Вакцини (општа дискусија)

Член од
22 јуни 2016
Мислења
119
Поени од реакции
204
Бенефитите од вакцините се далеку поголеми од ризикот. Немојте да помислувате да не ги вакцинирате вашите деца, зашто таа црна пропаганда е погубна за колективниот имунитет. Да не дозволиме морбидитет и морталитет од болести што се превенираат !
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.352
Немам појма кои вакцини сум ги примала, вакцината против хепатит б задолжителна е? Некој вакциниран за ова? Би се вакцинирале ли?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Немам појма кои вакцини сум ги примала, вакцината против хепатит б задолжителна е? Некој вакциниран за ова? Би се вакцинирале ли?
Агда пред неколку дена испадна информација низ порталиве низ цел балкан дека наводно голем орган на европската унија не памтам точно кој, јавно објавил дека е потврдено дека одредени вакцини кој се користат кај децата во земјите членки предизвикуваат аутизам, дегенеративни болести, канцери, психички проблеми и сл. Јас како дете ги имам примено сите и фала богу жив и здрав до денес, еден период имав цврст став за ова поради интересни факти и докази за опасноста од вакцините од големи стручњаци ама олабавив одкако почнав да ги ширам хоризонтите... Конкретно за твоето прашање, Да најпотребните, но и да настојуваме да се од сигурно потекло и безбедни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Не е лошо да се погледне документарецот
http://vaxxedthemovie.com/stream/
да се прочита и да се слушне што има да каже и Де Ниро, кој исто имал 18годишно дете со аутизам.
http://croative.net/muk-hrvatskih-medija-na-svjetski-skandalde-niro-razotkrio-cjepivo-mafiju-vrijeme-je-da-svijet-sazna-cijelu-istinu/
веројатно е вистина тоа дека постои линк, дека некои деца се поподложни и дека е покомплицирано одошто звучи. Дека е потребно да се открива вистината наместо да се турка под тепих.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Океј е, не си ги вакцинирајте децата. Дарвинова селекција ќе се погрижи да не се размножувате.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Прогласена ограничена епидмија на морбили во општина Гази Баба
– Морбилите што долги години не сме ги имале во Република Македонија, сега се појавуваат повторно. Тоа е вообичаена состојба во средини каде што имаме пропусти, односно имаме недоволен опфат на вакцинални постапки, истакна тој.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.810
Скроз ги разбирам родителите кои не си ги вацинираат децата тука. Зарем на Тодоров да му верувам?
Ако треба да му се верува, тогаш зашто сите тие ебани функционери од партијата негова си идеа/идат у Грчка, си плаќаат по 50-тина евра и таму ги вакцинираат?
Само што они знаеја кои вакцини тука се срање и за тие идеа таму, а народов ги нема тие информации.

Друго прашање е антивакцинациското движење.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
Прогласена ограничена епидмија на морбили во општина Гази Баба
– Морбилите што долги години не сме ги имале во Република Македонија, сега се појавуваат повторно. Тоа е вообичаена состојба во средини каде што имаме пропусти, односно имаме недоволен опфат на вакцинални постапки, истакна тој.
... аууууу не ми се верува ! :yid:
какво несоодветно означување, се знае што е епидемија, измислуваат поими „ограничена епидемија“?
аман бе, 5_те случаеви најмалку се пример да се користи зборот „епидемија“, број од 1 000 , 100 000 заболени тогаш зборуваме за епидемија алоооооо!!!!!! ограничени случаеви се само нормална појава и со мала резерва јас би тврдела дека тие деца се од Косово каде највероватно нема регулирана таква програма за вакцинација и ревакцинација :misticen:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934

Не е точно дека бројот го одредува терминот епидемија туку начинот на кои се заразиле. Инаку термин "ограничена епидемија" нема има спорадичи случаи, ендемија, епидемија и пандемија. Значи кој го кажал ова треба да се изјасни.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.087
Можам да кажам што би се случило ако растение не се третира со пестицид или ако семето не е претходно третирано со отров или ласерски како и да е, или не е произведено со одлики на отпорност кон одредени климатски влијанија или штетници. Ама не сум доктор така да информациите за вакцини само ги пренесувам.
Друго прашање е антивакцинациското движење.
Што се однесува до ова движење, ѓаол ќе го знае. Како со сировата храна или палео малео. Некои велат е во ред заради последиците, некои не, повторно заради други последици. Веројатно соодветен профил доктори треба ова да го следат и да дадат една анализа или веќе има анализи. Не ги следам баш тие писанија од сРанство.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.534
Поени од реакции
34.686
[QUOTE="StefusRefus, post: 8209092, member: 85569"]Не е точно дека бројот го одредува терминот епидемија туку начинот на кои се заразиле. Инаку термин "ограничена епидемија" нема има спорадичи случаи, ендемија, епидемија и пандемија. Значи кој го кажал ова треба да се изјасни.[/QUOTE]
,,...An epidemic is the rapid spread of infectious disease to a large number of people in a given population within a short period of time, usually two weeks or less. For example in meningococcal infections an attack rate in excess of 15 cases per 100,000 people for two consecutive weeks is considered an epidemic..,,
...точно дека бројот го одредува терминот епидемија ! :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
,,...An epidemic is the rapid spread of infectious disease to a large number of people in a given population within a short period of time, usually two weeks or less. For example in meningococcal infections an attack rate in excess of 15 cases per 100,000 people for two consecutive weeks is considered an epidemic..,,
...точно дека бројот го одредува терминот епидемија ! :)
Далеку од точно...пример во МК 2 случаи на полио меѓусебно врзани се епидемија...бројот е 0 со децении. А 1000 случаи на маларија може да не се епидемија ако биле например аџии од Мека и Медина и ја фатиле на Блиски Исток иако дури и може да е 0 инциденција претходната година...дефиницијата е поврзани случаи во иста област плус и треба да е се од иста област на набљудување и споредено со години...малку посложено е. Бројката е релативна а не апсолутна...си пишува во книгата поубаво ако си прочиташ понатаму ќе разбереш поубаво си има формули, модели итн... Ова е и како се користи тука во МК да си знаеш. Википедиа е ОК ама не значи дека важи и дека е целосна. Ти кажувам како се користи особено од Центар за Јавно Здравје и Институт за Епидемилогија во МК.
 
... не ми го кажувај нашето Јавно Здравје, кој воопшто не е засегнато дека цело население пати од пореметување на тироидеа, а немаат никаква програма за испитување на јодираноста во нашето опкружување, тие работаат само на повик таму имало труење....трчај земи примдерок види дали е салмонела,,,, таму имало поплава ....трчај ал водата е за пиење, па брзо хлорирај... јас си ги знам терминологиите и значењето на епидемија, ендемија и пандемија е сега феномените на различно толкување ќе се користи друг термин- израз, како нашиве граѓани го читаат Уставот па кој како му одговара го толкува ...
п.с.
тогаш по твое би требало Јавно Здравје да оди на терен за било како труење на пример со храна, нели? зашто тоа оди само и само ако има најмалку над 20 души во моментот затруени?а ако има друштво од 4 затруени со храна тие сами ќе си одат на инфективно за терапија и не е тема на Јавно Здравје? а ова што гледаш на ТВ со морбили имало двајца,пет или слично што мислиш здравствено толкување е? ма јок само политички поени и кажано со некоја цел !

цитирам...,,Согласно Законот за заштита на населението за заразни заболувања, вакцината против мали сипаници е задолжителна за лицата до 14 годишна возраст. Засега во скопските градинки и училишта нема случаи на морбили. Епидемија на мали сипаници имаше и во 2010/ 2011 кога заболеа повеќе од 900 лица. Морбилите имаат широка дистрибуција низ светот, а луѓето се единствените природни домаќини. Вакцинацијата против морбили во светот започнала во шеесеттите години на 20 век. Во 2000- тата година морбилите беа на петто место од причините за смрт кај децата ширум светот, со пресметани 777 000 смртни случаи..,,
...се знае што би било епидемија, сега ќе измислуваме топла вода ! пфффф:confused:
 
Ти кажувам што е со заразни болести. За незаразни има други критериуми и други институции се одговорни...инаку мешаш колоквиален термин со стручен. Пример ти е зборот Теорија едно значи во колоквиална смисла друго во научна исто е и со епидемија.
И не ставај политика во секоја манџа...☺
Инаку историски не очекувај пандемија како Црна Чума во 21век...хронични незаразни болести ти се сосема друг калибар и друг проблем. Тема е вакцинации а не тироида.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom