КАКО ЗАЕВ И НОЛА ТРГУВАА СО ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА!!!
Еднаш ЗОРАН ЗАЕВ се колнеше, со рачето на градите дека додека дише името на Македонија нема да го менува. После издише, па го продаде. Го смени за кеш, заедно со таквите како него, алчни профитери...
Се сеќаваме дека за тој деловен потфат му недостасуваа ОСУМ РАЗБОЈНИЦИ со пратеничка моќ да гласаат во Собранието за промена на Уставот. Сашо Мијалков му ги приведе да си направи пазар. Па ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА МИЛЕСКА си направи пазар да биде амнестирана од процесуирање во кривичниот предмет ,,СКОПЈЕ 2014,,, а на вевчанецот КРСТО МУКОСКИ покрај амнестија ЗАЕВ и бизниси му даде, тендери по желба, да не остане Крсто без кеш.
Меѓу тие ОСУМ е и екс пратеничката НОЛА ИСМАЈЛОВСКА СТАРОВА. Еве како НОЛА е наградена за своето велепредавство. Дописот до мене и прилозите што ми се доставени, ви ги пренесувам во целост:
Оваа документирана информација е доказ дека криминалците не познаваат идеологија, ограничувања или каква било скрупула. Како на пример бившата пратеничка Нола Исмајловска Старова, која гласаше за уставни промени на името Македонија, како дел од група која се отклони од ВМРО-ДПМНЕ. Со неа преговарал Заев.
Нејзини барања биле: зграда у Скопје, исплата од пола милион евра преку бизнисите на Бошко Нелкоски, како и натамошна непречена контрола на Еразмус проекти со школите, шема за проневера, која започна во времето на Груевски, а си продолжува со Заев.
Исплата на договореното започнува преку Фондот за иновации. Одобрени се средства за проект на фирма НЕЛКОСКИ ОРГАНИК ФУД ДООЕЛ од с. Драслајца, Струга во износ од 110.000 евра, односно 6.617.212 денари.
Останатите исплати се од десетици основни и средни јавни школи, на пари од Еразмус, преку фирмата СИЛВЕР ЛИОН СЕРВИСЕС ДООЕЛ увоз-извоз Струга, фирма со скриен сопственик, Бошко Нелкоски. Дел од префрлените пари се документирани со прилогот, документ со податоци и линкови до договори од Биро за јавни набавки.
Шемата е следна: Училиштето контактира со Бошко Нелкоски или Нола Исмајловска Старова. Тие имаат пристап до службена електронска пошта од школото и преку неа аплицираат еден ист Еразмус проект, ги мењаат само имињата на школите.
Во Еразмус агенција евалутори на проекти се неколку дваесетгодишни девојки под контрола на Ана Митровска Михајлов, во Еразмус агенција донесена своевремено од кабинетот на Васко Наумовски, а денес мажена во фамилија на газдите на РИМЕС МС ГРОУП ДОО увоз-извоз Скопје, финансиери на СДСМ од Гази Баба.
Евалуаторите ги одобруваат проектите. Агенцијата за Еразмус склучува договор за проектот и доделува пари. Школото наместо самото да го работи проектот, сите пари ги префрла на СИЛВЕР ЛИОН СЕРВИСЕС ДООЕЛ увоз-извоз Струга. Тие како „организатори“ им ги земаат парите, главнината, а во школото го подмачкуваат директорот или некој во општина. Ова сето е во целост спротивно од Еразмус правилата, кои не допуштаат правење приходи од пари за школи и деца.
Големиот проблем за кој Нола Исмајловска Старова ургирала кај Заев е што Еразмус агенција во 2019 година ги променила евалуаторите, со нови евалуатори бирани од странци. Без знаење на Заев и спротивно на договорот со Нола за компензација на глас за промена на Устав.
Во декември 2019, Еразмус агенција пак, без побарана согласност од Заев, поднела кривична пријава до обвинителство за Бошко Нелкоски и неговата група. Обвинителството оваа пријава „ја загубило“, па на ново е поднесена пријава во 2020 г. Нема интерес во обвинителство за процесуирање на истата.
Заев реагирал, се консултирал со Љупчо Николовски, тој наоѓа свое дете од ОО СДСМ Гази Баба, Марко Ѓоргиевски кој е поставен по експресна постапка како В.Д., да ги штити интересите на договорот со Нола Исмајловска Старова, но и да постави и развива нова, втора мрежа во школите која ќе краде пари на ист начин, но сега во полза на Љупчо Николовски.
П.С.
Кадарот на Љупчо Николовски у Еразмус Агенција, Марко Ѓоргиевски тековно, сега, спрема промена на евалуатори на проекти заедно со Ана Митровска Михајлов. За илустрација само за какви износи станува збор:
• Евалуаторката Дорина Ѓорчева Митровска (кумашинка на Ана Митровска Михајлов - тогаш одговорно лице за евалуаторите на проекти) доделила 3.839.921 ЕUR преку 35 проекти или 25.4% од вкупниот буџет на Еразмус агенција за период 2014-2017. Родена е во 1990 г.
• Евалуаторката Марија Петрушевска (пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од 2020г.) во времето на Ана Митровска Михајлов, доделила 4.540.614 EUR преку 42 проекти или 30% од вкупниот буџет на Еразмус агенција за период 2014-2017. Родена е во 1986 г.
виа Буревесник
ВМРО-предавничка.