бактерии, вируси) или нивни делови кои се доволно способни да предизвикуваат имун одговор кој ќе не штити од идни контакти со микроорганизмот но не се патогени т.е. не можат да ја предизвикаат болеста. И веднаш тука постои еден мит – дека е подобро да детето ја добие вистинската ‘природна‘ форма на микроорганизмот – така одговорот ќе биде подобар… Една работа – природната форма на микроорганизмот е природно дизајнирана да природно предизвика болест па и да предизвика смрт. Мислите дека вреди да се ризикува?!
Вакцините се еден од најгенијалните изуми на човештвото и на медицината воопшто. Со воведувањето на истите сме успеале голем број болести да ставиме под контрола, некои и да искорениме! Зошто денес веќе нема страв од пандемија со големи сипаници? Бидејќи е искоренета веќе неколку децении, токму со вакцинација! Зошто во Македонија веќе не се сретнуваат деца кои заболуваат од детска парализа? Бидејќи повеќе од 10 години е истата ерадицирана во државава како и во Европа и Северна Америка… Зошто животниот век е знатно продолжен? Зошто инфективните болести веќе не се водечката причина за смртност? Зошто процентот на компликации од одредени инфективни заболувања е фрапантно намален? Сетто тоа е благодарејќи на системската вакцинација.
Не дека се апсолутно безбедни, но со нив се превенираат голем број заболувања и нивни компликации, се намалува смртноста и се штедат огромни суми на пари. А ризикот од вакцинирање е неспоредлив со ризикот од, и тежината на, заболувањата кај невакцинирана популација.
2. Болестите почнале да исчезнуваат пред воведувањето на вакцините, поради добра санитација и хигиена.
Весна Симонова читкала некој од многуте сајтови со анти-вакцинско лоби кои ги повторуваат ама баш истите работи и податоци кои таа ги изнесе во јавната дебата. Но ако отворите некоја страна од тие сајтови – еве овој рецимо овој, за тој фамозен поранешен директор на NIH – Џејмс Ховенстајн:
http://www.newswithviews.com/Howenstine/james.htm
Проверете ги референците на тие текстови – ќе видите дека ќе ве однесат кон книги на познати теоретичари на заговори; книги кои се базираат на лични мислења, стравови и ставови…
Бидејќи не преферирам лични мислења, туку бројки, еве ви само неколку факти од многуте трудови кои ја покажуваат ефективноста на вакцинирањето:



Ете, последниов график е за вакцината против ротавирус, една од поновите… И тие да ти биле ефикасни…
3. Вакцините како причина за секоја болест за кој медицината и науката немаат многу појма. И наоѓање дупки во научните сознанија како оправдание.
Ги поврзаа вакцините со ама баш секоја болест за која научниците као појма немаат зошто и како настануваат. Автоимуни болести, рак, аутизам, дијабет…
Но не е баш дека научниците немаат појма… Има голем број откритија на полето на тоа кои се механизмите одговорни за настанување на овие болести и за сите тие е утврдено дека имаат повеќепричинска етиологија. Почнувајќи од генетска предиспозиција, бројни околински фактори, начин на живот…
Теоријата дека аутизмот е асоциран со вакцинирање, конкретно фокусот беше свртен кон МПР вакцината, е неточна. Има голем број научни трудови кои ја барале асоцијацијата и ниту еден не ја докажал поврзаноста на вакцинирањето со аутизам. Имаше еден труд пред некоја година, објавен во некој американски часопис кој е првиот чинам кој ја започна фамата, за кој подоцна се утврди дека всушност се должи на биас на истражувачот. Оваа година имаше ревијален труд кој пак – не најде никаква асоцираност.
Поврзувањето на вакцинирањето со аутизам е како да утврдите дека јадењето тост предизвикува сообраќајки, ако сте изеле парче тост утрото и сте тргнале на работа и направиле сообраќајка. Две работи кои по коинциденција се случиле во краток временски размак но немаат никаква поврзаност. Така и аутизмот најчесто се дијагностицира во временски период неколку недели/месеци по примање на вакцината против морбили, рубеола и паротит (МПР).
4. Моето детенце е мало и кревко а вие му бутате толку многу вакцини!
Утврдено е дека најдобар имунитет со вакцинирање се создава во одредени периоди на најмлада возраст. Затоа и всушност тие календари на вакцинација почнуваат толку рано (уште во родилиште). Втора причина е и што токму болестите и нивните компликации кои можат да доведат до смрт, од кои сакаме да ги заштитиме децата, се јавуваат токму во таа рана возраст.
Од друга страна, во вакцините, опфаќајќи го целиот календар, со сите вакцини, има околу 150 до 200 антигени. За споредба: едно дете секој ден доаѓа во контакт со 2000 до 6000 антигени. Почнувајќи од раѓањето кога доаѓа во контакт со надворешниот свет, неговиот имун систем веќе почнува да доаѓа во контакт со бројни бактерии и вируси кои стануваат дел од неговото тело. И тоа не е лошо! Тоа е одлично! Така нашиот имун систем се едуцира. Сметајте го тоа како идење во школо, за имуниот систем. Нашиот имун систем е способен да создаде 10 милијарди различни антитела. Барем така сметаат научниците врз основа на досегашните откритија. Не би било зачудувачки да овој број е многу поголем…
Се гледа дека г-дин Мицковски е доста начитан, но далеку од доволно… А и се прашувам што читал и каде читал и од каде му се податоците. Но не е само поентата да се чита. Туку како и да се тумачи тоа што се чита.
Еве еден пример за важноста на тумачењето: Некаде ќе прочитате дека големо внесување на вода може да доведе до труење на мозокот со вода. Што е точно, ако зборуваме за навистина голема хиперхидратација на организмот па последователно настанување на едем на мозочните клетки. Но некој ова ќе го протумачи како дека внесувањето вода е штетно. Некој ќе додаде и дека читал како внесување повеќе од еден литар вода подолг период, предизвикува предвремена смрт. Друг дека тоа не важи за дестилирана вода и таа е здрава да се пие, итн. И ете како митот, односно митовите се создаваат! :)
5. Ама содржат отровни супстанции!
Главни две супстанции кои се обвинуваат како најштетни во вакцините се живата и алуминиумот. Па г-ѓа Симонова тука дава еден податок да не застраши – живата е поопасна од оловото, најопасен елемент по ураниумот… Не се знаеле долгорочните ефекти освен дека предизвикува рак! Јас сум веќе заплашен! А вие? А се чувствувам малку и како Ханибал Лектор – вакцините биле и акт на канибализам.
Па да појасниме како примањето вакцина е помалку опасно од јадење неквалитетна туна или пиење млеко…
Живата во вакцините е присутна во презервативот Тимерасол во некои вакцини и други продукти уште од 1930та година. Верувањето на лобистите против вакцини дека може да ни наштети доаѓа од сознанијата за метил-живата која е најдена во риба и во околината и е токсична во високи дози. Живата во Тимерасолот е етил-жива која се разлага и го напушта организмот многу побрзо.
Од 2001 Тимерасолот веќе не се користи, освен во некои вакцини против грип за да се намали изложувањето на децата кон жива, иако станувало збор за исклучително ниски концентрации, во дозволени граници.
Што се однесува до алуминиумот, т.е. солите на алуминиум кои се користат во вакцините – тој е неопходен за да вакцината предизвика соодветен имун одговор – т.е. да има поголемо фајде од неа. Не е возможно да не бидеме изложени на алуминиум бидејќи е насекаде – во почвата, храната, воздухот, водата, мајчиното и млекото по формула… Всушност количината на алуминиумот во вакцините е еднаква на неговата количина во неполн литар млеко по формула.

A што се однесува до ‚‚заебаната супстанција‘‘ на Сашо Тасевски, наречена сквален – сквален е супстанца која се користи врзана за одредени сурфактанти како адјуванс во вакцините. А адјуванс е секоја супстанца во вакцината која го потенцира, зајакнува посакуваниот имун одговор. И навистина скваленот ја обавува таа функција. Што се случува понатаму со него… Верувам дека г-дин Тасевски знае што е холестерол. На тоа знаење додавам дека холестерол, преку ланостерол, се синтетизира од сквален.
А фала Богу дека имуниот одговор нема да застане тука откако ќе биде инициран (од антигенот, не баш од скваленот)… Си тера по својот пат, спрема муниција за наредниот пат кога ќе дојде во судир со микроорганизмот.
6. Ама јас сум ги прележал тие болести, зошто не може и моето дете? И некои болести не постојат веќе, зошто мора да го вакцинираме против нив?
Голем број на лобистите против користат една клише реченица: ‚‚Ама јас сум прележал и еве здрав и жив сум‘‘. Погледнете ја табелата погоре и видете ја разликата во бројот на заболени пред и по воведување на вакцинација и особено видете ја разликата во бројот на смртни случаеви. Толку.
А се вакцинираме против болести кои веќе не постојат (а прашајте се пак зошто веќе не гледаме случаи на детска парализа или пертусис или дифтерија…) бидејќи на тој начин се заштитуваме од нивно повторно враќање како секојдневни, чести болести во детството…
7. Имам право на избор!
Да, сите ние имаме право на избор. Но, според мене, изборот да не го вакцинирам своето дете е акт на себичност. Прво – ризик да детето заболи од сериозна болест и/или од некоја нејзина компликација бидејќи тој некој кој одлучил така не можел да го прифати многу, многу помалиот ризик од вакцината (некоја фебрилна реакција, дијареа или сличен синдром).
И второ – ризик за општеството. Постои нешто што се нарекува и имунитет на стадото т.е. групата. Тоа значи да – ако поголемиот број од нас, на пример 90-95% од нас се вакцинирани и имаат имунитет кон одредена болест ги штитат и оние малкуте кои немаат имунитет благодарејќи на тоа што повеќето од групата се отпорни и спречуваат пренесување. Но, за да функционира групниот имунитет мора да навистина голем процент биде вакциниран. Засега имаме висока покриеност со вакцини во Македонија и затоа веројатно оној мал процент кои одлучиле да не ги вакцинираат децата немале досега проблем… Но ако тој процент порасне, се плашам од тоа што може да случи – да наместо ги ерадицираме болестите, тие ни се вратат.
8. Дали фармацевтските компании заработуваат на наша мака?
Можеме да шпекулираме. Моето мислење е дека да и тука ете може да се согласиме. Така и отсекогаш било… Зошто е тоа така можеме да дебатираме уздуж и попреко – капитализам, дозволуваме да биде така, парите го вртат светов итн.
Но, ова во никој случај не смее да влијае врз нашето расудување дека вакцините СЕ корисни и се многу важен дел од превентивното здравство. А сметам дека многу малку и недоволно ѝ посветуваме внимание на превенцијата…
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.151
Поени од реакции
34.681
Какви се резултатите од студиите за безбедноста на коктел вакцините?
Кои се бенефитите за пациентот од примање на коктел вакцините?
(во однос на поединични вакцини со паузи меѓу нив, и не, болката од само едно боцкање не е аргумент)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Студијата која го поврзува аутизмот со вакцините е измама
British Medical Journal објавува дека студијата која тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам е добро разработена измама која направи долготрајна штета на општото здравје. Истражувањето кое го објави British Medical Journal откри дека авторот на таа студија, Dr Andrew Wakefiled, погрешно ги интерпретирал или ги изменил медицинските истории на сите 12 пациенти на кои ја базирај студијата во 1998 година - без никакво сомнение дека тој е одговорен за тоа. Британија му ја одземала дозволата за работа во мај годинава.
Неговата невалидна студија испаничи многу родители и доведе до остар пад во бројот на вакцинирани деца против морбили, заушки и рубеола. Процентот на вакцинирани деца во Британија нагло падна, достигнувајќи 80% во 2004. Бројот на заразени деца од морбили нагло се зголеми во следните години.
Во 2008 година во САД се пријавени повеќе случаи на морбили отколку во било која друга година од 1997 год. наваму. Повеќе од 90% од заразените деца не биле вакцинирани или не се знаело дали се вакцинирани.
„Но, подеднакво важно како овој ефект е енергијата, емоциите и парите кои се пренасочени од трудот да се разберат вистинските причини за аутизмот и како да им се помогне на децата и фамилиите кои живеат со тоа“, вели едиторијалот на BMH.
Wakefiled не можел да ги репродуцира резултатите наспроти критицизимот, ниту пак други истражувачи можеле да ги добијат истите резултати. Повеќето од неговите коавтори ги повлекле своите имиња од студијата во 2004 кога разбрале дека студијата била спонзорирана од правна фирма која планирала да ги тужи производителите на вакцини - сериозен конфликт на интересни кој тој не им го спомнал. По години контроверзија, the Lancet, престижното списание за медицина кое прво го објавило истражувањето, го повлече трудот на Wakefiled минатиот февруари.
Серијата на статии кои беа објавени минатата среда се истражувачко новинарство, не резултати на клиничка студија. Авторот, Brian Deer, изјави дека Wakefield ги „оформувал“ податоците пред него, „фалсификувајќи медицински истории на децата и во суштина измислувајќи слика, која беше сликата договорена да биде најдена од адвокатите во надеж да ги тужат производителите на вакцини и да се создаде страв од вакцините.“
Според BMJ, Wakefield добил повеќе од 435 000 фунти од адвокатите. Godlee изјави дека студијата покажала дека од 12-те случаи кои Wakefield ги истражувал во неговиот труд, пет имале проблеми во развојот пред да ја примат MMR вакцината, а три воопшто немале аутизам.
„Секогаш е тешко да се објасни измамата и како влијае на луѓето да лажат во науката“ кажа Godlee. „Но, по сѐ изгледа дека во позадина на ова стои финансиски мотив, во смисла на исплатата од адвокатите, како и преку легални грантови за помош кои тој ги добил, но и преку финансиски измами од кои се надевал дека ќе има придобивка преку дијагностика и други тестови за аутизам и проблеми поврзани со MMR.“

Објавено е во British Medical Journal дека е измама, the Lancet го повлекол трудот (секој кој барем малку се разбира во медицина ја знае тежината и значењето на Lancet), CNN го покрива ова. Ајде уште еднаш преиспитајте си ги идеите кои сте ги добиле од Сашо Тасевски, Слаџана Велков, Ивона Живкович и разни други „експерти“ кои успеале да стигнат до хостинг и сопствена интернет страна кај што ќе лупаат за злото на вакцините, а сите тие основани на една студија која во суштина е лага и чија побуда не е „доброто на човештвото“ туку пола милион фунти кои си ги ќарил авторот. Фармацевтската мафија е крива за се, а?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
--- надополнето: 21 декември 2013 во 12:29 ---
--- надополнето: 21 декември 2013 во 12:31 ---
--- надополнето: 21 декември 2013 во 12:32 ---
 
B

Bafra

Гостин
Студијата која го поврзува аутизмот со вакцините е измама
British Medical Journal објавува дека студијата која тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам е добро разработена измама која направи долготрајна штета на општото здравје. Истражувањето кое го објави British Medical Journal откри дека авторот на таа студија, Dr Andrew Wakefiled, погрешно ги интерпретирал или ги изменил медицинските истории на сите 12 пациенти на кои ја базирај студијата во 1998 година - без никакво сомнение дека тој е одговорен за тоа. Британија му ја одземала дозволата за работа во мај годинава.
Неговата невалидна студија испаничи многу родители и доведе до остар пад во бројот на вакцинирани деца против морбили, заушки и рубеола. Процентот на вакцинирани деца во Британија нагло падна, достигнувајќи 80% во 2004. Бројот на заразени деца од морбили нагло се зголеми во следните години.
Во 2008 година во САД се пријавени повеќе случаи на морбили отколку во било која друга година од 1997 год. наваму. Повеќе од 90% од заразените деца не биле вакцинирани или не се знаело дали се вакцинирани.
„Но, подеднакво важно како овој ефект е енергијата, емоциите и парите кои се пренасочени од трудот да се разберат вистинските причини за аутизмот и како да им се помогне на децата и фамилиите кои живеат со тоа“, вели едиторијалот на BMH.
Wakefiled не можел да ги репродуцира резултатите наспроти критицизимот, ниту пак други истражувачи можеле да ги добијат истите резултати. Повеќето од неговите коавтори ги повлекле своите имиња од студијата во 2004 кога разбрале дека студијата била спонзорирана од правна фирма која планирала да ги тужи производителите на вакцини - сериозен конфликт на интересни кој тој не им го спомнал. По години контроверзија, the Lancet, престижното списание за медицина кое прво го објавило истражувањето, го повлече трудот на Wakefiled минатиот февруари.
Серијата на статии кои беа објавени минатата среда се истражувачко новинарство, не резултати на клиничка студија. Авторот, Brian Deer, изјави дека Wakefield ги „оформувал“ податоците пред него, „фалсификувајќи медицински истории на децата и во суштина измислувајќи слика, која беше сликата договорена да биде најдена од адвокатите во надеж да ги тужат производителите на вакцини и да се создаде страв од вакцините.“
Според BMJ, Wakefield добил повеќе од 435 000 фунти од адвокатите. Godlee изјави дека студијата покажала дека од 12-те случаи кои Wakefield ги истражувал во неговиот труд, пет имале проблеми во развојот пред да ја примат MMR вакцината, а три воопшто немале аутизам.
„Секогаш е тешко да се објасни измамата и како влијае на луѓето да лажат во науката“ кажа Godlee. „Но, по сѐ изгледа дека во позадина на ова стои финансиски мотив, во смисла на исплатата од адвокатите, како и преку легални грантови за помош кои тој ги добил, но и преку финансиски измами од кои се надевал дека ќе има придобивка преку дијагностика и други тестови за аутизам и проблеми поврзани со MMR.“

Објавено е во British Medical Journal дека е измама, the Lancet го повлекол трудот (секој кој барем малку се разбира во медицина ја знае тежината и значењето на Lancet), CNN го покрива ова. Ајде уште еднаш преиспитајте си ги идеите кои сте ги добиле од Сашо Тасевски, Слаџана Велков, Ивона Живкович и разни други „експерти“ кои успеале да стигнат до хостинг и сопствена интернет страна кај што ќе лупаат за злото на вакцините, а сите тие основани на една студија која во суштина е лага и чија побуда не е „доброто на човештвото“ туку пола милион фунти кои си ги ќарил авторот. Фармацевтската мафија е крива за се, а?


Најпријателски совет: Појди во некое друштво на родители со деца кои имаат аутизам и прашај ги дали некое од децата е невакцинирано или сите 100% се вакцинирани. Како нивните деца се однесувале пред примање на вакцините и после примањето на некоја од вакцините.
А за фамацевтската мафија имаш владини податоци колку МИЛИЈАРДИ $ i Eur за казни досега имаат исплатено поради "лекови" кои биле во продажба за после да се докаже дека имале катастрофални последици по здравјето на луѓето.

Совет до луѓето ПРОТИВ вакцини: Според законот ДОЗВОЛЕНО ВИ Е ДА ОДБИЕТЕ ВАКЦИНИРАЊЕ. Значи слободно донесете си одлука ДА или НЕ и нема потреба насекаде да "трубите" за донесената одлука, бидејќи ниту сте подобри ниту полоши родители од другите. Секој родител го сака најдоброто за своето дете.

Слаѓана Велкова 50% од тоа што го збори се тотални глупости и опасни по здравјето. Посебно за дестилираната вода да пиете. НЕМОЈТЕ да ја пиете.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Најпријателски совет: Појди во некое друштво на родители со деца кои имаат аутизам и прашај ги дали некое од децата е невакцинирано или сите 100% се вакцинирани. Како нивните деца се однесувале пред примање на вакцините и после примањето на некоја од вакцините.
А за фамацевтската мафија имаш владини податоци колку МИЛИЈАРДИ $ i Eur за казни досега имаат исплатено поради "лекови" кои биле во продажба за после да се докаже дека имале катастрофални последици по здравјето на луѓето.

Совет до луѓето ПРОТИВ вакцини: Според законот ДОЗВОЛЕНО ВИ Е ДА ОДБИЕТЕ ВАКЦИНИРАЊЕ. Значи слободно донесете си одлука ДА или НЕ и нема потреба насекаде да "трубите" за донесената одлука, бидејќи ниту сте подобри ниту полоши родители од другите. Секој родител го сака најдоброто за своето дете.
Bafra, се имаме пеглано и порано на темава, ама мене не ми е јасно зошто НИКОГАШ не го земате како ФАКТОР влијанието на ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
Радијација, загадување (тешки метали, органохалогенирани соединенија, фталати, бензен...)
Друго нешто, премногу емотивно настапувате, сите!

Слаџана е идиот, али е добра за правење на бизнис.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.151
Поени од реакции
34.681
Bafra, се имаме пеглано и порано на темава, ама мене не ми е јасно зошто НИКОГАШ не го земате како ФАКТОР влијанието на ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
Нели е очигледно кој фактор бил пресуден, ако од напредно здраво право комуникативно дете, ВЕДНАШ ПОСЛЕ ВАКЦИНАТА СЕ ЈАВУВАВА АУТИЗАМ?

Нели нема ништо лошо ако се бара да се подобри квалитетот на вакцините, наместо нивно комерцијално искористување за профит, посебно со инсистирање на непотребни вакцини против се и сешто (стомачен грип, настинки, итн). Најстрашни (според сведочењата) се коктел вакцините, кои водат во листата на причинители за аутизам.



Слаѓана Велкова 50% од тоа што го збори се тотални глупости и опасни по здравјето. Посебно за дестилираната вода да пиете. НЕМОЈТЕ да ја пиете.
Не знам која е дотичната, ама дестилирана вода е ОПАСНА за пиење. Водата е моќен дилутант, и ако во неа природно нема минерали тогаш во водата ќе се растворат минерали/состојки од самото тело. Затоа дури и нормална секојдневна и обична вода, е опасна ако се испие во преголеми количини.
Затоа на тие што се занимаваат со напорни долготрајни спортски активности (планинарење или велосипедизам, чисто за пример) и пијат обилни количини вода, им се препорачува обавезно со пиењето вода да се јаде сушено овошје или други работи, за да се задржи балансот на електролити.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
51
Нели е очигледно кој фактор бил пресуден, ако од напредно здраво право комуникативно дете, ВЕДНАШ ПОСЛЕ ВАКЦИНАТА СЕ ЈАВУВАВА АУТИЗАМ?

Нели нема ништо лошо ако се бара да се подобри квалитетот на вакцините, наместо нивно комерцијално искористување за профит, посебно со инсистирање на непотребни вакцини против се и сешто (стомачен грип, настинки, итн). Најстрашни (според сведочењата) се коктел вакцините, кои водат во листата на причинители за аутизам.




Не знам која е дотичната, ама дестилирана вода е ОПАСНА за пиење. Водата е моќен дилутант, и ако во неа природно нема минерали тогаш во водата ќе се растворат минерали/состојки од самото тело. Затоа дури и нормална секојдневна и обична вода, е опасна ако се испие во преголеми количини.
Затоа на тие што се занимаваат со напорни долготрајни спортски активности (планинарење или велосипедизам, чисто за пример) и пијат обилни количини вода, им се препорачува обавезно со пиењето вода да се јаде сушено овошје или други работи, за да се задржи балансот на електролити.
Дотичната е главна надрилекарка во Македонија моментално...сите ги убеди да гледаат во сонцето, да се шетаат боси и да пасат трева (веганството е ин)...ајде некако да сфатам возрасни луѓе па нека прават што сакаат (доколку тоа не им нанесува штета, ама тоа никој нема да го признае бидејќи неа никој не ја контролира и може што сака да прави по facebook), ама родителите да ги трауматизираат децата со сирова исхрана, тоа ми е ван здрава памет.....и запаметете, билките и другите природни "лекови" што наводно лечат се и сешто може да бидат исто така ИСКЛУЧИТЕЛНО ОПАСНИ....зеолитот на пример е канцероген, а надрилекарката го препорачува на големо......
--- надополнето: 21 декември 2013 во 15:58 ---
http://zoran-vujcic.blogspot.com/2013/12/doktorka-velkov-i-hemija-u-potpunom.html
http://zoran-vujcic.blogspot.com/2013/11/bajka-o-sirovasu-njegovom-obroku.html
Повелете кој сака нека чита....;)..и не е ова оф-топик...ако надрилекарката тресе глупости за се и сешто, тогаш зошто да и верувам на тоа што го кажува за вакцините ?...кај Сашо Тасевски на facebook страната имаше тешка дискусија околу вакцините со 900 коментари...и самата таа се приклучи, арно ама кога ја "запукаа" со аргументи, студии и докази, си отиде како попарена...:noze:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom