ВОДИЧ НИЗ ГАЛАКСИЈАТА - ФИЛМСКИ КАТАЛОГ ЗА СОВРЕМЕНИ ТАПЧОВЦИ 2.0

Статус
Затворена за нови мислења.

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Romance 1.png

01 - 1. BEFORE SUNRISE - Richard Linklater (1995)
01 - 2. BEFORE SUNSET - Richard Linklater (2004)
01 - 3. BEFORE MIDNIGHT - Richard Linklater (2013)
1681490883780.png 1681490897683.png 1681490912831.png


Before трилогијата е уникатен спој на три филмови кои се снимени во период од 18 години. Before Sunrise е првиот од нив и започнува во еден воз кој движи накај Париз, воз во кој сосема случајно ќе се сретнат Џеси и Селин, едниот е американец студент писател а другата е французинка која оди на гости, ќе почнат да муабетат и ќе останат во Виена цела ноќ.
9 години подоцна, во буквална смисла на зборот, односно во 2004та е снимен Before Sunset, дејство сместено во Париз. И последниот Before Midnight, 9 години подоцна во Грција.
Итан Хок и прекрасната Џули Делпи се главните актери во оваа симпатична романса, ги следиме нивните рандом муабети, нивното заљубување, прошетки низ преубавите Виена и Париз, симпатичното грчко приморје. Филмови што дефинитивно го имаат облежеано овој жанр, омилени на многумина и слободно можам да кажам, филмови што се прва асоцијација за романтика.

02. ETERNAL SUNSHINE OF THE SPOTLESS MIND - Michel Gondry (2004)
1681490976524.png

Eternal Sunshine of the Spotless Mind е романса со научно-фантастични елементи која ќе отвори многу прашања во вашите глави, ќе ве натера да размислувате и ќе ве остави со едно bitersweet чувство кое не можам да го опишам со зборови. Освен романсата која ја гледате на површината тука, длабоко во сржта на филмот лежат и философски прашања за меморијата, спомените и за тоа дали заборавањето на лошите моменти може да донесе само добро, или дополнително ќе упропасти се. Ова е еден од оние филмови кои секој човек мора да ги гледа во животот. Неповторливо, уникатно искуство, максимално оригинално и екстремно сулудо кое ќе го помните цел живот, па дури и да отидете да ви го избришат од меморијата.

03. MIDNIGHT IN PARIS - Woody Allen (2011)
1681491027653.png

Замислете да имате времеплов и една ѕвездена вечер, сосем случајно да се најдете во Париз, крај Сена, во дваесеттите години од минатиот век, во кафе-бар заедно со Хемингвеј, Фицџералд, Дали, Пикасо и многу други уметници од тоа време! Не мора да замислувате, само пуштете го Midnight in Paris и препуштете се на авантурата на Гил (Овен Вилсон) кој во Париз бара инспирација за неговиот роман. И наоѓа! Ова е одличен филм, еден од најромантичните и најдобрите на Вуди Ален, филм кој ве води во едно незаборавно доживување и ве прави да се чувствувате како и ѕвездите надвор да се претвораат во такви како од сликите на Ван Гог, да мечтаете, да сонувате будни, да сакате и да сакате да бидете сакани! Знам дека ќе ви се допадне.

04. ABOUT TIME - Richard Curtis (2013)
1681491075686.png

Што би направиле ако добиете можност за втора шанса да ја исправите секоја грешка што сте ја направиле во животот?

Од режисерот на Love Actually, пред вас е уште едно ремек дело посветено на љубовта. Тим (Домнал Глисон) дознава од неговиот татко дека мажите во нивната фамилија можат да патуваат низ времето во нивниот сопствен живот. Соогледувајќи ја таа можност како шанса за подобар живот и за освојување на неговата љубов (Рејчел Мекадамс) Тим се впушта во користење на времепловот за поправање на сите неубави работи што би му се случиле.
Пред вас е симпатична feel good драма-романса, со примеси на фантазија, после која ќе сакате да поминете колку што можете повеќе време со вашите сакани. Доколку се пронаоѓате во вакви филмови, тогаш не треба да го пропуштите овој филм.

05. LOVE ACTUALLY - Richard Curtis (2003)
1681491122869.png

По-feel-good филм од овој нит бил снимен, нит ќе биде снимен. Совршен за секој период од годината, но најверојатно најмногу за новогодишните и божиќните празници. Одлична актерска екипа, се ѕвезда до ѕвезда, одлични скеч-приказнички кои ништо освен љубовта и по некоја случајна средба не ги спојува. И знам дека може да најдете тука милиони имперфекции. За мене тие се совршено сошиени една за друга за да создадат една перфектна целина (ова звучи баш ко: дали од ѓубре може да настане уметност. Одговорот е - може, нормално!). И не знам што да се каже, што и да кажам ќе биде сувишно. Ве сакам. Сакајте се и вие!

06. (500) DAYS OF SUMMER - Marc Webb (2009)
1681491176527.png

Романтична драма која го следи Том (Гордон-Левит), безнадежен романтичар кој верува во концептот на вистинска љубов и се заљубува во Самер (Зои Дешанел) која пак не верува во љубов на прв поглед. Она што гo издвојува филмот е неговиот стил на раскажување. Филмот патува низ времето (напред-назад), истражувајќи ги различните моменти од 500 дневната врска на Том и Самер што доведуваат до евентуален распад. Совршено го доловува чувството на заљубување и скршеното срце кое доаѓа со него. Генерално е романтичен и пред се реален филм, што ќе направи да уживате ама сигурно во еден момент ќе ве извади и од такт.

07. ANNIE HALL - Woody Allen (1977)
1681491228267.png

Специфичниот хумор препознатлив за Вуди Ален и комплексните ликови ја прават Annie Hall (не)обична романса за љубовта без розови очила. Алви Сингер, егоистичен интелектуалец и невротичен комичар, движејќи се меѓу егзистенцијалните прашања и емоциите се сеќава на неговата врска со шармантната Ени. Претенциозните разговори и саркастичните шеги се трошат и сѐ што некогаш било симпатично се претвора во нешто кое исцрпува. Во кој момент се крши љубовта?
Иако Ален вели дека има многу подобри филмови, сепак Annie Hall зад себе има четири оскари, вклучувајќи го и тој за најдобро сценарио. Згора на тоа, американското здружение на сценаристи го има прогласено за најсмешен филм на сите времиња. Затоа, кога од најмеките облаци ќе се симнете во реалноста - време е за Ени Хол!

08. HER - Spike Jonze (2013)
1681491272582.png


Кога вештачката интелигенција е во подем и популарен топик особено деновиве, филмот заслужено си го зазема местото во каталогот. И не само поради тоа, е уникатен приказ на една необична љубов во една блиска иднина каде Joaquin Phoenix, осамен писател, се заљубува во оперативен систем Samantha за кој го позајмува гласот Scarlett Johansson. Неконвенционална љубов со прекрасна кинематографија и оскаровска продукција која ќе ве впие и ќе ве прошета низ осаменоста, технологијата и што значи и може да биде љубов.

Ве оставам со рецензија напишана oд АИ за филмот. :love:

wot:
“Hey Samantha, please review the movie Her 2013 in a few sentences and make it sound like its the best romantic movie ever please”

ChatGPT
“"Her" is an exquisite masterpiece that delicately and intimately captures the essence of modern love in a rapidly changing technological age. The film explores the depths of the human heart and mind as it navigates through the complexities of love, loss, and self-discovery. With its heartwarming and soulful performances by Joaquin Phoenix and Scarlett Johansson, "Her" tells a captivating and emotional story that will leave you feeling both deeply touched and utterly mesmerized. This is undoubtedly the ultimate romantic movie of our time, and a must-see for anyone who believes in the power of love and the boundless potential of the human spirit.”

wot:
“Could you please translate this review in Macedonian?”

ChatGPT:
“Certainly, here's the translation in Macedonian:

"Her" е извонреден шедевар кој нежно и интимно ја зафаќа суштината на современата љубов во брзо менувачката технолошка ера. Филмот истражува длабините на човечкото срце и ум како што навигира низ сложеностите на љубовта, загубата и откривањето на себе. Со своите срцераскажувачки и душевни настапи на Хоакин Феникс и Скарлет Јохансон, "Her" раскажува зачудувачка и емоционална приказна која ќе ве остави истовремено длабоко разнежнети и потполно очарани. Ова е без сомнение најубавиот романтичен филм на нашето време и задолжително гледање за сите кои веруваат во моќта на љубовта и безграничниот потенцијал на човечкиот дух.”

Искрено, далеку подобро.

09. WHEN HARRY MET SALLY... - Rob Reiner (1989)
1681491330862.png

Сексот секогаш го уништува пријателството меѓу маж и жена. Маж не може да биде пријател со жена. Барем така верува Хари Брнс (Били Кристал).
Уште од моментот кога ја запознава Сали Олбрајт (Мег Рајан) меѓу нив се развива пријателство, ама заради своите искажани ставови Хари одлучува да не дозволи привлечноста што ја чувствува кон Сали да го уништи нивниот однос.
Може ли симпатичниот пар да ги избегне стравувањата на Хари? Можат ли да останат само пријатели или да си признаат дека се можеби совршени заедно.
Под режисерската палка на Роб Рајнер, ве очекува лесен, пријатен, забавен филм со одлични комични дијалози и одлична глума.

„Ill have what she`s having“ - најпознатата сцена од ресторанот, која веднаш се испиша во историјата на најдобрите реплики.

10. NOTTING HILL - Roger Michell (1999)
1681491380592.png

Нотинг Хил е населба во Лондон често посетувана од туристи заради живописната архитектура со многу галерии, ресторани, бутици, паркови, антикварници и книжарници. Токму во една од нив работи главниот лик (Хју Грант) кога една холивудска актерка (Џулија Робертс) ќе влезе за да купи книга. Како што и треба, нашиот книжар веднаш ќе се заљуби во неа и во настојување да го привлече нејзиното внимание ќе помине низ низа непријатни и комични ситуации.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Romcom 2.png

01. 10 THINGS I HATE ABOUT YOU - Gil Junger (1999)
1682440344846.png

Филмот ја следи приказната на две сестри, Кет и Бјанка, кои се сосема спротивни по личност и популарност. Бјанка е популарна девојка која сонува да се забавува со најпопуларниот дечко во училиштето, Џои (Ендрју Киган), но нивниот строг татко нема да и дозволи да се забавува додека не го стори тоа нејзината постара сестра Кет (Џулија Стајлс).
Камерон (Џозеф Гордон-Левит), нов ученик во училиштето, се вљубува во Бјанка на прв поглед и сака да најде начин да излезе со неа. Во приказната се вмешува и Хит Леџер во улогата на шармантно и лошо момче.
Мешавина од комедија и романса и филм кој дефинитивно го издржа тестот на времето. Со сигурност ќе ве насмее.

02. CRAZY, STUPID, LOVE. - Glenn Ficarra, John Requa (2011)
1682440415737.png

Романтична комедија која ќе ви го стопли срцето. Филмот има фантастична актерска екипа (Стив Карел, Рајан Гослинг, Џулијан Мур и Ема Стоун).
Фокусот на приказната е кај Кал Вивер (Стив Карел), средовечен маж кој е заслепен од барањето на неговата сопруга за развод. Изгубен и сам тој се наоѓа во потрега по утеха во локален бар каде што го запознава харизматичниот Џејкоб Палмер (Рајан Гослинг). Џејкоб се решава да му помогне на Кал и го зима под своја закрила за да го научи како да дејта после долги години надвор од играта. Кал и Џејкоб се сосема спротивни карактери, но и двајцата имаат што да научат еден од друг. Хемијата помеѓу Ема Стоун и Рајан Гослинг е.... неверојатна.

03. HOW TO LOSE A GUY IN 10 DAYS - Donald Petrie (2003)
1682440480101.png

Како да изгубите момче за 10 дена ја следи приказната за Енди Андерсон (ја игра Кејт Хадсон), писателка за женско списание, која има задача да напише статија за тоа како да изгубите момче за 10 дена. Шефот на Енди верува дека ова ќе биде хит кај читателите, бидејќи многу жени можат да се поврзат дека сакаат брзо да излезат од лоша врска. Во исто време, Бенџамин Бери (го игра Метју Меконахи), директор за рекламирање, се обложува со својот шеф дека може да натера секоја жена да се заљуби во него за 10 дена. Бен го гледа ова како можност да освои голем клиент и ја избира Енди за своја цел. Хемијата меѓу Енди и Бен е одлична, двајцата се шармантни и забавни. Приказната е едноставна и прекрасна која со сигурност ќе ве насмее.

04. KATE & LEOPOLD - James Mangold (2001)
1682440530777.png

Англиски благородник од 1876 поминува низ портал во времето и е пренесен во Њујорк во 2001. Резултатот е: огромен шок и за него и за тие кои ќе се „спријателат“ со него, многу комични сцени, и една љубов која не само што ќе помести граници, туку за која и ограничувањата на времето нема да бидат никаква пречка. Забавен ромком со прекрасните Хју Џекмен и Мег Рајан кој ќе ви измами многу насмевки. Задолжително четиво!

05. BRIDGET JONES'S DIARY - Sharon Maguire (2001)
1682440590010.png

Преку нејзиниот дневник ја запознаваме трапавата и хаотична но секогаш позитивна Бриџит и нејзините згоди и незгоди со љубовта, работата, семејството и пријателите. Улога како скроена за Рене Зелвегер, заедно во Колин Фирт и Хју Грант, без кого не може да се замисли романтичната комедија.
Секој од нас може да препознае еден свој дел во Бриџит и да се поистовети со многу од нејзините доживувања.

06. SILVER LININGS PLAYBOOK - David O. Russell (2012)
1682440647733.png

Бредли Купер во улогата на Пет Солитано, поранешен учител кој боледува од биполарно растројство и штотуку е пуштен од ментална установа.
Пат е решен да ја придобие својата отуѓена сопруга Ники и да си го врати стариот живот, но набрзо сфаќа дека тоа нема да биде лесно. Тој ја запознава Тифани (Џенифер Лоренс), мистериозна и проблематична жена која на прв поглед настапува непријателски кон Пет но набрзо и двајцата сфаќаат дека одлично функционираат. Едно слатко пријателство кое води до неочекувана романса. Трогателно истражување на менталното здравје и предизвиците што доаѓаат со него. Филмот нуди одличен приказ за поединците кои се борат со ментална болест и какво влијание има истата на нив и нивните најблиски.

07. IT HAPPENED ONE NIGHT - Frank Capra (1934)
1682440701877.png

За да биде со својот сакан, Ели бега од јахтата на татко ѝ но, на патот пред неа стои нова авантура. Ќе го запознае Питер, шармантен новинар кој набрзо ќе сфати која всушност е своеглавата, разгалена богаташка. Ѝ ветува дека ќе ѝ помогне ако му дозволи да ја објави нејзината приказна во весник, во спротивно ќе се јави кај татко ѝ. За да дознаете дали на крај Питер ќе го исполни своето ветување не губете време и впуштете се во ова спонтано патување. Под превезот на забавното ќе ви понуди остоумен хумор, а да се гледаат Клодет Колбер и Кларк Гејбл е вистинско уживање. Нека не ве предомислува годината - и покрај тоа што е снимен пред скоро 90 години, It happened one night останува еден од најслатките ромкоми и една од најдобрите комедии на карактери на сите времиња.

08. MY BIG FAT GREEK WEDDING - Joel Zwick (2002)
1682440745265.png

Семејството Портокалос по секоја цена се труди да ги зачува своите грчки корени и традиција, иако веќе со години живеат во Америка. Таткото Гус Портокалос сонува за денот кога ќе ја види својата ќерка Тула (Нија Вардалос) среќно омажена за Грк. Но нештата почнуваат за излегуваат од контрола, кога Тула, сосема случајно ќе го запознае младиот и згоден наставник Ијан Милер (Џон Корбет), кој е Американец и вегетаријанец.
Традицијата и конзервативното семејство од една страна и љубовта од друга страна.
Крајно симпатична и топла комедија, која топло ќе ве насмее и ќе ве расположи.
Доколку ви се допадне филмов, може да го погледнете и My big fat greek wedding 2 (од 2016), а веќе за септември 2023 година е најавено ново продолжение My big fat greek wedding 3.

09. FOUR WEDDINGS AND A FUNERAL - Mike Newell (1994)
1682440797031.png

Stop all the clocks, cut off the telephone, prevent the dog from barking with a juicy bone, silence the pianos and with muffled drum...

Погледнете го првиот филм на дуото Ричард Кертис (Love actually, About time) и Хју Грант, кој го доведе до статус на ѕвезда Грант, глумејќи го симпатичниот дечко од популарните забавни романтични комедии.
Во овој филм Чарлс (Грант) ја запознава Кери (Енди Макдаул) на една свадба на која е појден со своите пријатели кои се приказна сами по себе. Одма се појавуваат искри помеѓу нив, но за жал Кери треба да замине за Америка. Како што ќе поминува времето, ќе се среќаваат повторно, овој пат на други свадби пропратени со комичните испади на друштвото на Чарлс.
Дали ваква врска е возможна или е осудена на пропаст?
Откријте во овој солиден романтичен филм, како што знаат само британците да снимаат.

10. SERENDIPITY - Peter Chelsom (2001)
1682440865865.png

Џонатан (Џон Кјузак) и Сара (Кејт Бекинсејл) сосема случајно се запознаваат во продавница, додека и двајцата посегнуваат по ист пар црни ракавици од кашмир. Иако двајцата веќе се во врска, чувствуваат фатална привлечност, па го минуваат денот заедно. Пред да се разделат Џонатан предложува да разменат телефонски броеви, за да останат во контакт, а Сара предложува интересна „игра на судбината“. Таа е убедена дека ако им е судено, тие ќе го пронајдат патот еден до друг.
Барем таков им беше првичниот план.
Неколку години подоцна од судбината, ни трага, ни глас. И двајцата со други луѓе до себе, а тие не можат да престанат да мислат еден на друг и на таа магична средба.
Филмов ќе ве освои со топла атмосфера, интересна приказна и одлична глума, а редовно се наоѓа на листите за најдобри Божиќни филмови. Оваа романтична комедија ќе ве натера да поверувате во Божиќната магија, барем на 2 часа и да го видите светот на љубовта и фаталната привлечност низ очите на Џонатан и Сара.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.533
Поени од реакции
29.090
Drama 1.png

01. THE GREEN MILE - Frank Darabont (1999)
1683059975765.png

Адаптиран од истоимениот роман на Стивен Кинг, филмот не води на патување низ животите на затворските чувари задолжени за затвореници кои се осудени на смрт и еден извонреден затвореник кој поседува натприродни способности. Сместен во 1930-тите, филмот се врти околу Пол Еџкомб (Том Хенкс), чувар во единицата за смртна казна во затворот Cold Mountain. Кога Џон Кофи (Мајкл Кларк Данкан), затвореник осуден за грозоморно убиство, пристигнува во затворот, животите на чуварите засекогаш се менуваат. Додека тие се сведоци на чудесната исцелителна моќ на Кофи, се појавуваат сомнежи дали тој навистина е виновен. Зелената милја ги истражува темите на правдата, емпатијата и човечкиот капацитет за добро и зло. Режијата на Френк Дарабонт создава мрачна атмосфера која совршено ги надополнува темите и тонот на филмот.
„Зелената милја“ е филм кој истражува прашања за моралот и човечкиот дух. Ги поттикнува гледачите да размислуваат за природата на правдата, сочувството и влијанието што еден живот може да го има врз другите.

02. IKIRU - Akira Kurosawa (1952)
1683060052451.png

Икиру на јапонски значи да се биде жив, да се живее животот. Икиру е едно од ремек-делата на Куросава во кое се поставуваат прашања за смислата и начинот на живот, за наоѓањето на целта во животот. Но не на некое метафорично или алегориско ниво туку на еден секојдневен, разбирлив и начин препознатлив за сите. Затоа и по толку децении сѐ уште е актуелен и свеж.
Такаши Шимура феноменален во рољата на ситен општински чиновник кому ќе му биде дијагностициран рак. Тогаш го преиспитува своето икиру и одлучува да направи нешто убаво што ќе го остави на заедницата. Но за да ја оствари идејата треба да помине низ големите бирократски барикади од чиишто дел бил целиот свој работен век. На таа авантура ќе запознае нови ликови животот го живеат на сосема различни начини.

03. DEAD POETS SOCIETY - Peter Weir (1989)
1683060107276.png

"Oh Captain, My Captain!" е една од репликите кои ќе останат врежани во колективната меморија на сите филмофили во светот, и една од репликите кои секој наставник, професор, ментор би се гордеел да ја слушне од своите ученици. Лично за мене е реплика од која секогаш ме лазат морници. Нејзината моќ доаѓа од генијалното ремен дело на Питер Вир по сценарио на Том Шулман и уште погенијалната изведба на маестралниот Робин Вилијамс кого ќе го паметиме по многу нешта, а меѓу другото и по најдобрата улога на професор која некогаш сме ја виделе на филмското платно. Dead Poets Society се справува со периодот кога секој човек се обидува да се спознае и пронајде себеси, кога веројатно секој сфаќа дека животот е тежок, кога сме преплавени со емоции и кога секој пораз е како мал крај на светот. Питер Вир создава едно генијално, инспиративно дело кое ќе ве врати во тоа време кое сите ние сме го проживеале, и кое верувам ќе ве натера да посакате да се вратите во школските клупи. Филм кој заработи многу награди и номинации за Оскар меѓу кои за најдобар филм, режија и глума за Робин Вилијамс. Филм кој ќе ви каже дека животот е убав, а дека убавината најчесто доаѓа од малите нешта со кои сме опкружени, меѓу кои и поезијата. Филм кој МОРА да го гледате!

04. TRAINSPOTTING - Danny Boyle (1996)
1683060165952.png

Одбери живот. Одбери работа. Одбери кариера. Одбери семејство. Одбери ебано голем телевизор, одбери машини за перење, автомобили, CD плеери и електрични отворачи за конзерви. Одбери добро здравје, низок холестерол и забно осигурување. Одбери отплата на хипотеките со фиксна камата. Одбери дом. Одбери пријатели. Одбери облека за рекреација и соодветен багаж. Одбери изнајмен триделен костим од голем избор на ебани ткаенини. Одбери да направиш сам и да се прашаш кој по ѓаволите си ти, секоја недела наутро. Одбери да седиш на тој кауч и да гледаш гејм шоуа што ќе ти го отепаат умот и уништат духот, притоа полнејќи ја твојата уста со џанк-фуд. Одбери да изгниеш на крајот од сето тоа, да се измочаш до крај во твојот мизерен дом, и ништо повеќе од сјебаните себични дечишта што ги направи за да те заменат тебе. Одбери ја твојата иднина. Одбери живот... Одбери го филмот по кој го крстивме нашиот Moviespotting. И не барај причини за ништо. Кому му треба ебана причина за да ужива?

05. PERSONA - Ingmar Bergman (1966)
1683060223306.png

Пред да се запрашате кој старец ја правел листава штом сеуште има шведски црно бели филмови со долги кадри и отворени за интерпретации сцени не заборавајте дека каталогот е праг кој мора да го поминете за да не сте филмски тапчо и навистина би биле ако ја скокнете оваа драма која како сетинг поставува позната актерка која изненадно престанува да зборува изглумено маестрално од Liv Ulman и нејзината лична медицинска сестра поставена да се грижи за неа и преку таа која покасно ќе настане комплексна врска, преку таа ситуација филмот продолжува да истражува теми како личен идентитет, автентичност, психолошки спреги, маските што ги носиме пред светот па се до смислата на постоењето. Режиран од неповторливиот Ingmar Bergman и иако црно бел и мрачни теми, филмот сепак има фанстастична сценографија и преубави кадри кои ќе ве прогонуваат. Филм кој инспирирал илјадници после негои ќе продолжи да го прави тоа, премногу битен филм за да биде пропуштен.

06. ALL ABOUT EVE - Joseph L. Mankiewicz (1950)
1683060274796.png

Дали секогаш „целта ги оправдува средствата“?
Филм за борбата како да се „успее“ во животот. Испреплетени интриги, замки и уцени.
Ив (Ен Бакстер) со воодушевување ги следи настапите на нејзиниот идол (Бет Дејвис). Трогната од животната приказна на Ив, Марго и помага да навлезе во светот на глумата. Додека чекори кон патот на успехот Ив започнува да го „краде животот“ на Марго.
Но што се случува кога ќе се достигне врвот? Дали вреди да се прегазат другите за да се стигне на врвот? Дали тоа може да не исполни и да не направи среќни?
Филм кој ќе ви постави суштински животни прашања и на крај ќе ви долови одлична животна лекција.
И покрај тоа што е снимен во 1950 година, плени со свежина, одлична глума, прекрасни дијалози и убава приказна. Освојувач на 6 Оскари (меѓу кои и за најдобар филм), а сеуште го држи рекордот (заедно со Титаник) за филм со најмногу номинации, вкупно 14.

07. AMERICAN BEAUTY - Sam Mendes (1999)
1683060321750.png

Лестер Брнхем (Кевин Спејси) е човек кој наизглед има се, а всушност неговиот живот под површината се распаѓа. Фасадата за среќно семејство крие фрустрации заради неостварени желби, амбиции, стравови, несигурност и осаменост. Ова е приказна за животот на обичниот човек, чија среќа е одглумена, а самотијата скриена помеѓу ѕидовите на семејната куќа.
Спој на драма, сатира и трагедија. Модерното американско друштво, семејниот живот, генерациски разлики, кариеризмот, опсесија, успех, потрагата за среќа, љубов и убавина. Станува збор за филм кој има статус на класика и во никој случај не би требало да го пропуштите.
Освојувач на 5 Оскари и 3 Златни глобуси. Совршена комбинација на добро сценарио, сценографија, одлична глума и фотографија и сето тоа под контрола на режисерската палка на Сем Мендез (Road to Perdition, 1917, Revolutionary Road, Skyfall).

08. AWAKENINGS - Penny Marshall (1990)
1683060372135.png

Роберт Де Ниро и Робин Вилијамс се главните актери во оваа биографска драма за еден доктор кој работи во болница поточно во едно одделение со пациенти болни од енцефалитис, воспаление на мозокот што оставило последици кај пациентите така што останале во кататонична состојба неколку години. Докторот Малколм Соер ќе проба да ја смени таквата состојба на пациентите така што ќе тестира еден нов лек по кој нивната состојба ќе почне да доживува позитивни промени.
Една преубава и доста емотивна драма која вреди да се изгледа барем еднаш во животот. 3 номинации за Оскар и незаборавни актерски изведби од Де Ниро и Вилијамс. Секоја препорака.

09. KRAMER VS. KRAMER - Robert Benton (1979)
1683060412441.png

Крамер против Крамер или Дастин Хофман против Мерил Стрип. Тие ги толкуваат улогите на сопружниците кои ќе завршат на суд во војната за старателство и за љубовта на нивниот единствен син. А велат, во војната и љубовта дозволени се сите средства. Низ борбата прикажани се комплексноста на семејните односи, љубовта, загубите и жртвите што треба да се поднесат за семејството да функционира нормално. Безвременски теми во овој безвремен класик.

10. JAGTEN / THE HUNT - Thomas Vinterberg (2012)
1683060470735.png

Данска драма што предизвикува размислување, филм кој навлегува во темните длабочини на човечката психолохгија и катастрофалните последици од лажните обвинувања. Приказната го следи Лукас (Микелсен), тивок и почитуван учител во градинка во тесно поврзана заедница. Кога една млада девојка, Клара, прави лажно тврдење против него, обвинувајќи го за несоодветно однесување, животот на Лукас добива ужасен пресврт. Гласините се шират како шумски пожар, Лукас се наоѓа отфрлен и ловен од неговите поранешни пријатели и соседи. Филмот маестрално ги истражува темите на моќта на лагите и уништувањето предизвикано од слепото верување.
Актерската екипа е одлична која е надополнета со фантастичната режија на Томас Витенберг.

11. INCENDIES - Denis Villeneuve (2010)
1683060519767.png

Death is never the end of the story. It always leaves tracks.
Потресна, интимна драма за жртвувањето, искупувањето и луѓето кои ни се најблиски, а најмалку ги познаваме. По отворањето на тестаментот на Навал, близнаците Жан и Симон ја дознаваат последната желба на нивната мајка - да го пронајдат татко им, за кој дотогаш мислеле дека е мртов, и братот за чие постоење ќе разберат во тој момент. Во растојанието меѓу трите точки стои големата тајна која долгото трагање по вистината ќе ја одвие за да може да го затвори кругот.

12. WHO'S AFRAID OF VIRGINIA WOLF? - Mike Nichols (1966)
1683060594675.png

Четири години по театарската премиера на драмскиот текст на Едвард Олби, Мајк Николс го режира филмот кој ќе добие 5 оскари и (благодарение на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон) ќе стане асоцијација за извонредна глума и репер за овој жанр. Со пристигнувањето на младиот брачен пар Ник и Хани во домот на Марта и Џорџ, клопката е поставена. Малку по малку тегобноста и тензијата ќе достигнат точка на вриење и на површина ќе ги извадат суровоста, бесните надмудрувања и понижувањето кое стои меѓу депресивниот интелектуалец и неговата доминантна сопруга, двајцата оддадени на пороци. Домот се претвора во арена каде сопружниците ги одмеруваат силите преку непрекинати расправии, а зародишот на агресијата е скриен во длабоката, лична несреќа. Кој се плаши од Вирџинија Вулф? Вистинското прашање гласи - а, кој не?

13. IN THE NAME OF THE FATHER - Jim Sheridan (1993)
1683060649602.png

Вистинска приказна за Гери Конлон, млад ирец кој за време на еден бомбашки напад во Лондон ќе се најде на погрешно место во погрешно време. Ќе биде уапсен и заедно со уште 3ца ќе бидат осудени на доживотни затворски казни. Веднаш потоа како наводни соучесници во нападите ќе бидат уапсени неговиот татко Џузепе и уште неколкумина блиски луѓе.
Еден од најдобрите европски филмови во режија на Џим Шеридан со ненадминливиот Даниел Деј Луис во главната улога. Ема Томпсон и Пит Постелтвајт ја комплетираат главната актерска постава. Сите тројца имаат номинации за Оскар од вкупно 7те што ги заработи оваа ирска сага. 189то место на имдб топ 250 листата. Must watch.

14. THE ELEPHANT MAN - David Lynch (1980)
1683060699764.png

I am not an animal! I am a human being!

Откријте ја незаборавната и трагична судбина на Џон Мерик, деформиран човек на кого единствна мана му е неговиот изглед. Погледнете го овој филм од Дејвид Линч, базиран врз вистинската приказна на човекот со огромно срце. Прекрасната актерска екипа ја сочинуваат Ентони Хопкинс како докторот, Џон Херт како најнесреќниот човек во Англија во XIX век и Ен Бенкрофт.
За сите љубители на драми и tearjerkers, овој филм е токму за вас.

15. THE CURIOUS CASE OF BENJAMIN BUTTON - David Fincher (2008)
1683060760884.png

Уште едно ремек дело на Дејвид Финчер. Бред Пит во улогата на Бенџамин Батон кој е необичен човек кој старее назад. Филмот ги истражува темите на љубовта, загубата, смртноста и неизбежнoтo минување на времето. Приказната е горчлива и слатка, оставајќи ги гледачите да размислуваат за кревкоста и убавината на самиот живот. Бред одлично ја доловува суштината на уникатното постоење на Бенџамин, покажувајќи ја неговата радост, тага и длабокото влијание што го има врз луѓето околу него. Со сигурност ќе ве остави да размислувате за секој минат момент во животот и колку тие моменти се драгоцени.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
16. NEVER LET ME GO - Mark Romanek (2010)
1683060856808.png

Според истоимениот роман на Казуо Ишигуро, Never Let Me Go е прекрасна дистописка alternate history драма за тројца пријатели кои живеат во еден суров, многу суров свет, во кој нечии животи вредат повеќе од животите на некои други, попривилегирани да се родат... поинаку. Feels familiar?

Ова е филм за кој е најдобро ништо да не знаете пред да го гледате. Филм за кој не се потребни очекувања, зашто од едно место ќе ве фрли во сосема друга насока, изместувајќи ги вашите погледи од корен, и притоа ќе ве натера да чувствувате (повторно!?). Затоа ќе сопрам тука, и само ќе ви дадам еден совет: ќе ви требаат марамчиња покрај вас.

Уживајте! Можете.

17. MELANCHOLIA - Lars von Trier (2011)
1683060917674.png

Меланхолија е одличен влез во експерименталниот правец на филмската индустрија и е сигурен начин да се запознаете со Lars Von Trier. Драма која се одвива околу две сестри од кои една треба да има свадба но е депресивна и сите околу неа пробуваат да ја одржат во живот како посилни, но кога доаѓа крајот на светот работите почнуваат да изгледаат различно за секого. Драма за љубовта, за конфронтацијата, за битноста на фамилијата кога сме очи во очи со сигурна смрт и како справување со тоа. Во главна улога Kirsten Dunst која прикажува града за во историјата на филмовите покрај оскаровски вредната глума, Alexsander Skarsgard, омилената на Trier - Charlotte Gainsbourg и Kiefer Sutherland. Филм со прекрасна фотографија, филм полн со метафори за човечката психа и стравови, истражувајќи ја комплексноста на егзистенцијата и бидувајќи смртен, филм за дождлива Недела со чај.

18. DET SJUNDE INSEGLET / THE SEVENTH SEAL - Ingmar Bergman (1957)
1683060977301.png

Играјте ја најопасната партија на шах, игра во која цената е сопствениот живот. Вашиот противник е Смртта лично.
Приказната го следи Антониус Блок, витез кој се враќа дома од Крстоносна војна. По пат, придружуван од својот прислужник сретнуваат многу различни карактери кои му побудуваат многу прашања и дилеми во Антоиниус поврзани со религија и смилсата на животот.
Прекрасен филм на Ингмар Бергман кој ќе ве остави без зборови. Црно белата кинематографија е само шлаг на тортата за овој филм.

19. THE REVENANT - Alejandro González Iñárritu (2015)
1683061025997.png

Зошто треба да го гледате? Затоа што е омилениот филм на Џонтра, кој го фали во секоја прилика. :D
Во режија на Алехандро Гонзалес Ињариту, филмот е вознемирувачко филмско искуство кое ги потопува своите гледачи во брутална приказна за преживување и одмазда. Оваа епска драма плени од почетната сцена до врвниот крај. Сместен во непростливата американска дивина во 1820-тите, филмот го следи Хју Глас (Леонардо ди Каприо), ловец на крзно, кој е оставен во дивината од неговите другари по нападот на една мечка. Поттикнат од непопустливата волја да преживее и поттикнат од потребата за одмазда против оние што го предале, Глас тргнува на преживувачко патување низ снежната пустина. Леонардо ди Каприо испорачува неверојатна изведба како Хју Глас, прикажувајќи ја агонијата, решителноста и издржливоста на неговиот лик. Неговата физичка способност и посветеност на улогата се за пофалба, бидејќи тој трпи ниски температури и брутални повреди во потрагата по правда. Настапот на Ди Каприо му донесе Оскар за најдобар актер. Контроверзна награда за многумина бидејќи Ди Каприо имал и многу подобри филмови. Визуелните ефекти се маестрални за кој голем дел беа заслужни нашите дечки од FX3X.

20. PATERSON - Jim Jarmusch (2016)
1683061087076.png

Филм за една недела од животот на младиот Патерсон од градот Патерсон, Њу Џерси. Тој е човек кој го живее животот рутински, до таа мера што успева да се разбуди секој ден во исто време без употреба на аларм. Во паузите од неговото copy-paste секојдневие, Патерсон пишува поезија во една тетратка која секаде ја носи со себе... И слично како неговиот едноставен и повторлив живот, така и овој филм е едноставен и одговорот на прашањето што се случува можете да го најдете токму во него: тој не значи ништо, тој едноставно Е! Џим Џармуш тука создал едно ремек дело кое со својата едноставност ја слави филмската уметност можеби повеќе од било кој друг филм. Она што тој нам ни го дава е истото што и поезијата нам ни го дава - спознанието дека вредноста е во малите нешта, убавината на животот е во малите, едноставни нешта. Такви како овој филм! Убаво е да се живее за да се изгледа ваква убавина.

21. ON THE WATERFRONT - Elia Kazan (1954)
1683061138752.png

Можеби најдобрата улога на Брандо во можеби најдобриот филм на Казан.
Филм за пристанишните работници во Њујорк, корумпираните синдикалци и лакомите газди. Вечното прашање дали да се остане лојален на колегите и пријателите или да се открие вистината по секоја цена. Во потрага по одговорот Брандо ќе стави сѐ на коцка и ќе ги преиспита своите, а ние нашите ставови околу верноста, љубовта и правдината.
Осум оскари, златна палма и редовно во врвот на најдобрите филмови на сите релевантни листи.

22. CHANGELING - Clint Eastwood (2008)
1683061197767.png

Неколку месеци по мистериозното исчезнување на нејзиниот 9 годишен син, Кристин Колинс ќе добие повик од полицијата дека момчето е пронајдено живо и здраво и наскоро ќе се врати дома. Но, Кристин ќе забележи дека детето всушност не е нејзиниот син. Тука започнува нејзината мачна и напорна борба против системот во обид да ја докаже вистината и да дознае што се случило со нејзиниот син.
Доста добра, вознемирувачка но пред се емотивна биографска драма режирана од мајсторот на својот занает, Клинт Иствуд. Анџелина Џоли ја игра главната улога која слободно можам да кажам дека и е една од нејзините најдобри.

23. THE SOCIAL NETWORK - David Fincher (2010)
1683061264815.png

Уште едно дело на Финчер, филм кој навлегува во контроверзното потекло на Facebook и обезбедува фасцинантно истражување на амбициите, предавството и односите што можат да се формираат во светот на технологијата. Филмот првенствено се фокусира на приказната за Марк Цукерберг, кој е брилијантно портретиран од Џеси Ајзенберг. Цукерберг е социјално незгоден студент на Харвард кој, поттикнат од неговиот интелект и желбата за признавање, создава веб-страница која еволуира во глобалниот феномен познат како Фејсбук. Изведбата на Ајзенберг е исклучителна, доловувајќи го интензитетот на ликот и остриот интелект на ликот, како и слоевите на ранливост под неговата фасада. Ендрју Гарфилд блеска како Едуардо Саверин, поранешниот најдобар пријател на Цукерберг и ко-основач на Фејсбук, чиј однос со Цукерберг се влошува со текот на времето. „Социјалната мрежа“ не само што ја раскажува приказната за создавањето на Фејсбук, туку и поставува длабоки прашања за пријателството, лојалноста и цената на успехот. Ги истражува нејасните линии помеѓу иновацијата и присвојувањето, истакнувајќи ги етичките дилеми што се појавуваат во потрагата по величина.

24. THE PURSUIT OF HAPPYNESS - Gabriele Muccino (2006)
1683061328670.png

Ако барате филм кој ќе ве насмее, ќе ве расплаче и ќе ве натера да го сакате животот, на вистинското место сте! The Pursuit of Happyness е вистинска приказна за еден татко кој го сака својот син повеќе од сопствениот живот и кој се труди со сите свои сили да му обезбеди се што му е потребно на едно дете. Иако животот не е секогаш така лесен и Крис Гарднер (Вил Смит), кој продава некакви медицински уреди кои се ништо повеќе од обичен рентген а се далеку поскапи и се продаваат очајно има навистина голем проблем да му обезбеди се што посакува на својот син, сепак вербата и енормната татковска љубов, го води кон остварување на крајната цел - пронаоѓање на среќата! Прекрасен филм кој мора да го погледнете.

25. THE ENGLISH PATIENT - Anthony Minghella (1996)
1683061394559.png

Снимен според истоимениот роман добитник на Букерова награда во 1992 и Златен Букер во 2018, The English Patient, оскаровецот од 1996 е моќен филм за еден човек во црква во Италија разрушена од војната, кој поради тешките изгореници не смее да биде транспортиран, и затоа медицинската сестра Хана (Жулиет Бинош) волонтира да остане со него и да му помогне додека целата медицинска единица заминува. Се што пациентот (Ралф Фајнс) кој е речиси целосно изгорен, се сеќава е дека е Англичанец и дека е женет. Полека, како на филмско платно нему му се враќаат сеќавањата, а пред нас се открива приказната за еден живот, една разорна војна, и една уште поразорна љубов. Англискиот пациент е прекрасен филм, со прекрасна кинематографија, музика, глума, режија... Едно маестрално епско ремек дело кое секој човек треба да го изгледа во животот. И ти, исто така!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Comedy 1.png

01. THE BIG LEBOWSKI - Joel Coen (1998)
1684079973520.png

Врвно дело од дуото режисери и сценаристи, браќата Коен. Секој љубител на филмови мора да го изгледа барем еднаш во својот живот. Одлично сценарио, одлични дијалози, одлични глумци, одлични пресврти. Главен протагонист по кого денес постои и религија со вистински следбеници.
Што? Уште сте тука? Чекате да прочитате нешто за филмов?
Престанете што и да правите и одма пуштете го да го гледате.
Задолжително за сите љубители на добро расположение!

02. INTOUCHABLES / THE INTOUCHABLES - Éric Toledano, Olivier Nakache (2011)
1684080052386.png

Француски филм кој ве води на емотивно патување кое е исполнето со смеа и пријателство. Филмот ја раскажува вистинската приказна за едно неверојатното пријателство помеѓу две личности кои доаѓаат од различни светови. Приказната се врти околу Филип, богат квадриплегичар кој го игра Франсоа Клузе и Дрис, поранешен осуденик од париските предградија кој го игра Омар Сај. Кога Дрис е ангажиран како старател на Филип, нивните животи засекогаш се менуваат. И покрај нивното контрастно потекло, тие формираат врска што ги надминува општествените бариери и создава длабоко влијание врз животите на едни со други. Филип одлично го портретира ликот на Клузе доловувајќи ја сложеноста на човекот кој копнее за поврзување. Харизматичната и заразна енергија на Сај во улогата на Дрис внесува неоспорен шарм на филмот, влевајќи го со одлична доза на хумор. Сценариото одлично ги вклопува хуморот и емотивните сцени.

03. MY COUSIN VINNY - Jonathan Lynn (1992)
1684080142908.png

Двајца студенти од Њујорк, враќајќи се на колеџ минуваат низ еден рурален предел, каде што по грешка ќе бидат обвинети за убиство. Доказите против нив се цврсти, а населението е спремно за линч и се чини дека се во безизлезна ситуација. Но еднииот од нив е роднина со Вини. А Вини е тукушто завршен адвокат, без искуство, но брз на зборови. Џо Пеши како Вини и Мариса Томеи како неговата вереница во оваа комедија за судски процес каков што не сте гледале досега.

04. FOUR LIONS - Chris Morris (2010)
1684080191236.png

Врвна британска комедија снимена во мокјументари стил (The Office тип, со гледање во камера и слично) за една група на пријатели, британски муслимани, кои премногу сакаат да станат терористи. Муслимани, чија единствена животна окупација им е како да станат професионални бомбаши самоубијци, дел од нив ќе успеат да отидат на тренинг камп во Пакистан, други за жал ќе останат во Англија. Нема врска ова со политика и слично, ова е најсмешното нешто поврзано со тероризам и ислам, еден од најсмешните филмови што се појавиле во последниве 15-20 години, филм што го фати последниот воз пред да се појави woke и cancel културата. Симнете го и гледајте го одма, нема утка.

05. OFFICE SPACE - Mike Judge (1999)
1684080251216.png

Филмов своевремено доживеал крах на бокс-офисот, не заработувал пари, но си задржал своја база на фанови и понатаму по излегувањето на ДВД издание се шири со прекажување: [Пссс, да ти кажам нешто, има едно филмче кое мора да го изгледаш, прекажи на пријател...]. Да не речам типичен форумски филм. Паметна комедија која ги критикува големите корпорации кои заработуваат на грбот на вработените. Способни работници и идиоти шефови, бирократија, алчност и сите оние убави работи на денешното општество.

Питер, Мајкл и Самир работаат за една таква компанија. Сместени во т.н. „коцки“, зад своите компјутери, секојдневно малтретирани и омаловажувани од своите шефови, уплашени за своите работни места, нивното секојдневие е напорно, монотоно и депресивно. Еден убав ден Питер заклучува дека секој нареден ден му е полош од предходниот, и дека баш тој ден е најлошиот ден од неговиот живот. Заклучува дека бил посреќен кога не работел, и според тоа, нема повеќе да работи, ќе се појавува на работа кога сака и нема да се грижи за ништо. Овој план ќе му го промени животот нему, но и на неговите пријатели...

Убав филм во кој сигурно можат да се препознаат многу луѓе кои работат или некогаш во животот работеле за слични компании. и убава сатира воедно. Топло го препорачувам.

06. LITTLE MISS SUNSHINE - Jonathan Dayton, Valerie Faris (2006)
1684080299082.png

Комичен филм кој ве води на едно чудно патување со дисфункционалното семејство Хувер. Инди филм кој доби многу позитивни критики пред се поради актерската екипа која има маестралнен перформанс. Приказната се врти околу семејството Хувер, кое тргнува на патување со нивното запуштено жолто комбе Фолксваген за да ја поддржи својата мала ќерка Олив (Абигејл Бреслин), на натпреварот за убавина Little Miss Sunshine. Грег Кинеар испорачува извонредна изведба како таткото на Олив, Ричард, амбициозен, но неуспешен мотивациски говорник. Стив Карел внесува длабочина на неговата улога како Френк, вујко на Олив и научник на Пруст. Алан Аркин блеска како дедото на Олив што шмрка хероин, кој служи како неочекуван глас на мудроста и поддршката. Филмот совршено ги балансира хуморот и драмата. Шармот на ликовите ќе ви долови одлична порака за важноста на прифаќање на несовршеностите. Ретки се комедиите номинирани за Оскар за најдобар филм, особено последните години, но овој е еден од малкуте кои беа номинирани.

07. КАД ПОРАСТЕМ БИЋУ КЕНГУР / WHEN I GREW UP, I'LL BE A KANGAROO - Radivoje ‘Raša’ Andrić (2004)
1684080517991.png

Уште една епска балканска комедија сместена во Белград, која ни раскажува 2 паралелни приказни. Од едната страна имаме едни двајца лузери кои своите последни пари ќе ги стават во кладилница обложувајќи се на Иствич против големиот Манчестер Јунајтед, за Иствич брани нивниот другар и локална легенда од Белград, голманот Кенгур. (за неговиот подвиг на утакмицата, се вели дека е инспириран од вистинска приказна на екс голманот на Партизан Петар Борота)
Другата приказна, Брацо е еден обичен клошар кој некако ќе успее да излезе на дејт со една прекрасна женска, дејт кој ќе се претвори во еден од најлошите дејтови во историјата на романтиката.
Има уште неколку ликови што се појавуваат со нивните појави. Врвен филм кој ќе ве смее од почеток до крај.
Небојша Глоговац во неговата епска улога на Живац, Сергеј Трифуновиќ, Никола Ѓуричко и прекрасната Марија Каран.

08. THE HANGOVER - Todd Phillips (2009)
1684080561875.png

Урнебесна комедија која ве води на едно фантастично патување во Лас Вегас. Приказната се врти околу група пријатели кои патуваат во Лас Вегас на ергенска забава, само за да се разбудат следното утро без сеќавање на претходната ноќ. Како што се впуштаат во мисија да го пронајдат својот исчезнат младоженец, тие наидуваат на низа апсурдни и комични ситуации. Бредли Купер, Ед Хелмс и Зак Галифианакис даваат брилијантни изведби како триото пријатели кои се обидуваат да ги вратат сеќавањата од нивната бурна ноќ. Едноставен филм кој не бара многу размислување, опуштете се и уживајте во хуморот. За оние кои ќе уживаат во првиот дел, има уште 2 продолженија кои се исто така фантастични.

09. COMING TO AMERICA - John Landis (1988)
1684080694675.png

Coming to America е комедија на ситуации полна со смешни моменти кои ќе ве расположат и насмеат. Еди Марфи со неверојатниот перформанс создава еден забавен и шармантен лик на кој долго ќе се сеќавате. Ако сакате да уживате во светот полн со смеа и неверојатна забава, ви препорачувам да го гледате овој филм.

10. THE BLUES BROTHERS - John Landis (1980)
1684080767283.png


Џон Белуши и Ден Екројд како двајцата Блуз браќа. По излегувањето од затвор на едниот, дознаваат дека на сиропиталиштето каде што израснале му се заканува затворање поради долгови. Убедени дека нивната божја мисија е да го спасат, тргнуваат во потрага по членовите на некогашниот бенд за да ги убедат да одржат концерт со што ќе ги соберат потребните пари. По патот запаѓаат во разни невољи и стануваат мета на соперничкиот бенд, на полицијата и на терористичка организација. Препознатлив по прекрасната музика, учеството на Реј Чарлс, Арета Френклин и Џејмс Браун, антологиската полициска потера во трговскиот центар како и изгледот на двајцата браќа, ова е филм што ќе го паметите.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Crime Comedy 23.png

01. THE STING - George Roy Hill (1973)
1684080913943.png

Пол Њуман и Роберт Редфорд повторно заедно како con artists, кои пробуваат да му се одмаздат на шефот на мафијата глумен од Роберт Шо, така што ќе пробаат да ја остварат најголемата измама некогаш направена. Изобилува со одлична хемија помеѓу актерите, одлична и топла сценографија, многу комични елементи и пред се е одлична забава од почеток до крај. Доколку сте љубители на криминалистички комедии, добро е да знаете дека овој е еден од пионерите во тоа поле и воедно е еден од најдобрите. Нема да згрешите ако му дадете шанса.

02. LOCK, STOCK AND TWO SMOKING BARRELS - Guy Ritchie (1998)
1684080968341.png

Филм што го прослави Гај Ричи и му го обележа филмскиот стил и правец како еден од најдобрите режисери во овој поджанр.
Дебитански филм на еден од најбруталните англиски фудбалери, Вини Џонс, а покрај него деби на филмското платно има и Џејсон Статам.
Огромна сума на пари ќе биде искоцкана на покер маса од страна на едно трио смотаници кое сака да се збогати преку ноќ, но, за возврат добиваат недела дена време за да ги вратат изгубените пари на еден локален мафијаш. 3-4 паралелни приказни и ситуации се со една цел на крајот.
Динамичен филм полн акција и типичен британски хумор.

03. THE GENTLEMEN - Guy Ritchie (2019)
1684081029127.png

19 години по Snatch, Гај Ричи се враќа во своето препознатливо светло, со својот препознатлив стил откако претходно експериментираше со жанровите снимајќи филмови како Шерлок и Аладин. Ќе ја искористам приликава да го спомнам и протнам RocknRolla (2008) кој никогаш не ја доби популарноста на Lock, Stock... и Snatch, a станува збор за уште еден Гај Ричиевски филм.

Но затоа, во 2019та година се појавија Џентлмените и не потсетија на тоа кој е најдобриот режисер во овој поджанр.
Метју Меконахи е главната фаца во филмов во улогата на Мики Пирсон, моќник кој сака да ја продаде својата фарма за марихуана, но, не е баш така едноставно и лесно како што изгледа од прва. Реј (Чарли Ханам) е човекот од доверба на Мики кој влага во шема на уцени и умствени игри со Флечер (Хју Грант) додека во истиот момент едни локални јутубери и обид за тепачи влагаат и ја ограбуваат фармата со марихуана. Нешто што ќе го извади од памет нивниот Тренер едноставно наречен Коуч (Колин Фарел).
Толку. Ако веќе се навлековте на Гај Ричи, нема потреба да филозофираме повеќе.

04. SNATCH - Guy Ritchie (2000)
1684081074700.png

Бред Пит бил толку импресиониран од Lock,Stock and Two Smoking Barrels по што специјално му се јавил на Гај Ричи и му рекол дека сака да соработуваат во иднина. Say no more. 2 години подоцна Бред Пит во улогата на Мики О`Нил е главен актер во уште еден мастерпис на Ричи, Snatch.
Дејството е сместено во Лондон каде паралелно следиме грабеж и потрага по дијаманти од едната страна, а од другата, локални бокс мечеви организирани од ситни преваранти предводени од Мики О`Нил, ирски циган и боксер.
Филм кој стилски е многу сличен на неговиот погоре спомнат претходник, со многу јака актерска екипа на чело со Бред Пит, Џејсон Статам, Вини Џонс, Беницио Дел Торо, Стивен Грем и незаменливиот Раде Шербеџија во улогата на рускиот гангстер Борис.
Комична гангстерска авантура со прејаки моменти и реплики која и те како вреди да се погледне и повеќе од еднаш.

05. IN BRUGES - Martin McDonagh (2008)
1684081123977.png

Вреди да се погледне заради иновативната комедија од дијалози и иронични кованици низ кои главните ликови ја откриваат суштината на дејството на оваа мешаница меѓу драма и трилер. Во дејствата кои во принцип се движат по една права линија, без збунетост за тоа - што во кој момент од времето се случува, без премногу изненадувања, без премногу напнатост и кулминации освен можеби, самиот краен дел од филмот во кој за неколку степени се зголемува возбудата заради непредвидливите дејства и исчекувањето како истите ќе завршат, доминира одличната глума на Colin Farrell и Brendan Gleeson. Првиот со преуспешна илустрација на еден покајнички лик, длабоко разочан од своите дела и несигурен во причините за неговото постоење, а вториот мирен и сталожен лик кој спротивно од желбата да му ја врати желбата за живот, добива задача која е иако негова типична работна обврска, овојпат се коси со неговиот здрав разум и неговата психичка способност за задачата. Ralph Fiennes – соодветен избор за улогата на шеф на гореспоменатите. Ништо посебно изненадно во неговата глума. Според мене “коректна” би бил вистинскиот опис на истата.

Филмот е во еден свој добар дел своевидна разгледница на Бриж. Прекрасен град во Белгија, еден од ретките кој ја задржал автентичноста на старите градби, и кој, според еден од ликовите, е навистина добро што е во Белгија, зошто кога би бил на друго место во светов, не би блеснал во вистинскиот сјај заради неговата пренатрупаност со многу посетители. Место кое според Harry е она што човек треба да го види пред да умре.
06. OCEAN'S ELEVEN - Steven Soderbergh (2001)
1684081176992.png

Во режија на Стивен Содерберг, возбудлив филм за грабеж на казино кој со својот фантастичен заплет ќе ве остави во исчекување до самиот крај. Филмот го следи Дени Оушн (Џорџ Клуни), харизматичен поранешен осуденик кој собира тим од единаесет вешти ликови за да изврши еден план и да ограби три од најпрестижните казина во Лас Вегас истовремено. Секој член на екипата носи уникатен сет на вештини, што создава привлечна и забавна групна динамика. Една од силните страни на филмот лежи во неговото внимание на деталите. Сложеното планирање и извршување на грабежот се прецизно изработени, а публиката постојано се држи во неизвесност додека тимот се движи низ различни пречки и неочекувани пресврти. Сценариото е исполнето со паметни дијалози, додавајќи елемент на духовитост и хумор во постапката. Модерен класик кој вреди да се погледне. Филмот има уште 2 продолженија.

07. THE NICE GUYS - Shane Black (2016)
1684081249275.png

„Фините момци“ е нео-ноар акциона комедија која не враќа во седумдесетите години, кога сѐ уште има приватни детективи и фатални жени. Расел Кроу и Рајан Гослинг играат неспоиви ликови, кои се здружуваат на задача за истрага на смртта на една порно ѕвезда. Ќе наидат на мистерија обвиена со лаги, опасности, измами и завери кои досегаат до највисоките социјални кругови. Тие се единствените „фини момци“, но дали ќе останат такви до крај соочени со заканите за нивните животи кои доаѓаат од најнеочекуваните страни? Препуштете се на оваа луда забава и дознајте го одговорот.

08. BAD BOYS - Michael Bay (1995)
1684081296883.png

Bad boys, bad boys whatcha gonna do? Whatcha gonna do when they come for you? Возбудлива акциона комедија од 1995 година, започнувајќи ги кариерите на Вил Смит и Мартин Лоренс. Овој филм е ролеркостер од почеток до крај, преполн со експлозивни акциони секвенци, урнебесни шеги и приказна што ќе ве држи заинтересирани до самиот крај. Една од силните страни на филмот е неговата добро изведена комбинација на акција и комедија. Вил Смит како Мајк Лори и Мартин Лоренс како Маркус Бенет се одлично дуо кое со сигурност ќе ве насмее. Кога украдената дрога ќе исчезне од полициската станица, Лори и Барнет добиваат задача да ги откријат виновниците и да ја вратат дрогата пред да паднат во погрешни раце. Како што се расплетува истрагата, дуото се заплеткува во опасна мрежа на измама, што доведува до неочекувани пресврти и пресврти што ги тера гледачите да погодуваат до последните моменти.

09. RUSH HOUR - Brett Ratner (1998)
1684081359264.png

Rush Hour е филм полн со акција и комедија, која ќе ве однесе на возбудливо патување полно со неочекувани вратоломии и смешни сцени. Комбинацијата на Џеки Чен и Крис Такер е непобедлива, со нивната смешна хемија што ќе ве освои. Преку динамични акциони сцени и забавни дијалози, Rush Hour ви нуди незаборавно кино искуство што нема да сакате да пропуштите.

10. 21 JUMP STREET - Phil Lord, Christopher Miller (2012)
1684081408390.png

Едниот самоуверен, набилдан спортист, кој што не е баш бистар и начитан, а другиот несигурна бубалица. После завршувањето на Академијата, стануваат полицајци. На основа на нивниот младешки изглед добиваат специјална задача.
Инфилтрирани полизајци во средно училиште со цел разбивање на нарко ланец со синтетички дроги.
Лесен, забавен, комичен филм со одлична смисла за хумор. Изразито динамичен филм, кој што ја исполнува својата цел. Успешна комедија која ќе ве врати во вашите средношколки денови и лудориите кои ви се случувале, па навистина ќе уживате.
Топла препорака, за лабаво филмче, кое ќе ве насмее.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Satire and Parody 2.png

01. THE TRUMAN SHOW - Peter Weir (1998)
1684081690667.png

Дали некогаш сте помислиле дека некој ве набљудува? Или дека можеби целиот ваш живот е едно добро оркестрирано и режирано телевизиско шоу во кое вие сте ѕвездата? Е па Труман Бурбанк никогаш не помислил, а сепак целиот негов живот е таков. Овој филм раскажува како Труман открива дека неговиот живот е всушност телевизиско шоу и дека ништо од тоа што му се случува не е случајно... и не е реално.

Ова е веројатно наимагинативниот филм некогаш направен. Можете да го гледате како комедија (неверојатниот Џим Кери секако нема да ве разочара), и како пародија/сатира за дехуманизираното општество во кое живееме и во кое се прави се и сешто за забавата на воајерите кои пред телевизорите грицкаат семки насладувајќи се на нечии таги, радости, забави и проблеми, и како обична забавна драма со навистина уникатна содржина... Но верувајте, The Truman Show е во своја, посебна категорија. Тој е филм на кој му нема сличен и на него рамен. Мора да го изгледате животот на Труман! :coffee:

02. DR. STRANGELOVE OR: HOW I LEARNED TO STOP WORRYING AND LOVE THE BOMB - Stanley Kubrick (1964)
1684081771571.png

Доктор Стрејнџлав преку бесмислено лудило мошне интелигентно ја испитува темата на контрола и опасно игра со тајните шифри, комунистички завери, планови и замислата за финална деструкција. Питер Селерс брилира во текот на целиот филм, а Стрејнџлав оправдано зазема место на imdb/letterboxd top 250. Паранојата која владеела низ Студената војна се уште е реалност на поединци, па со оглед на политичката клима и правецот во кој колективно се движиме, генијалната сатира на Кјубрик ќе е релевантна уште долго, долго време.

03. IDIOCRACY - Mike Judge (2006)
1684081854213.png

Mногу потценет филм, на имдб има едвај 6 и нешто (до пред една две години имаше 5.5). Нормално американците ќе му дадат дури и нула на овој филм затоа што јас го сфаќам филмов како многу паметен начин да се прикаже иднината кон која стремат Aмериканците (а Богами и ние). Една од најкултните сцени за мене е токму онаа кога Лук Вилсон ќе влезе во кино и сите на огромното платно ќе гледаат филм, а филмот е всушност само еден огромен газ кој одвреме навреме се мрда, па сите се смеат на тоа.
Филмов ќе биде чиста реалност како што е тргнат светов, па на многу интелигентен начин е избрано да се прикаже какви ќе бидат идните генерации и каков ќе постане светот.

04. THE NAKED GUN: FROM THE FILES OF POLICE SQUAD! - David Zucker (1988)
1684081927874.png

Филм (подоцна серијал филмови) кои се пародија на детективскиот жанр филмови, или поточно на police procedural филмовите и шпионските филмови. Лесли Нилсен глуми несмасен и глупав детектив - Френк Дребин, кој е инволвиран во пресмешни и апсурдни ситуации. Познат е по slapstick хуморот и досетливите игри со зборови, и е полн со one-liners и мемиња кои се незаборавни.

05. DON'T LOOK UP! - Adam McKay (2021)
1684081975916.png

Don't Look Up е брутална критика за буквално секој аспект од времето во кое живееме. На површина: филм за една комета која се токми да го уништи целото човештво кое горејќи му под нозете, прави се за секој еден да си го спаси сопствениот газ. И при пародизирањето, никој не е поштеден. Најголемите замерки за филмот се дека бил наводно политичка пропаганда, но тоа е навистина занемарливо доколку ја фатите пошироката слика а таа нуди навистина многу забава, прецизно погаѓа во сржта и сатирично се потсмева на се она што секојдневно го доживуваме и доживувавме претходните години. Ова е филм кој ќе ве насмее до солзи и нема да ве остави рамнодушни. И многу важно: Whatever you do, don't pet them! (brontarocs).

06. SCARY MOVIE - Keenen Ivory Wayans (2000)
1684082024212.png

Поголемиот дел од филмовите-пародии пародизираат некој филм, или некој жанр филмови, или некој аспект од животот, конкретен лик или слично. Scary Movie е филм (подоцна франшиза филмови) која не поштедува ниту еден од филмовите. Scary Movie е генерално пародија на Scream, но и на I Know What You Did Last Summer, The Exorcist, Election, The Shining, Shakespeare in Love, Amistad, Titanic, Thelma & Louise, The Fugitive, филмовите со Џеки Чен, Schindler’s List, Boogie Nights, Big Momma’s House, American Pie, The Sixth Sense, Crouching Tiger Hidden Dragon, The Matrix, The Usual Suspects, Halloween и мноооогу други. Значи ако сакате неколку часа смеење до солзи по милионите глупости што ќе ги видите тука, ова е дефинитивно филмот за вас. И потоа ќе посакате да ги гледате и останатите 300 филма од Scary Movie франшизата кои се појавија подоцна. Дали престанаа да се појавуваат, не знам. Можеб ќе престанат тогаш кога веќе ќе нема филмови за пародизирање.

07. CATCH-22 - Mike Nichols (1970)
1684082074774.png

In order to be grounded I got to be crazy, and I must be crazy to keep flying. But if I asked to be grounded that means I'm not crazy anymore and I have to keep flying.
That's some catch that Catch-22. The best there is!

Снимен според книгата на Џозеф Хелер и режиран од Мајк Николс (The Graduate, Who's afraid of Virginia Woolf?), овој сатиричен филм ги следи сите нелогичности и тегоби за служењето во војска за време на војна. Нашиот протагонист Јосаријан (Алан Аркин) пробува на секој можен начин да добие ротација и да си замине од воениот аеродром за време на Втората светска војна, каде животот на пилотите е краток кога одат на мисија. Спречен од најпарадоксалната финта која постои, пробува да се соочи со реалноста дека е заглавен во недогледно време.
Еден од подобрите анти-воени филмови снимени.

08. POLICE ACADEMY - Hugh Wilson (1984)
1684082109816.png

Градот веќе нема контрола над редот и криминалот, а бројот на полицајци е се помал. Затоа градоначалникот решава во полициската академија да се примат сите пријавени кандидати. Командантот е малку сенилен, а поручникот што ја води обуката е решен да им го загорчи животот на регрутите. А меѓу нив има еден ситен криминалец, еден женкар, еден трапавко, еден страшливец, еден опседнат со оружје, еден џин, како и еден човечки битбокс. Рецепт за катастрофа со најневеројатната класа во академијата, кои обуката и справувањето со криминалците ќе ја однесат во една сосема поинаква насока, исмевајќи ги сите стандардни полициски процедури, стереотипи и конвенции.. Ве чекаат уште шест продолженија.

09. HOT SHOTS! - Jim Abrahams (1991)
1684082167546.png

Уште еден наслов во низата од мајсторите на пародии Цукер и Абрахамс. Овојпат на тапет е „Топ ган“. Во нивниот препознатлив стил ги исмеваат сите филмски клишеа и тропи типични за акционите и воените филмови. Преполн со двосмислени досетки, смотани ликови, вицкаст дијалог и куп гегови. Но мисијата воопшто не е наивна. Треба да го уништат лично Садам Хусеин и неговата фабрика за нуклеарно оружје со кое сака да го освои светот. Како Чарли Шин во улогата на Топер Харли ќе се снајде во кабината на Маверик?

10. NETWORK - Sidney Lumet (1976)
1684082210019.png

Телевизиски водител после 25 годишна успешна кариера, добива отказ, заради пад на гледаноста. Во очај и бес тој се одлучува за самоубиство пред камерите. Гледаноста на вестите нагло се зголемува, а целата ситуација се обидуваат да ја искористат, амбициозната продукцентка и дел од Управниот одбор.
Филм кој совршено добро го опишува функционирањето на телевизијата/медиумите, за се она што се пласира и „се она што навистина се случува“, силна и добра критика за „перењето мозоци“ и брутално реалистичен приказ на манипулаторските медиуми. Кога ќе се погледне дека е снимен пред 47 години, делува како језиво пророштво.
Сјајна сатира и тематика, исклучителна глума (Питер Финч, Феј Данавеј, Вилијам Холден), во режија на легендарниот Сидни Лумет (Dog day afternoon, 12 angry men, Serpico), како и пророчките говори на Финч се заслужни овој филм да добие култен статус и да се вброи во еден од најдобрите филмови на американската кинематографија. Добитник на 4 Оскари

„We'll tell you anything you want to hear, we lie like hell“.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
War  Antiwar 1.png

01. ЛЕПА СЕЛА, ЛЕПО ГОРЕ / PRETTY VILLAGE, PRETTY FLAME - Srđan Dragojević (1996)
1685119761292.png

Провокативен филм за војната во Босна и нејзиниот апсурд. Делумно базиран на вистинска приказна за двајцата неразделни другари од детството кои на почетокот од војната ќе се најдат на спротивните страни, само затоа што се од различна националност.
Најголемиот дел се одвива во напуштен тунел со еден влез од каде српската чета не може да излезе затоа што влезот го чува босанската чета која па не може да влезе. Режисерот Драгојевиќ преку одличен дијалог и карактери ни ја прикажува бессмисленоста на оваа пат ситуација. Во улогите Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ и неизбежниот Бата Живоиновиќ.

02. 1917 - Sam Mendes (2019)
1685119824117.png

Еден од најубавите воени филмови снимени во последната деценија, можеби и подолго! Запрепастувачки од почеток до крај! Самиот факт колку работа и посветеност е вложена во филмов заслужува огромна почит. Брилијантно снимен, во навидум еден непрекинат кадар (иако всушност се повеќе монтирани кадри, но со маестрална монтажа која не дозволува да се забележи моментот кога приказната застанала за момент). Таквиот манир не му дава ни на гледачот да земе здив, да трепне, туку со занемен поглед вкотвен во средината на екранот гледаш со подзината уста додека многу често морници те лазат по цело тело. Ова всушност и не може да се нарече филм, ова е чиста поезија! Ова е едно тензично искуство кое ќе те прошета низ рововите во Првата светска војна, ќе те остави без здив и на крај ќе те натера да се радуваш за тоа што си жив денес, во ова време. Како инаку би можел да го гледаш ова ремек-дело?

03. MANDARIINID / TANGERINES - Zaza Urushadze (2013)
1685119884958.png

Во 1992 војна беснее во Абказија, граничен регион на Грузија. Естонецот Иво одлучува да остане, и покрај војната, затоа што неговата плантажа со мандарини само што не стасала за берење. Во крвавиот конфликт, ранет војник се појавува на неговиот праг и Иво одлучува да помогне.

Tangerines е естонски филм кој беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм во жестока конкуренција со одлични филмски остварувања од кои повеќето веќе ги видовме во каталогов. Иако класифициран како воен, Tangerines е всушност манифест на мирот, приказна за осаменоста, омразата, помирувањето и човечноста. Моќен и поетски, ова е филм за вистинските човечки вредности, за тоа што го прави човека човек. Маестрален филм кој мора да го гледате!

04. PATHS OF GLORY - Stanley Kubrick (1957)
1685119943034.png

Еден од подобрите филмови снимени за Првата светска војна. Режиран од генијалниот Стенли Кјубрик, со Кирк Даглас во главна улога.
Воена и судска драма во која надредениот офицер пробува да ги одбрани своите тројца војници кои се неоправдано обвинети за уште една неуспешна офанзифа на западниот фронт.
Солиден антивоен филм посветен на бесмисленоста на војните. Доколку сте запознаени со филмовите на Кјубрик, тогаш овој од неговите сами почетоци мора да ви биде на листата за гледање.

05. THE HURT LOCKER - Kathryn Bigelow (2008)
1685119991543.png

Оскаровецот од 2010 година, запаметен како првиот филм режиран од жена кој зел Оскар за најдобар филм. И тоа во годината во која истата таа жена се натпреваруваше против својот (поранешен?) маж. Филмот беше номиниран во 9 категории и освои 6 Оскари. Дејството е сместено за време на војната во Ирак, е интензивен портрет на елитен војнички одред кој ја има една од најопасните работи на светот: деминирање и остранување бомби и тоа за време на борбите. Ова е веројатно еден од филмовите кој беше отскочна даска за и онака одличниот Џереми Ренер. The Hurt Locker е интензивен, тензичен филм кој ќе ве остави без зборови и ќе заборавите да дишете гледајќи го. Еден совет: исечете ги ноктите пред да го пуштите, изолирајте се во соба каде нема да слушате други звуци и пуштете го тонот до максимум. Thank me later.

06. AMERICAN SNIPER - Clint Eastwood (2014)
1685120036735.png

Бредли Купер во улогата на Крис Кајл, војник, снајперист чија задача е да им го чува грбот на колегите, со преку 250 убиства тој е најуспешниот војник во армијата. Дејството се одвива во Ирак, и ова е вистинска приказна. По враќањето од војната во Америка, ништо веќе не е исто во животот на Крис.
Прекрасна воена драма во режија на Клинт Иствуд.

07. LA BATTAGLIA DI ALGERI / THE BATTLE OF ALGIERS - Gillo Pontecorvo (1966)
1685120102247.png

Доколку сакате да се запознаете со не толку познати историски конфликти ова ви е одлична можност. Еден од најдобрите филмови базирани врз вистински настани. Статус на легендарен стекнува со самото негово снимање и неговата цензура во Франција но потоа е користен од Пентагон за обука како треба да се водат герилски битки. Номиниран за три оскари и добитник на Златен лав. Музиката е незаборавна, и тоа од кого ако не биде од Енио Мориконе. Посветен за сите љубители на слободата, револуционерните борби, за сите антиколонијалисти и борци за еднаквост. Погледнете како Франција го изгуби Алжир засекогаш, во кој пред војната живееа околу два милиони французи.

08. LONE SURVIVOR - Peter Berg (2013)
1685120150828.png

Уште една вистинска приказна, динамична и доста добра акциона воена драма. Сместена во Авганистан, 4 маринци се испратени во герилска мисија во обид да се уапси еден истакнат талибански лидер. При самиот почеток на акцијата војниците се наоѓаат во една специфична ситуација за која е потребно убаво да се размисли, а време баш и нема. Еден од подобрите воени филмови што се појавени во последно време.
Марк Волберг е лидерот на маринците во акција додека Ерик Бана е главниот командир во базата. Бен Фостер, Емил Хирш и Александер Лудвиг меѓудругите.

09. CASUALTIES OF WAR - Brian De Palma (1989)
1685120201584.png

Базиран на вистинит настан од војната во Виетнам. Филм кој ја преиспитува моралноста, етиката и човечката природа во воени услови. Што се случува кога обичните луѓе ќе се најдав во незамисливи околности? Дали можат да го задржат своето достоинство или во борбата за опстанок ќе се приклучат на ужасот и хаосот? Филм кој ја прикажува суровата реалност на војната во која сите страни се жртви.
Шон Пен и Мајкл Фокс во главните улоги на оваа воена драма режирна од Брајан Де Палма за која музиката ја напиша Енио Мориконе. Ако му верувате на Тарантино, за него ова е најдобриот воен филм.

10. HOTEL RWANDA - Terry George (2004)
1685120245879.png

1994 година. И покрај тоа што Руанда веќе е независна држава, а не белгиска колонија, сосема произволната поделба на домородното население на Хуту и Тутси од страна на Белгијците е толку вкоренето во менталитетот на населението во Руанда, што борбите за надмоќ, и ултимативно за власт во новата држава создаваат ситуација на братоубиствена војна. Пол Русесабагина е Хуту со сопруга Тутси, менаџер на хотел наменет првенствено за богати белци од Западот, во Кигали. Кога ситуацијата во Руанда ќе ескалира, Пол засолнува илјадници Тутси бегалци во нивниот обид да се спасат од Хуту милицијата и безбедно да ја напуштат државата. Тензичен филм, извонредно напишан и режиран и со одлична глума, особено од Дон Чидл кој го глуми Пол и заработи номинација за Оскар за улогата, а филмот беше номиниран и уште во две категории, и е дел од ТОП 250 филмови листата на IMDB. Мора да го погледнете!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
WWII - 2.png

01. ИДИ И СМОТРИ / COME AND SEE - Elem Klimov (1985)
1685526339450.png

Задолжителен филм за сите љубители на историски, воени а посебно филмови посветени на Втората светска војна. Филм кој емоционално истрошува и тешко се предложува на некого да го гледа.
Држава: окупирана советска Белорусија од страна на нацистичка Германија.
Дејство: доживувањата на млад белорусин кој ќе волонтира во партизаните и неговото огнено крштевање.
Музика: засекогаш ќе ви остане врежана во умот Lacrimosa од Моцарт.
На сите љубители на поинаква кинематографија од америчката би им се допаднал филмов.
За тапчовците, имајте на ум дека е тежок филм за гледање, бидете подготвени.

02. THE IMITATION GAME - Morten Tyldum (2014)
1685526386777.png

Историска драма која навлегува во животот на Алан Туринг, математичар и криптоаналитичар кој одигра важна улога во пробивањето на кодот на германската Енигма за време на Втората светска војна. Филмот ја доловува генијалноста на Алан, предизвиците со кој се соочил и длабокото влијание што неговата работа го имала врз воените одлуки. Бенедикт Камбербач испорачува исклучителна изведба како Алан Туринг, прикажувајќи го како сложена и социјално незгодна индивидуа. Камбербач брилијантно ја доловува интелигенцијата и одлучноста на Туринг, притоа покажувајќи ја и неговата ранливост и внатрешни борби. Кира Најтли е подеднакво извонредна како и Џоан Кларк, колешката на Туринг, кршач на кодови и блиска доверлива личност. Сценариото и кинематографијата се истотака фантастични.

03. EMPIRE OF THE SUN - Steven Spielberg (1987)
1685526434714.png

Филмот ни ја раскажува приказната на едно младо британско момче кое е одвоено од своето семејство за време на војната и се наоѓа себеси во разурнатиот Шангај. Јапонската окупација на Кина ја доловува издржливоста и невиноста на младоста, среде целиот хаос на војната. Одлична прилика да се види младиот Кристијан Бејл во улогата на Џим. Улогата му е маестрална, портретира низа емоции, од страв и очај до надеж и решителност. Режијата на Стивен Спилберг блеска во секој кадар, маестрално прикажувајќи ги размерите на војната додека се фокусира на индивидуалните борби на Џим. Еден од најсилните аспекти на филмот е неговата способност да ги пренесе комплексноста на војната низ очите на детето. Патувањето на Џим ја одразува загубата на невиноста и суровите реалности на кои тој е сведок, како што се бруталноста на војната, борбата за опстанок и жртвите направени од оние околу него. За крај ќе цитирам еден коментар од lettterboxd:
„Империја на сонцето останува еден од најпотценетите филмови на Спилберг. Пробивот на Бејл, неверојатните визуелни елементи и емоционалната тежина на приказната го прават вистински кинематографски скапоцен камен“.

04. DUNKIRK - Christopher Nolan (2017)
1685526577271.png

Кристофер Нолан не носи на едно извонредно патување во еден од најклучните моменти во историјата на Втората светска војна. Со својата уникатна наративна структура, воодушевувачки визуелни ефекти, и прекрасен дизајн на звук, филмот е едно маестрално искуство што вреди да се погледне. Сместен во 1940 година за време на битката кај Данкерк, филмот ја прикажува застрашувачката евакуација на сојузничките војници заглавени на плажите на Данкерк, Франција. Нолан вешто спојува три приказни кои се вкрстуваат: војниците на плажата, цивилните сопственици на бродови кои испловиле за да ги спасат и пилотите на Кралското воздухопловство кои се вклучуваат во воздушна борба. Нелинеарната нарација додава слој на неизвесност и напнатост. Визуелните ефекти и прецизното внимание на деталите внесуваат автентичност во филмот, правејќи го гледачот да се чувствува како да е токму таму покрај ликовите. Мајсторска класа во тензија и визуелно раскажување приказни.

05. THE BRIDGE ON THE RIVER KWAI - David Lean (1957)
1685526649475.png

Епска воена драма на легендарниот режисер Дејвид Лин (Лоренс од Арабија, Доктор Живаго). Снимен според истоимениот роман на Пјер Бул.
Британски воени заробеници во Бурма, добива задача во логорот да изградат мост на реката Квај, преку кој ќе поминува железничката линија Бурма - Тајланд. Мостот е од стратешко значење за јапонците.
Дали да се изгради мостот или да се саботира неговата изградба? Дали самата изградба претставува соработка со непријателот?
Филм за создавањето и деструкцијата, етиката и моралот, принципите, лојалноста и должноста спрема општеството (во случајов војската). И на крај, кога војната е во прашање, победници нема. останува поразена само човечноста во човекот.
Сосема заслужени 7 Оскари меѓу кои и за најдобар филм. Иако е снимен 1957 година, филмов и денес изгледа спректакуларно, почнувајќи од одличната глума, фотографија, па се до музиката.
Британскиот филмски институт го смести на единаесетто место на листата најдобри британски филмови на 20ти век.

06. THE BOY IN THE STRIPPED PYJAMAS - Mark Herman (2008)
1685526707601.png

Прекрасна воена драма за едно невино и искрено другарство на две 8 годишни момчиња, кои секојдневно се среќаваат кај оградата на крајот од концентрациониот камп.
Бруно е син на Гестапо офицер а момчето во пижами на риги е Шмјуел, еврејски затвореник. И двајцата немаат поима за тоа што се случува околу нив, единствено ги интересира безгрижната детска игра.
Кармата е кучка.

07. GRAVE OF THE FIREFLIES - Isao Takahata (1988)
1685526776968.png

Why do fireflies have to die so soon?
Според јапонската традиција и верувања, светулките ги претставуваат душите на мртвите војници. Ова е филм за војната од една поинаква перспектива што го прикажува страдањето на најневините. Емотивна приказна за љубовта на еден брат кон неговата сестричка и секојдневните борби кои ги води за да ја заштити малата Сецуко од болка.
Инспириран од истоимениот автобиографски расказ на А. Носака, бескрајно ќе ве растажи и ќе ве потсети на важните нешта во животот. Со 33то место на letterboxd и 45то на IMDb, Grave of the Fireflies пред сите други го крши уверувањето дека анимираните филмови се резервирани исклучиво за деца.

08. БИТКА НА НЕРЕТВИ / THE BATTLE OF NERETVA - Veljko Bulajić (1969)
1685526857994.png

Најпознатиот, а воедно и најдобриот југословенски воен филм. Филм што собра актери од сите страни на светот: Орсон Велс, Јул Бринер, Сергеј Бондарчук, Милена Дравиќ, Коле Ангеловски, Франко Неро, Харди Кругер и секако Бата Живоиновиќ.
Филм за потерата на германската војска по партизаните и населението чиишто единствен излез е мостот на реката Неретва. Коњица, тенкови, артилерија, авијација и сцени со повеќе илјади војници го прават овој филмски еп незаборавен.

09. STALAG 17 - Billy Wilder (1953)
1685526905066.png

Сталаг на германски е камп за воени затвореници. Сталаг 17 е озогласениот камп каде што се заробени припадниците на сојузничката авијација. Во суровата зима се трудат да останат живи и планираат бег. Но откако едно бегство ќе заврши тграгично, затворениците почнуваат да се сомневаат дека некој помеѓу нив е предавник. Секој е сомнителен. Почнуваат да се преиспитуваат, да измислуваат итроштини, па и навидум да соработуваат со германците, сѐ со цел да го откријат натрапникот и да го преживеат логорот.
Во режија на Били Вајлдер, со Вилијам Холден во главната улога.

10. THE THIN RED LINE - Terrence Malick (1998)
1685526966674.png

Во режија на Теренс Малик, овој филм не води на едно мачно патување низ ужасите на војната, истражувајќи ги темите на човештвото и кревкоста на животот. Се издвојува како ремек дело кое им пркоси на конвенциите на воениот жар и нуди длабоко филозофско истражување на човечкото искуство на самата војна. Сместен за време на Втората светска војна, филмот следи група војници од С Компани. Додека тие се движат низ густата џунгла на Гвадалканал, филмот навлегува во индивидуалните животи и внатрешните борби на војниците. Актерската екипа, во која се Шон Пен, Џим Кавизел, Ник Нолте и многу други, испорачува моќни изведби, секој од нив доловувајќи ги емоционалните превирања и егзистенцијалната криза со кои се соочуваат нивните ликови. Визуелна симфонија која ги спојува ужасите на војната со длабоките прашања за животот и постоењето.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
History and Epic.png

01. RAN - Akira Kurosawa (1985)
1686770809756.png


Врвен епски филм на Акира Куросава кој го снимил на 75 годишна возраст кога веќе неговите сетила почнале да слабеат!
Инспириран од бесмртната приказна на Кралот Лир од Шекспир овој филм ви нуди незаборавно доживување на сплет од политички интриги, фамилијарна предавства, масовни воени битки, одлична глума и врвна музика.
Сметан од многумина како еден од најдобрите филмови на Куросава, и како ретко за него снимен во боја.
Овој филм нема да ве остави рамнодушен.

02. HERO - Zhang Yimou (2002)
1686770862139.png

Филм инспириран од почетоците на создавањето на Кинеското царство. Филм кој ги има едни од најдобрите филмски индивидуални борби кои внесуваат мешавина од боречки вештини и борба со меч.
Паметната употреба на боите му даваат посебен вкус и ќе ви дадат јасна дистинкција на дејството и ликовите во овој филм.
Одлична приказна, испреплетена со љубов и војна.
Доколку сакате да гледате кинески историски филмови, овој ви е одлична шанса за вовед во нив.

03. JFK - Oliver Stone (1991)
1686770908724.png

На сите им е познат атентатот врз претседателот Џон Кенеди во Далас, 1963 година. Но, на малку луѓе им е познат единствениот судски процес за тој случај, неколку години подоцна каде за прв пат обвинетите за заговор за атентат се на обвинителна клупа. Кевин Костнер предводи цел ансамбл на одлични глумци во овој историски судски трилер. Режиран од Оливер Стоун во врвот на својата кариера кога правеше врвни историско драмски спектакли. Филм што ќе ви одговори на многу прашања, но исто така ќе ви зададe уште многу повеќе на кои ќе треба сами да побарате одговор.

There had to be a second shooter!

04. THE LAST EMPEROR - Bernardo Bertolucci (1987)
1686770960790.png

Бернардо Бертолучи не води на филмско патување кое ја следи животната приказна на Пу Ји, последниот император на Кина. Од неговото искачување на тронот па се до трансформацијата кога станува еден обичен граѓанин.
Кинеската историја во пакет со магичните пејсажи на Кина и Забранетиот град резултираат во еден прекрасен приказ на едно минато време кое ни го одзема здивот.
Светот брзо се менува, па така го следиме и ликот на Пу Ји, кој рапидно се менува. Од една детска невиност па се до лик кој полека ги сфаќа сопствените грешки.
Историска драма во која верувам дека ќе уживате!

05. DANCES WITH WOLVES - Kevin Costner (1990)
1686771011654.png

„Dances With Wolves“ е волшебно филмско ремек дело во режија и во главната улога на Кевин Костнер. Објавен во 1990 година, овој епски вестерн филм мора да се гледа поради неговата неверојатна кинематографија, моќно раскажување приказни и длабоко истражување на културата на Индијанците. Филмскиот портрет на разочаран војник од Граѓанската војна кој се спријателува со едно домородно племе и се потопува во нивниот начин на живот нуди трогателно и провокативно испитување на културните судири, пријателството и човечкиот дух. Неговото трајно влијание врз историјата на кинематографијата и неговата способност да ги пренесе гледачите во поинакво време и место го прават безвременски класик што не треба да се пропушти.

06. APOCALYPTO - Mel Gibson (2006)
1686771060449.png

Визуелно ремек дело сместено во срцето на древната цивилизација на Маите. Филмот ја следи приказната на Јагуар, млад племеник чиј живот е уништен кога една брутална офанзива од соседниот град ги заробува неговото семејство и соседите. Она што следи е немилосрдна потера, во која Јагуар се бори да ги спаси своите најбислки.
Употребата на јазикот на Маите, историските детали и посветеноста на актерската екипа се само дел од она што го прави филмот маестрален.
А, ниту кинематографијата не е ништо помалку од воодушевувачка. Ќе уживате во прекрасните пејсажи, џунглата, напнатите сцени како и употребата на природно светло.
Филм за преживување и борбеност кој не смеете да го пропуштите!

07. SPARTACUS - Stanley Kubrick (1960)
1686771107083.png

Веројатно до сега веќе сите ја знаеме приказната на Спартак – роб кој води бунт против Римската империја. Во режија на Стенли Кјубрик и Кирк Даглас како Спартак, филмот останува класика во аналите на кинематографијата. Спартак е хариизматичен, решителен и праведен. Тој се бори за слобода, како за него така и за останатите робови. Кирк Даглас го доминира екранот, а и споредната актерска екипа е одлична. Лоренс Оливие како лукавиот и безмилосен генерал Красус и Петар Устинов како Батиатус, трговец на робови. Беспрекорната кинематографија и прецизните сценографии ја враќаат публиката назад во антички Рим. Борбените секвенци го одземаат здивот, со извонредни снимки од илјадници статисти вклучени во епски судири. Кјубрик ефективно го балансира големиот спектакл со моментите на интимниот карактер, истражувајќи ги темите на бунтот, угнетувањето и корумпираната природа на моќта.

08. THE TEN COMMANDMENTS - Cecil B. DeMille (1956)
1686771162054.png

„Десетте заповеди“ е еден од најпознатите библиски епски филмови од мајсторот на жанрот Сесил ДеМил. Ја раскажува приказна за животот на Мојсеј од неговото раѓање па сѐ до изгонот на евреите од Египет, талкањето низ пустината и добивањето на десетте божји заповеди.
Во главните улоги се Чарлтон Хестон како Мојсеј и Јул Бринер како фараонот Рамзес. Стариот Египет и фараонската палата се прикажани во сета своја раскош, а сцената од раздвојувањето на Црвеното море е една од највпечатливите сцени во филмската историја.

09. MUNICH - Steven Spielberg (2005)
1686771209911.png

За време на Олимписките игри 1972 во Минхен, терористичка група Црн Септември упаѓа во олимпиското село и држи во заложништво израелски спортисти, the rest as they say it's history.
Легендарниот режисер Стивен Спилберг пред нас ни ја носи историската драма посветена на Минхенскиот масакар и одговорот на Израел после тоа. Делот со самото киднапирање е едно од најточните прикажувања на историски настан на филмско платно, сите детали се запазени и поради чудниот развој ни изгледа дури и како измислен настан.
Погледнете како неофицијално Израел формира подземна група од оперативци кои имаат за цел да извршат одмазда за терористичкиот напад, убивајќи ги дрско скоро сите директни и индиректни учесници во нападот. Иако некои од ликовите и разговори се измислени, генерално е верен на историските случувања.
Историска драма која секој љубител на настани кои го потресоа светот во втората половина на 20ти век. Драма која покрена многу контроверзни дебати.

10. 300 - Zack Snyder (2006)
1686771252825.png

Триста е бројот на спартанските војници кои предводени од кралот Леонид се спротивставуваат на повеќе илјадната персиска војска во битката кај Термопилскиот теснец. Филмот е правен според стрипот на Френк Милер, притоа надградувајќи ја неговата визуелната естетика. Сцените од борбите се прикажани со невидени интензитет и бруталност. Во режија на Зак Снајдер, „300“ е епско филмско дело чиишто слики ќе ги паметите долго време.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.533
Поени од реакции
29.090
Action 1.png

01. DIE HARD - John McTiernan (1988)
1696448794574.png

„Welcome to the party, pal“ - John McClane

На Бадник, полицискиот детектив Џон Меклејн (Брус Вилис)) пристигнува во Лос Анџелес на божиќна забава, каде што работи неговата сопруга, во корпорациската зграда Накатоми. Сосема неочекувано, група терористи, на чело со Ханс Грубер (Алан Рикман) превзема контрола над зградата и ги зема за заложници присутните. ФБИ е повикан да ја реши ситуацијата, ама Меклејн има нешто друго на ум.
Па следат ефектни и врвно сработени експлозии, детектив кој ползи низ отвор за вентилација и виси на облакодер, додека се држи за противпожарно црево и влегува во историјата за еден од најдобрите акциони филмови на сите времиња.
Вака накратко би се опишало сценариото на овај култен акционен филм, кој го вивна Вилис во светот на акционите филмови. Заснован на романот на Родерик Торп – „Ништо не трае вечно“. Одличен филмски класик кои годините не ја намалуваат неговата вредност (годинава слави 35 години од неговата премиера). Баш напротив, секое ново гледање е незаборавно и носталгично присетување на златните времиња на акционите филмови.
Ако „Die Hard“, не ви биде доволен, не се грижете, има уште 4 други дела.

02. SICARIO - Denis Villeneuve (2015)
1696448865818.png

Во режија на Денис Вилнев, по сценарио на Тејлор Шеридан, со Бенисио Дел Торо, Емили Блант и Џош Бролин во главните улоги, Сикарио е неверојатна акција за борбата на силите на законот против мексиканските наркокартели. Реалистичен и брутален приказ на суровиот живот и работата на агентите, холивудски незашеќерен, што ќе ве натера да се запрашате кои се тука лошите а кои добрите момци (и девојки).

03. KILL BILL - Quentin Tarantino (2011)
1696448963773.png

Кунг Фу акција во режија на Квентин Тарантино со Ума Турман во главната улога. Станува збор за една Невеста која ќе биде предадена од својата група убијци и оставена смртно ранета и бремена. По 4 години во кома Невестата се буди полна омраза и список за отстрел на сите оние кои ја предадоа, меѓу кои се наоѓа и оној кој на остави бремена, Бил. Убиј го Бил е своевиден трибјут на кинеските кунг фу филмови, бескрајна акција, епски тепачки, карактеристичен тарантиновски хумор, музика и се останато што ќе ве држи пред телевизорот. Филмот е поделен во 2 дела, а има и една цела верзија која трае околу 4 часа. Двата дела се must, целосната верзија е ваш избор.

04. MISSION: IMPOSSIBLE - Brian De Palma (1996)
1696449030949.png

Филмот кој го прослави Том Круз како акционен херој и главен стожер на франшизата која прави милијарди во кино салите до ден денес. Може не ја памтите оригиналната серија од 1960-те но затоа нема некој што нема слушнато за Невозможна мисија на денешницата.
Во режија на Брајан де Палма и со Том Круз и Џон Војт во главните улоги, овој филм е одличен акционен шпионски трилер кој само 1990-те знаеа да понудат. Доколку сакате да видите каде започна се и како Итан Хант постана агентот што го знаеме сите денес, тогаш не смеете да го пропуштите овој филм кој ви нуди супер заплет и напнати акциони мисии какво што можат да извршат само агентите на Impossible Mission Force на ЦИА.

05. LETHAL WEAPON - Richard Donner (1987)
1696449094937.png

Мел Гибсон и Дени Гловер како легендарното полициско дуо. Изгледаат неспојливо, со сосема различни карактери и со спротивни методи на работа тргаат во потрага по бандата на нарко шверцери. Еден од најдобрите акциски наслови од осумдесеттите години, напишан од Шејн Блек, а режиран од Ричард Донер. Има уште три (четири?) продолженија, кои полека градираат од акција, акциона комедија, комедија со акциски елементи до комедија.

06. TRAINING DAY - Antoine Fuqua (2001)
1696449156412.png

Дензел Вашингтон мадафака. Филмот не носи на едно патување низ долниот дел на Лос Анџелес, откривајќи ја темната и корумпирана страна на органите за спроведување на законот.
Приказната се врти околу Џејк (Ethan Hawke), кој својот прв полициски ден треба да го помине со Алонзо (Дензел Вашингтон), детектив познат по своите неортодоксни методи.
Џејк набрзо сфаќа дека ова не е еден обичен тренинг ден. Одлична приказна за моралот и корупцијата.

Дензел ја има според мене една од најдобрите улоги, истовремено е ликот што ќе го сакате, но на моменти ќе ви биде и одбивен. Набргу ќе заклучите и зошто го освои оскарот за најдобар актер таа година.

King Kong ain’t got shit on me!

07. THE FUGITIVE - Andrew Davis (1993)
1696449222165.png

Харисон Форд и Томи Ли Џонс се главните актери во овој акционен трилер каде еден доктор ќе биде оптужен за убиство на својата сопруга и осуден на смртна казна. Др. Ричард Кимбел е угледен кардиохирируг кој еден ден ќе ја најде својата сопруга убиена во нивниот апартман и поради сплет на околности токму тој ќе биде првиот осомничен. Ќе мора да избега од лицето на правдата за да ја докаже својата невиност, а во негова потера главен и одговорен е инспекторот Самуел Џерард.
Акција карактеристична за тој период во Холивуд, Томи Ли Џонс има Оскар за најдобра машка споредна улога, филмот има номинации во уште 6 други категории.

08. JOHN WICK - Chad Stahelski (2014)
1696449319063.png

Акционен-трилер кој се појави во 2014 година редефинирајќи го модерниот акционен жанр. Приказнта е многу едноставна – Џон Вик (Кијану Ривс) платен убиец во пензија кој поради еден настан се враќа од пензија. Џон е човек со малку зборови но со една зацртана цел – крвава одмазда. Она што ќе ве воодушеви се маестрално изведените кадри и самата сценографија. Кореографијата во акционите сцени (скоро цел филм) е чиста уметност. Било кој од четирите дела да погледнете, нема да згрешите!

09. BULLITT - Peter Yates (1968)
1696449403643.png

Мафијаши, заштитени сведоци, платени убијци, добри полицајци, лоши полицајци. А меѓу сите нив Булит (Стив МекКвин), неподмитлив, незастрашив детектив кој не бира начин да стигне до вистината и правдата. Сцената од десетина минути, во која Булит со својот Форд Мустанг се дава во потера низ тесните ридести улици на Сан Франциско е антологиска и важи како една од најдобрите автомобилски бркотници кога и да било снимена.

10. RAMBO: FIRST BLOOD - Ted Kotcheff (1982)
1696449501169.png

После огромниот успех на боксерот Роки Балбоа, Силвестер Сталоне го оживува ликот на виетнамскиот воен ветеран Џон Рамбо.
Џон Рамбо е поранешен припадник на елитна воена единица, која војувала во Виетнам. По враќањето има проблем да се вклопи и продолжи со нормален живот. Неговите „виетнамски фрешбекови“ на површина ги извлекува параноичниот шериф Вил Тисл. Претепан во полициската станица, Рамбо бега во шумата спремен да се соочи со државната полиција и националната гарда. Препуштен сам на себе, сам против сите, тој преживува благодарение на вештините кои ги научил за време на војната.
Динамична екранизација на романот „First Blood“ на Дејвид Морел, кој после успехот на првиот филм, добива уште 4 продолженија. Фантастично интересен филм, преполн со немилосрдна акција кој ќе ви понуди вистинско филмско уживање.
Рамбо е еден од највпечатливите и омилените акциони јунаци во историјата на филмската уметност.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Superheroes 1.png

01. THE DARK KNIGHT - Christopher Nolan (2008)
1696529630122.png

Мрачна драма која остави впечаток што и ден денес не е направен суперхеројски филм кој ќе го надмине ова ремек дело на Кристофер Нолан. Градот Готам е во хаос од Џокерот, кој е совршено одигран од Хит Леџер кој истотака доби и постхумен Оскар за оваа улога. Кристијан Бејл ја игра улогата на Бетмен кој се бори со своите морални дилеми и со својот двоен идентитет. Мајкл Кејн како Алфред, Гери Олдман како комесарот Гордон и Морган Фримен како Лусиус Фокс се само печат на фатнтастичната екипа. Филмот навлегува во темите на моралот, хаосот и цената да се биде херој, правејќи го повеќе од само суперхеројски филм.

02. WATCHMEN - Zack Snyder (2009)
1696529682635.png

Ова е малце поинаков суперхеројски филм од буквално сите други кои ќе ги гледате. Почнувајќи од најавната шпица (интрото) кое трае цели 5 и пол минути, но ќе ве остави заковани со очите во екранот, до суперхероите кои не се налик ни на оние од Марвел, ни на останатите од DC, Watchmen е еден неповторлив и уникатен филм кој со години ќе ви остане врежан во мислите. Овие суперхерои живеат во свој, алтернативен универзум, во 1985 во која суперхеројството е забранета „игра“ и во која американскиот претседател Ричард Никсон останал на функцијата и по виетнамската војна во која иако суперхероите помогнале, Никсон ги прогласува за одметници, па истите мораат да ги извадат маските и да се кријат и себеси и своите моќи. Меѓутоа светот се соочува со закана од нова, овојпат нуклеарна војна, па така едно друштво на поранешни суперхерои ќе мораат повторно да ги стават маските. Тоа се - The Watchmen!

03. BLADE - Stephen Norrington (1998)
1696529733141.png

Блејд (Весли Снајпс) е полу-човек, полу-вампир, во постојана борба против вампирите за спасување на човечката раса која не е свесна за нивното постоење. Со исклучителните боречки вештини, култните реплики и препознатливиот изглед станува необичен, но незаборавен суперхерој. Духовен претходник на Матрикс, барем што се однесува до кореографијата на борбите, Блејд е филм што фановите на жанрот никако не смеат да го испуштат.

04. SUPERMAN - Richard Donner (1978)
1696529778508.png

Супермен ги отвори вратите за влез на филмовите со суперхерои. Со дотогаш невидени специјални ефекти, реалистично прикажано летање и спектакуларна акција, Супермен (Кристофер Рив) веднаш стана а и до денешен ден е неизоставен дел од секоја антологија на суперхеројски филмови.
Насловната музичка тема на Џон Вилијамс е една од најиконичните и најпрепознатливите филмски мелодии. Во останатите улоги: Маргот Кидер, Џин Хекман, Марлон Брандо, Глен Форд, Тревор Хауард …

05. THE DARK KNIGHT RISES - Christopher Nolan (2012)
1696529831276.png

The Dark Knight Rises ја заокружува трилогија на Нолан, со што дава (ин)директен коментар на мегаломанското општество, а во него и луѓето, а меѓу и нив и Бетмен. И како човекот (читај Брус Вејн Бетмен) и општеството (читај Готам) треба буквално да се прекршат да две за некои работи да се променат, притоа Бејн има елабориран план како ќе ги поткопа и двете страни. Плус Ен Хатавеј е Жена Мачка и многу е јака тој моторот.

06. AVENGERS: ENDGAME - Anthony Russo, Joe Russo (2019)
1696529892429.png

Avengers: Endgame е финале на 10-11 години Марвел филови, кулминација на Инфинити сагата и буквално love letter за фановите кои до коска ја следат приказната. Хероите на крај се издигнаа од пепелта и повеќето си го заокружија својот стори арк. Engame како филм сам по себе не функционира, ако го немаш leg work-от направено со сите претходни филмови затоа е и специфичен за оценка. Сам по себе е табула раса, а со разбирање на референците и истер еговите и нешто друго.

07. SPIDER-MAN: ACROSS THE SPIDER-VERSE - Joaquim Dos Santos, Justin K. Thompson, Kemp Powers (2023)
1696529982852.png

Спајдермен 2ката е најдобриот анимиран филм од жанрот последниве години и прекрасно продолжение на првиот дел. Одлично прикажана multiverse приказна, во која има место за сите, освен за главниот протагонист. Моќна порака носи филмот за тоа што значи припадност и кој по што треба да се дефинира и препознава меѓу другите.

08. CAPTAIN AMERICA: THE WINTER SOLDIER - Anthony Russo, Joe Russo (2014)
1696530043930.png

Капетан Америка 2 целосно го редефинираше титуларниот лик и (по мое мислење) од тој филм навака Крис Еванс стана главна ѕверка на Марвел, а Роберт Дауни втора палица. Одлична акционо-шпиунска драма за сечиј вкус со добри заплети, расплети, кому ќе му веруваш, кому не и сл. Невозможна Мисија со супер херои - вака најлесно би се опишал филмот на некој лаик.

09. GUARDIANS OF THE GALAXY - James Gunn (2014)
1696530097642.png

Guardians е група на мисфитс со која што Марвел си ја пробаа среќата пред скоро цели десет години и им се помочаа на DC на глава покажувајќи им и дека со тотални Ц листа на ликови од нивната ризница, пак ќе вртат кругови околу нив. Интересна спејс акција е ова, со малку идиотски хумор (барем за мене) ама тоа е, кога оди оди па и овој филм им успеа на Марвел со што го дотуркаа и до трилогија. Стар Лорд е киднапирано дете од вонземјани, кое хара во Вселената како спејс пират, па една рандом мисија ќе го заплетка со останатите фаци од клапата, кои на крај сфаќаат дека станува збор за нешто поголемо од сите нив и мора да работат заедно за да не стане ептен беља.

10. LOGAN - James Mangold (2017)
1696530142869.png

Последното појавување на Хју Џекмен како Вулверин, лик што го толкуваше речиси две децении. Приказната е сместена во блиска иднина каде што мутантите се на работ на истребување. Логан е веќе стар и истоштен лик кој работи како шофер на лимузина за професорот Чарлс Ксавиер. Брутален приказ на свет кој ги оставил своите херои зад себе. Фантастична акција и многу повеќе од суперхеројски филм. Соодветно збогување со иконскиот мутант и омилен карактер на многу генерации!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
ANIMATION MOVIES.gif

01. THE LION KING - Roger Allers, Rob Minkoff (1994)
1698341268253.png

За многумина најдобриот анимиран филм некогаш направен, филм кој одбележа милиони детства низ светот, филм со кој повеќето растевме, се смеевме и плачевме, кој никого не остава рамнодушен. Еден од ретките анимирани филмови кој освоил 2 Оскари (и тоа во времето кога категоријата: најдобар анимиран филм не постоеше), кој е со години во топ 50 на IMDB TOP 250 листата на најдобри филмови во историјата, и без кој ретко поминува било која листа на филмови кои мора да ги гледаш во животот.

Интересен факт кој треба да се спомене: за време на снимањето на филмот, екипата која работела на него била наречена - тим Б, тие биле луѓе на кои им дале проектче да работат и да бидат зафатени додека тимот А (најдобрите аниматори на Дизни) работеле на Pocahontas, филм кој на листава се најде на 20 место, и за кој во Дизни имале многу повисоки очекувања. Во реалноста се случи спротивното - The Lion King е еден од најдобрите филмови на Дизни, додека Pocahontas е... таму некаде, доле, на 20 место. ;)

Хакуна Матата!

02. RATATOUILLE - Brad Bird (2007)
1698341346403.png

Ова е официјално првиот филм соработка на Дизни и Пиксар - со години двете најголеми и најдобри студија за анимација во Холивуд, откако Дизни го купи Пиксар во 2006 за 7,4 милиони долари. Резултатот е - исто за многумина еден од најдобрите анимирани филмови на сите времиња! Филмот постави и рекорд од 5 номинации за Оскар од еден компјутерски анимиран филм до појавата на WALL-E во 2008. Приказната е едноставна: чудна спојка на глушец што знае да готви и вработен во кујна во познат ресторан во Париз ги прават најубавите јадења кои најпребирливите усти некогаш ги вкусиле. Токму таа спојка не носи на една прекрасна авантура на која ќе се забавувате, смеете до солзи, ќе уживате...

...и ќе тркнете до кујна да си поткаснете! :P

03. SNOW WHITE AND THE SEVEN DWARFS - David Hand (1937)
1698341409615.png

Снежана и седумте џуџиња е првиот долгометражен анимиран филм на најголемото студио за анимација во светот - Дизни. Иако наскоро ќе полни точно 100 години, на филмот многу денешни филмови можат да му позавидат. Безвременската бајка на браќата Грим, кога ќе се земе предвид инфлацијата, се уште го држи рекордот на анимиран филм со најголема заработка во историјата на филмот. Бидејќи целиот филм е old-school stop motion анимација и цртан рачно, некои од аниматорите на филмот тврделе дека тоа било најтешката работа која ја имале во животот, особено сцената во која седумте џуџиња маршираат по враќањето од рудникот пеејќи "Heigh Ho", затоа што иако сите џуџиња марширале со исто темпо, аниматорите на секое морале да му дадат карактеристики својствени за неговиот лик. Веројатно затоа и зашто бил неверојатно доживување во тоа време, на филмот му дале специјален Оскар составен од една Оскар статуетка со нормална големина и уште седум минијатурни, поставени на еден постамент. Од тогаш до денес стотици генерации деца растеа со филмот кој создаде една историја која не престанува да се испишува!

04. MY NEIGHBOR TOTORO - Hayao Miyazaki (1988)
1698341477893.png

Волшебниот Хајао Мијазаки го имаме на листата со неколку од неговите филмови, но My Neighbor Totoro е без двоумење неговото најдобро остварување. Ова е единствениот анимиран филм на кој се сеќавам во кој не постои негативец. Нема ни ронка зло во него, само чиста убавина, својствена за детските души. Затоа многумина ќе речат дека е вистинско очицетворение на детската невиност. Филм кој мора да го погледнете за да одморите од клишеата во се останато што сте гледале во последно време.

05. SPIRITED AWAY - Hayao Miyazaki (2001)
1698341536884.png

Уште еден волшебен свет на Хајао Мијазаки, во првото аниме освојувач на Оскар. Оваа мистична, необична бајка за патување во световите создадени од главата на еден вистински маѓепсник, е еден од најоригиналните и истовремено најнадреалните филмови кои некогаш сте ги гледале. Тешко е да се даде соодветен опис за филмот без притоа да откриеш макар и еден детаљ од него, но ете, да речеме - митското, чудното во овој филм, освен прекрасната анимација е она што најчесто ги маѓепсува неговите гледачи. Истовремено е и смешен, и чуден, и страшен, и восхитувачки. И веројатно најимагинатиниот, најфантастичниот и најоригиналниот филм кој некогаш сте го гледале.

06. KLAUS - Sergio Pablos (2019)
1698341593420.png

Како настанал Дедо Мраз? На ова прашање ќе ви даде чуден, но искрен одговор едно од најпријатните изненадувања во светот на анимацијата во последниве 20-тина години. Веројатно најдобриот анимиран филм на Netflix ве носи на едно магично патување до Лапонија по кое многу нешта нема веќе да ви изгледаат исто, а веројатно ќе успее и да ја врати магијата во вашите домови. Празници секогаш се ближат - гушнете ги најмилите, направете си некој топол напиток, седнете покрај екраните и дозволете да ве маѓепса - Klaus!

07. CINDERELLA - Hamilton Luske, Wilfred Jackson, Clyde Geronimi (1950)
1698341689508.png

Ова е првиот блокбастер филм на Дизни по Втората светска војна, откако поради војната Дизни имале огромни финансиски загуби, иако за време на војната излегле Pinocchio (1940), Fantasia (1940) и Bambi (1942), но нивниот успех на бокс офисот генерално бил во поствоениот период. Затоа токму Пепелашка е таа која го враќа Дизни на старите патеки и старата слава. Приказната е добро позната на сите нас, со години сите мали девојчиња се поистоветувале со Пепелашка чекајќи да дојде и нивниот принц еден ден. Ова е и приказна за вербата дека само со добрина може да се стигне високо и дека е важно она што го носиш внатре, во срцето, а не облеката. Прекрасна анимација, одлично изградени ликови, реков - прекрасна приказна (адаптирана од бајката на Шарл Перо), Пепелашка е еден од најубавите филмови на Дизни до денес, 100 години по нивното основање. Филмот заработил и три номинации за Оскар: за музика, песна, и монтажа на звук, и тоа во времето кога анимираните филмови не можеа да добијат Оскар во својата категорија, зашто истата не постоеше. :( :(

08. FINDING NEMO - Andrew Stanton (2003)
1698341745334.png

Запловете во волшебниот подводен свет со филмот на Пиксар. Немо е мало тропско рипче од океанот, кое при првата разделба од родителите ќе биде уловено и заробено во аквариум. Неговиот татко веднаш тргнува да го бара и ќе помине низ една извонредна авантура каде ќе запознае многу интересни ликови што ќе му помогнат во потрагата, но и бројни опасности во непознатите делови од океанот.

Дали ќе го најде Немо или и тој ќе заврши слично како него? Откријте во овој прекрасен филм наменет за целото семејство.

09. BAMBI - David Hand (1942)
1698341803189.png

Можеби најтажниот од сите Дизни филмови некогаш снимени. Филм кој ќе ве натера да ја сакате природата, животните, растенијата, шумата. Но истовремено и филм кој ќе ви помогне да разберете колку се важни вашите најмили. Затоа пуштете го, гледајте го, и потоа јавете се на сите кои ги сакате или појдете до нив, гушнете ги и кажете им дека ви значат. Некогаш може да биде и предоцна за тоа. :(

10. BEAUTY AND THE BEAST - Gary Trousdale, Kirk Wise (1991)
1698341859593.png

Филмот кој остана запишан во аналите како првиот анимиран филм кој бил номиниран во главната категорија: најдобар филм за Оскар. После него, само уште на 2 филма им има успеано тоа, но како и да е, никогаш никој веќе нема да биде прв! Приказна за убавината, адаптација на истоимената бајка на Жан Мари Лепринс де Бомонт од 1756 и римејк на истоимениот француски филм на Жан Кокто од 1946. Нам ни е попозната бајката „Аловото цвеќенце“ од Сергеј Аксаков, руска верзија на истата бајка која во осумдесетите беше лектира во нашите училишта. Како и да е, ова е еден безвременски филм за љубовта и за внатрешната убавина од кој може да се извлечат прекрасни поуки.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
11. HERCULES - Ron Clements, John Musker (1997)
1699544647208.png

Во филмов Дизни малку си игра со грчката митологија: на синот на Зевс и Хера, Херкулес, му е одземена бесмртноста уште како мал од страна на злобниот Хадес, и тој мора да стане вистински херој за да може да си ја врати. Доколку сакате една забавна приказна за боговите и хероите, за митолошките суштества и злобните сили, за Олимп и чудовиштата - ова е вистинскиот филм за вас. Забавата е загарантирана!

12. INSIDE OUT - Pete Docter (2015)
1699544745454.png

Ова е еден од најоригиналните анимирани филмови кои се појавиле во последно време. Имаше одличен прием и кај публиката и кај критиката, без речиси ништо негативно кажано за него од ни една страна. Филм за растењето и за емоциите. Но интересно е што тука емоциите се живи суштества во телото на едно девојче, Рајли, кои се борат да преовладаат со неа додека во нејзиниот живот се случуваат многу важни промени. Ова е филм кој и кај вас ќе предизвика бројни емоции и на кој долго, долго по гледањето ќе се сеќавате!

13. AKIRA - Katsuhiro Otomo (1988)
1699544797667.png

„Akira“ (1988) е револуционерен аниме филм кој поставува нови стандарди во жанрот со својата иновативна анимација и длабоката постапокалиптична приказна. Се одвива во футуристички Токио, филмот ја истражува темата на моќта, корупцијата и човечката природа преку возбудлива и динамична нарација. Неговата визуелна магија и сложени ликови го прават ова дело еден од највлијателните аниме филмови на сите времиња. „Akira“ е задолжителен за сите кои сакаат да искусат како анимацијата може да ги надмине границите на традиционалното филмско раскажување. Неговата интензивна енергија и предизвикувачка тематика ќе остават длабок впечаток на секој гледач.

14. FROZEN - Chris Buck, Jennifer Lee (2013)
1699544843729.png

Подгответе се да замрзнете во волшебниот свет на снежни пејзажи, ледени дворци и епски приказни. Приказната за Ана и Елса, двете сестри престолонаследнички што ќе бидат втурнати во неверојатна авантура и ќе се соочат со таинствени сили додека ги совладуваат препреките и ги осознаваат важноста на пријателството и љубовта. Тука се и Кристоф со Свен, принцот Ханс и незаборавниот снешко Олаф.

Уживајте во прекрасните музички нумери и дознајте зошто сите девојчиња сакаат да бидат принцези како Ана и Елса.

15. THE JUNGLE BOOK - Wolfgang Reitherman (1967)
1699544968633.png

„The Jungle Book“ (1967) е волшебен анимиран филм на Дизни, базиран на класичната книга на Радјард Киплинг. Приказната ги следи авантурите на Могли, момче одгледано од волци во дивината на индиската џунгла, додека се обидува да најде своето место меѓу животните и луѓето. Филмот е исполнет со незаборавни музички теми и шармантни ликови, вклучувајќи ги и Багира, Балу и Шир Кан. „The Jungle Book“ нуди комбинација од хумор, срце и авантура која ќе ги воодушеви гледачите од сите возрасти. Овој филм е идеален избор за оние кои сакаат класичен Дизни анимиран филм со вечна привлечност и позитивна порака.

16. ALADDIN - Ron Clements, John Musker (1992)
1699545015397.png

„Aladdin“ (1992) е шармантен и фантастичен анимиран филм на Дизни кој ја раскажува приказната за младото момче по име Аладин, кое ја наоѓа магичната лампа и се заплеткува во авантура полна со мистерија и љубов. Филмот се одликува со забавни и живописни анимации, како и незаборавни музички композиции, вклучувајќи ги хитови како „A Whole New World“ и „Friend Like Me“. Гласот на Робин Вилијамс како Џин ја додава комедијата и енергијата која го прави филмот уште поинтересен и забавен. Робин снимајќи го филмот импровизирал толку многу, што пред монтажата имале дури 16 часа материјал за монтирање. „Aladdin“ нуди прекрасна комбинација од романса, хумор и магија, правејќи го идеален за сите генерации. Филмот е на Топ 250 најдобри филмови на сите времиња на IMDB и има освоено Оскар за песната „A Whole New World“ и за најдобра филмска музика, и уште 3 други номинации, а филмот станал првиот анимиран филм во историјата кој заработил преку 200 000 $ на бокс офисот.

17. DUMBO - Ben Sharpsteen (1941)
1699545058033.png

Волт Дизни не бил заинтересиран за филмот и да не била упорноста на сценаристите кои секое утро му го оставале сценариото на работната маса, денес немаше да го имаме единствениот филм на Дизни во кој главниот лик не кажува ни еден збор. Еден интересен податок вели дека е ова првиот анимиран филм на Дизни и се уште еден од ретките во кој дејството е сместено во Америка. И во уште нешто е прв: со само 64 минути, е најкраткиот долгометражен филм на Дизни во историјата. Па ако сакате некое кратко слатко возбудување, а не сте го гледале, ова е идеален филм за вас.

18. DESPICABLE ME - Pierre Coffin, Chris Renaud (2010)
1699545105782.png

Запознајте го Гру, врвен негативец, блика од злоба, живее во својот грозен и мрачен свет и најголемото задоволство му е да биде злосторник.

Откако ќе украде сè што може, Гру решава да ја украде и месечината и конечно да завладее со светот. За да го изведе својот план, Гру вдомува три мали сирачиња за да ги искористи како помошници. Но, планот почнува да не се движи во посакуваната насока.

Филм полн со забава, хумор и емотивни моменти и незаборавни ликови, особено малите жолти несмасни миниони кои го придружуваат Гру во неговите злодела.

Филмот има уште две продолженија со Гру и уште две посветени на минионите.

19. MULAN - Tony Bancroft, Barry Cook (1998)
1699545148732.png

„Mulan“ (1998) е инспиративен анимиран филм на Дизни кој ја следи храброста на младата Кинеска девојка по име Мулан, која се облекува како маж за да се приклучи на војската и да ја спаси својата фамилија од инвазија. Филмот се одликува со спектакуларна анимација, возбудливи битки и незаборавни музички теми, како што се „Reflection“ и „I'll Make a Man Out of You“. Мулан е претставена како моќен и инспиративен лик кој се бори против стереотипите и докажува дека храброста и мудроста не зависат од пол. „Mulan“ нуди комбинација од акција, емоција и хумор, правејќи го идеален за сите кои сакаат приказни за храброст и саморазвој. Филмот продолжува да биде значаен пример за борба против предрасудите и моќта на индивидуалната храброст.

20. POCAHONTAS - Mike Gabriel, Eric Goldberg (1995)
1699545201775.png

Ова е вистинска приказна за домородната Американка Покахонтас од племето Похатан која се заљубува во англиски војник / колонизатор. Филмот е пуштен во кино салите на 23 јуни 1995, на 400-годишнината од раѓањето на вистинската Покахонтас. Дури 55 аниматори биле вработени само за ликот на Покахонтас.. Аниматорите кои работеле на него велат дека бил еден од најтешките филмови за продукција на кои работеле. Но напорната работа се исплатела, зашто од денешна перспекрива, Покахонтас е еден од најживите и најреалистичните анимирани филмови на Дизни (традиционална анимација). Покахонтас е првиот Дизни филм кој бил цензориран пред влегување во кино салите, заради расистички навреди во „Savages“. Иако денес зборуваат за него како расистички, навредлив и сл. од припадниците на woke културата, од многу домородни Американци му е дадено признанието за најреалистичен приказ на домородното население во било кој американски филм. Дури - секој збор изговорен на денес изгубениот Похатан јазик е на нивниот вистински јазик, иако изговорот бил само претпоставен. Филм кој ги одбележа нашите детства, за кој собиравме и албуми со сликички и кој, сигурен сум, една генерација од нас нема никогаш да го заборави!
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Musical 2.png

01. LA LA LAND - Damien Chazelle (2016)
1701544541304.png

Класичен филм за boy meets girl но светот, околностите, желбите и аспирациите во случајот се многу повеќе предизвикувачки и посилни што дополнително ја комплицираат оваа љубовна приказна. Навидум веќе видено, но тоа што го дели La La Land, освен што е колоритен и нели мјузикл, како љубовна приказни е тоа што всушност и не е за голема љубовна приказна. Како што Jodorowsky’s Dune e најдобриот Dune филм никогаш снимен така режисерот Damien Chazelle низ леќите на жанрот романса снимил филм за најголемата љубов никогаш случена. Аспирациите, соништата, страстите што некогаш се раѓаат во нас уште од деца и знаат да се главна движечка сила низ животот исто знаат да останат непоразени во очи на head-over-heels jazzy љубов распространа низ булеварите на Холивуд која ќе ви го разигра срцето и душата, ќе ви ги исполни очите со бои и шарм, ќе ве повреди и ќе ве распее, одглумено со одлична хемија помеѓу Emma Stone и Ryan Gosling. Затоа - here's to the fools who dream.

02. LES MISÉRABLES - Tom Hooper (2012)
1701544629436.png

„Les Misérables“ (2012) е спектакуларна адаптација на класичниот мјузикл базиран на истоимениот роман на Виктор Иго. Филмот ја раскажува длабоката и емотивна приказна за борба и искупување во постреволуционерна Франција, фокусирајќи се на судбините на ликовите како Жан Валтжан и Фантин. Со неверојатни изведби на актерите, вклучувајќи ги Хју Џекман, Ен Хатавеј и Расел Кроу, и со моќни музички теми, филмот нуди возбудливо и интензивно искуство. „Les Misérables“ е значаен по својата длабока емоционална привлечност и визуелна големина, што го прави незаборавен и привлечен за сите љубители на мјузиклите и драмата. Филмот успешно ја пренесува силата на приказната и музиката на големото платно.

03. FIDDLER ON THE ROOF - Norman Jewison (1971)
1701544678976.png

„Fiddler on the Roof“ (1971) е адаптација на мјузиклот кој го раскажува животот на Тејвие, млекар во рускиот град Антевка, кој се бори да ги одржи традициите на своето семејство во време на социјални промени. Филмот комбинира емотивна приказна со забавни и слатки музички теми, како што се „If I Were a Rich Man“ и „Sunrise, Sunset“. Со извонредна глума и музика, „Fiddler on the Roof“ нуди богат поглед на конфликтите меѓу традицијата и модернизацијата. Овој класик продолжува да ги воодушевува гледачите со својата длабочина и искреност, правејќи го идеален за сите кои уживаат во приказни за семејство и културниот идентитет.

04. PINK FLOYD: THE WALL - Alan Parker (1982)
1701544729793.png

The Wall е филмска адаптација на концептуалниот албум на Pink Floyd, која спојува музика и визуелна уметност за да создаде длабоко и интензивно искуство. Филмот ја следи приказната на Флоjд, музичар кој се соочува со ментални и емоционални бариери кои го изолираат од светот, како што е прикажано преку симболични и често мрачно изразени сцени. Со своите уникатни визуелни стилови и моќни музички теми, како што се „Another Brick in the Wall“ и „Comfortably Numb“, „The Wall“ нуди возбудлива анализа на теми како што се алиенација, саморазрушување и социјална критика. Овој филм е идеален за љубителите на музиката и оние кои бараат длабок и креативен поглед во човечката психа.

05. CABARET - Bob Fosse (1972)
1701544774479.png

„Cabaret“ (1972) е извонредна филмска адаптација на мјузиклот од Џон Кандер и Фред Еб, кој го истражува животот во Берлин за време на подемот на нацизмот. Филмот ги следи авантурите на кабаретската пејачка Сали Боулс, играна од Лајза Минели, и нејзината комплексна врска со писателот, додека политичките тензии во Германија растат. Со незаборавни музички теми како „Cabaret“ и „Maybe This Time“, филмот комбинира бурлеска и драма за да ја истакне тензијата помеѓу личните желби и политичките настани. „Cabaret“ е одличен избор за љубителите на музички драми кои сакаат да ја искусат атмосферата на времето и местото со богат визуелен и музички израз.

06. SINGIN' IN THE RAIN - Stanley Donen, Gene Kelly (1952)
1701544822787.png

„Singin' in the Rain“ (1952) е класичен музички филм кој го слави златното доба на Холивуд со неговата неверојатна комбинација од хумор, музика и танц. Филмот следи приказна од златната ера на филмската индустрија, каде главниот лик Дон Локвуд, во изведба на Џин Кели, се бори со транзицијата од неми во звучни филмови. Со својата спектакуларна точка „Singin' in the Rain“, филмот не само што демонстрира неверојатна кореографија и глума, туку и прикажува страсна љубов кон магијата на филмската уметност. Истовремено, „Singin' in the Rain“ го истражува комичниот аспект на предизвиците со кои се соочуваат актерите во новата ера на звучни филмови. Со својата извонредна продукција, динамични танцови изведби и незаборавни музички теми, филмот останува вечен фаворит за љубителите на класичниот холивудски мјузикл. Неговата комбинација на хармонична музика, комични елементи и иновативни танцови кореографии го прави врвно остварување во жанрот. „Singin' in the Rain“ продолжува да биде инспиративен и возбудлив пример за уметноста на мјузиклот. Еден од најдобрите мјузикли на сите времиња!

07. THE GREATEST SHOWMAN - Michael Gracey (2017)
1701544866974.png

„The Greatest Showman“ (2017) е енергичен мјузикл кој ја раскажува инспиративната приказна за основачот на циркусот, П.Т. Барнум, и неговото патување од скромните почетоци до создавање на спектакуларен шоу-бизнис. Филмот се одликува со спектакуларни музички и танцови изведби, со хитови како „This Is Me“ и „Rewrite the Stars“, кои го истакнуваат креативниот дух и иновацијата на Барнум. „The Greatest Showman“ комбинира емоционални приказни со визуелно фасцинантни сцени и живописна продукција, создавајќи магичен и оптимистички поглед на животот и соништата. Со впечатливи перформанси од Хју Џекмeн, Зак Ефрон и Мишел Вилијамс, филмот ja истражува темата на прифаќање и самоувереност, претставувајќи ја борбата на ликовите за признание и успех. „The Greatest Showman“ нуди свеж и инспиративен поглед на мјузиклот, комбинирајќи модерни музички стилови со класична приказна за трпеливост и надеж.

08. DANCER IN THE DARK - Lars von Trier (2000)
1701544917020.png

Контраверзниот Lars von Trier кој секогаш претендира визуелно да не повреди, овој пат наместо сцени од кои ни се обраќа стомак избрал да ни раскаже една тажна приказна со која пак се навраќа на неговата желба да не повреди, оставајќи ни нова трага на срцето со Dancer in the Dark - кој е можеби неговата ванила верзија на филм што може да се пушта на телевизија. Филмот е мјузикл но е скоро оксиморон бидејќи мјузиклите обично обработуваат лесни и среќни теми и не оставаат исполнети на крај но ова е една многу тажна драма за имигрантка со попречен вид која жртвува скоро се за да нејзиниот син има подобар живот одошто она имала. Како механизам за преживување користи песни, повеќето напишани и изведени од Björk која е во главна улога. Во секој мјузикл кога ќе стигнете до последната песна е огномет, виолини, хор... но не тука, со кнедла во грло не се пее а и боли. Пожртвеноста, неправдата и болката се само претпоследната песна во овој мјузикл наречен животот и иако завршува со сите тие елементи во ек, но како што и Селма вели во филмот, е последна песна ако ние дозволиме да биде. Некои луѓе ја напуштаат кино салата пред последната песна во филмот за секогаш да трае па така и филмот продолжува да трае во нас после неговото завршување.

09. AN AMERICAN IN PARIS - Vincente Minnelli (1951)
1701544961229.png

Американскиот уметник Џери Мулиган, во потрага по успех и љубов во Париз, ја наоѓа инспирацијата во градот на светлината. Филмот комбинира елеганција и освежувачки музички теми, претставувајќи живописни танцови сцени кои го истражуваат шармот и романтиката на Париз. Со извонредни перформанси и магични визуелни ефекти, оваа класика на мјузиклот продолжува да плени со својата естетика и музичка убавина.

10. MARY POPPINS - Robert Stevenson (1964)
1701545006814.png

„Mary Poppins“ (1964) е магичен мјузикл кој следи приказната за необичната гувернанта, Мери Попинс, која доаѓа да го донесе редот и радоста во животот на семејството Банкс. Со својата комбинација на шармантни музички теми, како што се „Supercalifragilisticexpialidocious“ и „A Spoonful of Sugar“, филмот нуди незаборавно искуство полно со фантазија и хумор. Извонредната глума на Џули Андрјуз и незаборавните анимациски сцени ја прават оваа приказна вечен фаворит за сите генерации.

11. THE SOUND OF MUSIC - Robert Wise (1965)
1701545054748.png

„The Sound of Music“ (1965) е незаборавен мјузикл кој следи приказната на гувернантата Марија, која доаѓа во домот на семејството фон Трап и ги трансформира нивните животи со музика и љубов. Филмот се одликува со енергични и инспиративни музички теми, како што се „Do-Re-Mi“ и „My Favorite Things“, кои ја прикажуваат радоста и надежта во време на предизвици. Со својата живописна продукција, спектакуларни пејзажи и извонредна изведба на Џули Андрјуз, филмот продолжува да го воодушевува и да го освежува срцето на публиката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom