грипот претставува инфекција на дишните патишта предизвикана од вирус haemophilus influenca.
вирусот на грип е многу заразен и се шири со голема брзина,бидејки инкубацискиот период трае само 24-36 часа. се прнесува преку капки кои се исфрлаат при кивање и кашлање и во допир со контаминирани предмети. заразноста започнува 5 дена пред појавувањето на симптомите.
поентата ми беше...
започна вакцинирање против грипот, вакцината се препорачува и за деца веке од 6 месеци.
мене ми е у план вакцинава... ваше мислење???
Хемофилус инфлуенца е G- бацил, а, вирусот на грип е стриктно предизвикан од вирус на инфлуенца тип А, Б, Ц, кој може да го ослаби имунитетот па да фаворизира бактериска суперинфекција со бактериите - Хемофилус инфленце, стрептококус пневмоние, и с. ауреус...
Слични се имњата, но сепак има разлика... хемофилус инфленце бактеријата е причинител на горно респираторни инфецкии - синузити, акутните заушки, и епиглотитите.
Долно респираторните инфекции - бронхити и заразни пневмонии,. Гноен конјуктивит, и менингит кај новородени деца. И други инфекции...
Постои вакцинација и за оваа бактерија, чија полисахаридна компонента на прочистениот серотип Б се користи за подготовка на вакцина.
Сега кога разграничивме, вирус и бактерија, вакцинацијата против против грип, т.е вакцната, се поготвува секоја година од СЗО во зависност од епидемиолошките и вирусолошките податоци собрани низ светот.
Вакцината го превенира грипот кај 70-90% од здравите возрасни лица, помлади од 65год, се разбира доколку составот им соодветствува на циркулирачките соеви.
Кај постари и поосетливи лица вакцината е помалку ефикасна.
Меѓутоа токму кај нив, вакцинацијата против грипот ги превенира компликациите - се бележи редукција на пневмонија, хоспитализациите, и морталитетот.
Политиката на вакцинацијата и општите препораки се такви, што ваккцинацијата се препорачува кај:
-лица постари од 65год.
-лица со астма, бронхопулмонална диспазија и муковисцидоза.
-лошо третирани вродени кардиопатии, кардијална инсуфициенција, и тешки валвулопатии
-хронични и тешки болести на бубрезите
-лица со дијабет
-клеточни имуниодефицити, и кај лица со ХИВ
-деца и адолесценти, чиј статус бара подолготрајна тепапија со ацетил-салицилна киселина, Кавасаки синдром, и хроничен јувенилен артритис.
Вакцинацијата против грип, официјално се препорачува за здравствениот персонал кој е во посстојан контакт со ризични лица.
Кај бремени жени вакцинацијата официнално не се препорачува!
Дефинитивни контраиндикации се алергија кон овалбумин!!!
Привремени контраиндикации се акутни инфективни болести, во еволуција, и скорешна инјекција на гама глобулини.