Клишето прво - сакам здравје и среќа и за мене и за семејството ми, и за другарите/другарките.
После, сакам да ја дотуркам оваа година овде, па да најдам за следната нешто поинтересно... Или во Женева, или во Лозана, или во Париз... Евентуално Брисел, ама нах...
Сакам да почнам да јадам месо... Ова се канам од лани, а оваа година никако не се охрабрив да ставам во уста
Сакам да фатам некој УБАВ Французин... Колку и да звучи невозможно да ги исполнува двете категории... Ете, не барам и да е бистар, или забавен, или богат. ЛОЛ
Сакам да ги воспитам Живко (мачорчето) да не ги кине тапетите
Сакам летоска да одам во Каб Верт! Значи, сакам да најдам работа месец два, за да соберам пари за карта.
Тоа, ваљда...
И сакам следната Нова Година да ја славам на некое топло место...
п.с. И нов пирс!