Вакцини (општа дискусија)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.195
да не беа вакцините немаше да бидиме 7 милијарди.
мислам стварно да каже некој дека порано кога ги немаше подолго се живееше, нека оди да го касне куче со беснило или нека си закачи рѓосана шајка во ногата, па нека се јави.
за сипаници , туберколоза , детска парализа да не ни зборуваме.
ради нив и ги нема тие болести или ги има во третиот свет.
ама кога ке помислам што не крепи земјата мислам дека треба да има слободен избор, барем ке се изретчиме малце. нека се собери вересијата:facepalm:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
досега вакцините одлично се покажаа и ја завршија својата работа во пракса

е сега секој ден излегуваат теории за заговор,па така и вакцините дојдоа на таа тема како може да се создадени да наштетат,а не да помогнат.......којзнае допрва што ќе биде.......

јак имунитет го штити човекот од разни болести,меѓутоа за да го поседуваш треба да си овчар во некое подпланинско село каде ќе имаш идеални услови за живот(чист воздух,свежа вода,домашна храна,секојдневно пешачење по планините)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
досега вакцините одлично се покажаа и ја завршија својата работа во пракса

е сега секој ден излегуваат теории за заговор,па така и вакцините дојдоа на таа тема како може да се создадени да наштетат,а не да помогнат.......којзнае допрва што ќе биде.......

јак имунитет го штити човекот од разни болести,меѓутоа за да го поседуваш треба да си овчар во некое подпланинско село каде ќе имаш идеални услови за живот(чист воздух,свежа вода,домашна храна,секојдневно пешачење по планините)
Ни со идеални услови за живот не може да се заштитиш од сите болести.
А, во контекст и прилог на тоа што го пиша мкд владе
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: H8R
B

Bafra

Гостин
Боже, зарем и во 21ви век има некој кој верува на алтернативна медицина, тревки, бајачи и слично? :eek:

Вакцините претставуваат неверојатно откритие, тоа се ослабени антигени врз кои организмот формира антитела и се брани од евентуалните заболувања.
Животниот век порано изнесувал дааалеку под тие 80/90/100 години и од заразни болести умирале огромен број на население...
На милион случаеви само кај 10 личности можат да се јават несакани последици од вакцини кои не се нерешливи денес, така да то е неверојатно одличен број ;)

Ах да, некои вакцини како за детска парализа, тетанус, сипаници, туберкулоза ти се со закон задолжителни и кривично ќе одговараш доколку не си го вакцинирал потомството.
Друже ај кажи ми по кој закон кривично се одговара и кој барем во МКД одговарал за такво нешто ? Колку што сум слушал и читал по други форуми доволно е да кажеш дека одбиваш да го вакцинираш детето и изјава да дадеш.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Друже ај кажи ми по кој закон кривично се одговара и кој барем во МКД одговарал за такво нешто ? Колку што сум слушал и читал по други форуми доволно е да кажеш дека одбиваш да го вакцинираш детето и изјава да дадеш.
Исто и јас знам дека не е задолжително, иако така се претставува во јавноста. Со изјава од родител се решава работата.
 
С

Само Човек

Гостин
Најголемиот пронајдок бил да се земе гној од крава која умрела од беснило, да се стави отров со кој се убиуваат поголем дел од активните супстанци и сето тоа да се спакувува во шише и да и се даде име од 10 букви на секоја состоја од нив. БОГАМИ НАЈГОЛЕМ ПРОНАЈДОК СЕ ОВА ВАКЦИНИВЕ МАЈКЕ МИ. Еј и за животот порано веќе набројав луѓе кои раѓале на 130 години. А туберкулозата ја нема денес поради хигиенскиот живот. Иди во воденца како порано живеј и не ја проветрувај редовно 10000 вакцини нема да ти помогнаат.
 
G

galaxy

Дали си свесен што ќе се случи ако денес се прекинат сите вакцини? Можеби нема да умираат толку колку што умирале од истите болести во минатото, ама сепак ќе има безброј болни, запамети дека ова се заразни болести со висок индекс на ширење, секојдневно болниците ќе бидат полни со заразени.
 
Една вистина која послужила како темел за куп лаги, позната како вакцинација, е фактот дека цицачите кои заздравуваат од некоја инфекција стекнуваат природна отпорност кон истата.
Врз основа на таа вистина се родило едно верување дека ако еден надворешен антиген се вбризга во некоја индивидуа, се стекнува природна отпорност на повторна инфекција
Според истражувањето на Светската Здравствена Организација, објавено од НЗО во 1969 година, утврдено е дека луѓето кои се вакцинирале против мали сипаници биле изложени 14 пати повеќе да ја добијат болеста од оние кои не се вакцинирале. Истражувањето од 1985 кое се спровело под капата на американската влада, вели дека 80% случаи од мали сипаници се јавиле кај луѓе кои биле вакцинирани.
Пренесување на мали сипаници јасно е документирано помеѓу вакцинираните луѓе. При некои големи епидемии, 95% од случаите биле вакцинирани. (Federal Drug Administration) - 1992
● Graham Vilson е добро упатен во вакцините, тој бил директор на Британската лабораториска служба за јавно здравје: Ризиците кои ги пратат вакцините и серумите не се добро сфатени како што треба. Навистина, нашето знаење за нив е премногу мало и нецелосно.
Добитникот на Нобелова Награда др. John Enders од Харвард, изразил загриженост дека девојчињата кои денес се вакцинираат имаат поголеми шанси да ја добијат болеста кога ќе пораснат и почнат да имаат деца отколку природно да ја добиле болеста во детството. Наодите покажуваат дека вакцинирањето може да даде само делумна отпорност која не трае долго нити овозможува траен имунитет како природната инфекција.
Некои фармацевтски компании подржани од моќни индивидуи, заедно со поткупени научници и познати здравствени организации ги форсираат вакцините. Тешко е да се застане против оваа профитерска машинерија, или да се јави некој доктор кој не се плаши да го каже своето мислење и го предупреди народот за вакцините. Таков е др.James A.Shannon од Националниот Институт за Здравје кој вели: ЕДИНСТВЕНА СИГУРНА ВАКЦИНА Е ОНАА КОЈА НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ УПОТРЕБИ

ПС: мислам дека би требало да потпишуваме договор како во Германија дека самите ги сносиме последиците од вакцината.Во Германија вакцинирањето не е задолжително.. Ваљда Германците не се грижат за здравјето на народот. ТРЕБА ДА ИМАМЕ ИЗБОР,А НЕ ДА ПЛАЌАМЕ КАЗНИ ИЛИ НЕДАЈБОЖЕ ДА НЕ СТУГНЕ ОНА АМЕРИКАНСКОТО, АКО НЕ ГО ВАКЦИНИРАШ ДЕТЕТО ТИ ГО ЗИМА СОЦИЈАЛНОТО.СЕКОЕ ДОБРО
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Најголемиот пронајдок бил да се земе гној од крава која умрела од беснило, да се стави отров со кој се убиуваат поголем дел од активните супстанци и сето тоа да се спакувува во шише и да и се даде име од 10 букви на секоја состоја од нив. БОГАМИ НАЈГОЛЕМ ПРОНАЈДОК СЕ ОВА ВАКЦИНИВЕ МАЈКЕ МИ. Еј и за животот порано веќе набројав луѓе кои раѓале на 130 години. А туберкулозата ја нема денес поради хигиенскиот живот. Иди во воденца како порано живеј и не ја проветрувај редовно 10000 вакцини нема да ти помогнаат.
Може вака. Кога ќе имаш дете, не го вакцинирај за туберкулоза (пошто ти си најверојатно вакциниран). Обезбеди му ги најдобрите услови што можеш. Чиста средина, сонце, здрава исхрана, и после шрати го една недела во јасеново да има контакт со болни. Не треба повеќе, само една недела. Ако според тебе, вакцината нема никаков удел тогаш нема да заболи.

И да, голем пронајдок било. И е. На едноставен начин, брз и ефтин начин се спречува појава на многу заболувања.

А за тие твои луѓе кои раѓале на 130 години, каде постоеле, во Библијата? Ако постеле некогаш такви зошто не постојат и денес?
--- надополнето: 29 март 2012 во 13:51 ---
Една вистина која послужила како темел за куп лаги, позната како вакцинација, е фактот дека цицачите кои заздравуваат од некоја инфекција стекнуваат природна отпорност кон истата.
Врз основа на таа вистина се родило едно верување дека ако еден надворешен антиген се вбризга во некоја индивидуа, се стекнува природна отпорност на повторна инфекција
Ако е така зошто оние кои прележале некое заболување не се инфицираат пак од истото?
Зошто деца фаќаат сипаници и прележуваат а нивните родители, кои се грижат за нив не се разболуваат од истите, иако постојано се во контакт со причинителот?
Зошто од 10 девојчиња кои посетувавме пракса во болница и бевме во контакт со заболени од заушки, оние кои имаа прележано не им беше ништо, оние кои немаа - заболеа?

Ај што не веруваш во светски потврдени докази и општо призната литература, туку веруваш на рандом статии од некој гладен за внимание, ама не веруваш ни во примери кои секојдневно ти се пред очи. Па ни религиозни фанатици не се толку слепи мајка му стара. И тие прифатиле дека земјата не е плоча.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Kajgana Shop

На врв Bottom