Вакцинирање против грип!

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
грипот претставува инфекција на дишните патишта предизвикана од вирус haemophilus influenca.

вирусот на грип е многу заразен и се шири со голема брзина,бидејки инкубацискиот период трае само 24-36 часа. се прнесува преку капки кои се исфрлаат при кивање и кашлање и во допир со контаминирани предмети. заразноста започнува 5 дена пред појавувањето на симптомите.

поентата ми беше...
започна вакцинирање против грипот, вакцината се препорачува и за деца веке од 6 месеци.

мене ми е у план вакцинава... ваше мислење???
 

babydol

Copy...
Член од
15 јули 2008
Мислења
1.561
Поени од реакции
92
ке се вакцинирам и јас, гледам ке биде долгааа студена зима, полна со вируси, грипови , бактерии...аууу страв да те фати
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Има некоја посебна процедура,упат од матичен лекар или нешто слично?Или само идеш,плаќаш и те вакцинираат?
 

пробистипка

малечка
Член од
13 август 2008
Мислења
2.026
Поени од реакции
130
и мене ми треба ваквинирање затоа што во зима ностоп имама грип и неможам да мрднам од кревет со денови
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
вакцината чини околу 500 ден,(барем минатата година беше толку). не треба упат или нешто слично само одиш си плакаш и толку! зависи уствари во која амбуланта се лечите,во мојата минатата година имаше и по таа цена... за оваа ке прашам па ке ве известам.:pipi:
 

Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
15
грипот претставува инфекција на дишните патишта предизвикана од вирус haemophilus influenca.

вирусот на грип е многу заразен и се шири со голема брзина,бидејки инкубацискиот период трае само 24-36 часа. се прнесува преку капки кои се исфрлаат при кивање и кашлање и во допир со контаминирани предмети. заразноста започнува 5 дена пред појавувањето на симптомите.

поентата ми беше...
започна вакцинирање против грипот, вакцината се препорачува и за деца веке од 6 месеци.

мене ми е у план вакцинава... ваше мислење???
Хемофилус инфлуенца е G- бацил, а, вирусот на грип е стриктно предизвикан од вирус на инфлуенца тип А, Б, Ц, кој може да го ослаби имунитетот па да фаворизира бактериска суперинфекција со бактериите - Хемофилус инфленце, стрептококус пневмоние, и с. ауреус...
Слични се имњата, но сепак има разлика... хемофилус инфленце бактеријата е причинител на горно респираторни инфецкии - синузити, акутните заушки, и епиглотитите.
Долно респираторните инфекции - бронхити и заразни пневмонии,. Гноен конјуктивит, и менингит кај новородени деца. И други инфекции...
Постои вакцинација и за оваа бактерија, чија полисахаридна компонента на прочистениот серотип Б се користи за подготовка на вакцина.
Сега кога разграничивме, вирус и бактерија, вакцинацијата против против грип, т.е вакцната, се поготвува секоја година од СЗО во зависност од епидемиолошките и вирусолошките податоци собрани низ светот.
Вакцината го превенира грипот кај 70-90% од здравите возрасни лица, помлади од 65год, се разбира доколку составот им соодветствува на циркулирачките соеви.
Кај постари и поосетливи лица вакцината е помалку ефикасна.
Меѓутоа токму кај нив, вакцинацијата против грипот ги превенира компликациите - се бележи редукција на пневмонија, хоспитализациите, и морталитетот.
Политиката на вакцинацијата и општите препораки се такви, што ваккцинацијата се препорачува кај:
-лица постари од 65год.
-лица со астма, бронхопулмонална диспазија и муковисцидоза.
-лошо третирани вродени кардиопатии, кардијална инсуфициенција, и тешки валвулопатии
-хронични и тешки болести на бубрезите
-лица со дијабет
-клеточни имуниодефицити, и кај лица со ХИВ
-деца и адолесценти, чиј статус бара подолготрајна тепапија со ацетил-салицилна киселина, Кавасаки синдром, и хроничен јувенилен артритис.
Вакцинацијата против грип, официјално се препорачува за здравствениот персонал кој е во посстојан контакт со ризични лица.
Кај бремени жени вакцинацијата официнално не се препорачува!
Дефинитивни контраиндикации се алергија кон овалбумин!!!
Привремени контраиндикации се акутни инфективни болести, во еволуција, и скорешна инјекција на гама глобулини.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Nema sansi da se vakciniram i pokraj toa sto imav problemi do plukata i seuste kaslam,no so prirodni preparati i antibiotik mi pomina bolkata vo gradite i problemite so disenjeto ,od doma ne mrdnav 10 dena,sega sum da kazam super i zemam odredeni vidovi na med:pipi:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Интересно размислување
http://www.8ka.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=326&Itemid=27

...Па, нели нема лек за вируси? Можеби има, ама само за овој вирус, и тој е експресно брзо произведен во „доволни количини“...? И тоа е - Тамифлу!
Можеби е време да се појават стручњаците, односно вирусолозите, и убаво да му објаснат на народот како Тамифлу делува на вирусот од свињите, и на кој начин врши „превенција“ од грипот. Или... можеби и вирусолозите се збунети...?

Нешто не е јасно во целата оваа работа со пандемијата со свински грип:

Прво, зошто само лабораторијата во Лондон е „овластена“ или „оспособена“ за дефинитивна дијагноза на грипот?

Второ, како работи таа, односно како го докажува присуството на вирусот?
Дали го „изолираат“ или дали го „докажуваат“ присуството на опасниот вирус?

И трето, зошто само „одредени центри“ во светот можат да кажат „да“ или „не“ за вистинитоста за постоење на болеста?!

Во целата оваа работа останува само да очекуваме кога светските власти ќе објават дека пандемијата на свински грип е „успешно совладана“, се разбира, благодарение на многу ефикасниот и добро продаден лек, Тамифлу.

Дотогаш, до новата пандемија на некој уште пострашен вирус, останува само добро набиениот страв кај повеќе од шест милијарди луѓе во светот, потрошувачи на лекови, против уплав, и учесници на светскиот панаѓур на измамата. ...
 
S

smart ass

Гостин
Четврто, иако интересно-не е мислење.

Денес експерти од цел свет потврдуваат и овие наоѓаат нешто "интересно"да ја лоботомираат рајата.

Новиов грип е група А и објаснив мислам,на секои 3-5 години составот на вакцината се менува.

еве и овде е добро кажано

т.е вакцната, се поготвува секоја година од СЗО во зависност од епидемиолошките и вирусолошките податоци собрани низ светот.
Нема конспираси...таква е природата...а и ние придонесуваме односно и ние влијаеме како мутагени(хербициди,пестициди,нуклеарни тестирања-најјакото 50 мегаона).

Значи нема да биде изненадување во наредниве 3-5 години да се јави нов дар од природата...па конспираси да речат-еее ви рековме за злите банкари,фармаци,градежници веселите гробари...појќе работа ќе имаат последниве:pos2:(они ќе преживеат-вирусот не ги тепа оти знае дека му помагаат т.е против вакцинирање и превентива се:vozbud:

)

nema sansi da se vakciniram , zlatni vitamini i nisto drugo ne mi treba:baeh:
Јас ќе побарам дупла доза-велат од вакцината IQ се намалувал за 10%....баш да видиме-ама дааај жити се од кај измериле...само параноја:tapp::tapp:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Четврто, иако интересно-не е мислење.

Денес експерти од цел свет потврдуваат и овие наоѓаат нешто "интересно"да ја лоботомираат рајата.

Новиов грип е група А и објаснив мислам,на секои 3-5 години составот на вакцината се менува.

еве и овде е добро кажано



Нема конспираси...таква е природата...а и ние придонесуваме односно и ние влијаеме како мутагени(хербициди,пестициди,нуклеарни тестирања-најјакото 50 мегаона).

Значи нема да биде изненадување во наредниве 3-5 години да се јави нов дар од природата...па конспираси да речат-еее ви рековме за злите банкари,фармаци,градежници веселите гробари...појќе работа ќе имаат последниве:pos2:(они ќе преживеат-вирусот не ги тепа оти знае дека му помагаат т.е против вакцинирање и превентива се:vozbud:

)



Јас ќе побарам дупла доза-велат од вакцината IQ се намалувал за 10%....баш да видиме-ама дааај жити се од кај измериле...само параноја:tapp::tapp:

а ти вакцината ја прими?
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
никако вакцина барем јас не се вакцинирам
кога германците се откажуваат од 2 милиони вакцини американците уништија 800 000 вакцини холандија ги распродава своите
така да зошто јас би се вакцинирал со нештно не квалитетно (за свинскиот Грип)

а едноставно никогаш не сум се вакцинирал од обичен грип затоа што може да се вакцинираш и пак да се заболиш
затоа што грипот мутира секоја сезона
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Smart ass... prekrasen post! Se slozuvam so tebe 100%.... iskreno.
Eve uste eden sto ke izgubi od inteligencijata! :nenene:
22.12.2009
WASHINGTON - US President Barack Obama and First Lady Michelle have got vaccinated for the A/H1N1 virus.
“People need to understand that this vaccine is safe,” Obama was quoted as saying on the official White House website. “Michelle and I just got the shots ourselves… we wanted to make sure nationwide that children were getting it before adults did. And now there’s enough vaccine so that adults should get it as well.”
The US president said children must be a priority for getting A/H1N1 shots and his two daughters got vaccinated in October.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom