Прво, никаде не повикав на насилство туку на присуство.
Никогаш не ни реков. Пишав "ако пак сакаш", отворено е за интерпретација. Иако мојот личен став е дека протести без насилство и протести без чиста политичка агенда и кој треба да ја спроведе не се протести туку прошетки.
Друго, еве ВМРО ништо не прави од тоа што ти го спомна, народот што ќе прави, ќе гледа како муртинецон ги пече на скара, онака пополека да крчка ? Уф заборавив , ќе пишува досетки.
Оваа сега што се случува не е за подршка на ВМРО, никој не мора да гласа за нив и да ги носи на власт, гласај за кого сакаш ама прати порака до гнасана од муртино дека не се согласуваш со неговата политика, ако веќе не се согласуваш.
Народот пополека ќе се радикализира и ќе си оформува свои организации и групи како што е историската норма. Јас барем не знам за некакви радикални социјални движења кои успеале да се самоорганизираат и превземат власт во некој краток временски период ( а да не се странски пучови). За пример првиот отворен револт против социјалната структура на Русија започнал во 1825 со Декемврискиот револт од страна на една шака офицери и без никаква популарна подршка за пополека ситуацијата да ескалира во следните 80 години се до револуцијата во 1905 па последната во 1917. Во случајот на Америка, незадоволството почнале во 1763 па Бостонскиот масакр бил во 1770, па отворената борба почнала дури во 1775. Види низ што се не поминал Хо Ши Мин во Виетнам.
Мислам да очекуваш дека одеднаш Македонскиот народ ќе знае како и ќе успее да се самоорганизира на масовно ниво во ситуација каде што имаш скоро 80 години веќе ситуација каде што секоја патриотска организација колку и да е мала, со истата државата и политичките партии брутално се справуваат. Да не заборавиме само како владата на Никола Груевски се пресмета со сите навивачки групи и како комплетно ги разнебити дури и најмалите независни патриотски организации додека на Милчин и остала НГО компанија им ги пунеше џеповите.
И треба сега одеднаш Македонците да оформат радикални организации кои ќе можат ефективно да се спротистават на државата и странските служби, а истите немаа повеќе од 3-4 години да се формираат. Реално од пред 3 години Заев успеа комплетно да го руинира државниот апарат, додека Заев и Мицковски соодветно си ги руинираа сопствените партии и изгубија политичка контрола врз широките народни маси. Епа нече мочи ове ночи. Како и за се друго, потребно си е време за работите да си дојдат на своето место.
А околу праќањето на порака до Муртинецот. Значи ДПНЕ добило 44 пратеника зошто народот е против муртинецот, што сакаш повеќе испраќање порака од тоа? И сега ДПНЕ треба да земе да ги искористи тие пратеници за да го сруши муртинецот, али одбива. А од друга страна народот требал да искочи за да покаже дека не го сака муртинецот. Значи 320 000 гласа, 44 пратеника се дадени за да биде срушен муртинецот, и ДПНЕ упорно одбива да го направи истото. Пред оваа последна година, се земаше за непишано правило дека ниедна влада не може да опстои ниту неколку месеци ако нема барем 65-67 пратеника, и одеднаш овој стабилно без никакви проблеми се тера еве скоро цела година. Како е тоа возможно кажи ми?
За пописот беше буквално готов, ако и ДПНЕ повикаше на отворен бојкот, целиот процес ќе му пропаднеше и ќе беше комплетно делегитимизиран + по тој успех ќе можеше да се повика на масовни протести и да се бараат предвремени избори. И што направи Мицковски, отиде и направи договор со него да се одложел до есен и да си купи време.
Али јас сум требал да излезам и со тоа да му покажам на муртинецот дека ете не сум го подржувал и неговите политики.