Бурек

Дали јадете бурек


  • Вкупно гласачи
    558

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
Vlad II Draculea напиша:
Бич ова цигара буреов мора да го пробам... баш ме бениса.. али ако го згешам ти си крива... :)
И да го пробаш.
Јас одговарам за секој ваш утнат рецепт и не само тоа, туку и ви дозволувам да ме мавате со патлиџани и јајца!:pos:
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
The`bItCh напиша:
И да го пробаш.
Јас одговарам за секој ваш утнат рецепт и не само тоа, туку и ви дозволувам да ме мавате со патлиџани и јајца!:pos:
За да ги собираш и да вадиш после рецепти за нив? :pos::pos:

Без зезанција, добар рецепт. Ќе ја запрегнам бабата, жена ми нешто не е по месењето (зелници).
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
spooky напиша:
За да ги собираш и да вадиш после рецепти за нив? :pos::pos:

Без зезанција, добар рецепт. Ќе ја запрегнам бабата, жена ми нешто не е по месењето (зелници).
Да, да ме откри!:pos:
Не знам дали има некој јадено патлиџани, со јајца и пиперки?:raz:
Имам слушано дека било добро јадење ама немам пробано..:icon_roll

Банички со спанаќ

Потребни состојки: [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 800 гр. Брашно
- 500 гр. Спанаќ
- 300 гр. Урда
- 3 јајца
- шеќер
- сол
- 2 дл. Кисела Вода
- 1 свеж квасец
- масло за јадење

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Подготовка:

[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]На оган ставаме едно тенџере со вода и во него го ставаме претходно исчистениот И измиен спанаќ да се обари. Промешуваме И по кратко време со цедалка го вадиме спанаќот од тенџерето иго ставаме во еден сад. Спанаќот од садот го ставаме на даската за сечење иго сечкаме. Исечканиот спанаќ го ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа кршиме едно јајце иго додаваме во садот со спанаќот. Ја додаваме урдата И посолуваме. Со рака се убаво мешаме за да се соединат состојките. Додаваме масло за јадење И повторно со рака промешуваме. Садот го оставаме настрана.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во друг сад на работната маса ставаме многу малку од квасецот. Потоа додаваме маку сол и шеќер. Во садот додаваме и 2 дл. Кисела вода. Кршиме едно јајце па и него го додаваме во садот. Ставаме И масло за јадење, по што во садот го додаваме брашното. Со рака се убаво месиме И добиеното тесто го ставаме на работната маса. Уште малку го месиме тестото И го сечеме на парчиња. Од добиените парчиња тесто формираме 4 топки. Работната маса ја набрашнуваме И со сукалка од топките тесто развлекуваме кори. Ги оставаме корите да отстојат 20-на минути на чаршав. Ја земаме првата кора И повторно ја развлекуваме со раце. Ја попрскуваме со масло за јадење. Потоа на кората нанесуваме од претходно подготвениот фил од спанаќ. Кората со помош на чаршавот ја виткаме во тенок ролат. Ролатот го виткаме во круг. Истата постапка ја повторуваме со секоја кора. Ја земаме тавата во која ќе ги печеме баничките И со четка ја намрснуваме со масло за јадење. Баничките една по една ги ставаме во тавата. Одозгора баничките ги попрскуваме со масло за јадење. Тавата со баничките ја ставаме во фурна да се пече. Печеме на температура од 220 степени 20- тина минути. Кога баничките убаво ќе се заруменат ја вадиме тавата од фурна И ја ставаме на работната маса. Ги вадиме баничките од тавата и ги ставаме на чинии за сервирање. На средината на секоја баничка ставаме топка павлака. Декорираме со гранче копар врз павлаката.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
 

CopyOfDeath

Die Die My Darling!!!
Член од
30 ноември 2005
Мислења
4.186
Поени од реакции
48
си џвакам пица бурек и си пијам јогуртче алал да му е на тој со му текнало за пица буреков:cuc:
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
n00b напиша:
Сторм ко што знам јас Шехерезада е слаткарница не бурегџилница :)
Има бурек тамо и е единственото место освен фредо што работат преку цела ноќ и кога сакаш можеш да си купиш нешто фкусно
 

MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
да бе супер е бурек ама само со сирење, со месо ми е тежок некако..
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
имаш зелено за ова од мене! И ја поштувам само со урда, тн сирење
 
Член од
9 ноември 2005
Мислења
170
Поени од реакции
3
Бурек е закон работа.Нашите од дијаспората(хе хе хе )плачат за македонски бурек.
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Burek e svetska rabota!!! Site lugje od strana sto dosle tuka i sto probale burek ostanuvale vooduseveni,a nekoi duri se vrakjaat vo Makedonija samo radi burekot!
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
Не ми се прај нова тема за симит, затоа тука ке прашам. Симит обожавате?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
SEga, obozuvanje e prejak zbor. ama pocituvam odvreme navreme da stegnam simitka.
 

Dimitarc

Мрчатор
Член од
30 јануари 2005
Мислења
2.639
Поени од реакции
19
таа кај битпазар. Многу добра теткица со многу добар симит.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Kje si umram sega od potreba po burek! I da se znae:burek vo vselenata najdobar e vo "Zhito Lux" karshi Rekord!!!!!! Mrsen taman kolku shto treba i ne so mast praven tuku so margarin. Topol, shtotuku izvaden od furnata, so bitolsko jogurtche...mf,mf,mfff....njam,njam,njam...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom