Будизам

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...зошто на човека му требаат ритуали за да се спои со боженственото во нас?
...некако целата таа церемонија не оди во склад со моите појмувања за мир,божество и комплетно препуштање
...сметам дема човеекот го добил телото да го користи во склад со душата
...па макар и илјада отелотворувања,но без нив нема раст
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
...сметам дема човеекот го добил телото да го користи во склад со душата
Мислам дека сам си даваш одговори кои ти бегаат прашувајќи други.

Глаголот „да го користи“, имплицира ритуал :coffee:
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...сакав да го прочитам мислењето на индијанецов,но сепак и тебе едно благодарам (y)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...спонтаноста секогаш е добредојдена Хепта,вистинска реткост во денешницата :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
...зошто на човека му требаат ритуали за да се спои со боженственото во нас?
...некако целата таа церемонија не оди во склад со моите појмувања за мир,божество и комплетно препуштање
...сметам дема човеекот го добил телото да го користи во склад со душата
...па макар и илјада отелотворувања,но без нив нема раст
Индијанецот беше со поделба во себе кога го виде будистов, еден дел ми вика браво за младичот, достигнал завидно ниво на контрола на спрегата ум-тело и отсувство на страв од смрт ( што можеби е поврзано ) а друг дел си вика зашто младичу си одиш, зар за тоа ли си тука, да седиш по цели денови во омммм поза и после да си издишеш кога ќе ти се здосади. Ритуалот ми се чини непотребен и мене, дури се прашувам што другари ќе му беа овие.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
Мислиш влегува у дубока хибернација?
Не знам, во видеово што гледам легнува, му паѓа раката, го ставаат во ковчег и толку. Па читаш коментари од кој знае кои луѓе и може човек сешто да заклучи.
Брзо и лесно изучување на будизмот - повелете на јутјуб и нашите видеа за да ви докажеме каде не сте и зошто да!

Не знам ти како заклучи дека умира, дека „другарите“ ништо не прават итн итн... посебно пак делот со ритуали кога го чепна, како на жива рана да ми ставаш сол и оцет!

Не те интересира будизмот, нели? :)
 
Па нели сакаш да расправаме за религиите а сега сол и оцет на рана сум ти ставил. Мене само ми е шо знам, неприродно да си створен овде а целтa ти станува да си отидеш. Шо не посвои дете без родители да го исчува, има многу страдања, може да помогне да се намалат. Нели и ти тоа правиш, им укажуваш на луѓето за опасностите од аврамските религии, да им помогнеш?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
Па нели сакаш да расправаме за религиите а сега сол и оцет на рана сум ти ставил. Мене само ми е шо знам, неприродно да си створен овде а целтa ти станува да си отидеш. Шо не посвои дете без родители да го исчува, има многу страдања, може да помогне да се намалат. Нели и ти тоа правиш, им укажуваш на луѓето за опасностите од аврамските религии, да им помогнеш?
Ти не расправаш за религиите, не те интересира тоа. Да те интересира, ќе знаеш многу повеќе за создавањето овде и заминувањето од овде во врска со Будизмот и нивните ритуали.
Ти се како демек прашуваш, а реално ни 5 мин не ти се задржува мислата за оваа тема... :coffee:

П.с.
Не знам каде и кому сум му укажувал за христијанството и исламот, како деца на еврејскиот закон, како се опасни :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.648
Поени од реакции
3.762
Хриистијанството и Исламот, како се поврзани со еврејскиот закон и во што е нивната опасност?...
Кога и каде Гаетама Буда кажал дека е „нешто повеќе„ од смртен човек, за да биде причина за негово обожување?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Ти не расправаш за религиите, не те интересира тоа. Да те интересира, ќе знаеш многу повеќе за создавањето овде и заминувањето од овде во врска со Будизмот и нивните ритуали.
Ти се како демек прашуваш, а реално ни 5 мин не ти се задржува мислата за оваа тема... :coffee:

П.с.
Не знам каде и кому сум му укажувал за христијанството и исламот, како деца на еврејскиот закон, како се опасни :coffee:
...зошто не ме пушта впечатокот дека будизмот е напумпан како балон и е некој си стандард за продуховеност и препознавање на вистинскиот пат?
...ако била поентата на овој живот да трчаме по духовното спознание,тогаш зошто сме овде во оваа "лушпа" со краток рок на траење?
...или е сето тоа само една убава приказна во која сакаме да веруваме,за да не го гледаме крајот пред крајот?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.656
Поени од реакции
11.686
...зошто не ме пушта впечатокот дека будизмот е напумпан како балон и е некој си стандард за продуховеност и препознавање на вистинскиот пат?
...ако била поентата на овој живот да трчаме по духовното спознание,тогаш зошто сме овде во оваа "лушпа" со краток рок на траење?
...или е сето тоа само една убава приказна во која сакаме да веруваме,за да не го гледаме крајот пред крајот?
Мислам дека будизмот е „напумпан“ од автори кои доаѓаат од западот и премногу или го развоеднуваат или му даваат романтичарски призвук.
Се започнува со верување во „убава приказна“. Лошо ако се убедиме дека верувањето е почетокот и крајот....

Се зависи од твоето видување и познавање на нештата, за мене лично не постои „стандард“ за продуховеност (не знам што значи продуховеност, луѓето паѓаат на вакви замки посебно кај добри актери кои глумат смиреност, среќно, со разбирање итн итн биејќи знаат дека обичниот човек тоа го смета за просветленост, продуховеност) бидејќи:

„Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку;“
- Книга на Законот

Зошто си овде, а не таму, зошто вака, а не на друг начин - е сржта на постоењето тука на Земјата. Ако го откриеш одговорот, тој важи само за тебе, за никој друг.
Може да споделуваш како до тоа, но никако целта, бидејќи така се создаваат догми.
Дури може само патокази да даваш, а не крути пракси и методи кои би требало да функционираат за сите. Внатрешниот пат никогаш не е ист со нечиј друг, можеби сличен - но не ист.

Поентата е искуство. Тука, таму, онаму каде и да е - целта е искуство. Како би знаеле ние до каде е нашиот универзум ако немаме искуство?
Во будизмот го имаш the Noble Eightfold Path. Во раџа јога имаш исто така 8 делови, меѓу кои првите две (јама и нијама со нивните подделови) се поклопуваат со овие од будизмот...
И таму се набројани како имиња, како патокази - и имаш пракси како тоа да го постигнуваш, кои со текот на времето самиот човек ги модифицира, наоѓа што подобро функционира за него при следењето на Патот (што и да значи патот) :)

Тука ако ја додадеш и карма јога, што ние од западот некако премногу ја прифаќаме во „христијански“ концепт, како казна, воопшто не е тоа, туку е последица од нашето дејствување сега и тука (што и да значи тоа).
Ако човекот преку пракса и ритуали, своите дадени зборови ги докаже и со дела - плодовите од искуството не може никој да ги сопре. Дали биле лоши или лоши плодови, нема сопирање додека не се добие резултатот од дејствуањето.

Тоа дали има крај или не, не знам зошто се оптеретувате со крајот. Телото мора да умре. Ако мора да умре, зошто воопшто сме во него или сме телото?
Пак ќе кажам: искуство.
Автоматски споено мислење:

Кога и каде Гаетама Буда кажал дека е „нешто повеќе„ од смртен човек, за да биде причина за негово обожување?
Од кога е потребно некој да каже за самиот себе дека е нешто повеќе и тоа да биде причина за обожување?
Од таму доаѓа обожувањето, кој што ќе каже за себе си? :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom