Оп, трт, вакцина или смрт: манипулацијата со вакцините
Сашо Тасевски
Актер и писател
Никој не куртулил од боцкање. Сите се боцкаат и тоа од мали нозе, зашто едни чичковци и тетки нѐ учеле дека боцкањето е здравје, ако не си наркоман. Знаете, она, ако не се боцкаш ќе нафркаш гарант и тоа, од некои таму, не многу симпатични организми налик на гремлини што не се ни гледаат со голо око, ама кои биле страшно заебани ако ни се вотнат во крвта. Ги викаат вируси и бактерии. А ова е, погодувате, приказна за вакцините и мора да се прочита.
Ако латинското значење на зборот вирус е отров, тогаш вакцините би дошле нешто како противотров. Вакцинацијата претставува вбризгување на ослабени вируси од некоја болест во организмот на човекот со цел да го поттикне неговиот имунолошки систем да создаде нивни анти тела и лесно да ги победи кога се веќе ослабнати. Просто како грав. Затоа таа отсекогаш била ритуал од најголемо значење за секој добар родител кога веќе толку многу болести се накотиле на овој свет. Стари, добро познати како хепатит, сипаници, заушки, сезонски грип, магарешка кашлица, дифтерија, полиомиелитис, менингитис и некои понови, излезени на прошетка од одредени лаборатории како што се сидата, птичјиот грип, сарсот, антраксот, а еве, во последниве десет години и хјуман папилома вирусот изгледа го скинал ланецот, скокнал од епруветата и сега ужива да плаши малолетнички по светов. Наводно им се заканува со рак на матката, а родителите исто во паника ги боцкаат ли ги боцкаат. Нормално, кога децата, нели, се први на удар како најкревки во синџирот на исхрана на опаките вируси и бактерии. Затоа лекарите отсекогаш трубеле дека вакцинацијата е основен предуслов за здраво потомство, а повеќето родители ги голтале нивните зборови, цврсто убедени дека вакцинацијата го јакне имунолошкиот систем на децата за тој да може што полесно да се справи со евентуалните натрапници од светот на микроорганизмите. Ете зошто таа е со закон заштитена од државата и задолжителна за секој. И тешко на оној што ќе одбие да го вакцинира своето дете. Тоа одма може да се протолкува како обид за чедоморство. Но дали е тоа навистина така? Изгледа сите ние многу малку знаеме за вакцините и нивниот состав, па затоа без приговор го прифаќаме она што ни го советуваат лекарите и државата. Притоа не сме свесни дека можеби некој свесно ја злоупотребува таа наша доверба која а приори ја имаме кон државата и нејзините највисоки здравствени институции. Па кој луд би советувал да се вакцинираат децата и сите останати, ако вакцините се штетни? Е тука лежи зајакот.
Порано кога бев дете вакцинирањето исто беше задолжително како и денес, со таа разлика што тогаш примавме некои основни вакцини против одредени детски болести и тоа, отприлика до тринаесеттата година од животот и толку. Но денес кога го гледам картонот за вакцинација на копиљациве коса на глава ми се крева. Не се раат до осумнаесетата година. Вакцини и ревакцини, полна капа. Некои од нив задолжителни само за девојки. Како онаа дубиозна ХПВ-вакцина. Освен тоа, кога гледав како на моите деца им ставаат поливалентни вакцини (тоа е она кога одеднаш ги боцкаат за десет болести) и потоа, како во наредните два дена врескаат од болка или тонат од повишена температура, не можев, а да не се запрашам што е тоа што го добиваат преку игла во име на здравјето. И почнав да истражувам. Еве што открив.
Секоја вакцина содржи во просек од 80 до 120 различни супстанци, а кои не се наведени на пакувањето на вакцината. Или ако се наведени, наведени се само неколку. Останатите се тајна. Слатка тајна на производителот. За нив дури не знаат ниту институциите кои треба да ја одобрат вакцината на пазарот. Или знаат, но немаат право да го откријат тоа, дури и ако ги прашате по телефон или на друг начин. Така е. Производителите на вакцини не се обврзани да му ги откријат на органот кој треба да одобри една вакцина, состојките кои таа вакцина ги содржи. Такви договори потпишуваат со нив. Да го држат јазикот зад заби!
Во оние стотина супстанци кои ги вбризгуваат во крвта на нашите деца, покрај рекомбинантни, генетски синтетизирани вируси од некоја болест која е примарна цел на вакцината и кои пливкаат во раствор од кујнска сол, има и други вируси и бактерии, десетици конзерванси, емулгатори, стабилизатори, неутрализатори, пуфри, фосфати, карбонати и разни животински протеини. На пример, во полио-вакцината има култури од мајмунски бубрези, телешки серум, лакталбумин хидролизат кој е исто соединение со протеини и други сегменти од животни кои се туѓи на нашиот организам. Во вакцината против мали сипаници, заушки и рубиола има сместено пилешки ембрион и неомицин кој претставува смеса од антибиотици, а во вакцината против дифтерија, тетанус и голема кашлица се наоѓа многу токсичниот конзерванс ТИОМЕРСАЛ составен од два силни хемиски отрови, жива и алуминиум фосфат. Аха, има и жива, нека е жива! Таа во тиомерсалот е застапена со 48,9 проценти во чиста форма! Убиство од заседа! Ако некој сега каже дека тиомерсалот пополека се исфрла од составот на вакцините заради живата, не се секирајте, фармацевтските компании одма му нашле соодветна убиствена замена во конзервансите НАТРИУМТИМЕРФОНАТОТ кој има само 43,7 проценти жива и 2-ФЕНОКСИЕТАНОЛОТ кој заедно со живата уште побрзо ги оштетуваат бубрезите и нервите, со можност вашето дете да заболи од аутизам! Тука, во ова фино покерашко друштво кое игра во вашиот и животот на вашите деца, седи и ХИДРОЛИЗИРАНИОТ ЖЕЛАТИН, познат аѓуванс (помошник), кој предизвикува тврдокорни алергии. И замалку ќе заборавев, пустото! Вакцините содржат и една заебана супстанца наречена СКВАЛЕН, компонента чија задача е да го стимулира имунолошкиот систем, за што побрзо да одговори на антигените вотнати со вакцината. Кога скваленот ќе се вбризга во крвта го тера имунолошкиот систем да го нападне, но замислете, откако тој ќе заврши со него и антигените, одма не се исклучува, туку продолжува да ги напаѓа сите останати, здрави компоненти на телото, клетките, ткивата и органите. Ги растура ко дете ѕвечка!
За да биде појасна сликата за овие благодети, еве што се случува кога горенаведените силни хемиски отрови и метали ќе ги внесеме директно во крвотокот со вакцинација. Основно е што се заобиколува природниот пат на заштита на организмот, но најопустошувачки е тоа дека доаѓа до раздвојување на тие отрови од вирусите кои се во серумот. Точно, отровите побудуваат одговор на организмот или негова имуно-реакција, зашто ги препознава како туѓи супстанции, но во таа борба со нив тој се истоштува непотребно и остава доволно простор на вирусите и бактериите да влезат во клетките и својот генетски материјал да го инкорпорираат во веригата на ДНК и така ги инфицираат.
И сега се прашувате зошто се воведуваат нови и нови вакцини во овој посттранзициски период и зошто толку често се прогласуваат епидемии на свински и птичји грип, како што е тоа случајот и кај нас. Прво се прогласува епидемија, на сите медиуми таа е главна вест, а потоа по три дена започнува широка медиумска кампања за вакцинација на населението против истата. Потоа ќе чуете на тв-вестите дека владата преку министерството за здравство ќе купи стоипедесет илјади вакцини од некоја светски позната фармацевтска корпорација. За тоа време паниката е толку голема, особено меѓу повозрасната популација, што кога ќе стигнат вакцините, ред ми се тие редат за што побрзо да бидат имунизирани. И гледај чудо, набрзо епидемијата престанува, онака одненадеж, нели, штом медиумите решат таа да престане и остануваат уште осумдесет илјади неискористени вакцини за птичји грип. Малку подоцна едни префригани светски факмани објавија и докажаа дека птичјиот грип бил измислена приказна на Светската здравствена организација со цел, да ѝ донесе профит на една наднационална фармацевтска компанија чии сопственици стојат зад основањето и финансиите на Светската здравствена организација. Таа тоа никогаш не го демантираше, ама и не одговараше пред законот. Зашто тогаш ќе се откриеше целата завера, дека таа организација преку своите политички застапници во моќните држави ги уценува и нив, но и малите земји и нивните корумпирани влади да прогласуваат епидемии кога ги нема, а потоа да купуваат одредено количество вакцини од точно одредени произведувачи.
Тој скандал силно одекна во светот пред година или две и предизвика лавина протести, конвенции, семинари и научни трудови во кои се откри големата манипулација на која сме сите изложени, а во која најголем влог е здравјето на нашите деца. Да, одекна во светот, ама не и кај нас! Кај нас нема никаков одек кога се работи за сознанија кои што можат да загрозат поединци од власта и да ги откријат отстапките што тие им ги прават на регионалните и светски политичко-корпорациски мафијашки елити кои за возврат ги даруваат со големи провизии, но и несебично ги помагаат во задржување на власта преку задкулисна контрола на изборните процеси.
Не верувате? Знам дека повеќето од вас не веруваат, зашто секогаш е полесно да се сврти главата на страна и да се гледа работичката, платичката, да се оди на одмор и кога ќе дојде време, на изборите да се гласа за најдобрите. За оние кои никогаш нема да ви кажат дека додека ви зборуваат за социјална правда, вработување, хармонично семејство и здраво потомство, свесно ги трујат вашите деца со разни гомнарии кои им ги внесуваат преку храната и вакцините, а за кои никогаш нема да дознаете, дури и ако сте доволно луди да ги прашате. Ајде, појдете во фондот за здравство и побарајте да ви дадат детална документација за составот на вакцините со кои ги имунизираат децата и оние преплашени жртви на измислениот птичји грип. Тој бирократот пред вас од село Џепчиште или слично на него, ќе зјапа во вас пет минути пред да ви каже дека не ве разбира. После ќе одите кај некој друг, а тој ќе ви се насмее љубезно во фаца, мислејќи дека сте луд и параноичен. Трет ќе ве обвини дека сте пратен од опозицијата да внесете смут во редовите на најголемите патриоти што ги родила оваа земја. Одете слободно и прашајте. Тоа е ваше право како граѓани. Е сега, друга работа е тоа што оттаму ќе излезете поразени од фактот дека и за овие патриотиве што денес владеат, некој прашања исто така не заслужуваат одговор. Топ Сикрет.
http://www.maktel.mk/kolumni-levo/item/1702-op-trt-vakcina-ili-smrt-manipulacijata-so-vakcinite