Мир во душата и здравје, зашто најмногу ми фалат, а најмалку ги имам. Останатите желби ми се преголеми за мои години ама знам дека ќе ги остварам, сепак не ги кажувам за да не ме бие малер ко увек што е.
1. Здравје (себеси, фамилијарно, на пријателите и на сите што ми значат, пред се)
2. Љубов (љубоморен да не сум :tv: да има мир во целиот свет, да се дружат, да не се караат пијаници, наркомани.... и плус општеството да се понашат убо спрема клошарите дека тие не се понашат )
3. Патување и пријатели (затоа што првото без второтo не ми оди)
4. Среќа (иако е релативна работа и понекогаш зависи од доброто расположение)
5. Успех (на приватен и на ученички план)
П.С. И сите форумџии да ми сте живи-здрави и весели и догодина ова време :smir:
Помалку да се чувствувам како asshole.
Да ми се врати самодовербата во полна сила.
И своето јас.
Да си повторам лекција себичност.
Да превземам целосна одговорност за сопствените одлуки и да ја зголемам одлучувачката моќ во сопствениот живот.
И помалку килограми на вагата.
А, и локали во кои ќе се игнорира законот против пушење.
И Нова Елка.
И то.
Скромна сум.
па, сакам да ми биде како што ми беше и 2009 година во рамките на здравјето, среќата, фамилијата и друштвото и секако факултетот, а тоа што би сакал да се измени е, среќно да се заљубам
Здравје,
Да најдам човек што ме разбира(или он мене да ме најде сеедно),
Да си ја завршам навреме годината и да не се влечкам со испити во јуни,а да,да си поминам убаво на апсолвентска(иако тоа од мене зависи најмногу),
Да ми се смират мисливе,
Да си ја искречам собата(плаво или резеда),
Насмевки,многу,најмногу,
Да истерам еден асален одмор...
Сакам само весели моменти.
Сакам да не ме мрзи да учам.
Сакам да го користам времето порационално.
Сакам нов компјутер.
Сакам убава маска за 1 април.
Сакам убаво место за 1 мај.
Сакам да исчистам година во нормален рок.
Сакам нови шорцеви.
Сакам да идам конечно на вистински одмор.
Сакам повеќе тегли со ајвар да направиме.
Сакам совршен 2 октомври.
Сакам да не ја точам зелката.
Сакам точак, зашто сакам да неам кола.
Сакам снег на 2 декември.
Сакам ваква тема али за 2011.
ако почнам да го тупам со желби 2 страни не ми стигат , туку ... за се шо сакам ќе си пробам сам да си се изборам. Ако не се изборам самиот значи не ме бива таму, ќе треба појќе да си се потрудам.
А од Дедо Мраз не барам нишо туку го викам на варено винце , да се стопли малце само по покриви ќисни ... за греота кутриот
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.