Денес од рано сабајле се загледав МТВ1 и даваа еден куп постари емисии и се присетив колку беа поинакви едни времиња...
Бушава азбука, верувам голем дел од форумот буквално израснавме со нивните епизоди, баш додека ја учев кирилицата на училиште одеше и емисијата на МТВ...
Нема да ги заборавам дијалектите кои ги спомнуваа во емисијата, ако се сеќавате, со народни носии, обичаи...Па кажуваа една фраза на македонски литературен, па после на костурски, лерински, кичевски дијалект...
Гледам Трн пред мене ги барал епизодите, па сега ќе го прашам колкав успех имал? И јас ќе се ангажирам, а сега добив идеја да ги контактираме луѓето позади кампањата "Додека пишувам кирилица, постојам" (или како беше)? да издејствуваме заеднички спасување на овој скапоцен материјал да го види ДВД денот и да се дистрибуира по весници, бутки и трафики за да може секој еден да го има по дома...
Одлична идеја би било и МТВ да го репризира во училишни денови, за време на контактно-образовни емисии, како што беше Звон порано (дали сеуште оди, или има некоја друга?) или едноставно сабајлечки како што одеше порано...
Се надевам ќе издејствуваме или најдеме пар епизоди...Не знам колку би биле заинтересирани од МТВ (судејќи по ситуацијата таму) да се заложат за некаква акција...
Значи, ако некој има епизоди, знае каде можат да се најдат, би сакал да остави контакт, сум заинтересиран да ги откупам доколку некој ги има.