- Член од
- 7 март 2010
- Мислења
- 9.145
- Поени од реакции
- 25.281
01. WHIPLASH - Damien Chazelle (2014)
Страст. Тензија. Гнев. Љубов. Пот. Крв. Жртва. Непокор. Емоција. Џез. Екстаза.
Whiplash е филмиште!
02. DIRTY DANCING - Emile Ardolino (1987)
Нема кој не ја знае легендарната I've Had The Time of My Life. Е па темата е од филмов, со култната танц-сцена од крајот на Патрик Свејзи и Џенифер Греј. Се работи за љубовна драма, за двајца млади кои се светови оддалечени еден од друг, а поминуваат заедно едно лето во Кетскилс ресортот. Филм кој од почеток до крај е преполн со клишеа, во кој секој следен момент можете да го предвидите, кој однапред знаете како ќе заврши... А сепак, откако ќе го гледате, ќе сфатите дека сте имале time of your life!
03. SATURDAY NIGHT FEVER - John Badham (1977)
Еден култен филм од седумдесетите кој ги одбележа тинејџерските денови на милиони луѓе ширум светот, дури и децении потоа. Еден од двата филма кои го направија Џон Траволта култна тинејџ-икона ширум светот. Се работи за 19 годишниот Тони Манеро кој живее за саботните вечери во локалното диско каде е крал на клубот, благодарејќи на неговите елегантни танцови способности. Но надвор од диското сликата на неговиот живот не е така розева: Тони постојано се кара со неговиот татко и не може да се носи со угледот кој во неговото семејство го има брат му кој е свештеник. Не наоѓа задоволство ни во работата во малечка продавничка за бои. Работите се менуваат кога ја запознава Стефани Мангано во диското и тренира со неа за танцов натпревар во диското - нешто што ќе го смени животот на Тони од корен.
04. THE LEGEND OF 1900 - Giuseppe Tornatore (1998)
Приказна за Новеченто, преталентиран музичар и пијанист кој како мало бебе е оставен на брод, таму расне и живее целиот свој живот и никогаш се нема симнато на копно.
Оние што се запознаени со Џузепе Торнаторе ќе знаат што да очекуваат, а оние што допрва се запознаваат ќе почувствуваат едно магично и емотивно патување низ океанот во придружба на Тим Рот како Новеченто и неговата музика компонирана од маестро Енио Мориконе.
Посебно магична е оваа комбинација Торнаторе-Мориконе кои имаат соработувано на дури 13 филмови на италијанецот. Нема промашај.
05. FLASHDANCE - Adrian Lyne (1983)
Првиот филм во историјата кој имал вртоглав успех благодарејќи на MTV. Музичките продуценти на филмот и пејачите работеле многу брзо за по излегувањето на филмот да направат видеа за некои од песните во него, како „What a Feeling“ и „Maniac“ и да ги прикажат на MTV. Благодарејќи на тоа, заработката на филмот пораснала на 200 милиони долари, пред се од младата публика, иако во него немало ѕвезди, излегол во време надвор од празниците за лето и зима, и бил со ознака R. Подоцна филмот дури заработува и 4 номинации за Оскар и Оскар за најдобра филмска песна за „What a Feeling“. Ова е филм кој е неодминлив во овој поджанр кој се појави благодарејќи на Saturday Night Fever, а беше неизоставен дел од поп културата од седумдесетите па се до крајот на 20 век.
06. 8 MILE - Curtis Hanson (2002)
Многу рапери се појавија после филмов а Еминем уште толку си ја зацементира позицијата на најдобар рапер на сите времиња. Филм за еден талентиран рапер кој живее у камп приколка и едноставно кажано, го допира дното во секојдневниот живот. Ама, има талент за музика и тоа ќе го движи и мотивира никогаш да не се откаже од својот сон. Ова донекаде е и автобиографски филм каде Еминем се игра сам себе. Има Оскар за најдобра музика за песната пардон траката (извинете рапери) Lose Yourself која стана планетарен хит после филмов. Покрај Еминем, тука се и Ким Бесинџер и за жал прерано починатата и преубава Британи Марфи. Не мора да бидеш рапер за да го гледаш филмов.
07. TOMA - Dragan Bjelogrlić, Zoran Lisinac (2021)
Драган Бјелогрлиќ е подеднакво добар режисер каков што е и актер. Биографски филм за еден од најпопуларните боеми на Балканот, за многумина најдобриот фолк пејач Тома Здравковиќ.
Емотивна, носталгична приказна за животот на Тома почнувајќи од раното детство и почетоците во музиката, неговиот подем но и неговиот пад. Посебно ќе ја доживеете песната Љиљана кога ќе се запознаете со нејзината приказна и како е настаната. Ова е филм за сите љубители на господинот Тома.
Останатите, не верувам дека нешто посебно би ве заинтригирал ама ако ништо друго има една песна што е доста популарна по кафаниве, песната е од филмот да знаете.
08. SCHOOL OF ROCK - Richard Linklater (2003)
Откако ќе го избркаат од рок бендот во кој настапува, Дјуи Фин станува замена на наставник по музичко во приватно основно училиште, каде ќе се обиде да го претвори неговиот клас во рок бенд. Ако го читате ова, а уште повеќе ако го гледате трејлерот, ќе помислите дека ова е веројатно нај-чизи обид за филм некогаш направен, но ако тоа ви е изговор за да не го гледате, ќе згрешите многу!
09. THE MAMBO KINGS - Arne Glimcher (1992)
„The Mambo Kings“ (1992) е воодушевувачка драма која го следи животот на двајца кубански музичари кои се обидуваат да ја направат својата музика популарна во Америка за време на 1950-тите. Филмот се одликува со впечатливи музички перформанси и извонредни изведби, што го прави вистинско уживање за љубителите на музиката. Приказната исто така ја истражува емоционалната страна на имигрантскиот живот и предизвиците со кои се соочуваат ликовите. Со комбинација од страстна музика и длабоки лични приказни, „The Mambo Kings“ нуди богат и возбудлив увид во ерата и културата на тоа време. Овој филм е задолжителен за сите кои уживаат во добрата музика и човечките приказни.
10. THE DOORS - Oliver Stone (1991)
Филм за ликот и делото на еден од највлијателните и најпопуларните музичари во светот, основачот и фронтмен на Дорс, Џим Морисон. Мистер Моџо.
Во режија на Оливер Стоун го следиме неговиот живот од основањето на бендот до стекнувањето на светска слава, неговиот однос со девојка му, дрога, алкохол, рокенрол, Париз.
Вал Килмер неодоливо потсетува на Морисон, покрај него преубавата Мег Рајан и Кајл МекЛахлан како Реј Манзарек се главните актери.